јузер |
Ова го најдов вчера и датира од средно школо. По некој предмет ни делеа вакви листови и ние требаше да дискутираме по однос на него.
-------------------------------------------------------------
* Професоре Робинс, дали светот навистина станува "глобално село"?
Се чини дека е така - забележливо е засилување на протокот на стока и информации, но и на протокот на луѓе.
Членовите на меѓународната деловна елита сега веќе рутински и редовно патуваат ширум светот.
Така создаваат една глобална заедница на граѓани на светот кои постојано патуваат со авиони.
Уште помногубројни се оние чија подвижност се должи на нивните незадоволени потреби и очај.
Тоа се мигрантите, кои ги искористуваат можностите за ефтин превоз - ефтини авионски и возни билети - и тргнуваат во потрага по вработување во светските центри на изобилство и богатство.
Така создаваат нови заедници на малцинства или заедници на прогоненици.
Во врска со забрзаниот проток на луѓе, освен потрагата по вработување е и потрагата по забава и одмор.
Ако местото во кое живеете е туристички центар, веќе знаете за посетителите од цела Европа или од САД.
Нема да ве изненади ниту зголемениот број на туристи од Јапонија или од други земји од Блискиот Исток.
Ете, пред некој ден додека пиев кафе на плоштадот во Охрид, наеднаш пред мене се појави група јапонски туристи со камери вперени во прекрасните зданија на овој древен град.
Тоа само ја покажува релативната леснотија со која денес може да се стане глобален турист.
проф. д-р Кевин Робинс од Универзитетот во Њукасл, Велика Британија.
Тој е светски познат професор по културна географија, социолог на медиумите, стручњак за нови технологии и општества
*) "Глобално село" е термин кој ја изразува идејата на канадскиот филозоф Маршал Меклаун, првпат изнесена во 1960-те
-------------------------------------------------------------
На другата страна од листот јас и тој до мене сме си изнадискутирале во вид на инстант месиџинг..
Што е ова? Па глупости, нели ти реков!
-Ти си ненормален?
Еј ме укопа со прашањево сега, нема вечер да спијам.
-Па нема да спиеш кога сам си се прашуваш и сам си одговараш.
Прашањето го постави ти, кога ти го дадов листов.
-Шо кур ќе ми е листов, ја не се посрав ти се посра у почеток па земи листов и забриши се.[:D]
...
(има уште) |