Стари занаети
Стари занаети
трендафил Еве, повторно да ја пофалам владата на Бучковски, да видите дека не сум пристрасен, туку реално ги гледам работите. Се работи за големите заслуги на владата во возобновувањето на некои стари занаети. Дури и тие кои беа во одумирање. Заслугите за огромниот развој на најстариот занает, проституцијата, претпоставувам дека на сите им се познати и не би ги образложувал. Посебно на владината ДУИ која е максимално ангажирана на развојот на овој занает во деловите од државата кај што тие владеат. Дури очекувам и формална легализација на проституцијата, а не со прогледување низ прсти или злоупотребата на тоа што полицијата во некои делови на земјата не патролира ноќе, кога е шпицот на работното време во овој занает. Со легализацијата на проституцијата би се намалила невработеноста. Невработените би биле упатувани од агенцијата за вработување за работа како проститутка или проституток, па или би се вработиле или доколку одбијат работа би биле бришани од евиденцијата. Ова второво, бришењето од евиденција, е омилениот метод за решавање на невработеноста од оваа влада. Се возобновуваат и занаети за кои мислевме дека ќе одумрат. Например крпачи на чевли. Во Скопје го имаме и првиот синџир на работилници. Постои Цокула 1. Цокула 2, Цокула ... Доколку актуелната власт победи и на следните избори веројатно во секоја населба ќе има по една работилница Цокула. Доколку нема промени во власта се очекува и заживување на самарџиите, потковувачите на коњи и магариња, мавтачи со ладила во летото како замена за климатизерите, мануелни амали, можеби и воведување на рикши во такси превозот како користење на добрите искуства од Индија, со што би станале активни учесници во глобализацијата.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Еве, повторно да ја пофалам владата на Бучковски, да видите дека не сум пристрасен, туку реално ги гледам работите. Се работи за големите заслуги на владата во возобновувањето на некои стари занаети. Дури и тие кои беа во одумирање. Заслугите за огромниот развој на најстариот занает, проституцијата, претпоставувам дека на сите им се познати и не би ги образложувал. Посебно на владината ДУИ која е максимално ангажирана на развојот на овој занает во деловите од државата кај што тие владеат. Дури очекувам и формална легализација на проституцијата, а не со прогледување низ прсти или злоупотребата на тоа што полицијата во некои делови на земјата не патролира ноќе, кога е шпицот на работното време во овој занает. Со легализацијата на проституцијата би се намалила невработеноста. Невработените би биле упатувани од агенцијата за вработување за работа како проститутка или проституток, па или би се вработиле или доколку одбијат работа би биле бришани од евиденцијата. Ова второво, бришењето од евиденција, е омилениот метод за решавање на невработеноста од оваа влада.Се возобновуваат и занаети за кои мислевме дека ќе одумрат. Например крпачи на чевли. Во Скопје го имаме и првиот синџир на работилници. Постои Цокула 1. Цокула 2, Цокула ... Доколку актуелната власт победи и на следните избори веројатно во секоја населба ќе има по една работилница Цокула. Доколку нема промени во власта се очекува и заживување на самарџиите, потковувачите на коњи и магариња, мавтачи со ладила во летото како замена за климатизерите, мануелни амали, можеби и воведување на рикши во такси превозот како користење на добрите искуства од Индија, со што би станале активни учесници во глобализацијата.
Не само омилен ами тој им е и единствениот начин за да куртулат од оние јадници (не се на Виктор Иго) а кои со закон се заддолжени најпрво таму да побараат работа.
трендафил Да ја пофалам овдека акцијата на полицијата против шверцерите и препродавачи на пиротехнички материјали на Бит Пазар. И покрај затворениот саобраќај подолг од еден час и борбата против еден од постарите занаети - криминалот. Овојпат не дозволија како при последната акција пред повеќе од една година полицајците да го извлечат подебелиот крај. Има уапсено повеќемина шверцери кои повторно се обиделе да пружат физички отпор. Неколкумина се полесно повредени, а еден потешко (не многу) со удар на кундак во главата, како што рекоа на една од нашите телевизии. Интересно е што составот на криминалците е еднонационален (Албанците повторно не ја почитуваат Рамковната спогодба), а полицијата беше мултиетничка.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Да ја пофалам овдека акцијата на полицијата против шверцерите и препродавачи на пиротехнички материјали на Бит Пазар. И покрај затворениот саобраќај подолг од еден час и борбата против еден од постарите занаети - криминалот. Овојпат не дозволија како при последната акција пред повеќе од една година полицајците да го извлечат подебелиот крај. Има уапсено повеќемина шверцери кои повторно се обиделе да пружат физички отпор. Неколкумина се полесно повредени, а еден потешко (не многу) со удар на кундак во главата, како што рекоа на една од нашите телевизии. Интересно е што составот на криминалците е еднонационален (Албанците повторно не ја почитуваат Рамковната спогодба), а полицијата беше мултиетничка.
Ова само ја потврдува Библиската максима сепак дека : СТАПОТ ИЗЛЕГОЛ ОД РАЈОТ...нели?