dejan |
ХЕЛСИНШКИ КОМИТЕТ - Полицијата им "удрила мерак" на проститутките
Македонската полиција апси проститутки, но не и бајачи или лица што истакнуваат знамиња на други држави бидејќи различно го толкува Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, се вели во извештајот на Хелсиншкиот комитет за човекови права за ноември. Од комитетот ја обвинуваат полицијата дека се решила за селективен приод во примената на овој закон врз основа на нечие лично убедување или волја.
Во ХК велат дека според овој закон, во Македонија се уште постојат организации на здружен труд, самоуправни заедници, општествено-политички и општествени организации. Врз основа на член 29 од Законот, полицијата апси девојки што се проституираат, иако проституцијата не е кривично дело, туку прекршок против јавниот реди мир.
Како пример за ова, во извештајот се посочува дека според член 25 од Законот, за прекршок се смета и неодобрено истакнување знаме на друга држава. Тоа било случај на повеќе места во Македонија за време на Денот на албанското знаме, но полицијата не реагирала. Според истиот закон, член 35, прекршок е и толкувањето соништа, пророкување судбина и баење. Медиуми се полни со огласи за бајачи, а МВР ниту ги апси ниту им поднесува прекршочни пријави.
Ova ne e fer. |