Grckata "Nacija" |
Gjoko |
Vo denesniot broj na Vreme:
" Книга што го соборува митот за хомогеноста на грчката нација
Книгата „Измешана нација“, поднасловена „За Грците и разнебитените другојазичници“, од Димитрис Литоксоу, која деновиве ја објави „Аз-буки“, е контроверзно четиво што ја разбива тезата за хомогеноста на грчката нација.
- Докажувањето на грчкиот национален мит за „нескршливоста на родот“ или како „продолжение на нацијата од античките времиња до денешни денови“ е производ на еден континуиран процес, кој целосно се оформува кон средината на 19 век - вели авторот Литоксоу во предговорот на изданието.
На ваквиот развој на овој грчки национален мит, како што вели Литоксоу, влијаеле три фактори. Најпрво, одушевувањето од класичната антика низ европските интелектуални кругови, како и движењето на грчкото просветување. Забележливо влијание за потхранувањето на оваа теза имал и авторитетот на грчкото над православната балканска паства, благодарение на гркофонијата на Вселенската патријаршија во Истанбул, како и на финансиската сила и општествениот процут на една богата крајбрежна класа грчки трговци.
Литоксоу прецизно ги наведува и последиците од ваквите тенденции во грчкото општество.
- Трите научни гранки, неопходни во оформувањето на националната идеологија, историјата, лингвистиката и фолклорот, го загубија својот карактер и прераснаа во инструменти во служба на внатрешните потреби и пропагандата на грчката држава - критички се изјаснува авторот.
Научниците од овие три области, како што оценува тој, соработувале со комисии за преименување на топонимите во државата, а нивното дело го довршувала Географската воена служба, која ги преименувала дури и микротопонимите на штабните карти.
- Последиците по луѓето беа уште полоши. Етничките малцинства поминуваа црни денови присоединувани кон грчката држава. Нивниот јазик беше осуден на прогон и стана шепот, песните не се слушаа надвор од затворените прозорци. Грчкиот учител, со чувство за неговата национална мисија, со шлаканици ги учеше децата на грчката катаревуса. Локалните моќници им ги погрчија имињата. Издајникот ги поткажуваше, полицаецот ги тероризираше, судијата ги казнуваше - пишува Литоксоу.
На сите овие другојазичници авторот им ја посветува својата нова книга. Нејзиниот наслов „Мешана нација“ го констатира битието на населението на грчката држава и ги подвлекува силата и убавината на неговата разнобојност.
Ова е втора книга на Литоксоу што ја објави „Аз буки“. Во нејзина продукција излезе и „Грчките антимакедонски војни во Македонија“.
Ј. Ф. ..."
|
dejan |
Bas izmesana nacija...posle tolku godini od 'heleniziranje' na drugi narodi....zad se tolklu glupi da ne go vidat toa??? |
SpaceLily |
quote: Originally posted by dejan
Bas izmesana nacija...posle tolku godini od 'heleniziranje' na drugi narodi....zad se tolklu glupi da ne go vidat toa???
Se prashvish dali se glupi?[:)] |
dejan |
Ne[:I] |
Filip-2 |
Покрај книгата " За Грците и разнебитените другојазичници "од Димитрис Литоксоу,треба да се прочита и книгата "Македонската Борба"тоа се мемоари од Германос Каравангелис,во неа мозе да се види како грците ја создадоа грчката нација во Егејска Македонија.
Јас би поставил едно прашајне.
-Зошто грците не се примени во Обединетите нации под името Елада, како што тие се представуваат и Како во 1833 кога ја оформиле државата го зеле името Грција а сега бегаат од тоа име.
|
makedonon |
toa e fakt,koj konecno eve ni go soopstuva grk(ako e voopsto toa).na primer,golem del od "grcite" vo severna grcija se ili Makedonci,Vlasi ili turski grci(so nejasna grcka genetika).ne e mozno vo site balkanski drzavi da ima mesana etnicka simbioza,a samo vo lulkata na demokratijata da e 100% grcka nacija.koja nacija,koj butur.do 18 vek grcite bile pritisnati na peloponez i nemale ama bas nikakva vrska ni so tesalija,a ne pak so makedonija i so trakija.vo trakija ziveelo brojno vlasko naselenie koe podocna e totalno grcizirano. |
makedonon |
se izvinuvam za greskata,mislev za vlasite vo tesalija |
makedonon |
i sto e najinteresno.zborev so edna moja prijatelka,koj zivee i raboti vo solun podolgo vreme.sekoj grk so koj bi pravele muabet za makedonskoto prasanje go misli istoto.a toa e deka denot koga eventualno bi ne priznale pod Makedonija,so toa bi padnale vo voda site grcki lagi za grcka makedonija i nivniot grcki karakter,bidejki i grcite ne pijat voda i dobro znaat deka pogolem del od niv sew dojdenci od mala azija,i deka momentalno ziveat na ognistata koi iljadnici godini im pripagale na etnickite makedonci proterani od belomorska makedonija. |
Gjoko |
quote: Originally posted by Filip-2
Покрај книгата " За Грците и разнебитените другојазичници "од Димитрис Литоксоу,треба да се прочита и книгата "Македонската Борба"тоа се мемоари од Германос Каравангелис,во неа мозе да се види како грците ја создадоа грчката нација во Егејска Македонија.
Јас би поставил едно прашајне.
-Зошто грците не се примени во Обединетите нации под името Елада, како што тие се представуваат и Како во 1833 кога ја оформиле државата го зеле името Грција а сега бегаат од тоа име.
Filipe-2 pozdrav do tebe,
predpostavuvam deka na postavenoto prasanje imash i odgovor pa intersno bi bilo da go cueme
Pozdrav |
Filip-2 |
Pravoto poteklo ,na Grcite ne e ona ,za koe tie se pretstavuvaat.Vo naucnata misla toa prasajne ne e razjasnetojasno.Nivnata teorija za navodnoto dorsko poiteklo i nasledstvoto na Mikenskata kultura e raznisano od Mnogu novi Arheolosko ,lingvisticki naodi i soznanija.
So sigurnost e utvrdeno deka vo niv ima semitski gen(pretezen vo severna afrika)So sigurnost e utvrdeno deka ,mnogu zborovi vo denesniot grcki jazik etimoloski se bliski so severnoafrikanskite jazici ,pokraj toa sto ima mnogu zborovi so Makedonski etimoloski koren.
Grcija e sozdadena 1827 godina od Evropskite monarhii ,koga za prv kral e staven germanskiot princ Oton prvi.
Togasnite ziteli na juzniot del na segasna Grcija , sebesi se narekuvle Romei a drugite niv gi vikale Grejci(nemozam so sigurnost da tvrdam, deka toa e sinonim na dojdenci,bez raazlika sto zborot aludira na toa).Samo za primer Atina bila jazicen konglomerat od Arbaniti,vlasi,romei i dr.
Na prviot osnivacki parlament ,kade bile sobrani pratenicite ,prvenci, imalo ,tri predlozi za koj da bidi sluzben jazik vo Novata Drzava(Angliski,Arbanitski ili novosozdadeniot grcki)samo so eden glas poveke go izglasale kako sluzben novosozdadeniot grcki jazik.Germanskiot lingvist Maks Freber vo Knigata -Slovenite vo Grcija, kazuva deka vo Grcija veke e izguben grckiot jazik.
Densna Grcija se vaka za imeto Elada.Problemot e sto Pod imeto Elini-obozavateli na sonceto
se identifikuvaat i drugi plemina na Balkanot sto nemaat vrska so grcite .Vo eden period Trakite , ilirite,Makedoncite i drugi plemina ,se narekuvaat Elini.
Za nazivot Elada ,densena Grcija ne moze da ima ekspluzivno Pravo.
Ova treba da go znaat nasite Diplomati.Koga tie-Grcite ke insistiraat ,na odredeni konferencii i dr. se zameni imeto Makedonija so FIROM, nasite treba da baraat, ako imaat tabla Elada da ja zamenat so Griss.,onaka kako sto se primnati vo Obedinetite nacii.
Tolku za ovaa godina.SREKNA NOVA 2006 GODINA
|
DJ_SHEMA |
Ova e golema vistina. Do pred 1800te grcite bile nekoe raspashano pleme. Tie bogatite ludje pod vodstvo na toj germanecot koj se ozenil so grkinja im pomognal vo obedinuvanjeto na grcite. Veze nemale od solun da recheme, ama Jalta ja zaeba golema Makedonija. Kaj dozvoluva Rusija Jugoslavija da ima izlez na Egejsko more. Zoshto Jugoslavija molcheshe koga egejcite bile progonuvani od domovite, zoshto? |