Ах,тој народ македонски.....
Ах,тој народ македонски.....
Jakov Корупцијата е најголем проблем за македонските граѓани. Помладите сметаат дека поради корупцијата не можат да најдат работа. Ова го покажува најновиот извештај на УНДП за навремено предупредување. „Постоење на сериозна недоверба во власта дека може самата да ги подобри состојбите во сферата на корупцијата и во сферата на подобрувањето на стандардот за живеење“, изјави Слаѓана Тасева, експерт за безбедносни прашања. По позитивниот одговор за кандидатурата од ЕУ, граѓаните очекуваат подобар стандард, намалена корупција и можности за работа во странство. Половина од Македонците немаат никаква доверба во Собранието, судството, Владата и Претседателот. Граѓаните немаат доверба во: Претседател 44,2% Влада 52,3% Судство 52,4% Собрание 53,9% Имаат голема доверба во верските институции и до одреден степен во полицијата и армијата. Една третина од Македонците и една четвртина од Албанците не би гласале на следните избори. Најголем рејтинг кај македонскиот политички блок има ВМРО-ДПМНЕ - 19,1%, СДСМ со 13,5%, ВМРО-Народна со 3,9%. Новата партија на Тито Петковски има 2,4%, Лилјана Поповска 0,7%. Ако избори се одржуваат денес, за кого ќе гласате? ВМРО ДПМНЕ 19,1% СДСМ 13,5% ВМРО Народна 3,9% НСДПМ 2,4% ДА 1,0% ДОМ 0,7% ЛДП 0,6% СП 0,6% Кај албанскиот политички блок, ДУИ со 41,3% е пред ДПА со 21,7% и ПДП со 5,1%. „Она што е навистина загрижувачки е што 82% од испитаниците велат дека државата не се води според желбата на граѓаните. Тоа е навистина огромен процент и ако тоа го искомбинирате со податокот дека 70% од испитаниците не веруваат дека изборите во Македонија се фер“, рече Сашо Орданоски, експерт за политички прашања. Генерално, граѓаните се чувствуваат побезбедни. Како најголема закана по безбедноста ги посочиле уличниот криминал, шверцот на нелегално оружје и организираните криминални групи. Меѓуетничките односи се оценети како добри. Ако избори се одржуваат денес, за кого ќе гласате? ДУИ 41,3% ДПА 21,7% ПДП 5,1% Според извештајот на УНДП, граѓаните најмалку им веруваат на медиумите кога известуваат за политиката, меѓуетничките односи, корупцијата и криминалот, нешто повеќе им веруваат кога се известува за економските прашања. Дали медиумите објективно и точно известуваат за: Да Не Не знам Економски прашања 37,0% 56,6% 6,4% Политички прашања 24,2% 69,7% 6,1% Меѓуетнички прашања 23,8% 69,1% 7,0% Корупција 26,6% 67,0% 6,4% Криминал 29,7% 64,3% 6,0%
dejan Mmm po dobro da se glasa za nekoj novi mesto stari.
lav
quote:
Originally posted by dejan
Mmm po dobro da se glasa za nekoj novi mesto stari.
Деки Нема НОВИ ....сите (си) се СТАРИ ....ама префарбани. Наскоро ....кога ќе почне да (им) се лупи бојата и самиот ќе го забележиш.