Makedon |
Бугарска лага: јазикот на Св. Кирил и Методиј бил бугарски.
Бугарската историја тврди дека јазикот на Св. Кирил и Методиј бил бугарски, а глаголицата и подоцна кирилицата се бугарски азбуки. Но, со ваквите ставови, бугарската историографија е контрадикторна сама на себе. Од една страна вели дека бугарите биле први словени, а бугарската држава прва словенска држава, додека од друга страна според историските пишани и материјални извори, бугарските специјалисти за бугарска средновековна историја тврдат дека средновековните бугари биле турско племе со чисто турски јазик. И самата Бугараска Академија на Науките тврди: средновековните бугари се турци, со свој мајчин турски јазик (История на България. Т. II. С., издание на БАН 1981, стр.60.).
\Турскиот антропологичен тип и турскиот јазик на Бугарите не се поставуваат под сомнение; постојат неоспорни докази за турскиот карактер на стариот бугарски јазик, кои можат да се најдат по написите на вистинските Бугари, како Именикот на бугарските владетели, по пишувањата од византиските извори, но и по бугарските камени натписи од средновековието кои се на турски јазик (стр. 23-33 от Studia protobulgarica mediaevalia europensia. В чест на професор Веселин Бешевлиев. Велико Търново, 1992).
Во недостаток на свое писмо и кодифициран јазик, вистинските Бугари од првото бугарско царство како службен јазик го воведуваат грчкиот јазик. Подоцна, 993 година на преславскиот собор, бугарските болјари (туркобугарски властодршци), за официјален јазик го прогласуваат и словенскиот. Словенската азбука и јазик се кодифицирани 855 г., додека 40 години подоцна, туркобугарите го воведуваат тој јазик како службен во својата администрација. Но, воведувањето на словенскиот јазик како службен во Бугарија, не значи дека Бугарите се словенизирале. И Македонија во 2001 г. го воведе и албанскиот јазик како службен, но Македонците не станаа Албанци.
Како туркобугарите кои имале свој турски јазик (История на България. Т. II. С., издание на БАН 1981, стр.60.) го поставиле за службен туѓиот за нив, грчки јазик, така истите во последната деценија на 9 век го воведуваат слoвенскиот за службен јазик. Но, вистинските турко-бугари не го говореле словенскиот јазик и турко-бугарскиот јазик бил жив се` до доаѓањето на турците во Бугарија, каде вистинските бугари се турцизирале т.е. се претопиле во османлии, а само мала група останале христијани, денеска познати како Гагаузи- православни турци кои живеат на територијата каде се населиле правите Бугари, во североисточна Бугарија. Имаме историски податок од 13 век од англискиот професор на оксфордиот универзитет др. Роџер Бакон (1211-1294), со највисока универзитетска титула Доктот Мирабилис, дека бугарите од денешна Бугарија говореле турски јазик. Но тој факт тој не го пренесол од некој друг извор, туку во 13 век лично ја посетил денешна Бугарија - Мала Болгарија (меѓу Стара Планина и Дунав) и вистинска азијатска Бугарија (Голема Бугарија), па во своето дело „Опус Мајус“ 1268 г. вели: „Мала Бугарија е во Европа и таму тие (бугарите) го говорат јазикот на болгарите кои живеат во Голема Болгарија, која е во Азија ("Kazan. The Enchanted Capital" (Flint River Press Ltd, London, 1995). Значи, словенскиот јазик никако не може да биде бугарски, а секако не во 10 век кога имаме постоење на турко-бугари, со свој бугарски јазик кои во својата држава прифатиле туѓи јазици за службени, прво грчкиот, а потоа словенскиот. Ако денешниве Бугари тврдат дека средновековниот бугарски бил словенски јазик, тогаш поправилно би било да велат дека бил грчки јазик, бидејки прво го прифатиле грчкиот за службен јазик.
Бугарскиот јазик, кој бил и е се’ уште е турски јазик, денеска се говори меѓу Бугарите во Болгаростан-Татарстан, Чувашија и неколку останати соседни државички каде живеат прави Болгари (турки народ). За себе тие прави Бугари велат дека се туркотатарски народ, па одтаму и името Татари за најголемата бугарска нација која живее во Татарстан. За изворен бугарски јазик се смета чувашкиот- оригинално наречен „Ч#259;ваш ч#283;лхи“, кој припаѓа на групата источни турки јазици и се говори меѓу Болгарите (вистинските бугари) од Чувашија и Татарстан (види кај: 1. Chuvash language." Encyclop#230;dia Britannica, 2. Ilminsky N.I., 1865, стр. 80-84, 3. Ashmarin N.I., 1902, стр. 123, 4. Rona-Tash А., 1973, стр. 149-156, 5. Kovalevsky A.P., 1956. Appendix. 108, 108-b итн. итн.).
Инаку, дискутабилно е дали е вистинско тврдењето на бугарската историографија дека на преславската конференција на туркобугариските болјари, словенскиот јазик е прогласен за службен. Прво словенско дело напишано во Бугарија е на Константин Преславски, моравски словен, кој од латинските свештеници е протеран, па спас бара во Бугарија, поточно Преслав и во исто време од Јоан Егзарх, кој бугарите ги нарекува „насилници словенски“. По прогласувањето на Симеон за бугарски цар 915 г., Константин Преславски и Јоан Егзарх изчезнуваат и воопшто нема словенско творење во Бугарија, ниту пак оставиле таму свои следбеници и ученици. Дури 4 века подоцна, во второто бугарско царство, во кое владееле романците т.е. власите, излегува 1273 г. првото словенско дело во Бугарија- „Трновско Евангелие“. Значи, говорењето на создавање некаква си бугаро-словенска нација е само говорење, празни зборови, оти историските извори такво нешто не познаваат. Доколку се создала нација т.е. народ на бугарските Анти (т.н.р. бугарски словени) со туркобугарите (правите Бугари) и овие последните биле словенизирани, ќе имавме словенска книжнина на територијата на права Бугарија, меѓу Стара Планина и Дунав, но немаме ниту едно дело од некој локален Бугарин во тоа време!
Некој да тврди дека јазикот на Св Кирил и Методиј е бугарски, не само што е смешно, туку и ступидно. Никој Македонец или Ант од Бугарија, овој јазик не го нарекол бугарски. Како словенски јазик, овој јазик фигурира и кај Антите (словените) од Бугарија во второто бугарско царство, никогаш како бугарски. И македонските средновековни творци никогаш словенскиот јазик не го нарекле бугарски, зошто тој и не може во никој случај да биде турски т.е. бугарски. Првиот кодифициран словенски јазик е оној на Македонците од Солун, па како може овие Македонци да бидар Бугари и да говорат бугарски, кога никогаш не потпаднале под бугарска власт и никогаш таму не се населил некој бугарин? Најверојатно, некои лаже за да може да го натури бугарското национално име на НЕбугари.
|