na red dojde makedonskoto zdravstvo....
na red dojde makedonskoto zdravstvo....
Makedon Клинички центар незадоволен од буџетот за наредната година МИА 21.12.2005 http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=55900 Клиничкиот центар од Скопје е незадоволен од буџетот за наредната година, бидејќи тој бил помал во однос на минатогодишниот, поради што нема да можат да им се пружат на грѓаните сите услуги и нема да може да се инвестира во подобрување на опременоста и реновирање на објектите. „Буџетот за годинава за Клиничкиот центар изнесува три милијарди и 8 милиони денари и е за околу 150 милиони денари помал во однос на минатите години. Вака нема да можеме да инвестираме во нова опрема, со оглед дека постојната е веќе амротизирана, но и нема да може да купуваме нова современа опрема. И во иднина ќе се обидеме да го одржиме досегашното ниво на услуги за пациентите, но тоа ќе биде исклучително тешко“, рече на денешната прес-конференција директорот на Клиничкиот центар, Андреја Арсовски. Според него, за да работи со овие средства, Клиничкиот центар ќе биде принуден да ги враќа пациентите, особено како што рече, оние кои од другите здравствени установи од Скопје или другите градови, доаѓаат во Центарот за услуги кои можат и таму да ги добијат. Во Клинички центар сметаат дека здравството повеќе не може да функционира паушално, односно дека треба да се редефинира и пакетот на услуги кои ги добиваат граѓаните за осигурувањето, бидејќи, како што велат, не може со толку мал обем на средства да се покријат сите услуги. „Пакетот услуги досега беше дефиниран според потребите на граѓаните, при што не се водеше сметка за пазарното работење. Поради тоа здравството е во криза“, додаде Арсовски. За да се одржи квалитетот на услугите, според директорот на Клиничкиот центар, ќе се искористат дополнителни средства од таксата на прометот за цигари која е воведен неодамна, но и со рационализација на трошењето на средствата. Исто така, додаде Арсовски, ќе се обидеме да привлечеме и приватни пациенти кои ќе си плаќаат за добиените услуги. Тој, одговарајќи на новинарско прашање рече дека паркинзите во Клиничкиот центар Управата ги дала под концесија за осум години, без надомест, но, со обврска да инвестираат во изградба на нови и санирање на постојните и санирање на улиците во Центарот. Фирмата „Венекс“ ја добила концесијата на третиот тендер, откако два биле неуспешни. Таа според елаборатот кој го изготвила ќе вложи околу 400.000 евра. Цената на билетот за паркирање ќе зависи од времетраењето.