Shto ni se sluchuva so MPC
Shto ni se sluchuva so MPC
ConstAntiN Ovie moi komentari gi imav dadeno vo tema na http://www.ajvarforum.com.mk/forum , no zaradi aktuelnosta gi davam i tuka kako tema. Pre Scriptum: Za da go prochitate textot kojshto e na kirilica, odete vo View, pa Encoding (ili Fonts, ako polzuvate postara verzija na Explorer) i izberete Cyrilic (Windows) 25.05.02 http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=1857&stID=2968 СРАМОТА! Нека се знае дека прегрешниот раб божии Константин е ИЗРИЧНО П Р О Т И В ! Против е затоа што ова е противно и Богу и на историската правдина (ако таква воопшто има) , против е затоа што оваа „спогодба“, вака поставена е чисто реализирање на практички полвековната желба на СПЦ, и најпосле, против е зашто не може да најде ниедна причина да биде За- ни како верник, ни како овоземски, световен човек. Но, да ја „спуштиме топката“. Последната вест што ја чув на радиските вести, негде по 15.30 беше дека сеуште се дискутира на Синодот и дека ништо не е прифатено. А и уредничкиот коментар (слава Богу) беше ПРОТИВ прифаќање. Да се помолиме на Бога до такво нешто да не дојде. А и ако сепак (не- дај- Боже) дојде, менување Вера не иде предвид! Сме истрпеле и на потешки икушенија, а, многупати сум рекол, Православието за мене е единствената душеспасителна Вера. И да дојде до тоа да се спомнува Српскиот патрик во молитвите јас грешниот нема да се молам за него, но тоа не значи и да не влегувам во Храмот Божии. Од друго се плашам- на световно- политичко рамниште веќе ова- од можен РАСКОЛ доколку се прифати ваквиот непристоен предлог, како што и во текстот од „Дневник“ е споменато. Факт е дека сме имале (може_би сеуште и имаме) Црвени владици, факт е дека КПМ се мешала во Црковните прашања, но факт е и дека денес имаме Црква, жива Црква како заедница на Верни и тоа мора да се респектира. Пред се` од самите нас. Да се надеваме, значи, дека разумот и патриотизмот ќе надвладеат. 26.05.02 Сношти Бог беше со Македонците и ги услиша- сполај Му- нашите молитви, сношти синодот на МПЦ не го прифати непристојниот предлог од СПЦ. Видовме на ТВ- екраните, владиката Петар беше исвиркан од револтираните верници, а владиката Кирил (изненадувачки!) одржа Слово за кое заслужува честитки. ConstAntiN Edited by - ConstAntiN on June 03 2002 13:26:47
Konstantin
quote:
A dali gledash na vtoriot link sho go imash ostaveno, deka Jovan i voopshto ne e sam vo ovaa namera??? Vladicite Petar, Naum i Timotej se tuka isto vmeshani.
Se razbira oti gledam, zatoa i go dadov linkot i zatoa i prokomentirav: се надевам дека она што стои во вториот линк не е сосем така, зашто во спротивно опасноста што не` демне не сакам ни да си ја замислам! PS: I jas se nadevam i se molam ova shto poskoro da se raschisti za da izlezime posilni na krajot i za nikogash poveke da ne ni se povtori. Amin! PPS: Ako imate problemi so primanjeto kirilica, videte shto tre_ba da se stori vo moite preth. poraki ConstAntiN
Whitebaby Neznam bogami Konstantin, epten zapletkana rabota Odednash mnogu lugje vmeshani se pojavia, se ova mi deluva na isplanirana rabota Ako i sega popushti makedonskiot narod (kako shto popushta na se drugo) ... zhalosno Enjoy the little things, for one day you may look back and realize they were the big things
Konstantin Pre Scriptum: Za da go prochitate textot kojshto e na kirilica, odete vo View, pa Encoding (ili Fonts, ako polzuvate postara verzija na Explorer) i izberete Cyrilic (Windows) Textot shto sleduva se isprakja do MPC (preku e- mail adresata [email protected] ) i preku makedonskite Internet- forumi ОТВОРЕНО ПИСМО ДО НЕГОВОТО БЛАЖЕНСТВО, АРХИЕПИСКОПОТ Г.Г. СТЕФАН Ваше Блаженство, По вчерашната Велешка „литургија“ (што повеќе личеше на политички митинг!) одржана од Владиката расколник Јован, мојата прегрешност се осмелува еве вака, јавно да ве замоли по Христијански: Отстранете го ШТО ПОСКОРО тоа бесно куче од Синодот за доброто на Македонскиот народ Православен, за доброто на нашата Вера, за доброто на нашата помесна автокефална МПЦ; расчинете го од Владика и како обичен монах затворете го во манастир зашто само таму, во тесната и скромна келија испосничка може да постигне вистинско покајание и спасение за грешната му душа, да се ослободи од бесот што влегол во него и што вчера преку устата негова вриштеше и пиштеше во Храмот Божии во Велес. Тој (не)човек, тој бесоопседнатик Верниците што протеститале против него ги нарече богохулници (!) (Господ да му е напомош, само Тој може!); тој предавник лобира кај поглаварите од другите помесни православни цркви против Вас, против нашата МПЦ и против својот сопствен народ Македонски клеветејќи не` безочно; тој возгорденик се дрзна да се фали со своето наводно мачеништво, споредувајќи се (повторно Бог да му е напомош, оти само Тој може) со Св. Јован Златоуст! %
Konstantin % „По нивните плодови ќе ги познаете. Се бере ли грозје од трње или смокви од чичка? Па така, секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри полодови. Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган. И така, по нивните полдови ќе ги познаете“ (ЕВАНГЕЛИЕ СПОРЕД МАТЕЈА 7:16-20) Дедо Стефане, ова се Божии зборови, директно од устата на Исуса Христа оставени на нас верните како ПАТОКАЗ. А плодовите на Зорана Вранишковски (прости ми Боже, ама душава не ми го признава за Владика) се видоа и се гледаат: Владика да биде чуван од полиција за да може да вреска, буквално да вреска- како јаре- во Храмот Божии, обични верници, обични луѓе да се расправаат и караат пред Храмот и да треба да ги дели полиција! Само Вие, Ваше Блаженство си знаете што се` односниот ви прави и како Ве/не` клевети пред православните браќа- Епископи! Овој (не)човек, тоа е повеќе од очевидно, сее само раздори, а се знае кој е тој што поттикнува раздори и кавги меѓу луѓето. Токму затоа порачувам да го затворите во манастир, белки таму ќе се ослободи од власта на нечастивиот. Ако пак (како сеуште монах) и тоа послушание го одбие, нека му биде скинат и чинот монашки, па како обичен мирјанин потоа државата нека се расправи со него. И решете што поскоро Ваше Блаженство, пресечете, секој ден чекање може да биде погубен за нас. А односниов не се покајува и не се враќа, тоа повеќе од јасно се виде. На крај најпонизно Ве молам Ваше Блаженство да ми простите што се разгневив и што не успевам да останам докрај смирен во овие тешки, во овие пресудни времиња на големи искушенија за секој Православец и секој Македонец. Да се помолиме сите заедно Севишниот да ни даде сила и ум да ги пребродиме овие искушенија и пак да си останеме верни Православци и во своја, автокефална и неподелена МПЦ, во жива Црква Христова. Амин! ConstAntiN
graf sto prat ova pope od velse Jovan. He is a ta=raitor from the MACEDONIAN CHURCH. If he want to prech Serbian Religon then let him do it outside of MACEDONIAN. Graf in Da Selo !!!
Konstantin http://www.vest.com.mk/default.asp?id=35487&idg=2&idb=595&rubrika=Makedonija И, што сега? Пак ќе се враќаме во автономен статус ПОД СПЦ??! Е голема „победа“; нема што! Господи дај ни сила и мудрост и нам и на Синодот за да се избавиме од овие големи искушенија како Верни и како народ. Амин! PS: Dokolku imate problemi so chitanjeto na kirilichniot text, videte vo moite preth. poraki shto treba da se stori ConstAntiN
Konstantin Pre Scriptum: Za da go prochitate textot kojshto e na kirilica, odete vo View, pa Encoding (ili Fonts, ako polzuvate postara verzija na Explorer) i izberete Cyrilic (Windows) http://int.dnevnik.com.mk/default40e0.html?pBroj=1892&stID=4697 Ете како дневната (море не е дневна, многу подалекувида е!), Световната политика ги буричка своите гнасни прсти во најсветото, во Верата! И сетне нам ќе ни „оправаат“ за етнофилетизам! Ами непочитувањето на сопствениот род и народ, предавството на неговите (на народот) интереси- не е ли грев? Господи запази не` од уште поголемо зло со вакви (сеуште!) владици. ConstAntiN
Konstantin Добри вести: http://kleist.dwelle.de/macedonian/news/265719.html http://www.a1.com.mk/vesti/vest.asp?VestID=10079 Слава Те_бе Боже, слава Те_бе во век и веков-Амин! Вечерва пак Бог беше со Македонците, сполај Му и слава Му во вечни векови! Расколникот, предавникот, Јудата Јован- од сношти со решението на Синодот на МПЦ не е повеќе владика, а од денес е ИСЕЛЕН од Епархијата и пратен онаму кајшто му е местото- во манастир на (вистинско) покајание! Патема, една исправка околу првиот линк: манастирот е, како што стои во вториот линк "Св. Великомаченик Георгиј" (или Св. Ѓорѓи, на современ македонски). ConstAntiN
ConstAntiN % 02.06.02 Лоши вести од МПЦ: http://int.dnevnik.com.mk/defaultd8b7.html?pBroj=1863&stID=3241 Човек просто да занемее. Просто да остане без зборови. Па сепак, некои нешта не смеат да се премолчат. Со полна свесност за сета своја грешност и беззначајност и со надеж дека моето пишување ако не придонесе за сплотување- барем нема да предизвика нови делби и расправии меѓу Верните, ќе си земам за право да кажам неколку збора. Moнахот (калуѓерот) е човек што доброволно се откажал од Светот и се посветил да му служи на Бога како единствена животна определба и цел. Токму затоа невкусно изгледа- најблаго речено- кога еден монах се впушта во едно чисто световно лобирање на еден чисто световен медиум- телевизијата, по прашање што (сепак) е далеку од тоа да има чисто духовен карактер. Но, има уште една работа: монахот е обврзан со послушание кон својот духовник, а бидејќи на односните монаси духовник им е дедо Наум- значи негова наредба е да се прави така, негова идеја е да се лобира во јавноста за прифаќање на неприфатливиот за мнозинството верници- Македонци „Нишки документ“. Впрочем, еве ја содржината на тој „Нишки докумет“: http://int.dnevnik.com.mk/default3039.html?pBroj=1863&stID=3254 Дедо Науме и сите вие кои здушно сте запнале ова да го прифатиме, кочете малку! Христијански ве моли, не само мојата прегрешност, ами и многу други Верници се ЦВРСТО ПРОТИВ потпишување на таква „спогодба“. И со право! Та зарем многу точки тука не се навистина чисто реализирање на практички полвековната желба на СПЦ? Зарем патот автономија- автокефалија не е веќе изоден? Зарем сите помесни Цркви што во минатото прогласиле автокефалност веднаш биле прифатени за такви од другите? Зарем, ако веќе 10-тина години од осамостојувањето наваму чекавме и оддолжувавме, не можеме ли да почекаме уште десетина (па и повеќе ако треба)? Впрочем, еве што вели еден друг наш монах (Владиката „по дефиниција“ е монах): http://int.dnevnik.com.mk/defaultb10a.html?pBroj=1863&stID=3250 Ете, тоа е патот по кој треба да се оди! Секоја чест Владико! ПС: „ По нивните плодови ќе ги познаете. ... секое добро дрво дава добри плодови, а лошо дрво дава лоши плодови; не може добро дрво да дава лоши плодови, ниту лошо дрво да дава добри плодови. Секое дрво, што не дава добар плод, го сечат и го фрлаат во оган“ (Исус Христос, Беседа на Гората, Евангелие според Матеја, 7:16-19) Се видоа плодовите од „Нишката сопгодба“, „нацрт- документот“, „работната верзија“, а сепак реален текст за чие пpифаќање веќе јавно се лобира. Уште еднаш, умот в глава дедо Науме, слушнете го уште еднаш Словото Божјо! Зашто, токму на таквото лобирање плодови се, како што велат (пророчките?) стихови на песната: „... меѓу народот ке сејат несогласја и раздори, да се мрази син со татка, и со брата брат...“ (Григор Прличев, „1762- ро лето“) ConstAntiN
yonex Kakvi sa vashite politici kato ne vi obqsnqvat problema s curkvata. V pove4eto curkvi ot Ohrid do 4erno more i ot dunav do bialo more na vidno mqsto stoi ikonata na Car Boris I cariat koito e pokrustil bulgarite nikoga predi 1944 ne e imalo makedonski narod makedonia e bila na bulgarskata ekzarhia i zatova nikoga niama da se priznae nito makedonska curkva nito makedonski narod nito makedonski ezik Makedonia e bugarska DA JIVEEE VELIKA BULGARIA !!!!!
yonex Kakvi sa vashite politici kato ne vi obqsnqvat problema s curkvata. V pove4eto curkvi ot Ohrid do 4erno more i ot dunav do bialo more na vidno mqsto stoi ikonata na Car Boris I cariat koito e pokrustil bulgarite nikoga predi 1944 ne e imalo makedonski narod makedonia e bila na bulgarskata ekzarhia i zatova nikoga niama da se priznae nito makedonska curkva nito makedonski narod nito makedonski ezik Makedonia e bugarska DA JIVEEE VELIKA BULGARIA !!!!!
yonex Kakvi sa vashite politici kato ne vi obqsnqvat problema s curkvata. V pove4eto curkvi ot Ohrid do 4erno more i ot dunav do bialo more na vidno mqsto stoi ikonata na Car Boris I cariat koito e pokrustil bulgarite nikoga predi 1944 ne e imalo makedonski narod makedonia e bila na bulgarskata ekzarhia i zatova nikoga niama da se priznae nito makedonska curkva nito makedonski narod nito makedonski ezik Makedonia e bugarska DA JIVEEE VELIKA BULGARIA !!!!!
yonex [quote] Ovie moi komentari gi imav dadeno vo tema na http://www.ajvarforum.com.mk/forum , no zaradi aktuelnosta gi davam i tuka kako tema. Pre Scriptum: Za da go prochitate textot kojshto e na kirilica, odete vo View, pa Encoding (ili Fonts, ako polzuvate postara verzija na Explorer) i izberete Cyrilic (Windows) Kakvi sa vashite politici kato ne vi obqsnqvat problema s curkvata. V pove4eto curkvi ot Ohrid do 4erno more i ot dunav do bialo more na vidno mqsto stoi ikonata na Car Boris I cariat koito e pokrustil bulgarite nikoga predi 1944 ne e imalo makedonski narod makedonia e bila na bulgarskata ekzarhia i zatova nikoga niama da se priznae nito makedonska curkva nito makedonski narod nito makedonski ezik Makedonia e bugarska DA JIVEEE VELIKA BULGARIA !!!!!
Konstantin (Bidejki si napraviv nekoi problemi so menuvanjeto na e- mail adresata (noviot password shto mi go ispratija ne mi funkcionira) morav da se preregistriram.) yonex ke go ignoriram. Megjuvremeno drugi neshta se slucija, povolni vesti ni stignaa. Go prenesuvam mojot komentar od ajvarforum: 06.06.02: Светиот Архиерејски Синод на МПЦ реши: -Нема отстапување од името на МПЦ -Нема отстапување од независноста, т.е. (нагласувам:) АВТОКЕФАЛНОСТА на нашата помесна Македонска Православна Црква. Сполај Му на севишниот, значи, услишани се нашите молби. Лошите зборови и мисли искажани од загриженост или во гнев нека се посипат со пепел, нека се заборават распавиите, нека завладее единството, нека се постапува како што денес во Соопштението беше наведено и- со Божија помош одиме понатаму. Да се помолиме за смирение, нека се смират духовите. Post Scriptum: Za da go prochitate textot kojshto e na kirilica, odete vo View, pa Encoding (ili Fonts, ako polzuvate postara verzija na Explorer) i izberete Cyrilic (Windows) ConstAntiN
Konstantin Iskreno, se nadevav deka ovaa tema ke predizvika daleku pogolemo interesiranje, no- shto e tuka e Prenesuvam ushte eden moj komentar od Forumot na "ajvar" za da se dokompletira slikata: Иако од сесрце сум приврзаник на тоа да се смират духовите по прашањево, а свесен сум дека со оваа порака би можел токму спротивно да предизвикам сепак не можам да не премолчам, а да не (у)кажам нешто: http://int.dnevnik.com.mk/defaulte855.html?pBroj=1869&stID=3502 Обрнете внимание на последниот пасус од текстот. Колку и јас прегрешниот да сум свесен колку се тешки и сложени овие прашања од чисто теолошки аспект, сепак, сметам оти ставот на владиката Јован е (најблаго речено) проблематичен и- би се осмелил да речам- скриени СЕРИОЗНИ опасности носи! Владиката Јован не присуствуваше на односната седница На Синодот на МПЦ кога беа донесени (слава Богу!) историските одлуки за неприфаќање на непристојниот предлог од СПЦ, а неговото натамошно тврдо опстојување на вакви ставови носи сериозни опасности од НЕЕДИНСТВО во Синодот коешто понатака може лошо, да не речам и катастрофално да ни се одрази! Сепак, останува да почекаме да видиме што ќе реши за конечно односниот Владика и што потоа во врска со тоа ќе направи Синодот. Скромниот совет од мојата прегрешност до Синодот би бил (иако изгледа по малку драстично) ако односниот Владика не се покае и не се повлече- да го расчини! Ракот на неединството не смее да се прошири! Што се однесува до лутењето на СПЦ (или барем некои нејзини владици)- ако се вистински Верни во Христа, а не во служба на дневнополитички цели- не би требало да се лутат. Ами еднаш за конечно да се соочат со себе_си и своите грешки од минатото и најсериозно да размислат да ни го одобрат справедливото барање за автокефалија, пред се` заради идните добри односи и доверие помеѓу нашите два Православни народи за конечно да заживееме како браќа во Христа. Да се помолиме уште еднаш Севишниот да им даде ум и сила на нашите Владици за и оваа последна пречка со владиката Јован успешно да ја надминат. Post Scriptum: Za da go prochitate textot kojshto e na kirilica, odete vo View, pa Encoding (ili Fonts, ako polzuvate postara verzija na Explorer) i izberete Cyrilic (Windows) ConstAntiN
Konstantin Iako so malku pogolemo zakasnenie go davam ovoj komentar, sepak se nadevam deka ne e predocna i tuka da se soopshti edna vkva radosna vest: http://dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=1911&stID=5658 Slava Te_be Bozhe, vo vek i vekov- Amin! Konechno eden jasen i nedvosmislen, eden tolku potre_ben odgovor od nashiot Arhiepiskop do SPC. ConstAntiN
Whitebaby Pa ova mozhe da go ima samo vo Makedonija i na niedno drugo mesto!!! http://www.vest.com.mk/default.asp?id=34952&idg=2&idb=587&rubrika=Makedonija Chovek da chita i da plache od maka!!! Uzhas. I will be right here waiting for you...
Konstantin Za zhal, zastrashuvachki neshta ni se slucuvaat. Eve ushte linkovi: http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=1881&stID=4156 http://int.utrinskivesnik.com.mk/defaultb04d.html?pBroj=899&stID=13389&pR=2 Neka sevishniot mu dade um i sila na Sinodot i neka ne` upati site nas da go prebrodime uspeshno ova golemo iskushenie, amin! ConstAntiN
Whitebaby Jas mislam deka vernicite nema da dozvolat vakno neshto da se sluchi. Mislam deka vchera chitav vo novina (neznam tochno koja) deka Shtipjani mu se spremaat na mitropolitot Jovan da go izbrichat i da go proteraat (kako sho im napravile na nekoj grchki sveshtenici vo 19 vek). Kako i da e se nadevam deka se ce se sredi. Enjoy the little things, for one day you may look back and realize they were the big things
Konstantin http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=1884&stID=4293 http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=1884&stID=4299 http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?pBroj=1884&stID=4312 Сепак, Синодот на МПЦ се огласи денес со соопштение во кое се осудува постапката на (сеуште) Владиката Јован како неканонска и антицрковна и на односниот му се дава (по Христијански) уште една шанса да се покае. Да се помолиме токму така да стане, со Божја помош се е можно, макар што мојата световност, искрено речено, не верува во покајание Јованово по се` она што го стоpи и намерава да го прави (в. го првиот линк). Е ако така (о)стане, тогаш неизбежно ќе е што поскоро расчинување Јованово, зашто со секој ден, со секој час натамошно чекање се зголемува опасноста од ширење на РАКОТ. Исто така се надевам дека она што стои во вториот линк не е сосем така, зашто во спротивно опасноста што не` демне не сакам ни да си ја замислам! A propos третиот линк: јас лично не би се изразувал баш така, т.е. чисто политички, но со едно сум АПСОЛУТНО согласен: молкот околу се` она што ни се случува во и околу МПЦ е навистина рамен на тешко предавство. И световно и духовно. Post Scriptum: Za da go prochitate textot kojshto e na kirilica, odete vo View, pa Encoding (ili Fonts, ako polzuvate postara verzija na Explorer) i izberete Cyrilic (Windows) ConstAntiN
Whitebaby A dali gledash na vtoriot link sho go imash ostaveno, deka Jovan i voopshto ne e sam vo ovaa namera??? Vladicite Petar, Naum i Timotej se tuka isto vmeshani. Sho povece informacii izleguvaat na videlina se povece se zgrozuvam. Jas sepak imam verba deka se ce se sredi.Dokolku ne se sredi toa samo znachi deka nie Makedoncite ne zasluzhuvame sopstvena crkva, identitet nitu pak drzhava!!! Enjoy the little things, for one day you may look back and realize they were the big things