Tajnite okolu Carot Samoil, Carot ni Makedonski! |
Makedon |
Бугарска лага: Цар Самоил бил бугарски цар!
Сeверна и централна Македонија била окупирана од бугарскиот Цар Крум. Не можејќи да го истрпат ропството под туркобугарскиот окупатор, синовите на брсјачкиот кнез Никола во 969 г. креваат бунт против Бугарија. Бугарија е тогаш исцрпена од борбите со Византија, умира бугарскиот цар Петар, а неговите синови Роман и Борис Втори се заробени од Византијците, па македонските благородници ја искористуваат оваа лоша ситуација на Бугарија, за да се оттргнат од бугарскиот јарем. Македонските принцови, Давид, Арон, Мојсеј и Самоил ја ослободуваат Македонија и ја прошируваат слободната македонска територија и на тло на Византија. Од ваквите успеси на македонските господа, Византија е исплашена и во 970 г. ги ослободува бугарските принцеви Роман и Борис Втори, за да ја обноват Бугарија, а воедно ги наоружува во борбата против Македонците (Skylitzes.255.73-80). Скилица, најголемиот историограф вели дека Македонците и Бугарите биле две најголеми спротиставени сили (Skyl.328f).
Но, бугарската историографија вели дека македонските принцови- четворицата комитопули се Бугари и директни продолжувачи на лозата на бугарскиот цар Борис, поради тоа што по византиските книги од 11 век и понатаму, Цар Самоил и неговата фамилија се терминирани како Бугари, а Македонија како Бугарија. Но, тоа не е точно. Византија, поради нејзината големина не ги знаела народите кои живееле на нејзина територија, па за полесно да ги разликува, Византија луѓето ги нарекува по територијалното име, а не по етничкото. Од 972 г. бугарската држава не постои и територијата на Бугарија е поделена на повеќе административни единици тнр. Теми. Но, за да ги асимилира различните етникуми во својата држава, Византија ги менува имињата на окупираните територии; така, територијата на Тракија станува тема Македонија, територијата на Македонија, Црна Гора, Албанија, сегашна Србија, некогашна Панонија до Срем, стануваат тема Бугарија (Воулгариа), а територијата на права Бугарија станува тема Парастрионци. Така, тракијците во византиските изри ги нарекуваат македонци, македонците, србите, албанците, власите кои живееја во темата Воулгарија ги нарекуваат бугари, бугарите ги нарекуваа мизи или парастрионци итн.
Кедринос, познат византиски историчар вели: Охрид е метрополис на цела тема Бугарија, но не на права Бугарија (Kedrinos II 462,468.1,652); многу јасно ни е укажано дека византијците кога мислат на Бугарија, мислат на нивната тема Бугарија, не на држава Бугарија. Правите Бугари, од 972 г. почнуваат да бидат нарекуваани од византијците Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриоци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249).
Од овие цитати гледаме дека уште пред уништувањето на бугарската држава, на Бугарите им било дадено ново, политичко, име, па нивниот последен реален цар кој 42 години владеел со Бугарите од "цар на Бугарите" наеднаш се престорил во "цар на Мизите" (Цитати по Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија). Скилица Кедрин (11 век) исто така пишува за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294).
Шест децении по Лав Ѓакон, Георги Кедрин, соопштувајќи за навлегувањето од север на Печенезите (кои биле сродни со Турко-Бугарите) во 1032 година, исто така го користи политичкото (а не етничкото) име на остатоците од Аспаруховите Бугари, кои останале во нивната земја. Тој пишува: "...Печенезите го преминале Истар (Дунав) и ја опустошиле Мизија" (ГИБИ, том 6., стр. 299). За повторните напади на Печенезите, Кедрин повторно го користи политичкото име на оваа земја, па вели: "Печенезите повторно ги нападнаа Мизија, Тракија и Македонија" (ГИБИ, том 6., стр. 200). Скилица Кедрин (11 век) исто така пишува за Мизи и за Мизија, а не за Бугари и за Бугарија (ГИБИ, том 6., стр. 293-294); Истиот тој Скилица Кедрин нас Македонците, не нарекува Бугари, поради темата Бугарија во која сме живееле. Византија никогаш не ја признала средновековната македонска држава на Самоил, Константинополскиот Патријарх не сакал никако Самоил да го признае за Цар, па како с ите знаеме Самоил добил царско признавање од Ватикан, па поради сево ова, за Византијците, секогаш сме биле дел од нивната Византија и Бугари- жители на византиската тема Бугарија.Така, Македонците од 972 г. станаат Бугари за Византија, а Бугарите станаа Мизи.
Најважно е да се истакне дека византијците секогаш Бугарите и нас Македонците не разликуваат и ни даваат две различни имиња!
За византиските историчари и писатели, Македонци се жителите на темата Македонија, а тоа е територија на источна Тракија со метрополис во Адријанопол, денешно Едрене (Leonis Grammatici Chronographia, ed. Bonn, 1842, pp.208, 231-233; cf. GSBH, V, pp.155-156;) . Во темата Македонија, околу Едрене, живееле главно словенизирани Тракијци, Ромеи и Ерменци, но според византиската номенклатура, тие биле Македонци. По логиката на денешниве Бугари, требаше и ние Македонците да полагаме право на југоисточна Тракија со Едрене, бидејќи по византиските книги Македонци живеат до Босфор!
Како што истакнав погоре, не само Македонците, туку и сите жители на темата Бугарија од страна на византиските хроничари се наречени Бугари (Воулгарос). Михаил Псел, цела денешна Србија ја окарактеризира како земја на Бугари. И трибалите (име за средновековни срби, а инаку е предсрпски народ кој живеел на тлото на денешна Србија ) т.е. србите, истите византиски автори кои Македонците ги нарекуваат Бугари, и Србите ги нарекуваат Бугари, бидејќи се жители на темата Бугарија (Laonicus Chalcondyles, P.G., т. 159, Op. cit., кол. 26). Дали и Србите се Бугари, бидејќи и Србите во истите историски извори кои Македонците се нарекуваат Бугари, се наречени Бугари?
Кедрин, најголемиот хроничар на средновековната македонска држава и Црногорците ги нарекува Бугари, а црногорскиот принц Константин Бодин, син на црногорскиот кнез Владимир и Самоиловата ќерка Косара го нарекува „Цар на Бугарите“, а целата негова војска составена од црногорци, која потоа собирала и косовари, е окарактеризирана како војска на „Бугари“ (Georgius Cedrenus loannis Scylitzae ope ab L Bekkero suppletus et emendatus 11, Bonnae, 1839, pp 714-719) т.е. војска составена од жители на темата Бугарија. Според бугарската историја, ова би значело дека и Црногорците се Бугари. Не само Бодин, туку и неговиот татко Јован Владимир, кнез црногорски, византиските хроничари го нарекуваат секогаш Бугарин (жител на тема Бугарија), па затоа и бугарската црква побрза да го прогласи црногорецот за бугарски светец и денеска неговото име се слави од БПЦ на 22 мај (Види православен календар на Бугарската Православна Црква).
Случај Василиј Втори Македонецот- Бугароубиецот
Најубаво ќе ја разбереме византиската терминологија на луѓето по теми, ако го разгледаме случајот со византискиот император Василиј Втори Македонецот, Бугароубиецот. Василиј Втори Македонецот припаѓа на лозата на Македонците, чиј родоначенлик е Василиј Први. Василиј Први Македонецот по потекло е Ерменец, од ерменска фамилија или мешано словеноерменска, која стотина години живеела во Адријанопол-Едрене, и, поради тоа што е роден (811 г.) во тема Македонија, во сите византиски извори е наречен Македонец, а неговата династија Македонци - „Македонос“ (Извори: 1. Ibidem, p. 228; cf. GSBH, V, p. 155 / 2. "Basil I." Encyclop#230;dia Britannica. 2005. / 3. Abstracts from the International Conference ARMENIAN CONSTANTINOPLE organized by R.G. Hovannisian, UCLA, May 19-20, 2001, UNIVERSITY OF CALIFORNIA, LOS ANGELES, DICKSON AUDITORIUM). Така, Ерменците и сите останати националности што живееја во темата Македонија (историски Тракија) станаа по византиските книги Македонци, а Македонците оти живееја во тема Бугарија станаа Бугари, секако само по византиските хроники. Василиј Втори Македонецот е најлутиот непријател на Самоил. Во 1014 г. кај Беласица, Василиј Втори Македонецот ја победува македонската армија на Самоил, каде убива неколку илјади македонски војници. По оваа битка, Василиј Втори Македонецот од страна на византиските хроничари е наречен Бугароубиецот т.е. убиец на жители од темата Бугарија, а не етнички Бугари.
Ѓорѓи Војтех, внук на царот ни Самоил, во 972 г. од Унгарија доаѓа во Македонија, каде крева востание против Византија, со цел обнова на средновековната македонска држава. Главен византиски војсоводец во задушувањето на македонското востанието е Управникот на Драч, Никифор Вриениј, кој Македонија ја нарекува Бугарија (како тема), но сите жители на Македонија по народност ги нарекува „племето на Словените“ (ГИБИ, том 7, стр. 115, цитат по Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија). По востанието на Ѓорѓи Војтех, Никифор Вриениј бил назначен за управник на цела Македонија. Целта на ова назначување била, како што признава самиот Вриениј, "...преку него да се смири засилениот словенски народ" (ГИБИ, том 7, стр. 116, цитат по Сарита Параос од „Македонско Сонце“, македонски историчар од Бугарија).
Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.
Венецијанскиот дипломат Јован Ѓакон, во најстарата Венецијанска хроника (која го опфаќала времето од 980 - 1008 год., т.е. од времето на цар Арон и на брат му Самуил), во описот за решението на венецијанскиот дож Петар Урс (980-1009) да го испрати на заточение својот син во Византија, го соопштува следното:"По извесно време Јован, кој бил на заточение во Зара (Стара Загора, з.м.) избегал најпрво во Славинија, а потоа отишол во Италија." (ЛИБИ, 7. 2. стр. 348). И одовде се гледа дека Јован Ѓакон ја нарекол новата македонска држава, т.е. Самуиловото царство, со името Славинија!
|
Jakov |
Za Car Samuil veke od poodamna postoi tema. Otvoranjeto novi temi samo ja siri nepotrebno diskusijata. Povelete prodolzete so diskusiite kaj sto im e mestoto. |
jingibi |
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/8/80/Bitola_Inscription.jpg[/img]
Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.
Да, и тука пишува така! |
Makedon |
И самите “бугари” од второто бугарско царство, Самоил не го сметаат за бугарски цар. Околу 1344-1345 г. по порачка на бугарскиот цар Иван Александар (1331-1371) преведенена е Манасиевата хроника на невпактскиот митрополит Константинос Манасес (р. ? - у. ок. 1187 ), каде по византиската традиција, Цар Самоил е деклариран како бугарски цар, а жителите на Македонија како „бугари“. Но, бугарскиот преведувач на Манасиевата хроника не сака да направи забуна дека се работи за етнички Бугари во Македонија и појаснува што значи „бугарите„ од Македонија, за кои вели дека тоа се словените, србите и власите т.е. дека се работи за територијални „бугари“ (Извор: втора забелешка на преведувачот на Манасиевата хроника од грчки на словенски, 1344-1345 г.).
Заклучок:
1. Македонците (заедно со Србите, Црногорците, Власите и Албанците) после 972 г. од страна на Византија се крстени со политичко име Бугари, по византиската традиција, како жители на византиската тема Бугарија, додека правите Бугари се наречени Мизи, а нивната земја, правата Бугарија- Мизија. Македонци се наречени жителите на темата Македонија, која била околу Адрианопол, денешно Едрене. Во Византија, луѓето ги декларирале по административната тема од која што потекнувале, а не по народноста.
2. Затоа, Василиј Втори Македонецот, поради што потекнувал од Едрене, византиската тема Македонија, е наречен Македонец, а по ослепувањето на неколку илјадна самоилова војска е наречен Бугароубиец т.е. убиец на жители од темата Бугарија.
3. Најверојатно името на средновековната македонска држава е Славинија.
На бугарските историчари специјализирани за средновековна бугарска и византиска историја, сево ова многу добро им е познато. Самоил и бугарската држава биле непријатели, кој подоцна создал самостојна македонска држава. Но, големобугарските апетити на буржујската бугарска држава за македонската територија, од крајот на 19 век и почетокот на 20 век, мораа нешто да сторат за Бугарија да полога право на Македонија; тоа што мораа да го сторат е фалсификација на македонската историја и представување на се’ македонско како бугарско, бугаризација на Македонците итн. Затоа, во тој мрачен период за Македонија, бугарите се најактивни во фалсификација на македонската историја: фабрикуваат божемни натписи од Цaр Самоил и членови на неговото семејство во кои тие се декларираат како Бугари; тие плочи бугарските пропагандисти ги закопувале низ македонската земја. Така, до сега се пронајдени неколку такви фалсификат плочи, во Битола, Воден, Петрич, Благоевград. Сите од нив се напишани со доцна аглеста кирилица, која не е користена во 11 век, кога е користена валчестатат кирилица. Во Бугарија, испитана е воденската фалсификат плоча во Бугарскиот Национален Музеј од Софија, чиј директор г-н Божидар Димитров јавно кажа дека е фалсификат, по што се најде на тапет од бугарските шовинисти, па сега и тој сиромашкиот со сите сили сака да „докаже“ бугарштина на Македонците. Интересна е битолската плоча, каде може да се види дека бугарин е напишано како „Блъгарїнь“ или бугари како „Блъгаромь„ (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.) т.е. онака како што бугарите го изговарале називот бугар/и во 19 век, иако средновековниот словенски назив за бугари е „болгари“. Се мисли дека битолската плоча е поставена во јули 1916 г. во Чауш Џамијата во Битола, од страна на Стефан Л. Костов, „етнограф при Първа българска армия“, кој ја харал Македонија за време на бугарската окупација на Македонија.
|
bugarinot |
quote: Originally posted by Makedon
Така, тракијците во византиските изри ги нарекуваат македонци, македонците, србите, албанците, власите кои живееја во темата Воулгарија ги нарекуваат бугари, бугарите ги нарекуваа мизи или парастрионци итн. [...]
Правите Бугари, од 972 г. почнуваат да бидат нарекуваани од византијците Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриоци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249).
Drag Makedon, ajde da vidime koi se tie "pravi Bugari", koi Lav Gjakon narekuva Mizi? Poveli, objasni mi za koi mizi pishuva toj vo 10 kniga na svojata "Istorija", vo delot za nastanite po vizantiskata ataka na deneshnata Sofija vo 986, koga Mizite potpolno pobedili Romeite? Samiot avtor na tekstot e bil uchesnik vo unishtenata armija na Romeite i toa e negovo personalno svedoshtvo. I za da bide ushte pointeresno, Lav Gjakon pishuva deka Mizite vo 986 pljachkali i unishtuvali... Makedonija, i gi narekuva isto i Skiti. Eve ti tekstot na ruski jazik, pobaraj, chekam odgovor ne se li tie Mizi i Skiti vojskite na tsarot Samoil?
[url]http://www.ropnet.ru/sapsan/text/bizant/diakon/diakon.htm[/url] |
Makedon |
quote: Originally posted by bugarinot
quote: Originally posted by Makedon
Така, тракијците во византиските изри ги нарекуваат македонци, македонците, србите, албанците, власите кои живееја во темата Воулгарија ги нарекуваат бугари, бугарите ги нарекуваа мизи или парастрионци итн. [...]
Правите Бугари, од 972 г. почнуваат да бидат нарекуваани од византијците Мизи, а нивната земја Мизија или пак Парастриоци од тема Парастрион. Византискиот писател Лав Ѓакон од 11 век бугарите ги нарекува Мизи, а Бугарија ја нарекува Мизија (ГИБИ, 5. том, стр. 247). Царот Петар е наречен водач на Мизите (ГИБИ, 5. том, стр.248-249).
Drag Makedon, ajde da vidime koi se tie "pravi Bugari", koi Lav Gjakon narekuva Mizi? Poveli, objasni mi za koi mizi pishuva toj vo 10 kniga na svojata "Istorija", vo delot za nastanite po vizantiskata ataka na deneshnata Sofija vo 986, koga Mizite potpolno pobedili Romeite? Samiot avtor na tekstot e bil uchesnik vo unishtenata armija na Romeite i toa e negovo personalno svedoshtvo. I za da bide ushte pointeresno, Lav Gjakon pishuva deka Mizite vo 986 pljachkali i unishtuvali... Makedonija, i gi narekuva isto i Skiti. Eve ti tekstot na ruski jazik, pobaraj, chekam odgovor ne se li tie Mizi i Skiti vojskite na tsarot Samoil?
[url]http://www.ropnet.ru/sapsan/text/bizant/diakon/diakon.htm[/url]
Ej bugar, ajde ne me zezaj i ne davaj izvitopereni izvori...vazi?
Tuku ti ajde ubavo da mi objasnis kako ermenecot Vasilij II Makedonec stana Voulgaroubiec?
Deneska sledi : Ohridskata arhiepiskopija, prva makedonska crkva! |
Makedon |
И археолошките извори целосно докажуваат дека Цар Самоил немал врска со Бугарите, ниту со царевите од првото бугарско царство. Во 1965 г. грчкиот археолог, проф. Николос Муцопоулос во црквата Св. Ахил на островот Голем Град го отворил гробот на Цар Самоил. Грчкиот археолог во интервјуто за бугарскиот весник Стандард Њувс од Софија вели дека нашиот Цар бил завиткан во скапоцена пурпурна облека (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: Счупена ръка доказва, че гробът е на българския)монарх); во ваква пурпурна облека погребувани се само античките македонски цареви, додека ниеден бугарски цар од првото бугарско царство не е погребан по антички обичаи, во пурпурна облека. Воедно, во царската катедрала Св. Ахил се најдени записи на старословенски, најверојатно од 998 г., со содржина „тоа се троновите на Патријархот Герман, на Митрополите на Скопје, Велбужд, Сердика, Бер итн., но никаде не пишува нешто за Бугари или Бугарија (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Во Св. Ахил мора да постои и запис на која држава и на кој народ Цар Самоил бил Император, но дефинитивно не се работи за Бугарија и бугарски народ, туку за нешто што не им одговара на нашите соседи, оти грците и бугарите по однос на ова прашање мудро молчат! По обичај, македонската историографија воопшто за ништо не се интересира, а целата историја нашите „историчари“ ни ја препишуваат од Бугарите или Србите, па затоа имаме доста контрадикторности.
|
Makedon |
МПЦ, Охридската Архиепископија
МПЦ има долга традиција. За време на владеењето на царот Јустинијан I (527-565), кој потекнувал од с. Таврисион, близу до денешното Скопје, бил изграден нов град наречен Јустинијана Прима, во близината на родното место на царот. Скупскиот митрополит бил издигнат на ниво на автокефален Архиепископ. Кателијан бил првиот Архиепископ на Архиепископијата Јустинијана Прима. Имало и други архиепископи, како што се: Бененат, Павле, Јован I, Леон, и последниот - Јован IX, кој во 680-681 година учествувал на Трулскиот Собор во Цариград. Потоа, таа црковна традиција ја наследува Св. Климент, како прв словенски епископ, воопшто во светот (Извор: МПЦ). Според пишаните документи од средовековна Македонија, Житија, итн. средновековните македонци како духовни лидери ги спомнуваат Деволските (охридските) Епископи, а Цариградскиот или Преславскиот Патријарх никогаш не се спомнати и целосно се игнорирани, што јасно укажува дека сме имале црковна автономија во тој временски период.
Цар Самоил ја издигнува Светиклиментовата Црква на ниво на Патријаршија, најверојатно 976 г. Прв Патријарх е гг. Герман, чие патријаршко име е врежано во царската катедрала Св. Ахил, на Голем Град (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). За меѓународно признавање на новото царство и патријаршијата, потребно е благослов од центрите на христијантвото- Цариград или Рим. Цариград не ја признава Самоиловата држава, па затоа тоа го сторува Папата Гргур Петти во година која не е точно утврдена (997-999 г.). Самоил ја зграбил круната од Рим (Extract from the book "Rulers of Bulgaria", Profesor Milcho Lalkov, Ph.D., Kibea Publishing Company, Sofia, Bulgaria). Но, бугарската историографија Рим го преведува со Византија, иако Рим значи Рим, а Византија се викала Романија (гр.) или Грција (лат.)!
Создавањето на посебна црква во Македонија е најголем доказ за постоење на ново Царство, на нова држава. Во исто време постојат две цркви, Македонска и Бугарска, со два посебни Патријарси. Два народа, имаат две посебни Цркви. Македонскиот Патријарх во 998 г. е гг. Герман (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“), а на бугарскиот патријаршки преславски трон седи гг. Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Праvославна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, naslov “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА). Под јуриздикција на Охридската Патријаршија се наоѓаат и делови од Бугарија, т.е. шопскиот словенски крај и смолјанскиот. Во сеуште непознат временски период, Цар Самоил ја уништува бугарската патријаршија, ја сведува на ниво на Митрополија Бугарија, па Патријархот гг. Глигориј се упокојува во 1016 г. како „Митрополит Бугарски“, и како таков се слави од БПЦ (види православен календар на Бугарската Православна Црква). По укинувањето на Преславската Патријаршија, Охридската Патријаршија својата јуриздикција ја распостила врз сите освоени територии на средновековната македонска држава, Малта и се до Сицилија.
По пропаста на средновековната македонска држава, Василиј Втори Македонецот, ја инкорпорира Македонија во Византиската Империја, ги руши световните и духовните обележја на средновековната македонска држава за народот да не се сеќава на славните времиња и затоа Македонија ја нарекува тема Бугарија, заедно со Србија, Албанија, Црна Гора, Панонија до Срем. Охридската Патријаршија не ја уништува, туку и го намалува ранкот на автокефална Охридска Архиепископија и дијацезата и ја намалува само на териториите од византиската тема Бугарија. Така, Охридска Архиепископија станува главна црковна организација на „цела тема Бугарија“, односно на Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Од тогаш, Охридскиот Архиепископ се титулирал како Архиепископ на цела византиска тема Бугарија, со епархии во Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија.
За жал, бугарските историчари многу добро се запознати дека Охридска Архиепископија е со дијацеза на „цела тема Бугарија“, а не на држава Бугарија, бидејки во Византија постоеше само една Бугарија, а тоа е темата Бугарија- военоадминистративна област. За да се докаже „бугарски“ карактер на Охридската Архиепископија, бугарската историографија лажно тврди дека последен Бугарски Патријарх е гг. Дамјан, кој во 971 г. отишол во Охрид и таму ја продолжил традицијата на Бугарската Црква т.е. ја пренел Бугарската Црква во Охрид. Но, тоа е една голема лага! Бугарскиот Патријарх гг. Дамјан никогаш не станпнал во Македонија и не дошол во Охрид, останал целиот свој живот во Силистра, кај своите туркобугари и таму починал. Гробот на Патријархот гг. Дамјан во 1994 г. е откриен на Силистра (североисточна Бугарија, 1000км оддалечен од Охрид) од страна на доц. др. Стефка Ангелова, дипл. археолог (Standard News, Sofia, ден 21.08.2001, наслов: „Археолози отвориха гроба на патриарх Дамян“, интервју со археолог доц. др. Стефка Ангелова). Посмешен е фактот, што и покрај ваквиот најуверлив доказ дека гг. Дамјан никогаш не стапнал во Македонија, бугарската историографија упорно пропагира дека баш тој ја основал Охридската Патријаршија, секако како Бугарска Црква. Не само тоа, туку според сите историски документи гг. Дамјан не бил последен Бугарски Патријарх од Силистра; после него го имаат туркобугарите за Бугарски Патријарх гг. Глигориј (Църковен Вестник, Издание на Българската Праvославна Църква, Година 103, брой 9 и 10, София, 1-30 май 2003, наслов: “Българските патриарси през Средновековието” Александра КАРАМИХАЛЕВА), кој паралелно постои за време на Македонскиот Патријарх Герман од 998 г. (Standard News, Sofia, 03.09.2001, наслов: „В църквата има списък на епископствата“). Не е можно една држава да има два Патријарси и две посебни национални Цркви, па, поради ова, бугарската историографија е контрадикторна сама на себе. Бугарскиот Патријарх гг. Глигориј е упокоен како „Митрополит на Бугарија“, а неговата Бугарска Црква е ставена под јуриздикција на Охридската Патријаршија, за време на владеењето на Цар Самоил (види православен календар на Бугарската Православна Црква). Штом средновековната македонска држава ја снижила Бугарската Патријаршија на ниво на Митрополија Бугарска, сосема логично е дека државата на Самоил не се викала Бугарија, бидејки Бугарија била само негова провинција. |
mnik |
quote: Originally posted by jingibi
[img]http://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/8/80/Bitola_Inscription.jpg[/img]
Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.
Да, и тука пишува така!
At first place, when they did examined the Rock, the Bulgars them selfs said that it is Falsification.
Now when some people in Bulgaria are in danger of their chairs and hight position, unbound it as hard fact [:D] come on wake up [^] |
Makedon |
quote: Originally posted by mnik
quote: Originally posted by jingibi
[img][/img]
Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.
Да, и тука пишува така!
At first place, when they did examined the Rock, the Bulgars them selfs said that it is Falsification.
Now when some people in Bulgaria are in danger of their chairs and hight position, unbound it as hard fact [:D] come on wake up [^]
Во Бугарија, испитана е воденската фалсификат плоча во Бугарскиот Национален Музеј од Софија, чиј директор г-н Божидар Димитров јавно кажа дека е фалсификат, по што се најде на тапет од бугарските шовинисти, па сега и тој сиромашкиот со сите сили сака да „докаже“ бугарштина на Македонците. Интересна е битолската плоча, каде може да се види дека бугарин е напишано како „Блъгарїнь“ или бугари како „Блъгаромь„ (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.) т.е. онака како што бугарите го изговарале називот бугар/и во 19 век, иако средновековниот словенски назив за бугари е „болгари“. Се мисли дека битолската плоча е поставена во јули 1916 г. во Чауш Џамијата во Битола, од страна на Стефан Л. Костов, „етнограф при Първа българска армия“, кој ја харал Македонија за време на бугарската окупација на Македонија.
|
mnik |
quote: Originally posted by Makedon
quote: Originally posted by mnik
quote: Originally posted by jingibi
[img][/img]
Државното име на Самоиловата држава, најверојатно e Славинија.
Да, и тука пишува така!
At first place, when they did examined the Rock, the Bulgars them selfs said that it is Falsification.
Now when some people in Bulgaria are in danger of their chairs and hight position, unbound it as hard fact [:D] come on wake up [^]
Во Бугарија, испитана е воденската фалсификат плоча во Бугарскиот Национален Музеј од Софија, чиј директор г-н Божидар Димитров јавно кажа дека е фалсификат, по што се најде на тапет од бугарските шовинисти, па сега и тој сиромашкиот со сите сили сака да „докаже“ бугарштина на Македонците. Интересна е битолската плоча, каде може да се види дека бугарин е напишано како „Блъгарїнь“ или бугари како „Блъгаромь„ (Р.У. - Скаловска, Записи и летописи. Скопје 1975. 43-44.) т.е. онака како што бугарите го изговарале називот бугар/и во 19 век, иако средновековниот словенски назив за бугари е „болгари“. Се мисли дека битолската плоча е поставена во јули 1916 г. во Чауш Џамијата во Битола, од страна на Стефан Л. Костов, „етнограф при Първа българска армия“, кој ја харал Македонија за време на бугарската окупација на Македонија.
Exactly that [8D]
Thanks Bro [:)] |
mnik |
And once again, not everything that gliters is Gold [;)]
From here :
http://www.tvorac-grada.com/velikani/jovan02.html
quote: Наше народне епске песме деле се на две врсте: на песме дугог стиха или бугарштице и на песме кратког стиха, десетерачке.
Бугарштице су највећим делом забележене у јадранском приморју, од Задра до Пераста и Котора, у раздобљу од половине 16. до раног 18. века. Пре тог времена имамо само споменуте стихове записане у јужној Италији, а после њега бугарштице су сасвим ишчезле. Сачувано је свега око шездесетак песама. Њихов стих је акценатско-тонски, број слогова није сталан, код старијих бугарштица креће се од тринаест до осамнаест, с тим што је најчешћи петнаестерац, док код новијих преовлађује шеснаестерац. Карактеристична појава бугарштичког стиха јесте рефрен, који се јавља, иако не увек, после сваког другог стиха. У неким записима бугарштица рефрен је изостављен или га није ни било. Бугарштице певају о догађајима и личностима 14. и 15. века из српске и угарско-хрватске историје, али има и локалних догађаја и јунака, нпр. у пераштанским бугарштицама. Сачувано је неколико песама о Марку Краљевићу, четири о Косову и косовским јунацима, док највећи део осталих говори о личностима 15. столећа: деспоту Ђурђу, угарским јунацима Јанку Хуњадију, Секули, Михаилу Свилојевићу, хрватским бановима, о Огњеном деспоту Вуку, о коме је сачувано највише песама дугог стиха, о Новаку и Грујици и другима. Од опеваних догађаја најважније су две битке на Косову (1389. и 1448), затим бојеви код Варне и на Крбавском пољу.
What an Enlightning, the Serbs are Bulgars too [;)]
and this is from here:
http://www.mundimitar.it/sklavunske_naseobine_u_juznoj_italiji.htm
quote: Prou#269;avaju#263;i govor moIi#353;kih Hrvata i njihovu antroponimiju te antroponimijske preostalih #353;kIavunskih naselja u ju#382;noj Italiji, autor se osvr#263;e na prvu na#353;u zapisanu bugar#353;#263;icu koju je pro#269;itao i objavio prof. M. Panti#263; kao prvu »srpsku bugar#353;ticu«. Uspore#273;uju#263;i tekst pjesme s Jezikom moIi#353;kih Hrvata, te sa#269;uvana imena izvoditeIja te bugar#263;ice (1497) s antroponimijom #353;kIavunskih doseljenika u ju#382;nu ltaliju, autor zakIju#269;uje da ta pjesma odra#382;ava jezi#269;ne osobine neretvanskoga podru#269;ja XV. stolje#263;a (ikavizam, #353;t, #382;d, a ne: #353;#263;, #382;j i sl., mno#353;tvo #269;akavskih osobina itd.), kao #353;to se i imena njezinih izvoditelja podudaraju s imenima i prezimenima moIi#353;kih Hrvata i drugih srednjovjekovnih hrvatskih iseljenika u ju#382;nu Italiju, te Jedna i druga imena pripadaju istom jezi#269;nom i duhovnom miljeu po nastanku, tvorbi i #353;irem antroponimijskom sadr#382;aju.
Wow, Serbs and Croat have Bugarshtice, they must be BULGARIANS [:D][:D][:D][:D]
|
mnik |
From here:
http://www.knjigainfo.com/index.php?gde=@http%3A//www.knjigainfo.com/pls/sasa/bip.tekstovi_o_izdanju%3Ftip%3D12%26pblcid%3D94306@
quote: Bogi#353;i#263; je uspe#353;no argumentovao svoja zapa#382;anja da su "bugar#353;tice, kao i deseterci, svojina cijeloga naroda, Srba i Hrvata" - ukazuje dr Sne#382;ana Samard#382;ija, profesor narodne knji#382;evnosti na Filolo#353;kom fakultetu u Beogradu.
Bugarshtice are the proper of the Srbs and Croats, wow, they have an Bulgarian Heritage.
You can disclaim these, they all must have been Bulgars [:D]
|