dejan |
Али Ахмети не присуствуваше на годишното обраќање на претседателот Бранко Црвенковски пред Парламентот, "поради други обврски". Затоа, пак, попладнето, во придружба на Муса Џафери, се појави во неговиот кабинет. Дали можеби сакал да му се извини за непочитувањето? Не, вели неговата сопартијка, Теута Арифи. Попладневната средба била "редовна средба при крајот на годината за правење на анализа на сите политички и посебно прашањето на добивањето на статус-кандидат". Традицијата на добри односи меѓу Црвенковски и Ахмети, ни објасни таа, трае од времето кога Црвенковски беше член на СДСМ и "нема простор отсуството на Ахмети од седницата да се коментира како тенденција на игнорирање".
Црвенковски му ја врати посетата на Ахмети уште истата вечер. Тој присуствувал на неформалниот коктел во скопскиот хотел "Стоун бриџ", организиран од Ахмети по повод добивањето на статусот кандидат. Коктелот, на кој присуствувал и премиерот, како и дипломатскиот кор во земјава, поминал во "пријатна атмосфера", а Црвенковски таму останал подолго отколку на коктелот организиран по истиот повод во Собранието на РМ.
[img]http://www.vecer.com.mk/content_images/57615817620051223200913.jpg[/img]
|