Финишот на македонската приватизација
Финишот на македонската приватизација
Jakov Кругот е малечок а во_него сме сите...... УЈП: Приватизацијата на „Фершпед“ е чиста2 Чиста е приватизацијата на „Фершпед“, нема ништо спорно, стои во извештајот на Управата за јавни приходи. Високи извори за А1 тврдат, целата операција за преземање на „Фершпед“ од страна на актуелното раководство во извештајот е прогласена за законска. По цели 6 месеци чешлање на документацијата и уште три месеци кроење на извештајот, сега е констатирано, нема ништо спорно во моделот на доприватизација, во начинот на купувањето на акциите и целосното преземање на шпедитерската компанија. А1 дознава дека во четвртокот овој извештај срочен во 8 страници му е доставен на Јавното правобранителство. Од таму и е пратен на Антикорупциската комисија, иницијаторот кој побара отворање на ова приватизационо досие. Од комисијата за А1 велат дека уште не го добиле извештајот. Официјално не сакаат да ги коментираат најновите наоди, неофицијално - изненадени се од ваквиот епилог. Комисијата уште во 2003-та побара од Правобранителството да поведе постапка за поништување на договорите и одлуките врз основа на кои „Фершпед“ беше купен од актуелното раководство. Тврдеше дека се работи за незаконска доприватизација, фалсификати на акционерски книги, купување акции во „Фершпед“ со пари од самата фирма, незаконски цензус кога се купувале тие акции. Наместо тужба, Правобранителството побара од УЈП да изврши контрола во „Фершпед“, иако веќе располагаше со извештаи од две претходни контроли со исти заклучок - има повреда на доприватизацијата. Овој потег Антикорупциската комисија го протолкува како купување во време. За сите овие месеци управата молчеше, а Министерот за финансии убедуваше дека се работи за комплициран случај кој бара време, ама дека работата ќе се истера до крај.
трендафил Кога и евнтуалните криминалци и тие што се борат против криминалот се од иста партија, резултатот не може да биде поинаков од овој.
lav Кој тоа вели дека тоа (ПРИВАТИЗАЦИЈАТА) е криминал??? Па се тоа си е пред се „покриено„ со ЗАКОНИ...а кои или имаат криминогено мнозинство за нивно донесување или пак се смислени од такви творци...мислам на законите...нели?
Jakov Нема коментар од Управата за јавни приходи, молчи за извештајот на „Фершпед“. Не кажуваат како и врз основа на кои документи, закони, одлуки и договори утврдиле дека доприватизацијата на шпедитерската компанија е чиста и законска. По вчерашната прозивка од Антикорупциската комисија, УЈП денеска одбива да објасни - како е можно истата институција за иста работа да излезе со целосно различни извештаи. Два што укажуваат на незаконитости, а еден што покажува дека нема ништо спорно во доприватизацијата на „Фершпед“. На кој извештај да веруваме, праша Антикорупциската. „Ќе се постави прашањето - на кој извештај од УЈП да веруваме, на која Управа за приходи да веруваме“, изјави Михајло Маневски, претседател на Антикорупциската комисија. Од Антикорупциската денеска велат - сеуште не сме го добиле извештајот. Ако е пратен ќе стаса кај нас. Од Јавното правобранителство тврдат, дека уште во четвртокот по пошта извештајот е адресиран до Антикорупциската. Како што објави А1, во извештајот на УЈП, срочен на осум страници пишува, дека доприватизацијата на „Фершпед“ е законска, дека нема ништо спорно во операцијата за преземање на компанијата. Во извештајот стои дека по контролата во 94-та, кога практично се изведе и целосното преземање на „Фершпед“ од сегашното раководство, во сегашната е констатирано дека сите тогашни неправилности се отстраниле. Последната даночна контрола во „Фершпед“ траеше цела година - драма, даночни инспектори, обемна документација, молк на институции по шест месеци контрола, уште три за кроење на извештајот. Сега на потег се Антикорупционерите, иницијатори за ревизијата на доприватизацијата на „Фершпед“.
toni_a nisto,sega trebaat uste 2 pozitivni izveshtai i idat ponataka (3:2).ima uste edno poluvreme.mislam deka ke se postigne uspeh!
Makedon Mene me interesira kako mnozinskite akcioneri na Fersped, Alkaloid, Evropa, Agroplod, Vitaminka, Zelezarine, M6, itn. ke dokazat od kade im se parite so koi gi kupile ovie pretprijatija, koga se znae deka za toa im bile potrebni milioni evra, a se znae deka do 1991 g. imale po eden stan i plata eve da receme max. 5000 DM t.e. 2500 EURa... Velat vcera izglasale zakon za personalniot danok so koj ke proveruvaat graganite koj kolku ima imot, a dokolku nekoj ima poveke imot odkolku sto treba i ne go prijavil ke mu baraat poteklo na parite, a ako nemoze da dade poteklo na imotot ke mu se naplaka 70% Personalen danok od vrednosta na toj imot, a ako ne moze da go plati, ke mu go zemat imotot. Toa ke vazi za obicnite smrtnici koi prodavaat po pazarine ili se zemjodelci, megutoa za milionerite nema...e Makedeonijo, Makedonijo, zatoa ne te biva.
lav
quote:
Originally posted by Makedon
Mene me interesira kako mnozinskite akcioneri na Fersped, Alkaloid, Evropa, Agroplod, Vitaminka, Zelezarine, M6, itn. ke dokazat od kade im se parite so koi gi kupile ovie pretprijatija, koga se znae deka za toa im bile potrebni milioni evra, a se znae deka do 1991 g. imale po eden stan i plata eve da receme max. 5000 DM t.e. 2500 EURa... Velat vcera izglasale zakon za personalniot danok so koj ke proveruvaat graganite koj kolku ima imot, a dokolku nekoj ima poveke imot odkolku sto treba i ne go prijavil ke mu baraat poteklo na parite, a ako nemoze da dade poteklo na imotot ke mu se naplaka 70% Personalen danok od vrednosta na toj imot, a ako ne moze da go plati, ke mu go zemat imotot. Toa ke vazi za obicnite smrtnici koi prodavaat po pazarine ili se zemjodelci, megutoa za milionerite nema...e Makedeonijo, Makedonijo, zatoa ne te biva.
Систем познат и како МАТИ ВОДА ЗА ДА НЕ БИДЕ БИСТРА ...ете така се нарекува подцртаново од мене. И ќе остане запишано дека легислативата ни е по Европејски терк „скроена„ нели (тесно и го скрои ама убаво ми/ни стои)..а за стварноста...има време нели??? Севените-ни сосоеди велеа : ШТА ЗНА ДЕТЕ ШТА ЈЕ 300 КИЛА...нели?!