Transplantiranje na lice
Transplantiranje na lice
dada Sani Idejata za transplantiranje na lice se pojavi pred okolu edna dekada (nekade vo 1995). Megutoa naucnicite i lekarite bea soocheni so etichkite i psiholoshkite posledici od eden takov zafat. Imase dilemi okolu toa kolku e vo soodnost so etikata eden covek da go prevzeme liceto(likot) od drug covek?! Kolku i kako kje vlijae psihichki vakvata operacija vrz onie koi eden den kje se poglednat vo ogledalo i kje vidat nechij drug lik??? Posle edna vakva operacija liceto na pacientot nema da bide identichno so liceto na donorot, nitu pak moze da ostane isto so liceto sto pacientot go imal porano, tuku kje bide potpolno novo lice. Vakvite operacii ne se od tipot na operacii za "spasuvanje zivot", tuku se operacii za "podobruvanje na kvalitetot na zivotot". Najcesto lugje so teski izgoretini na liceto se spremni da prifatat vakva operacija. Ocigledno dilemite se nadminati, zatoa sto na 27 noemvri ovaa godina vo Francija bese izvrsena prvata operacija od vakov tip, vrz 38-godisna zena koja bila napadnata od kuche Labrador, i pri napadot liceto i' bilo oshteteno. So ovaa operacija e izvrsen transplant na samo eden del od liceto (predelot okolu ustata) koj bil recisi vo celost deformiran. Eh nauka... [url]http://www.cnn.com/2005/HEALTH/12/02/france.face/[/url]
dada Sani Светот ја виде жената со пресадено лице [img]http://217.16.70.245/izdanija/1999/35796.jpg[/img] Французинката врз која е направена првата трансплантација на лице за прв пат се појави пред камерите на светските медиуми. Врз Изабела Диноар, 38-годишна разведена жена, мајка на две деца, на 27 ноември беше извршена трансплантација откако беше повредена од нејзиното куче, домашен миленик. Таа се појави на конференцијата за печатот во Амиен, каде што и беше извршена операцијата. Лекарите се задоволни од нејзиното опоравување, но назадоволни од тоа што нивната пациентка уште од самиот почеток не се откажала од цигарите. Првата трансплантација на лице е извршена од француски хирурзи. Жената ги загубила нос, усните и брадата откако била касната од куче. Во контроверзната операција, ткиво, мускули, артерии и вени се земени од донатор на органи, чиј што мозок бил мртов, и ‹ се трансплантирани во долниот дел на лицето. Лекарите нагласуваат дека жената нема да личи на нејзиниот донатор, ниту пак ќе го има истиот изглед како и пред несреќата, и наместо тоа таа ќе има "хибридно„ лице. Веќе неколку години се вртеше во оптек тезата дека теоретски возможно е да се изврши таква трансплантација, а лекарски тимови од САД, Велика Британија и Франција ги истражуваа можностите. Кожата од лицето на друг човек е подобра за изведување на ваква трансплантација, отколку од друг дел од телото на пациентот, бидејќи би можела да има поинаква структура или боја. Меѓутоа, етичката загриженост во однос на трансплантацијата на лице и психолошкото влијание што тоа ќе го има врз пациентот кој ќе изгледа сосема поинаку до сега го спречуваа лекарите во оваа намера. Загриженоста во однос на имуносупресијата, психолошкото влијание и последиците од техничкиот неуспех до сега ги спречуваа оваа процедура да се спроведе во Велика Британија, иако лекарите тука во целост се способни да ја извршат оваа операција. Триесет и осумгодишната Французинка, од францускиот град Валенсиен беше подложена на обемни советувања пред да и биде извршена операцијата. Оперативниот зафат се случи во текот на викендот во Амиен и се претпоставуваше дека ќе трае околу пет часа. Француското списание "Ле поинт„ објави дека ткивото, мускулите, артериите и вените потребни за трансплантацијата биле земени од донатор на органи во северниот град Лил, чиј мозок бил мртов. Операциите биле извршени од тим лекари предводен од професорите Бернар Девошел и Жан Мишел Дибернар. Во соопштението од болницата се наведува дека жената била многу осакатена во нападот од нејзиното куче што се случил во мај минатата година. Оттогаш таа не е во можност добро да зборува или јаде. Уште се додава дека жената, која сакаше да остане анонимна, се наоѓа во "извонредна општа здравствена состојба„ и пресадувањето било во ред. Како и многу други пациенти кои имале трансплантација, жената ќе мора да прима имуносупресивни лекарства за да не дојде до отфрлање на трансплантот од стана на организмот. Лекарите кои работат на ова поле изјавија дека многумина би имале корист од оваа процедура, вклучувајќи ги и 10.000 жртви со изгореници во Велика Британија. Ијан Хатчисон, орално-фацијален хирург, изјави: "Ова е прва трансплантација на лице во која се користи кожа од друга личност„. Меѓутоа, има многу медицинска и етичка загрижености во врска со трансплантацијата на лице. Хатчинсон, кој е извршен директор на "Спасување на лица, фондација за истражувања во полето на фацијалната хирургија„, предупреди дека крвните садови во донираното ткиво би можеле да се затнат и лекарствата што пациентот ги прима за организмот да не го отфрли имплантот би можеле да не бидат успешни и да го зголемат ризикот за добивање на рак. Хатчисон додава дека има и етички и морални прашања околу донирањето на фацијално ткиво. "Од каде ќе се наоѓаат донаторите е едно од прашањата што ќе треба да се разгледа. Трансплантот треба да се земе од жив донатор. На пример ако вашата роднина е на интензивна нега вие ќе треба да се согласите да и биде земено лицето пред таа да биде исклучена од апаратите што ја одржуваат во живот„. Стефан Вигмор, претседател на етичкиот комитет на Здружението за трансплантација изјави: "Степенот на изразот на лицето што ќе се појави по подолго време е непознат. Кожата има тенденции да покаже отфрлање од имунолошкиот систем и имуносупресијата најверојатно ќе треба да биде одржувана на високо ниво и тоа на подолго време. Не е јасно дали личноста би била во многу полоша ситуација ако не успее трансплантацијата„. Мајкл Ерли, член на работната група за трансплантација на лице при Кралскиот колеџ на хирурзи изјави: "Ако операцијата биде успешна ова ќе биде голем пробив во операциите за реконструкција на лице. Ова беше само делумна трансплантација на лице, каде беа вклучени носот и лицето; затоа прашањата во врска со сличноста на изгледот меѓу донаторот и реципиентот најверојатно нема да биде голем проблем. Им посакуваме на пациентот и тимот успешен исход и очекуваме да дознаеме повеќе околу деталите за процедурата која би можела да биде голем чекор напред за оние кои имаат изобличено лице„. (Utrinski vesnik)