Нова Година |
cabrini |
Дали славењето на Нова Година е во склад со христијанството и дали славењето на истата има потекло од паганските обичаи, при што се слават и празнуваат само најобични циклуси без притоа да се има вистинска причина за тоа?
Поради тоа што Новата Година паѓа во посен ден, колку од нас се придржуваат на правилото да постат во овие денови со цел да се почитува она што го проповеда Црквата, а не до некои ритуали на прејадување и препивање кои ама баш немаат никаква суштина? |
Christian |
quote: А што мислеше кога кажа: оваа црква нема никаква врска со Исус?
nikade vo biblijata ne pisuva deka treba da se posti na "ovoj"den,so drugi zborovi se sto ne e od biblijata ne e od Isus tuku covek go izmislil. |
Jakov |
Nit postam nit imam u plan da postam, pa uste za nova godina, taman rabota.
Nova godina e vrzana so promenata na kalendarot i tolku, so pagani so indijanci nema vrska toa.
Nova godina e proizvod na kapitalistickoto opstestvo i se e postaveno vo taa nasoka. |
Christian |
quote: Дали славењето на Нова Година е во склад со христијанството
nova godina nema nikakva vrska so hristijanstvo
quote: Поради тоа што Новата Година паѓа во посен ден
nova godina ne paga vo posen den.
quote: на правилото да постат во овие денови со цел да се почитува она што го проповеда Црквата
ovaa crkva nema nikakva vrska so Isus.
|
cabrini |
Точно Нова Година не паѓа во посен ден, Новата Година почнува на Василица.
А што мислеше кога кажа: оваа црква нема никаква врска со Исус? |
cabrini |
Аха, значи тврдиш дека Православната Црква која пропишала пост на овој ден нема врска со Исус.
Претпоставувам дека ова тврдење си го позајмил од некоја секта која за себе зела право да се нарекува црква, само би те замолил да ми кажеш на која црква ти припаѓаш за да можам да ти одговорам соодветно (а претпоставувам дека е една од 2000 или можеби една од 200000 протестански секти кои егзистираат во светот и гледај за чудо секоја од нив ја носи вистината и е вистинска црква).
Затоа што си зема за право да напишеш овде едно тврдење кое навредува милиони припадници на Православната Црква со директно плукање врз она што е свето и вистинито редно ќе биде да ти се одговори.
Православната Црква постои повеќе од 2000 години и во својот живот се борела против разни ереси и секташки учења кои ја пренесувале верата не како што Црквата учела туку онака како разни возгордеани еретици водени од својот ум и далеку од Бога проповедале лаги. Таквите еретици со појавата на Мартин Лутер и неговите истомисленици го прават протестантизмот, кој наместо да биде вистински бунт против тогашниот поредок кој требал да ги доведе овие заблудени души кон Едната Света Соборна и Апостолска Црква, создал илјадници секти. Приказната трае и до ден денешен кога сите овие секти кои немаат никаков континуитет, никаково право себеси да се нарекуваат цркви го прават токму тоа. За себе велат дека се цркви и присвојуваат нешто што не е нивно, што не им припаѓа. Така доаѓаме да секоја човечка душа може сама да си го толкува Светото Писмо и возгордеано да каже дека нашла некоја нова вистина читајќи и да го прераскаже тоа на некои заблудени души и да каже дека е црква. А трагедијата да е поголема таквите најчесто без пардон и без срам плукаат по она што навистина Црква и која постои 2000 години и е над секое нивно човечко умување и е од Бога.
Што се однесува до твоето тврдење: nikade vo biblijata ne pisuva deka treba da se posti na "ovoj"den,so drugi zborovi se sto ne e od biblijata ne e od Isus tuku covek go izmislil.
Тврдиш дека Божјиот Збор е ограничен само на Светото Писмо.
A ima i mnogu drugi raboti shto gi napravi Isus, tuku ako se zapishuvashe sekoja od niv, mislam deka napishanite knigi ne ke mozea da bidat smesteni vo celiot svet. (Jovan 21-25).
Кристијан, што си мислеше ти, дека луѓето кои живееле во времето на Исус не чуле повеќе?
Што мислиш ти дека тие и оние луѓе што живееле години после нив ја имале Библијата да ја читаат или малку подоцна е сето тоа напишано? Го ограничи Словото Божјо на една книга и толку? Кој ти го кажа ова, која секта е таа што те научила вака, кој си ти да го ограничиш Словото Божјо само на она што е запишано, а Евангелието вели понаку. Прочитај што пишува во Библијата. Каде тоа пишува дека е тоа доволно, пишува поинаку дека има многу повеќе што направил и рекол Исус а тоа човекот го видел и чул. Тоа е она што вам ви недостасува Светото Предание, кое Црквата го носи 2000 години, а ви го отфрливте.
Господ Исус Христос рекол дека треба да се пости, а Црквата пропишала кога и како. Знаеш зошто, затоа што Глава на Црквата е Христос, затоа што по негово ветување е формирана на Педесетница, педесет дена по неговото Воскресение и затоа што е вистинска Црква со која е Живиот Бог.
А вашите т.н. цркви (со мало ц) се човечки творби кои шират ереси и заблуди и кои не се постари од неколу векови, а можда и вчера сте ги формирале. Со Православната Црква, Бог е повеќе од 2000 години, и вистинските верници не ги чекаа Мартин Лутер, Елена Вајт, Расел и слични секташти за да им кажат дека живееле 15,16... векови во темница и да ги дочекаат како нови пророци. Православната Црква му ја дава светлината на светот повеќе од 2000 години, а вам ви се сервира смрт, темница и погибел од вашите лажни пророци.
|
Christian |
quote: Аха, значи тврдиш дека Православната Црква која пропишала пост на овој ден нема врска со Исус.
Da. Act 15:10 Now therefore why do you tempt God by putting a yoke on the neck of the disciples, a yoke which neither our fathers nor we were able to bear?
quote: Претпоставувам дека ова тврдење си го позајмил од некоја секта
Gal 5:1 Stand fast therefore in the liberty with which Christ has made us free, and do not again be held with the yoke of bondage.
quote: само би те замолил да ми кажеш на која црква ти припаѓаш за да можам да ти одговорам соодветно
2Co 6:16 And what agreement does a temple of God have with idols? For you are the temple of the living God, as God has said, "I will dwell in them and walk among them; and I will be their God, and they shall be My people."
quote: Затоа што си зема за право да напишеш овде едно тврдење кое навредува милиони припадници на Православната
Mat 15:13 But He answered and said, Every plant which My heavenly Father has not planted shall be rooted up.
quote: Тврдиш дека Божјиот Збор е ограничен само на Светото Писмо.
Rev 22:16 I, Jesus, have sent My angel to testify these things to you over the churches. I am the Root and the Offspring of David, the bright and Morning Star.
Rev 22:17 And the Spirit and the bride say, Come! And let the one hearing say, Come! And let the one who is thirsty come. And he willing, let him take of the Water of Life freely.
Rev 22:18 For I testify together to everyone who hears the Words of the prophecy of this Book: If anyone adds to these things, God will add on him the plagues that have been written in this Book.
Rev 22:19 And if anyone takes away from the Words of the Book of this prophecy, God will take away his part out of the Book of Life, and out of the holy city, and from the things which have been written in this Book.
Rev 22:20 He who testifies these things says, Yes, I am coming quickly, Amen. Yes, come, Lord Jesus.
Rev 22:21 The grace of our Lord Jesus Christ be with all of you. Amen.
|
cabrini |
Извадено од контекст, типично секташко. Убаво цитираше секое растение кое не дава плод ќе биде искоренето, поради тоа Православната Црква постои 2000 години, а вашите секти се минливи. Па ти сега види како се наоѓаш себеси во она што го цитираш.
Потајно очекував да го цитираш Откровението и тука си упадна во замка, сам со свој куршум.
Црквата по која ти плукаш го става во Библијата Откровението на Св. Јован Богослов последно во Библијата најверојатно затоа што имало двоумења околу тоа дали истото воопшто треба да влезе во Неа. Истото не е напишано последно временски, не е последна книга хронолошки. Евангелието по Јован за твоја информација е напишано по Откровението. И што правиме сега Јован напишал нешто, поточно цело Евангелие, кое по твојата секташка логика ги погазува зборовите од Откровението.
Заклучокот е: Тие зборови се однесуваат на самото Откровение, на книгата наречена Откровение, а не на целата Библијата. Прочитај малку од историјата на канонизирање делови од Библијата, пишување на Библијата, прочитај, распрашај се и НАУЧИ, а не да слушаш некој секташ и да ми вадиш цитати кои немаат врска со она што сакаш да докажеш.
|
cabrini |
А ти цитираш:
Rev 22:18 For I testify together to everyone who hears the Words of the prophecy of this Book: If anyone adds to these things, God will add on him the plagues that have been written in this Book.
Тој дел важи само за Откровението.
Дали по твојата логика Евенгелието по Јован, напишано подоцна не важи, треба да го исфрлиме од Библијата?
|