Постои ли ген на неверство“? |
dalila |
Shetajkji taka po razno-razni sajtovi naidov na slednava statija:
Би било убаво кога партнерите во една врска би биле верни едни на други. Но како што знаеме тоа не е баш така. Неверствата се случуваат. Во принцип, неверството е симптом дека во врската нешто не функционара онака како што треба. Секако, тоа не го оправдува неверството, туку само го објаснува зошто сепак дошло до него. Научниците дошле до едно откритие: можно е постоење на “ген на неверство“. За што всушност се работи?
Болницата “Sent Tomas” од Лондон спровела истражување во кое биле опфатени сестри близначки. Резултатите од истражувањата ги навеле научните да помислат како една од пет жени би можела во себе да го има “генот на неверство“, односно вродена склоност за прељуба.
Сигурно сте слушнале за изговорот од типот: “Неможев да се воздржам, беше посилно од мене“? Ова истражување води кон тоа дека навистина би можело да има луѓе на кои им е тешко да им одолеат на прељубите.
За да не дојде до забуна: Дури и ако навистина овој ген постои (сеуште не е сигурно бидејќи претпоставката се темели на едно истражување), Не би требало да послужи како оправдување. Гените може да одредат склоност кон нешто, на пример склоност кон здебелување, склоност кон одредени болести. Можеби во гените ви е да бидете агресивни тоа не значи дека морате да бидете агресивни, може и да одберете да се однесувате поинаку. Една од сјаните човечки особини е дека можеме да одбереме како ќе се однесуваме во одредени ситуации (дури и животните можат да научат да се однесуваат поразлично од она што им е запижано во нивните гени).
Значи постои можност “генот на неверството“ навистина да постои и одреден процент од луѓето да го поседуваат. Доколку некој ви каже дека спаѓа во тие (не)среќници, можно е тоа да е точно. Меѓутоа и понатаму тој е човек, со можност да бира што ќе стори или што нема да стори.
Vi se sluchilo li nekogash da se opravdate sebe si so vakov gen[?][:D] |
RaGeAnGeL |
quote: Originally posted by wolf_pack
ehh da ima pogolema nevernichka od Ivanka....ama nema:))
[:D][:X] |
јузер |
Не сум Неверни Тома па да не верувам во Исус и во "генот на неверството".[:I] |
dada Sani |
Ako izneveram toa nema da e radi mojot gen, tuku poradi genot na toj sto go izneveruvam (if you know what I mean).
P.S. Ne veruvam vo takov "izneveruvachki" gen |
orko |
quote: Originally posted by dada Sani
Ako izneveram toa nema da e radi mojot gen, tuku poradi genot na toj sto go izneveruvam (if you know what I mean).
P.S. Ne veruvam vo takov "izneveruvachki" gen
I think i know what you mean.. ALI
mnogu pogreshno razmisluvash[;)] Nikogash ne bi izneveril 'radi genot na taa sto ja izneveruvam' nego radi shto sum se nashol vo takva situacija i radi moj lichen keif. 'Payback time' mi e mnogu nekako detski pristap kon toa, mislam.. me izneverila pa aj sega trk i jas za da ne se osekjam pokuso i da se osekjam podobro?
Baj d ve, ne dalila. Mene ne mi se sluchilo da se opravdam deka go nosam toa genche. Opravduvanje bar spored mene nema, vo tie situacii zavisish od kockite.[:D] |
bliznak |
od ko se ishisha, ozbilen choek stana[:D][:X]
inache vo vrska so toj genot.....[:p] |
dada Sani |
quote: Originally posted by orko
quote: Originally posted by dada Sani
Ako izneveram toa nema da e radi mojot gen, tuku poradi genot na toj sto go izneveruvam (if you know what I mean).
P.S. Ne veruvam vo takov "izneveruvachki" gen
I think i know what you mean.. ALI
Ali ne si me dochital do kraj:)
P.S. Ne izneveruvam!
|
SpaceLily |
I jas ne iznevervam....i ne daj boze da razberam deka mene nekoj me izneveril.....odma na mengeme mu go redam! |
riba |
Ehhh toj genot...ne da e los da go e..............[}:)][:D]
Vaka,...iako cesto vikam deka "ednostavno NE MOZEV da odoleam!" i sama znam deka lazam [;)]
Znaci ipak ne e do genot [:0]!!!
Ali preljubata e tolkuuuu slatka, tajna, interesna,...eee tesko e da si veren u denesnovo vreme [^][xx(][:)] |
bliznak |
quote: Originally posted by riba
Ali preljubata e tolkuuuu slatka, tajna, interesna,...eee tesko e da si veren u denesnovo vreme [^][xx(][:)]
[:0][8D][:I][:p] |
Mara |
јас, според истражувањата во Бон, имам ген на верство!!![8D][^][:D][:D][:D] |
intel |
Јас немам таков ген на невество , ама ако е во прашање Мара одма одам во аптека и купувам соодветна таблета со ген неврество од прва, втора а богами и трета[:p][;)] |
tomislav1978 |
Жените изневеруваат со срце, мажите - со глава
За тоа не треба добра причина. Тоа е едноставно, неверство. Некои се помалку верни, други повеќе. За дилемата кој е поневерен - жената или мажот, д-р Павле Павлов, невропсихијатар во невропсихијатриски центар "Д-р Павлов", вели дека е глупаво прашање.
"Мажите лажат со жени, жените со мажи, значи бројот мора да е еднаков. Ретки се тие жени или мажи што имаат по три љубовници", вели д-р Павлов и се надоврзува дека она што е различно е чувството на предавство што го доживуваат изневерените, поради разликата во машката и женската потреба да изневерат.
"Иако звучи шовинистички, во психологијата на жената е дека треба да љуби за да измами. Затоа поголем грев е женското неверство, зашто таа лаже со срце. Мажите се повеќе склони на менување партнерки, така е и во природата - овенот има повеќе овци. Иако во основа и мажот и жената се моногамни - една жена, еден маж", вели д-р Павлов.
За мажот се вели дека полесно се впушта во брачно неверство. Додека е на службен пат, се случува да седне во кафеана, да запознае келнерка, и по вечера, поднапиен и развеселен - да ја излаже партнерката со друга. Психијатриското искуство, според д-р Павлов, покажува дека жената речиси никогаш не постапува така. Освен, како што раскажува докторот, ако не е промискуитетна, нимфоманка или психопат.
"Мажот неверството го прави на ниво на мастурбација. Сексот е дел од вечерата, како и лутото пиперче. Без емоции. Машката психа многу лесно прелажува. А, на жената речиси никогаш тоа не може да и се случи. Да седне во кафеана, да се напие и да изневери. Мора од претходно да има некоја емоција. Бидејќи во женската психа се врзуваат љубовта и сексот. И не може да има секс без љубов. Затоа на 1.000 курви има една машка курва. Зашто мажите се склони да одат кај други жени по задоволство, а жените не се", вели д-р Павлов.
Неверството не е болест. Тоа е симптом на лош брак. Ако во бракот недостасува секс, нежност, љубов, внимание, додворување, кокетирање, многу логично е партнерот надвор од бракот да ги побара. Жените сакаат да бидат освојувани, а мажот кога веќе еднаш ја освоил веќе не и обрнува толку внимание. Но, според д-р Павлов, тоа не значи дека бракот треба да пропадне.
"Бракот е многу повеќе од сексот. Некојпат дури и прелажувањето може да го спаси бракот, бидејќи партнерот успева да го надокнади она што не го добива дома. Но, понекогаш неверството е начин да се стигне до поголема возбуда бидеќи правиме нешто недозволено. Се изложуваме на недозволени ситуации за да се наполниме со адреналин, за да се уплашиме. Никој да не знае, да не не фатат. Да бидам со некого во кафеана, а да не ме види мажот. Тоа има своја привлечност", вели д-р Павлов и се надоврзува дека има случаи кога неверството може да биде и болест. "Нимфоманијата, донжуанството, казановството се неурози. Тие се сексуални психопати кои не бираат партнер, бидејќи важно им е во еден ден да имаат повеќе партнери", вели докторот.
Нормите за верност според д-р Павлов зависат од ставовите на друштвото и човекот ги прифаќа како начин на живеење. Но, тоа не значи дека еден човек не може истовремено да сака двајца партнери.
"Бигамијата е забранета. Ама се е во главата. Често се случува човек да се заљуби по втор пат и да ги сака двајцата партнери. Новата љубов, не значи крај на старата. На пример, кога една пациентка се вљуби во својот шеф, таа беше одушевена од него. Му стана љубовница. И по неколку месеци му кажа на сопругот дека е заљубена во друг. Го зема со себе едното дете и си отиде. Но, кога и помина заљубеноста, таа сфати дека се уште го сака и другиот. И недостига сопругот и другото дете. Психолошки објасниво е да се сакаат двајца истовремено, но, при тоа, не треба да се брза со одлуките. Одлуката се донесува кога ќе помине заљубеноста", вели докторот.
Општоприфатено правило е дека неверството никогаш не се признава. Дури и кога тајната веќе нема да биде тајна, признанието значи да се повреди партнерот, а болката секој ја поднесува различно.
"Жената полесно ја поднесува траумата од неверството. Полесно го заборава неверството на мажот. Тоа е исто како да го фатила да мастурбира. Мажот е тој што не простува. Потешко го поднесува неверството на жената. Иако има случаи и мажот и жената да простуваат", вели д-р Павлов и дополнува дека според досегашната пракса, жените најчесто простуваат, наместо да му вратат на партнерот со неверство.
"Знаете за вицот, се враќа мажот од пат и ја затекнува жената со друг в кревет. И вели: 'види го ебе, а не мора'. Зависно од карактерот, неверството може да се доживее како поголема или помала траума, или како виц. Со староста се повеќе се простува. Имам пријатели по 60 - 70 години, кои велат, тешки нека оди, нека не ме чепка мене, само нека не троши многу пари", вели Павлов.
Јавните личности не сакаат да зборуваат за неверството, а кога медиумите ќе ги наречат "неверни", ги тужат за клевета.
|
tomislav1978 |
што мислат некои за неверството:
АДРИЈАНА АЛАЧКИ, пејачка
За неверството не се зборува јавно, само со партнерот
Неверството е дел од секојдневнието и веќе не е табу тема. Сепак, тоа е лична и интимна работа за која не се зборува јавно, но нема причина со партнерот да не се разговара за неверството.
Брачните партнери си се најдобри пријатели и меѓу нив не треба да има тајни. Но, при тоа, не би требало да се повредат со искреноста. Сепак, зависи и од карактерот на партнерот.
***
БЕНИ ШАЌИРИ, пејач
Неверен сум, ама не секогаш
Неверството апсолутно се случува и редовно се конзумира. Гледам што се случува околу мене, и тоа не е нешто нечовечко, туку произлегува од незадоволството од партнерот и здодевност.
И мажите и жените се неверни подеднакво. Секој ден не се јаде грав, вели народната.
Лично, неверството не ми одговара, не сакам да ме прелажуваат и да изневерувам. Ама Господ кога не создавал, не создал така што го искомбинирал убавото со корисното. Секаде е различно.
Во харем со 300 жени, би бил најсреќен да бидам со една жена, затоа што така оддеднаш добиваш и пријател и жена.
Неверството е главната причина за распаѓање на браковите. Лично, не можам да тврдам дека не сум бил изневерен, бидејќи не сум дознал. А јас, да, сум бил неверен, ама не секогаш!
Партнерите треба да разговараат за проблемот пред да се случи неверството, потоа е веќе доцна.
***
БУБО КАРОВ, К-15
Што се донесува до неверството, јас со таа работа одамна сум расчистил. Секогаш сметам дека мојата партнерка во секој момент можеби ме изневерува.
Се друго ми е ќар.
***
ВАЛЕНТИНА РАДУЛОВИЌ, ракометарка
Би сакала сите да се верни како јас
Неверството не го одобрувам. Но, ако се случи, ако ме прелаже, нека си ќути. Истото и јас би го направила. Прави што ќе правиш, ама да не дознаам ништо, а најдобро е да не правиш ништо.
Немам доверба во другите и се надевам дека и мене не ми веруваат. Тешко е да се најде некој кому може неограничено да му се верува. Вербата брзо се губи, а многу тешко се стекнува.
Пред се, мислам дека за да се избегне неверството многу е битна искреноста меѓу партнерите. Да си верен, значи да си искрен.
Можеби затоа што сме познати личности не треба да се случува неверство кај нас, затоа што уште побрзо се дознава. Би сакала сите да бидат верни како и јас.
***
Неверството - смртен грев за Црквата
Седмата божја заповед гласи: Не прави прељуба. Црквата вели дека ако си склучил со својот партнер сојуз пред Бога, тогаш треба да му бидеш верен во мислите, со зборовите и со делата.
Со оваа заповед, Бог го забранува она што го разорува бракот, семејството, што ја валка душата и телото и она божественото во него. Се забранува брачното неверство на сопружниците, но и блудот како и противприродната употреба на своето тело. Кога говори за седмата божја заповед, Црквата учи дека човек треба да се чува од пијанење, презаситување, бесрамни зборови, читање на срамни четива, гледање срамни слики, песни и филмови, затоа што неговото тело е храм на Светиот Дух.
Умешните во обид да го оправдаат неверството, забележуваат оти седумката може да се пишува со или без цртичка. Тоа значи дека седмата заповед во некои случаи не важи, дека е "прецртана".
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=109913&idg=6&idb=1657&rubrika=Revija |
SpaceLily |
Da si znajte deka od deneska nataka ke sum najgolemata nevernichka na vekov! |
VeGaS |
quote: Originally posted by SpaceLily
Da si znajte deka od deneska nataka ke sum najgolemata nevernichka na vekov!
Do sea pa ko da ne beshe? [:D] |
SpaceLily |
quote: Originally posted by VeGaS
quote: Originally posted by SpaceLily
Da si znajte deka od deneska nataka ke sum najgolemata nevernichka na vekov!
Do sea pa ko da ne beshe? [:D]
Ne bev ama od sega ke sum! |
RaGeAnGeL |
ah da ne te znaev ke receF nesco.....:P |
wolf_pack |
ehh da ima pogolema nevernichka od Ivanka....ama nema:)) |
SpaceLily |
quote: Originally posted by wolf_pack
ehh da ima pogolema nevernichka od Ivanka....ama nema:))
Wolfi nie dvete vo paketa ojme:) |
wolf_pack |
Шо се смееш, ја сериозен беф:) |