Како се добиваат избори во Македонија |
Jakov |
или додека има овци ќе имаме топла облека....
ВМРО-Народна ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека соработува со претседателот Бранко Црвенковски под притисок од кривична пријава за лидерот на ДПМНЕ, Никола Груевски.
Портпаролот на Народна тврди дека Груевски ја оштетил државата за 8 милиони евра во случајот со Национална платежна картичка.
За тоа имало и пријава во МВР која се користи против ВМРО-ДПМНЕ кога ќе и затреба на власта, обвинуваат од партијата на Љубчо Георгиевски.
„Лицата кои ги стопираа кривичните пријави се претседателот на РМ Бранко Црвенковски и тогашниот министер Хари Костов“, изјави Александар Ѓорѓиев, портпарол на ВМРО-НП.
„Затоа, јавно ги повикуваме МВР и надлежните органи да ја активираат кривичната пријава против Никола Груевски за која сите политички кругови знаат дека постои, дека е подготвена и стопирана пред одржувањето на претседателските избори во 2004 година, на кои Бранко Црвенковски стана претседател на РМ“, вели Ѓорѓиев. ВМРО-ДПМНЕ без коментар.
„Не се коментираат глупости, бидејќи се несериозни“, рече Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Без коментар и во МВР и од кабинетот на претседателот Црвенковски.
Денешните обвинувања на Народна дојдоа откако нивните поранешни сопартијци од ДПМНЕ ја покренаа иницијативата за бришење на членот од кривичниот законик, кој предвидува замена на затворска казна до една година за парична казна.
Меѓу првите казната си ја замени Тања Митровска, осудена поради малверзациите и фалсификатите во катастарот за дворецот на Водно на екс премиерот Георгиевски.
„Дека Тања Митровска вршела определени работи во име на високи функционери од нашата партија, јас мислам дека тоа не е потврдено и дека тоа не држи вода. Значи, г-ѓата Тања Митровска е осудена во еден судски процес на затворска казна“, вели Александар Ѓорѓиев.
Сега Народна тврди дека Црвенковски е во коалиција со Груевски и затоа му наложил ВМРО-ДПМНЕ да покрене иницијатива за бришење на членот за замена на затвор за пари, иако според оваа партија, тоа било и европски и во интерес на оние што еднаш ќе направеле ситен криминал или сообраќајка.
Во ВМРО-ДПМНЕ си остануваат на ставот дека тој член треба да се избрише.
„Навистина жалиме ако ВМРО-НП или некој од таму се почувствувал засегнат од нашата иницијатива за укинување на членот 38 Д од кривичниот законик, но нашата одлука е принципиелна и не се однесува на нив“, додаде Бичиклиски.
Веќе подолго време фрчат обвинувања меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Народна, првите дека се блиски со претседателот Црвенковски, вторите блиски до премиерот Бучковски.
|
dejan |
VMRO-narodna se za zhalenje. |
lav |
quote: Originally posted by dejan
VMRO-narodna se za zhalenje.
Јас пак (си) мислам дека СИТЕ Македонци сега се жалење...секако без исклучоците ...кои само го потврдуваат правилото? |
toni_a |
Како се добиваат избори во Македонија?
so delenje na novogodishni paketchinja [:D]
quote: "...На завчерашниот партиски коктел, на кој присуствувале и министрите, Бучковски за сите локални лидери подготвил "пакетче" во кое имало тефтер, календар и застаклен портрет.
На фотографијата во боја, Бучковски сликан во анфас, гордо стои пред знамињата на Македонија и на ЕУ..."
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2952&stID=70490
(tito da bidam,struga da vidam) |
Strelec |
Леле, која ГЛУПОСТ!!!
|
toni_a |
"Очекувам по изборите во 2006-та година да има многу чудни коалиции, изјави премиерот Владо Бучковски во интервју за ТВ Канал 5, коментирајќи ги евентуалното постизборно коалицирање со неговиот поранешен сопартиец Тито Петковски и со поранешниот премиер Љубчо Георгиевски."
(malku zastarena informacija,ama mozhe nekoj ne prochitale dosega)
pa neka se raspravaat po forum chlenovite za "sdsm ili vmro"... |
трендафил |
Изборите во Македонија најчесто се добиваат со крадење. Со исклучок на 2002 кога не се крадеше поради контролата на западните земји и 1998 кога не можеше да се украде толку многу, а да не се предизвика револуција. И на чело на актуелната власт се луѓе со командна одговорност за изборна кражба, па тешко е да се претпостави дека нема да крадат и на следните избори. Затоа што зад нив има најмалку две кражби (на претседателските избори 2004та и на локалните 2005та) за кои немаа ни обвинение. Прашање е само дали во изборните комисии ќе седат луѓе што ќе го спроведуваат законот или и понатаму ќе ги спроведуваат корумпирани луѓе кои ќе го дозволат крадењето?
|
lav |
quote: Originally posted by трендафил
Изборите во Македонија најчесто се добиваат со крадење. Со исклучок на 2002 кога не се крадеше поради контролата на западните земји и 1998 кога не можеше да се украде толку многу, а да не се предизвика револуција. И на чело на актуелната власт се луѓе со командна одговорност за изборна кражба, па тешко е да се претпостави дека нема да крадат и на следните избори. Затоа што зад нив има најмалку две кражби (на претседателските избори 2004та и на локалните 2005та) за кои немаа ни обвинение. Прашање е само дали во изборните комисии ќе седат луѓе што ќе го спроведуваат законот или и понатаму ќе ги спроведуваат корумпирани луѓе кои ќе го дозволат крадењето?
Изборите во Македонија (најверојатно) се одвиваат на два колосека ..од кои едниот е таму каде што се искажува Народната волја а на другиот пак желбите на Нарачателот сосе неговите виспрени и добро платени Извршители.
Понекојпат тие (се мисли на колосеците) се поклопуваат а понекојпат и не се поклопуваат...НО секојпат (барем досега) доминирала желбата на Нарачателот (МЗ и УСА).
пс
Методите се секојпат во склад со мигот кога Изборите се оддржуваат...барем тоа е за Македонија веќе повеќекратно видено. |