Najdobar MK sportist za 2005
Najdobar MK sportist za 2005
dada Sani Spored redakcijata na "Utrinski vesnik": 1. Наталија Тодоровска (ракомет) - Со Кометал Ѓорче Петров стигна до финалето на Лигата на шампионите. Како капитен на репрезентацијата на Македонија по четиригодишна пауза избори пласман на Светското првенство во Санкт Петербург, каде што беше освоено 15 место. На натпреварот со Камерун даде 21 гол, со што стана рекордер во македонскиот национален тим според бројот на постигнати погодоци на еден меч. Беше најефикасна во репрезентацијата и во двата дуела од баражот со Србија и Црна Гора и трет стрелец на СП во Русија по прелиминарната фаза. 2. Оливера Наковска-Бикова (стрелаштво) - Освои два сребрени медала на Европското првенство во Вроцлав, со воздушен пиштол и со спортски пиштол. Победник на меѓународниот турнир во Германија со МК спорт пиштол и победник на Купот на Италија во Падова. Прогласена за спортист на Македонија за 2005 во изборот на Федерацијата за спорт и рекреација на инвалидите на Македонија. 3. Дејан Недев (традиционално карате) - Освои бронзен медал на официјалното ЕП во Малта во дисциплината фукуго. На фудокан-шотокан ЕП во Белград беше прв во фукуго и во енбу, втор со тимот во кати и трет во борби екипно. Злато во ката тим (бункај) од сестилското фудокан-шотокан СП во Лињано, Италија, второ место во фукуго и трето во енбу. 4. Мурад Рамазанов (борење) - Освојувач на бронзен медал во дебито за Македонија на Европското првенство во Варна во категоријата до 60 кг. Настапи и на СП во Будимпешта, но без позабележителни резултати. 5. Жарко Ристоски (одбојка) - Со репрезентацијата на Македонија избори директен пласман во квалификациите за ЕП 2007, а со Фершпед Работнички се пласира во четврт-финалето на Топ тимс купот. 6. Тодор Гечевски (кошарка) - Со репрезентацијата на Македонија избори пласман во европската А-дивизија како единствен кошаркар што ги одигра сите осум натпревари. Најдобар играч на Задар, со кого ја освои шампионската титула во Хрватска и беше четврт-финалист во Гудјиар лигата. 7. Лазар Магдинчев (тенис) - Прв рекет во македонската репрезентација, со која по седум годишна пауза се врати во Втората евроафриканска зона на Дејвис купот по максималните пет победи од толку меча во Каиро. Самиот забележа максимални осум победи, по четири во сингл и во дубл. Победник во поединечна конкуренција на два ИТФ-фјучерса во Србија и Црна Гора и во Израел, како и на три фјучерса во дубл - два во Босна и Херцеговина и еден во Турција. 8. Кирил Лазаров (ракомет) - Прогласен за најдобар десен бек во светот во изборот на францускиот дневен весник “Л Екип". Трет стрелец во Лигата на шампионите во минатата сезона и прв заклучно со четврт-финалето сезонава. Четврт-финале со Веспрем и минатата сезона и тековнава во ЛШ, шампионска титула во Унгарија. 9. Теодора Раптис (маратонско пливање) - Втора година едноподруго го освои шестото место во генералниот поредок од Светскиот куп на ФИНА. 10. Горан Пандев (фудбал) - Се наметна во тимот на Лацио, постигнувајќи три гола во есенската полусезона во Серија А, еден во Купот на УЕФА и еден во Купот на Италија. Беше стрелец на неколку погодока и во дресот на македонската репрезентација, меѓу кои и во нејзиниот најдобар резултат годинава - ремито 2:2 со Холандија во Скопје во рамките на квалификациите за СП 2006 во Германија. Ja ima li nekoj listata od izborot na sportist na godinata sto tradicionalno go organiziraat Sojuzot na Sportovite na Makedonija, Makedonskiot Olimpiski Komitet i Fakultetot za fizichka kultura?
јузер
quote:
Ja ima li nekoj listata od izborot na sportist na godinata sto tradicionalno go organiziraat Sojuzot na Sportovite na Makedonija, Makedonskiot Olimpiski Komitet i Fakultetot za fizichka kultura?
Параолимпиецот Каранфилов - најдобар во 2004 Спорт СОЈУЗ НА СПОРТСКИ ФЕДЕРАЦИИ НА МАКЕДОНИЈА За најдобри се прогласени уште и Дејан Митров, Венцислав Недев, Ѓоре Јовановски, Аце Станковски, Горан Пандев, Кенјан Џонс... Стрелецот Ванчо Каранфилов, освојувачот на сребрен медал на ланските параолимписки игри (ПОИ) во Атина, и официјално е проглас ... Сајт: Vreme Датум: 2005-02-03 Значи уште немаат изгласано за 2005.[;)] Според мене никој посебно не би го издвоил, со тоа што екипните спортови беа најуспешни за 2005: ракомет, одбојка и кошарка.[:)]
Lidija Bravissimo za Kire Lazarov, znaci dotamu stigna najdobar desen bek vo svetot, to ti se vika postignuvanje. Samo taka da odi!:) A i Pandev i nego mu odi ubo vo Lacio, samo napred!