јузер |
Иако вечерва загуби од чешкиот тим Ферам од Опава со 3-2 во сетови во салата во Градскиот Парк, сепак Работнички се пласира во четврт финалето на Топ-Тим купот (втор по ранг во Европа).
Со ова чесите му го нанесоа првиот пораз на Работнички на домашен терен.
Иако првиот сет го доби лесно Работнички, потоа во следните сетови тимот од Чешка играше блескаво и заслужено победи. Малку е чудно што во Скопје допатуваа со само 7 одбојкари, но ете и без замени успеаа да триумфираат на крај.
Ова за Работнички е повторување на успехот од пред две години, а да се надеваме дека оваа сезона ќе стигнат и до фајнл-форот (полуфинале). |