MAKEDONIA KE SE REKLAMIRA NA CNN... |
Great_Macedonian |
ВЛАДАТА ИМА КОНЦЕПТ ЗА ПРЕТСТАВУВАЊЕ
Македонија на Си-ен-ен за 500.000 долари
За сума од 500.000 долари неколкупати во неделата на Си-ен-ен ќе се прикажуваат два спота за Македонија од по 30 секунди. Едниот е за можностите за инвестирање во Македонија, а другиот за промоција на туризмот.
- Владата обезбеди финансиски средства за претставување и промовирање на Македонија, на туризмот и на можностите за инвестирање во земјава - велат извори од кабинетот на премиерот Владо Бучковски. Засега концептот на Владата го опфаќа само проектот Си-ен-ен, но се најавуваат реклами и на други телевизиски канали и во неколку европски весници.
Со овој проект се предвидува претставување на Македонија во период од околу четири месеци.
Договорот со кабелската телевизија Си-ен-ен ќе биде потпишан во јануари, а рекламирањето би почнало во февруари.
Во Владата велат дека спотовите и логото ќе се изработат по потпишувањето на договорот, заедно со целокупниот медија-план. Спотовите ќе ги подготвува Си-ен-ен, а од Македонија ќе се појават неколку соработници.
Парите за проектот ќе се обезбедат од Македонската банка за поддршка на развојот, во чиј буџет имало ставка за рекламирање. Банката исто така ќе биде потписник на договорот со телевизискиот канал, а потпишувањето ќе биде потврдено и од Министерството за економија.
Во Владата велат дека понудата од Си-ен-ен од 500 илјади долари била поволна и дека била пониска од цената по секунда за рекламирање на македонските национални концесионери.
Очекувањата се дека рекламните спотови за Македонија во периодот од четири месеци ќе ги видат над 17 милиони гледачи, по што ќе следат позитивни ефекти, според искуствата на Хрватска и на Црна Гора. Инаку, проектот се подготвува врз основа на одлука на Владата во ноември, а понудата од Си-ен-ен стигнала во октомври.
http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2950&stID=70316
----------------------
Me radvi nesto vakvo, posto retko im teknuva nesto olku mudro da storat nasite politicari. |
wolf_pack |
Супер:)
Само да се разјасне на просечните Американци што е тоа Македонија, они имат преку 10 мали градови или села што се викат Македонија во Америка само...нем да испадне ко во филмот БалканКАН, "Macedonia is a mormon communitiy in Ohio"[:D]
Сепак честитки и ќе гледам да го снимам спотот ко ќе дојде. |
ProMKD |
Бравос Great Macedonian ми го украде топикот! [:D] Арно мислам им текна со рекламирање стварно може да помогне. А за wolf_pack во USA има 18 градови што се викаат Macedonia [:D] Се надевам нема да се збунат луѓето [:)] |
Great_Macedonian |
hehehe.. sorry ProMKD..
inace.. zatoa ke recat Republic of Macedonia, ama sto i da recat amerikancite ke se zbunat, tuku da ocekuvame deka megu evropjanite ke ja poreklamirame makedonia:) |
ProMKD |
Мислам дека ова рекламирање може доста да помогне во областа на туризмот, поради тоа што многу западњаци, на пример холанѓаните би патувале до Македонија на одмор ако дознаат малку повеќе, односно ако се рекламираме самите. А во тој сектор има место за развивање кај нас, исто така мора да ги подобриме условите за странски туристи не само да се рекламираме. |
Strelec |
Ova e super vest!:)
|
Great_Macedonian |
Jas pamtam lani gledav na CNN non-stop reklami za Hrvatska... na niv i onaka im odese dobro no.. ete koga nekoj bogat anglicanec ke sedi doma i se cesa "kade da gi mocnam parite ova leto" tuk.. "opa, VISIT THE BEUTIFUL REPUBLIC OF MACEDONIA".. na covekot ke mu svetnat ocite i ke se spakuva za MK :)
Quote: Koga ke stigne Skopje na Aerodrom nasmean i doteran vo izcekor na prekrasen odmor.. ke sretne namurteni faci na salter "PASSPOOORT".. i nasmevot na coekov go snemuva..poleka ..no sigurno, se prasuva "fuken CNN samo mamat--kako ne mi tekna porano"!?
hihihihihihihihi |
bugarinot |
Odlichno! I ne samo na CNN trebva. Republika Makedonija ima golemi seushte neizkoristeni uslovi za turizam, posebno za skijachki tsentrovi. |
concrete |
quote: Originally posted by Great_Macedonian
Jas pamtam lani gledav na CNN non-stop reklami za Hrvatska... na niv i onaka im odese dobro no.. ete koga nekoj bogat anglicanec ke sedi doma i se cesa "kade da gi mocnam parite ova leto" tuk.. "opa, VISIT THE BEUTIFUL REPUBLIC OF MACEDONIA".. na covekot ke mu svetnat ocite i ke se spakuva za MK :)
Quote: Koga ke stigne Skopje na Aerodrom nasmean i doteran vo izcekor na prekrasen odmor.. ke sretne namurteni faci na salter "PASSPOOORT".. i nasmevot na coekov go snemuva..poleka ..no sigurno, se prasuva "fuken CNN samo mamat--kako ne mi tekna porano"!?
hihihihihihihihi
Se nadevam deka bas tie elementi ke se potenciraat: Dojdete i dozivejte ja poslednata mracna avantura na vekot, za sega seuste bez opasnost da vi ja otsecat glavata ili da ve raznesat so bomba......atmosferata e nepovtorliva,antologiska ...i eftino e!!!!
:):):)!!!! |
Karnichu |
Колку за потсетување:
After the collapse of the former Yugoslavia, ethnic Albanians in Macedonia were regularly denied jobs in state administration
... a peace deal on August 13, suspending six months of warfare between ethnic Albanian rebels and government forces.
Macedonia's constitution is amended to delete reference to Macedonian Slavs as the only "constituent" people.
Кој сака да се потсетува малку повеќе, има материјал колку што сакаш:
[url]http://www.realitymacedonia.org.mk/prev/BlackList/[/url]
[url]http://www.antiwar.com/orig/deliso28.html[/url]
[url]http://www.slobodan-milosevic.org/news/smorg030205.htm[/url]
Ова што го кажувате сега, дека богатата македонска влада ќе го потпомага буџетот на сиромашниот Си-Ен-Ен, е навистина прекрасна вест. Си-Ен-Ен има толку многу сторено за албанската кауза - редно е да им се оддолжиме.
Само едно нешто фали во информацијата: кое крило на владата го има склучено дилот за рекламирање на Си-Ен-Ен од македонска страна: славјанските поробители, СДСМ, или - што е многу пологично - УЧК, односно, Си-Ен-Еновите “борци за човекови права“. |
dejan |
Super! Znam deka i Hrvatska se reklamira na CNN isto. |
Great_Macedonian |
dvete zaedno :)
no se cudam... sto im teknalo? 15 godini tikvite im se skapani bez nitu edna ideja za reklamiranje na mak turizmot.. no ete mozebi ima eden asolen vo "slavjano"-vlasko-kacackata vlast. |
DJ_SHEMA |
Kako prvo, koj CNN evropskiot ili Americhkiot?
Karnichu ova e odlichen poteg za promoviranje na Makedonija. Pa i treba da im se frli mala para za da ne pishuvaat kako vistinski Makedonci. Ti kako da ne znaesh kako odat tie raboti vo svetoto na mediumite. Zarem ima neutralen novinar?
I jas se sekjavam na tie spotovi za Hrvatska. Ako e neshto slichno kako toa togash kje bide super! |
Great_Macedonian |
CNN reklami se davet mislam i evropa i amerika... posto jas sum vo avstralija pa gi gledav reklamite za hrvatska na cnn lani. |