Годишно обраќање на Претседателот
Годишно обраќање на Претседателот
Jakov Како го оценувате годишното обраќање на Претседателот во Собранието на РМ? За оние кои не го следеа го поместувам интегралниот текст. Почитуван Претседателе, Почитувани пратеници, Почитуван Премиер и членови на Владата, Ваши Екселенции, Ценети гости, Крајот на годината е период во кој вообичаено се прават анализи за претходно постигнатото, се евидентираат резултатите и констатираат пропустите и грешките. Тоа се прави во сите сфери на живеењето, а наша обврска е да го сториме истото во делот на политиката и водењето на државните работи. Убеден сум дека и овојпат ќе имаме прилика да слушнеме цела лепеза од различни, па дури и спротиставени оценки. Најчесто ќе се повторуваат токму оние кои претставуваат две крајности. Според првата, ова е уште една целосно изгубена година, година на понатамошно пропаѓање, на катастрофални грешки и пропусти. Според втората, онаа на спротивната страна, ќе се тврди дека 2005-та била година на успешни реформи, на значаен напредок, на долгоочекуваниот пресврт и враќање на оптимизмот. Се разбира, како и секогаш во животот, вистината е некаде на средина. Форсирањето на крајностите како единствена и апсолутна вистина е можеби дневно-политички разбирливо и од партиски аспект оправдано, но долгорочно и низ призмата на националните интереси гледано тоа е штетно и контрапродуктивно. На Македонија денес не и е потребен ниту дефетизам ниту лажен оптимизам. Нема основа и причина, ниту за ширење песимизам, ниту за создавање еуфорија. Денес, повеќе од било кога, потребна ни е објективна проценка и реален, рационален пристап кон водењето на државните работи. Не толку заради она што помина и е зад нас, туку пред се заради она што допрва претстои и не очекува. Кога би морал во една реченица да ја оценам или да ја дадам главната карактеристика на изминатава година, тогаш би рекол: во 2005-та не ја подобривме значајно сегашноста, но во 2005-та, авансиравме крупна инвестиција за иднината. На планот на економијата, тема која сосема разбирливо е централна преокупација на целата јавност и ги засега сите наши граѓани и нивните семејства, според статистичките податоци, во изминатава година бележиме одреден пораст. Можеби не значаен, можеби не таков каков што посакувавме, но тоа е раст кој треба да се констатира. Сепак тоа не е напредок кој е доволен да се почувствува во реалниот живот на нашите граѓани. Факт е дека и денес, како и пред една година, во ист обем и со иста жестина не притискаат огромната невработеност, големата сиромаштија, слабата економија и исклучително ниското ниво на инвестиции. Со други зборови, во Македонија денес не се живее подобро отколку пред една година. Но, Македонија денес ја доби, поточно речено се избори за шансата во неа во иднина да се живее многу подобро отколку сега. Кандидатскиот статус за членство во ЕУ со кој се стекнавме пред една недела, за Македонија е историска прилика која не смееме да ја пропуштиме. Тој статус сам по себе не ги решава нашите проблеми, но од друга страна ни нуди нови можности кои, ако знаеме умешно да ги искористиме, може да го претставува оној неопходен замаец на кој чекавме со години наназад. На оваа одлука на Брисел долго се работеше. Јас би рекол уште од референдумот за независност, на 8-ми септември 1991 та година. Не гласаа тогаш нашите граѓани за независна и во балкански рамки изолирана Македонија, туку за независна и европска Македонија. Во изминативе 14 години многу се вложи, многу се жртвуваше, многу висока цена се плати за да дојдеме до овој успех. Понекогаш се правеа покрупни, понекогаш помали чекори, но генералната траекторија беше во ист правец, кон истата цел. Деновиве слушнавме бројни анализи за тоа кој бил нашиот главен и клучен аргумент за да го заслужиме кандидатскиот статус. Критериумите на ЕУ се бројни и ги покриваат сите сфери на општественото живеење. Сосема е јасно дека од страна на Комисијата беше оценуван и вреднуван вкупниот напредок на земјата. Но ако нешто треба да се издвои, ако нешто имаше клучно влијание, тогаш убеден сум, а тоа може да се види и од сите документи на Унијата кои се однесуваат на нашата земја, тоа е начинот на кој се справивме со кризата во 2001-та, постигнувањето на Охридскиот рамковен договор, неговото успешно имлементирање и изградбата на Македонија како функционално мултиетничко и мултикултурно општество. Тоа е она по што денес Македонија е препознатлива, посочувана како успешен пример, нешто што ни го признаваат и почитувааат и Европа и светот. И затоа денес, после речиси четири и пол години од потпишувањето на Охридскиот договор, дојде време да престанеме да го споменуваме тој документ со чувство на вина или пониженост, како наметнат избор или нужно зло. Тој договор, сега веќе вграден во нашиот Устав, е основата на која ја градиме иднината на Македонија. Добрите меѓуетнички односи, меѓусебната доверба, чувството на еднаквост и рамноправност, како и подеднаквата лојалност кон заедничката татковина се цели кон кои се стремиме, кои се се поблиску и кои претставуваат најсилна гаранција за трајна стабилност и просперитет на нашата држава. До конфликтот 2001-та не требаше да дојде. Трагично е што сепак се случи. Жалам за сите жртви и сочувствувам со нивните семејства. Но кога веќе тој конфликт се случи и кога ни се закани опасност од целосна катастрофа и национална трагедија, со чиста совест можам да кажам дека го избравме најдоброто можно решение и горд сум што мојот потпис стои на тој договор. Почитувани пратеници, Почитувани членови на Владата, Во мислењето подготвено од страна на Комисијата на Европската унија јасно се посочени приоритетите на кои треба да се посветиме во наредниот период доколку сакаме напредок во процесот на нашето интегрирање кон Унијата. Тоа се работи за кои и самите сме наполно свесни и кои многу пати сме ги дефинирале како наши слабости. Да споменам само дел од нив: јакнење на капацитетот на институциите и јавната администрација, реформирање на судството во правец на зголемување на неговата независност и ефикасност, сузбивање на криминалот и корупцијата, подобрување на перформансите на македонската економија. Ова се сложени општествени проблеми чие надминување бара цврста политичка волја, целосна посветеност, напорна работа, знаење и стручност и, што е многу битно - бара време. Не треба да создаваме илузии дека тука работите можат радикално да се променат со еден потез, со еден закон или одлука, преку ноќ. Тоа ќе биде процес кој ќе трае во континуитет, но она што е најважно е да имаме јасен концепт и негова ефикасна и доследна реализација. И да бележиме постојан и видлив напредок. Стоењето во место и празниот од, од една страна, и импровизациите и необмислените експерименти од друга страна, се подеднакво опасни за крајната цел. Сметам дека на нашиве прилики во голема мера соодветствува една позната мисла која отприлика гласи вака: ,,Визија без акција е само убав сон. Но, акција без визија е кошмарен сон,,. Почитувани пратеници, Во критериумите посочени од страна на Комисијата на Европската Унија, чие исполнување е неопходно за да се прејде кон следната фаза од процесот, а тоа е одредување на датумот и почнување на преговорите за пристапување, постои и еден за чија реализација не ни е потребен ниту многу напор, ниту посебни експертизи, ни време, ни пари. Потребна е и во исто време сосема доволна само висока свест и одговорност. Тоа е организирање на фер и демократски парламентарни избори според европски стандарди. Треба да бидеме наполно свесни дека на овој план не смее да се случи никаква грешка. Се случи ли тоа, се друго ќе падне во вода. Огромна е одговорноста и на државните институции кои ќе ги организираат изборите, но и на сите учесници, од чие однесување зависи регуларноста на изборниот процес. Почитуван Премиер, Почитувани министри, Почитувани лидери на политички партии, Сакам да ја искористам оваа прилика да ве повикам, да направиме сите заедно да организираме избори за пример. Не смее било чија победа да биде поважна од победата на Македонија. Во програмите на сите политички партии стои одредба дека таа партија има за цел да ги застапува и брани интересите на граѓаните. Па постапете според сопствените програмски определби. Нема повисок интерес за нашите граѓани од тоа да живеат во земја која успешно го продолжува својот пат кон заедничкиот европски дом. Ги повикувам граѓаните, медиумите, невладините организации, сите оние кои имаат влијание во креирањето на јавното мислење, уште од сега да почнеме да создаваме атмосфера дека тој што само ќе помисли, а не пак што ќе се обиде да ја повреди регуларноста на изборите, потпишал одлука за сопствено политичко самоубиство. Ова е решлив проблем. Ако сакаме - можеме. Убеден сум дека така и ќе биде. Почитувани пратеници, Дозволете со уште неколку зборови да се задржам на евро-интеграциите. Европскиот проект е нашата иднина за кој не постои алтернатива. Тој е во исто време цивилизациски, економски, политички, безбедносен проект. Нашето интегрирање кон Европа во исто време не интегрира и внатре во земјата, не обединува и на етнички и на политички план околу заедничка прифатлива и посакувана цел. Станувањето составен дел од обединета Европа ги решава и нашите историски, национални фрустрации на поделен народ и овозможува повторно културно и духовно обединување. Процесот на интегрирање на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е во исто време и процес на трајна стабилизација на регионот, јакнење на меѓусебната соработка и дефинитивно затворање на историското поглавје на меѓусебни конфронтации и конфликти. Реформите кои ги спроведуваме и стандардите кои мора да ги прифатиме не треба да ги третираме како наметнати од надвор туку како наш сопствен избор, работи кои треба да ги направиме заради самите себе и нашата иднина. Од денес веќе треба да почнеме многу позасилено и со поголема посветеност да ги подготвуваме генерациите млади луѓе кои ќе имаат доволно храброст да ја прифатат и доволно знаење да ја издржат европската трка и отворената конкуренција. Затоа реформите на нашиот образовен систем се според мене еден од клучните фактори во подготовките на нашата земја и нација за нашата европска иднина. Лимитираните економски и финансиски можности не смеат да бидат причина за запоставувањето на квалитетното образование на нашите млади. Во современиот свет најисплатливата инвестиција е токму онаа во човечки ресурси. На Македонија и се потребни нови генерации, образовани по најсовремени наставни програми, со совладани вештини за користење на информатичка технологија и познавање на странски јазици. Почитувани пратеници, Покрај нашето интегрирање во Европската Унија, втората, веќе одамна дефинирана стратешка определба околу која исто така постои широк консензус е нашето пристапување кон НАТО Алијансата. Впрочем, во голема мера се работи за два меѓусебно поврзани и комплементарни процеси. Во текот на 2005-та година направивме дополнителен, значаен напредок во реформите на одбраната и безбедносниот систем на Република Македонија. Според оценките од нашите партнери во НАТО Алијансата неопходните промени се одвиваат со динамика дури и побрза од планираната и заеднички договорената. Од земја некогашен корисник на странско воено присуство, Република Македонија денес прерасна во земја која веќе три години го дава својот придонес во меѓународни мировни мисии и на тој начин ја демонстрира својата подготвеност за пристапување кон колективните системи за безбедност. Нашите војници и старешини вршејќи ја својата должност во Ирак и Авганистан ја афирмираат својата земја на најдобар можен начин. Одлуката на Алијансата во 2006-та да не расправа за нејзиното проширување не смее да не обесхрабри, да ги забави реформите или да ја намали нашата решеност да се реализираат зацртаните планови. Говориме за стратешка определба, за витален државен интерес и тука е најбитно крајната цел да биде остварена. Јас не знам кога ќе се одржи следниот самит на НАТО посветен на проширувањето на Алијансата. Впрочем, на ова прашање не можат да дадат одговор и многу од земјите членки. Но она во што сум убеден е дека тогаш кога ќе се одржи таквиот самит Република Македонија ќе ја добие поканата за полноправно членство. Почитувани пратеници, Дозволете во ова мое обраќање до вас да се задржам на едно прашање кое спаѓа во надворешно-политичката сфера, но не смее целосно да се занемари и неговата безбедносна компонента. Тоа е прашањето на процесот на дефинирање на финалниот статус на Косово. Сите подготвителни активности од страна на меѓународната заедница се завршени и веќе на почетокот на идната година се очекува да отпочнат преговорите помеѓу Белград и Приштина со меѓународно посредништво. Со оглед на фактот дека во изминатиот период во јавноста се пројавија дилеми кој е официјалниот став на Република Македонија и има ли разногласие на овој план, дозволете да Ви го соопштам следното: Кои се аргументите што мора да бидат земени во предвид: 1. Република Македонија се граничи со Косово и наш национален и државен интерес е на територијата на Косово да владее мир, стабилност, правен поредок, да функционираат институции кои ќе спроведуваат закон и ќе обезбедат почитување на меѓународните норми и стандарди. Заинтересирани сме да развиваме сестрана соработка и да развиваме пријателски односи со граѓаните и институциите на Косово. 2. Република Македонија е непосреден сосед со Србија и исто така наш национален и државен интерес е да градиме добри и пријателски односи, да развиваме соработка на сите полиња, а Србија да биде стабилна, демократска, економски просперитетна, евро и евро-атлански ориентирана држава. 3. 25% од граѓаните на Република Македонија се етнички Албанци кои имаат чувство на солидарност и подршка кон своите сонародници на Косово. Тоа чувство е логично и јас за тоа имам целосно разбирање и почит. 4. Каков и да биде финалниот статус на Косово, тој не смее ниту сега, ниту во перспектива де ги охрабри радикалните структури кои заговараат промена на границите и создавање на " големи држави", со што би бил загрозен територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија. Впрочем, токму овие денови имавме прилика да слушнеме една провокативна изјава на еден партиски лидер за обединување на сите територии каде живеат Албанците. 5. Република Македонија е членка на ООН и аспирант за членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Од тоа произлегува и директна обврска да ги почитуваме и поддржуваме усогласените ставови на меѓународната заедница по ова прашање. Почитувани пратеници, Врз основа на претходно споменатите аргументи и појдовни основи нашиот официјален став по ова прашање е: Република Македонија го поздравува почетокот на преговорите за дефинирање на финалниот статус на Косово. Ние ќе го прифатиме и поддржиме секое решение кое ќе произлезе од тие преговори меѓу Белград и Приштина, зад кое ќе застане меѓународната заедница. Република Македонија инсистира на јасни гаранции од страна на меѓународната заедница, пред се од Брисел и Вашингтон, за непроменливост на границите и неповредливост на територијалниот интегритет на нашата земја, без разлика каков ќе биде финалниот статус на Косово. Во тој контекст, во текот на преговорите и пред дефинирањето на финалното решение, треба да се изврши демаркацијата на границата меѓу Македонија и Косово. Меѓународното цивилно и воено присуство на Косово треба да продолжи, без разлика кога и како преговорите ќе завршат, се додека не зајакнат институциите на Косово до таа мера што можат да гарантираат спроведување на законот на целата територија. Ова е официјалниот став на Република Македонија, кој обезбедува заштита на нашите државни интереси и создава принципиелна основа за градење на пријателски односи во иднина и со Србија и со Косово, без разлика каков ќе биде неговиот финален статус. Во исто време, овој наш став ја дефинира Република Македонија и како одговорен меѓународен субјект, имајќи го во предвид ставот на Контакт групата и меѓународната заедница, кој гласи: Се охрабруваат Белград и Приштина да го отпочнат процесот на преговори и со меѓународна помош да се обидат да најдат заемно прифатливо решение. Во оваа фаза не треба да се прејудицира никаква солуција за финалниот статус на Косово. Во оваа фаза е јасно дека нема враќање на статусот од пред 1999-та и нема опција за обединување со било која друга држава. Од сето ова станува јасно дека било какво истрчување или импровизации околу ова прашање може да се покажат како штетни и за нашите државни интереси и за нашиот меѓународен кредибилитет. Почитувани пратеници, Во текот на 2005-та година разговорите околу разликите за името на нашата земја во Њујорк добија на динамика. Посредникот Нимиц излезе со два формални предлога за надминување на спорот. Вториот, поднесен во октомври оваа година, од наша страна беше прифатен како добра основа за понатамошни преговори и конечно надминување на ова отворено прашање. На тој начин Република Македонија уште еднаш ја демонстрираше својата конструктивност и искрена желба за решавање на овој проблем. За жал, Република Грција го отфрли овој предлог. Се надевам дека ова не е дефинитивен став и дека уште еднаш ќе биде преиспитана можноста за прифаќање на понуденото решение. Уште еднаш ќе потенцирам дека наша цврста определба е да биде сочувано нашето уставно име и за домашна и за меѓународна употреба. Притоа, не полагаме ексклузивно право на поимот Македонија ниту во географска ниту во историска смисла. Наша цел не е Република Грција од овој процес да излезе со чувство на пораз или повредено достоинство. Напротив, наша определба и интерес е со нашиот јужен сосед да развиваме искрени и пријателски односи, заемна почит и сестрана соработка. Почитувани пратеници, Минатата недела лидерите на земјите членки на Европската Унија порачаа дека Македонија е дел од заедничката европска визија. Пред 14 години бројни европски аналитичари и институции за стратешки анализи предвидуваа дека Македонија нема капацитет да опстои како самостојна држава. Минатата недела еден грчки весник објави текст со следнава теза: „Недоделувањето на кандидатскиот статус на Македонија ќе ги загрози грчките интереси.„ Пред 14 години истиот тој весник порачуваше дека самото постоење на Република Македонија е неприфатливо и закана за Грција. Минатата недела претседателот на Србија изјави дека државен интерес на Србија е Македонија да го добие кандидатскиот статус во ЕУ. Пред 14 години тогашниот претседател на Србија предлагаше поделба на Македонија меѓу Србија и Грција. Минатата недела, во очи на самитот во Брисел, европските социјалисти ни дадоа целосна поддршка. Пред 14 години, тогашниот претседател на Социјалистичката интернационала во Скопје ни порача: ,,Не може секое племе да има своја држава,,. Долг е патот кој го поминавме во овие 14 години. Долг и тежок. Јас знам дека и денес имаме бројни и сериозни проблеми. Многу наши граѓани се соочуваат со сиромаштија и невработеност. И дека тие со право очекуваат не само подобра иднина туку и подобра сегашност. Тоа се проблеми што мора да се решаваат. И убеден сум дека ќе се решат. Но она што останува како трајна и неизбришлива историска придобивка е што денес Македонија е држава на здрави темели. Држава чие опстојување веќе никој не го доведува под прашање. Држава кандидат за членство во ЕУ и НАТО. Држава меѓународно почитувана и уважувана. Држава со која може да се гордееме. Сакам да ја искористам оваа прилика и уште еднаш да ја искажам мојата почит до сите оние што дадоа свој придонес, до поранешните претседатели на Републиката, до сите досегашни влади и парламентарни состави. Најголемата благодарност сакам да ја упатам до нашите граѓани, кои го понесоа најголемиот товар и се најзаслужни за постигнатиот успех. Почитувани пратеници, Сакам да ви се заблагодарам и вам на огромниот придонес што го дадовте во изминативе 3 години за да се отворат новите перспективи на Република Македонија. Дозволете да ви ги честитам претстојните Новогодишни и Божиќни празници и сите заедно да си посакаме многу поуспешна, посреќна, помирна и поспокојна 2006-та година. Ви благодарам.
Makedon Cisto prodavanje demagogija. BC veke 15 godini istoto go zbori, a drzvata tone od loso kon poloso...
Jakov А кои точки од говорот би ги истакнале како лоши, демагошки, политички некоректни или пак добри и конструктивни?
zlotty_co_380 Ista prikaska , samo najtaragicno e kako sto pocna prviot taka site ja poftoruvaat. Kako ne mu e stram pa uste da izlezat za godisno obrajaknje, omg od vakvi raboti nekogas i picna zila moze da ti pukne, i kako bez nikakov stram kazuva minatata nedela, minatata godina, pred 14 godini, onie rekoa, ovie rekoa, onie napisaa, oti ne spomne : pred 14 godini site imaa leb i sol da jadat i plus voda da se napijat , a sega deka naselenieto nema ni troski da jade, moreeeee zaniv samo Hitler mi e majkata , Palmolive so Vitamine E , drugo nisto
Jakov Zlottu zlotty......
zlotty_co_380
quote:
Originally posted by Jakov
Zlottu zlotty......
yessssssss bossssssss [:D]
трендафил Како добар би го оценил делот за економијата во кој Претседателот вели дека 2005 не е подобра од 2004. Кога на тоа ќе се надоврземе со тоа дека 2004 не била подобра од 2003 во која пак економијата беше запоставена поради безбедноста, нели, кога јас критикував дека за безбедноста се грижат некои министерства, но не и министрите за економија и финансии, јасно е дека и Црвенковски признава дека Македонија е од него и неговите (ДУИ, СДСМ и ЛДО) економски упропастена. Иначе Бранко не се осврна за својата работа во оваа година и плановите за следната.
Josip Broz Бравос, бре Бране! Знаев дека од ова дете ќе биде нешто! Ми го осветли образот! Јас да бев немаше толку убаво да го речам! Кога се командува со проста маса, лагата е поважна од вистината. Не барај одобрение за делата, туку за зборовите. Слепците и така не памтат од денес до утре. За да бидеш прв во толпа од искомплексирани, мора да им буричкаш по комплексите колку што можеш, да не ги оставаш глава да поткренат. Постојано повторувај им дека се попрости, посиромашни, понеспособни и поглупи од другите. Учи ги дека мора да бидат покорни, послушни, бескарактерни до бескрај. Лажи ги дека само така ќе ги примат во друштвото на карактерните, способните и умните. Нема логика, ама за да владееш со будалите, мора да им уништиш секој поим за логика... Да ни е жив и здрав мојот достоен наследник!
Lidija Ova so Evropskata unija bas mu se pogodi na vlasta zosto dosta od govorot e ispolnet so tie raboti. Nisto gresno vo to treba da si se tie zadovolni so to kako ispadna. Sega SDSM ke ima poke sigurnost vo izborite i nisto cudo da pobedat pak (Sorry, Makedon :)). Edna druga strana od ova so Evropa e deka mnogu se zbora za idninnata, ”evropskata” idnina nego segasnosta . Ovie dva citati na primer: ” Кога би морал во една реченица да ја оценам или да ја дадам главната карактеристика на изминатава година, тогаш би рекол: во 2005-та не ја подобривме значајно сегашноста, но во 2005-та, авансиравме крупна инвестиција за иднината.” ” Со други зборови, во Македонија денес не се живее подобро отколку пред една година. Но, Македонија денес ја доби, поточно речено се избори за шансата во неа во иднина да се живее многу подобро отколку сега.” I vo to do nekoj stepen nisto gresno nemozi samo od den do den tuku malku poke podaleku vo vremeto da se gleda treba ama ako ke se gradi nekoja dobra idnina mora da se spravat tie so site problemi sega odma, a ne da se ceka ili uste poloso da se misli deka Evropskata Unija ke gi sredi koga Makedonija ke stenai clen na EU. Ednostavno nikakva uba idnina ako vlasta, koj i da bidat, ne se svestat. Ama sega ako sakat ubo da izgeldat vo ocite na EU togas mozi ima nekakvi sansi da se zaozbilat i konecno da naprat nesto ubo za svojot narod. Deka vazen faktor za prifakanjeto od Evropa, Ohridskot dogovor, arno Evropa zadovolni so to, ama dali e narodot zadovolen od to. Navistina se smiri ama so se slucva sega kaj nas so Albancite!? I kaj sme imale nie zdravi temeli, mozi se da imame se ama temelite nikogas ne bile zdravi, vo to e mozi i priblemot. Ova epten dolgo ispadna ama interesen govor, dosta ubo zvuci ama za zboroj sekoj mozi da gi napisi i procita, rabotata ko so samiot ili toj/taa so go napisa govorot veli so fajde od ubaj zboroj ako ne se reagira!
concrete Sto znae be Brane osven da vetuva SVETLA IDNINA se gleda oddaleku deka e Diplomec od Kumrovec:):)!! Sepak e neprijatno da si vo negova koza...poleka svaka deka ni 2.000.000.000 ne go spasuvaat od pisanoto.. nemalo koj da mu kaze na vreme.....zalno....
SpaceLily Jas kolku sho gledav na vesti pola i pojke pratenici ja napustija sednicata ili se lazam?
profa Ne mozam Brane da go gledam(od momentot ko ke se nasmee pa nataka) nit pak da go slusam ili citam za nego. Waste of TIME
dada Sani
quote:
Originally posted by profa
Ne mozam Brane da go gledam(od momentot ko ke se nasmee pa nataka) nit pak da go slusam ili citam za nego. Waste of TIME
Samo od inat taka zboris, a znaes deka Brane e HARIZMATIChEN TIP! Zosto nema opcija - ne go gledav, a me interesira?:)
Karnichu уште едно шеќерче - демагогија од “државничка“ класа: ...фер и демократски парламентарни избори според европски стандарди. Треба да бидеме наполно свесни дека на овој план не смее да се случи никаква грешка. Се случи ли тоа, се друго ќе падне во вода. .. повикувам ... уште од сега да почнеме да создаваме атмосфера дека тој што само ќе помисли, а не пак што ќе се обиде да ја повреди регуларноста на изборите, потпишал одлука за сопствено политичко самоубиство. Ова е решлив проблем. Ако сакаме - можеме. - рече “државникот“, се самоуби, и остана жив. "Charity begins at home", велат Англичаните. Предизвик за Бране: докажи со сопствен пример, на дело, дека ова што го збориш не е празно дрдорење наменето за будали што не паметат од вчера до денес. Потврди ја, без да остане ниедна помисла за сомнение, регуларноста на твоите претседателски избори.
DJ_SHEMA
quote:
Originally posted by concrete
Sto znae be Brane osven da vetuva SVETLA IDNINA se gleda oddaleku deka e Diplomec od Kumrovec:):)!! Sepak e neprijatno da si vo negova koza...poleka svaka deka ni 2.000.000.000 ne go spasuvaat od pisanoto.. nemalo koj da mu kaze na vreme.....zalno....
E kako mozesh toa da go kazesh? Realno kazuva, nema euforija, ne napravivme nikakvo podobruvanje ovaa godina, no imame moznost da napravime mnogu vo idnina. Nashiot Pretsedatel e fraer, i toa inteligenten fraer shto znae kako i shto da kaze.
concrete Pa dali e fraer , neznam......znam samo deka pred da go spakuvaat Trajkovski vo kutivce od kibrit...pooodolgo vreme vo nekolku navrati ( nekoj gi narekuva mandati) bese Premier....sto ne bese togas fraer????? I normalno pri tolku glupav narod so veke antologisko kuso pametenje ( nekoi veke spremaat doktorati za toj fenomen) lesno e da bides "intelegenten"...vo zemjata na slepite..koraviot e kral...ne,ne "Presedatel":):)!!!
Strelec Знаете ли која е разликата во сваќањето на политика меѓу Македонија и (да ја земам за пример) Канада? За разлика од Канада, во Македонија се’ е со предрасуди... На пример, уште пред да излезе Бранко Црвенковски на говорница, јас знам кој од форумов на крај ќе го пофали говорот од претседателот, а знам кој на крај ќе каже дека зборувал глупости!? Па дури, 99% од тие што ќе го кажат својот став за говорот од Бранко, ВООПШТО нема да го слушнат или прочитаат истиот! Па уште еден куп гласале на топиков гледам!:) Инаку, јас сега го прочитав и сметам дека говорот како говор е ОК, меѓутоа мислам дека е сосема беспредметен... Се сомневам дека после неколку дена некому ќе му текне на тој говор! И се’ би било супер ако Бранко навистина го мисли тоа што го кажал... Арно ама...!:(
Jakov
quote:
Originally posted by achtung_panzer
quote:
Originally posted by intel
Државнички-дефинитивно.
Nem da si izlegol od trloto- definitivno...
Ti poleka i vnimavaj so "quote button"-ot
toni_a my vote: Не го гледав- не ме интересира + nema nisto da promeni govorot.dali bil govorot,dali ne bil...isto ni se "fakja"...
vancom18 izgleda bradestite seirdzii od kanada nemaat popametna rabota, pa pominuvaat dosta vreme citajki govori na tranzicioni geniji koi 15 godini lazat, za na kraj da go ocenat govorot kako OK za razlika od bradestite kanadski seirdzii, nie tuka znaeme koj ne laze 15 godini, i sto treba da ocekuvame od nego? nisto osven demagogija. pameten covek nema sto da go slusa branko. toj covek laze i laze, ali izgleda samo uste bradestite seirdzii od kanada ostanaa da go citaat i slusaat
achtung_panzer
quote:
Originally posted by Strelec
Знаете ли која е разликата во сваќањето на политика меѓу Македонија и (да ја земам за пример) Канада? За разлика од Канада, во Македонија се’ е со предрасуди... ако Бранко навистина го мисли тоа што го кажал... Арно ама...!:(
Pogreshna etiketa na pogreshno mesto i pogreshna sporedba. 1. Kanada i Makedonija se dve razlichni nacii, ednata e amalgam na egzili od razni kjoshinja na svetot, drugata e nacija so tradicija i identitet kovan mnogu stoletija nanazad. Sporedbata e bespredmetna. 2. Za etiketata "predrasudi", edno e predrasuda drugo e slepo drzhenje do partiskata pripadnost (koeshto bukvalno na tie shto go prakticiraat im znachi opstanok). Ona shto bolshevicite go prakticirale so discipliniranjeto na svoite partiski strukturi sega go pravat site dve partiski postrojbi so svoite stada. Vo sushtina ne e smeneto skoro nishto osven brojot na partiite i nivnite iminja. 3. Ne znam chovek shto makar i malku kritichki razmisluva da rekol deka Crvenkovski navistina veruva vo makar i edna zapirka od negoviot govor pred sobranieto. Imavme dosta priliki da se uverime vo negoviot modus operandi poslednive 15-tina godini. For the record, glasav za tretata opcija: ne me interesira, mislam deka Brane vekje nema shto da kazhe...
concrete Nekoj spomna pogore deka Branko laze...ne sum mnogu siguren vo toa,poveke mislam deka toj veruva vo toa sto go zboruva, baska saka da si go slusa zvukot na svojot glas,redejki nekoja niza na zborovi koja nema nikakva vrska so realnosta...... Taa sostojba verojatno nekoj strucen ke moze mnogu podobro da ja objasni....nekogas , ako ima zainteresirani da go slusaat....... Zalno e samo sto nekoj takov bivs "Lovec na oktopodi" prodolzuva da raskazuva basni........ No kako sto veli panzerot, koj vsusnost go slusa???? Toj veke nema sto novo da kaze, a FYR-ovcive istrpele i pogolemi kijameti..ke moraat da pocekaat i ovoj da pomine.....naviknati se, ke gi raznesuvaat volcite, no da se nadevame deka nekoja ke prostane za maja....
Strelec Sosema druga mi beshe poentata, ama i ovde so predrasudi se chitaat postovite... Akcent ne mislev da stavam na sporedbata megju Makedonija i Kanada... Toa povekje kako voved go staviv... A sakav da kazham deka site onie shto go kritikuvaat govorot na Branko, za istiot bi se izjasnile so najubavi zborovi dokolku beshe izlezen od usta na politichar kon kogo imaat simpatii... I obratno... Sekoj shto pofalno bi se izrazil za govorot od Branko, kje najde iljada maani vo nego dokolku e istoto kazhano od politichki protivnik! E sega, koj ima kapacitet da go svati toa shto go zboruvam e sosema druga prikazna!
intel Државнички-дефинитивно.
Makedon
quote:
Originally posted by Strelec
... A sakav da kazham deka site onie shto go kritikuvaat govorot na Branko, za istiot bi se izjasnile so najubavi zborovi dokolku beshe izlezen od usta na politichar kon kogo imaat simpatii... I obratno... Sekoj shto pofalno bi se izrazil za govorot od Branko, kje najde iljada maani vo nego dokolku e istoto kazhano od politichki protivnik! E sega, koj ima kapacitet da go svati toa shto go zboruvam e sosema druga prikazna!
hahahahaha Jas sekogas istoto ke go kazuvam za covek koj 15 godini nisto ne srabotil za dobroto na svojata zemja, osven sto otvaral usta i si go smestil gazot vo udobna kozna fotelja (najverojatno od najskapite), a narodot mu gladuva, bas poradi negovata losa politika t.e. nepolitika, bidejki nisto ne rabotel.
Makedon
quote:
Originally posted by intel
Државнички-дефинитивно.
Intel, sto korist imas od Brane i SDSM????????? [;)]
Strelec
quote:
Originally posted by Makedon
hahahahaha Jas sekogas istoto ke go kazuvam za covek koj 15 godini nisto ne srabotil za dobroto na svojata zemja, osven sto otvaral usta i si go smestil gazot vo udobna kozna fotelja (najverojatno od najskapite), a narodot mu gladuva, bas poradi negovata losa politika t.e. nepolitika, bidejki nisto ne rabotel.
Znachi vo pravo bev...:) Ti postojano kje plukash po Branko, a Pana postojano kje pluka po tvoite... A ovde glumime analitichari koi shto demek go analiziraat govorot od Branko!?:) btw, glasnjevo na topikov gledam e vo korist na Branko Crvenkovski!:)
Makedon
quote:
Originally posted by Strelec
quote:
Originally posted by Makedon
hahahahaha Jas sekogas istoto ke go kazuvam za covek koj 15 godini nisto ne srabotil za dobroto na svojata zemja, osven sto otvaral usta i si go smestil gazot vo udobna kozna fotelja (najverojatno od najskapite), a narodot mu gladuva, bas poradi negovata losa politika t.e. nepolitika, bidejki nisto ne rabotel.
Znachi vo pravo bev...:) Ti postojano kje plukash po Branko, a Pana postojano kje pluka po tvoite... A ovde glumime analitichari koi shto demek go analiziraat govorot od Branko!?:) btw, glasnjevo na topikov gledam e vo korist na Branko Crvenkovski!:)
Pa vo korist ke bide BC, oti moderatori ste ti, Intel, a mozebi i Jakovche, koj od koj pokomunjar...i si gi rabotite istite onie stari komiunjarski finti, kako napr. mestenje, pred se na izbori, poradi sto ne ja primaat MKD vo EU i NATO. A jas "plukam" i po VMRO, samo sega NE se na vlast; koga ke dojdat na vlast 2006 g., jas i po niv ke "plukam", sekako ako rabotat katastrofalno loso kako i ovie sega.
Jakov
quote:
Originally posted by Strelec
Знаете ли која е разликата во сваќањето на политика меѓу Македонија и (да ја земам за пример) Канада? За разлика од Канада, во Македонија се’ е со предрасуди... На пример, уште пред да излезе Бранко Црвенковски на говорница, јас знам кој од форумов на крај ќе го пофали говорот од претседателот, а знам кој на крај ќе каже дека зборувал глупости!? Па дури, 99% од тие што ќе го кажат својот став за говорот од Бранко, ВООПШТО нема да го слушнат или прочитаат истиот!
Predrasudite pocnuvaat od izjavi kako ovaa tvoja pogore. Dobro e Makedonija i Kanada barem vo nesto se ednakvi....i nie i tie imaat predrasudi... Ne sme tolku daleku sepak od Zapadot.
Strelec Totalno ja imash promasheno poentata!
Jakov
quote:
Originally posted by Makedon
quote:
Originally posted by intel
Државнички-дефинитивно.
Intel, sto korist imas od Brane i SDSM????????? [;)]
Abe Makedon...kako prasuvas takvi raboti.... Nekoi raboti denes nosat mnogu obvrski no i mnogu povolnosti i moznosti za ....
Jakov
quote:
Originally posted by Strelec
Totalno ja imash promasheno poentata!
Malku poveke od tvojata poenta pogore.[:)]
Lidija Edno prasanje malku nadvor od temata: Vo govorot procitav deke ke ima reformi na obrazovniot sistem. Kako ke izgleda obrazovniot sistem posle tie reformi?
Makedon
quote:
Originally posted by Lidija
Edno prasanje malku nadvor od temata: Vo govorot procitav deke ke ima reformi na obrazovniot sistem. Kako ke izgleda obrazovniot sistem posle tie reformi?
Stvaranje na pogolemi dembeli od ovie sega, kakvi sme nie sega....
Karnichu Еве неколку “државнички“ бисери од говорот на Бране: ...Охридскиот рамковен договор ... горд сум што мојот потпис стои на тој договор - или, како што би рекле србите - чега се паметан стиди, тиме се будала поноси.. “...Жалам за сите жртви и сочувствувам со нивните семејства. Но“ - кога ќе речеш “но“, го негираш претходниот дел од реченицата. Отприлика исто како да рекол: “ме боли патка за жртвите и за нивните семејства“ (веројатно и поблиску до вистината). “... не полагаме ексклузивно право на поимот Македонија ниту во географска ниту во историска смисла.“ Наздравје! зошто да се оптоваруваме со проблематични имиња, кога се знае со која черга можеме да се покриеме: “.. Процесот на интегрирање на земјите од Западен Балкан кон ЕУ е во исто време и процес на трајна стабилизација на регионот“ Делот за Косово му е генијален: Република Македонија се граничи со Косово... “државнички“ го призна Косово за држава со која се граничи, со “државничка“ визија ни кажа дека само покорно ќе слуша и папагалски ќе го повторува она што му е издиктирано: Република Македонија е членка на ООН и аспирант за членство во ЕУ и НАТО Алијансата. Од тоа произлегува и директна обврска да ги почитуваме и поддржуваме усогласените ставови на меѓународната заедница по ова прашање не дај боже да спомне нешто за правата на Гораните!
achtung_panzer
quote:
Originally posted by intel
Државнички-дефинитивно.
Nem da si izlegol od trloto- definitivno...
lav надвор од темата... едитирал администратор! Не беше надвор од темата....НАПРОТИВ....ама беше АНТИ Владина...нели!!!
SLaCk OK Strelec moja greska izvini sto ne mozam da razberam covek sto e protiv SDSM a vusnost glasa za SDSM i agitira za SDSM gi mrazi VMRO ama ne e politicki opredelen mu e seedno koj ke pobedi samo da se vika partijata SDSM i takvi raboti...ne mozam da go sfatam toa i ne mozam!
Pina
quote:
Originally posted by lav
надвор од темата... едитирал администратор!
Sho sega, ova mu doagja neshto kako crven karton za Lav?
SLaCk izvini Strelec sto ne ockeuval nikoj nesto novo od branko.Izvini sto imam predrasudi kon covek sto laze laze laze 15 godini i sto mislis politicar sto nisto ne napravil 15 godini sto se skri na pozicijata pretsedatel moze nesto sto vredi da kaze?Pa odvratno e da slusas nekoj kako demek ja "kritikuva" vladata koja prakticno toj ja sostavi i ja postavi.Go kritikuva javniot obvinitel sto go postavi i sto uste ne!A baska govorite na branko se sekogas neinventivni obicni pamfleti so nadueni brojki bez vizija prazni frazi a da ne zboram pa za gram patriotizam vo niv.Takov bese takov ke si ostane ne veruvam vo branko crvenkovski vreme e i ti da pocnes da ne mu veruvas ako si dovolno pameten neli...
Strelec
quote:
Originally posted by Strelec
И се’ би било супер ако Бранко навистина го мисли тоа што го кажал... Арно ама...!:(
quote:
Originally posted by SLaCk
...branko crvenkovski vreme e i ti da pocnes da ne mu veruvas...
Прочита ли ти воопшто што јас имам напишано, или партиското слепило не ти дозволува таков луксуз?:) Ајде најди ми еден пост на форумов во кој што сум рекол дека му верувам на Бранко Црвенковски!:) Ама еве, колку да не ви е џабе муабетот... Кога читам какви луѓе на форумов го критикуваат (и како го критикуваат), дефинитивно човекот мора да е ОК!:)
lav
quote:
Originally posted by Pina
quote:
Originally posted by lav
надвор од темата... едитирал администратор!
Sho sega, ova mu doagja neshto kako crven karton za Lav?
Не и не ....читај погоре во мојот пост.