Дали македонскиот јазик е државен?
Дали македонскиот јазик е државен?
трендафил Агенцијата за информирање испратила календар честитка до Мишко Талески, уредник на Шутел и водител на емисијата „Строго доверливо“ на албански, француски и англиски јазик. Македонски нема. Не знам дали воопшто постојат календачиња со македонски јазик, или на Мишко му е испратено на албански затоа што телевизијата е на ромски јазик, па на сите немнозински заедници им се испраќа на албански без македонски кој мора да го има според Уставот и законите.
lav РАЗБИРА СЕ...РАЗБИРА СЕ...дека е ...ама само на ‘артија
concrete Agencija za Informiranje...sto e toa ????Mislev KOJ e toa????
beaver hunter shhhhhh..... kje razberesh koj e toa sabajlechki koa kje ti tropnat na vrata....
ProMKD TV Stanica za malcinstva ke pravi samo kalendari za malcinstva.
dejan lele bravo SDS sto ja pretvori Makedonija vo Belgija/Svajcarija[8)]
трендафил
quote:
Originally posted by concrete
Agencija za Informiranje...sto e toa ????Mislev KOJ e toa????
Точниот назив е Агенција за информации со веб страна http://www.sinf.gov.mk .
quote:
Originally posted by ProMKD
TV Stanica za malcinstva ke pravi samo kalendari za malcinstva.
Не би било проблем ако Ромска ТВ станица на Роми им дели календарчиња на ромски јазик. Проблем е што Агенција за информации на Република Македонија на ромска телевизија дели календарчиња во кој го нема ниту првиот официјален, македонскиот, ниту ромскиот јазик.
трендафил Ова што Таратор го цитира е кажано од бугарин и е цитирано во конигата само како илустрација какви глупости се трескаат во врска со македонскиот народ. Да му повторам и на Таратор дека не ги сметам за многу нормални тие што за себе мислат дека се некој друг (во карикатурите најчесто таквите мислат дека се Наполеон). Што да кажам за некој што мисли дека подобро од мене како Македонец знае што сум. Да се вратам на темата. Гледам кај мене (Бит Пазар, општина Чаир, Скопје, Македонија) два плакати каде што како спонзор е наведено Министерството за култура на Република Македонија. Покрај веќе познатиот настан Скопје Фест на 28 ноември (попознат како ден на албанското знаме) само на албански јазик е и плакатата за концертот на Ера Хоџа, сопран. Доколку албанците сакаат денот на знамето да го прослават еднонационално (во фашистички стил), дали мислат дека и концертот на Хоџа треба да го слушаат само Албанци. По таа логика, ако дојде Павароти треба да го слушаат само Италијанци. На страна што Чаир не е еднонационална општина. Албанци има само нешто повеќе од половина. И да бевме малцинство, според законите на РМ ќе требаше да се употреби и македонскиот јазик затоа што во општината има многу повеќе од 20% Македонци. Гледам дека на ДУИ полека му станува јасно дека и тие ќе си заминат од политичката сцена доколку загуби нивниот спонзор, СДСМ, па веќе не инсистираат за законот за употреба на јазиците, што би го намалило рајтингот на спонзорот.
oposor [size=3]Во оваа насока се движи и ставот на познатиот хрватски историчар Иво Банац, соопштен во емисијата “Во центар” на Канал 5. Тој во интервјуто кое се емитуваше на 6 декември на новинарот Васко Ефтов му рече дека за суштествување на македонска нација може да се зборува од втората половина на 20 век, а зачетоци на македонска етноидентификација се појавуваат кај одредени интелектуалци во 20-тите и 30-тите на тоа столетие. Не само тоа, туку Банац јасно кажа оти словенските Македонци имаат доживеано две национални интеграции, а за првата тој рече: “Не е тајна дека македонските револуционери себеси се чувствуваа и се декларираа како Бугари”.[/size=3]
suspect oposor....duduk eden.....ami ako ne se deklarirale kako bugari tuku kako makedonci, togashnite bugari che gi "svitkale" uchte na bukvata M....kapish? Edinstvena vistina e toa shto ete vo toa vreme bugarite bile pojaki na muskul a Makedoncite na pamet.
трендафил Добро е што прифаќаш дека сега постои македонска нација. Тоа е цел на овој форум - политика. Другото е историја. Кога сме кај историјата само сакам да ти напоменам дека за ова прашање јас сум директно информиран. Пред се` имам скоро 53 години и сум имал покрај родителите и жив дедо и прадедо. Сите беа Македонци и зборуваа на еден ист јазик. Пробај ти во твоето семејство за десетина години да ги научиш да зборуваат со исти зборови од прадедо до правнук за десетина години. И немој да ми го претставуваш Јосип Броз - Тито како Бог, кој наредил и од следното утро сите почнале да зборуваат на нов јазик и да се чувствуваат како припадници на една нова нација. Не ли ви е срам и на вас Бугарите, но и на Србите и Грците што наместо да ни помогнете да се ослободиме од Турците и да се развиеме како нација во исто време со вас, сте се нафрлиле врз нас како хиени. Имаче, за твоја информација, Тито се обиде да створи една нова нација - југословени. Но експериментот не успеа, затоа што такво нешто е неможно. И што е со тие што заради Тито избегаа од Македонија и живеат како емигранти, а се` и останаа Македонци. Tarator-v, не очекувам од тебе да размислуваш на друг начин, затоа што така те учеле во Бугарија и користиш „своја“ литература. Но обиде се малку да размислиш и да најдеш логика во тоа што е напишано.