Македонија под српска власт во средниот век |
Makedon |
Македонија под српска власт во средниот век
Накратко по влашкото освојување на Македонија, во 13 век српскиот крал Милутин (1282-1321) ја освојува северозападна Македонија. Неговиот внук, цар Душан (1355-1371) во 14 век ја зазема цела Македонија, каде во Скопје се прогласува за Цар. Од тогаш постојат многу историски извори за Македонија и Македонците.
Цар Стефан Душан се прогласил за Цар на Србите и Ромеите (Византијци (мак.) или Грци (лат.): „#946;#945;#948;#953;#955;#949;#965;#950; #954;#945;#953; #945;#965;#964;#959;#954;#961;#964;#961;#969;#945; #931;#949;#961;#946;#953;#945;#950; #954;#945;#953; #929;#969;#956;#945;#957;#953;#945;#950;“ (Извор:Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.).
Самиот Стефан Душан себе се декларирал како ''Стефан ва Христа Бога Благоверни Цар и Самодржаван Србљем и Грком и всеј западној страње''. Познатиот Душанов Законик ги познава следниве повластени народи:
- србљи (чл. 40, Душанов Законик);
- ромеи (гр.) = византијци (мак.) = грци (латински); хелените не се грци (византијци) (чл. 40, Душанов Законик);
- немци (чл. 199, Душанов Законик).
Цар Душан ја поделил државата на два дела: Србија, со српско мнозинско население и Романија, каде живееле Романи = Византијци = Грци. Во големата даровна повелба на Хиландар од 1348 г. Душан пишува дека Романија е целата територија од Полог и Скопје т.е. цела Македонија која ја нарекува „Романија“ односно Византија, а народот на Македонија „Романих“, Византијци (Извор:Владимир Ћоровић: “ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА”, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Истата поделба се спомнува и во Меѓународниот Договор со Дубровник од 20. септември 1349, каде што Цар Душан Македонците ги нарекува Романи (Византијци) или пак Грци (Византијци). Неговиот син Rex iunior Урош е прогласен за крал и е задолжен за романските (грчките, византијските) земји, да ги владее по „ромејските“ т.е. византиските закони (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.). Сочуван е и запис на овчеполски монах од 14 век за српскиот крал Урош Стефан, син на Цар Душан каде се вели „јас слуга божји Станислав, ја завршив оваа книга во деновите на превисокиот крал Урош Стефан, чиј татко го ослепи и го прати кај Ромеите. И оти 7 години минаа, го прими кралството на сите земји српски, поморски и подунавски и ОВЧЕПОЛСКИ ...“(Lj Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi, Beograd, 1902, I, zapis 56).
Како што гледаме, средновековната српска држава на Македонците им дала ново политичко име- Ромеи, кој е ист со македонскиот термин Византијци, како и со латинскиот назив Грци. Најверојатно, поради долгогодишната византиска окупација на Македонија и византиската култура која ја имале средновековните Македонци, средновековната српска држава Македонците ги нарекува со име Рoмеи, Византијци, додека цела Македонија е наречена Романија, со спомнати следниве градови: Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, најверојатно и Скопје (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.).
Овдека ќе ја разгледаме и српската пропаганда која Македонците ги прави Срби, а тоа го потkрепува со тврдењата дека во средновековната српска држава постојат само Срби и Романи-Грци, но не и Македонци. Но, вистината е дека под Грци-Византијци-Ромеи се сметаат Македонците, оти никогаш во Просек, Штип, Брегалница, Струма, Струмица, Сер, Редина, Скопје не живееле Елини, кои ние по грешка ги нарекуваме Грци, оти Грци значи само и единствено Византијци. Мakедонија во средновековна Србија била гледана како посебна етно-географска целина, па затоа и самата држава била поделена на два дела Србија и Романија.
Во Житието на Цар Душан пак се зборува дека Македонија е Романија (Грција, Византија), а Македонците се Ромеи (Византијци, Грци), а тука како ромејски (грчки градови) се спомнати: Охрид, Прилеп, Костур, Лерин, Железнец, Струмица, Воден и Чемрен; во споменатите места, никогаш не живеело елинско население (Извор: Житије Цара Душана, критика академика Симе Ћирковића и Божидара Ћирковића). Историските податоци се недвосмислени: Македонија за средновековните Срби била Византија-Романија-Грција, а народот бил несрпски и небугарски, бидејки по освојувањето на делови од Бугарија, во некои средновековни списи се спомнуваат и Бугари, секако покрај Македонците (Ромеи). Во повелба на Цар Душан од 1346 г. од Дечани се титулира како „цар на српските, приморските и грчките земји“ (F Miklosic, MOnumenta, CXXI, str 141). Под грчки, ромејски земји се подразбира Македонија.
Монахот Исаија, современик на Маричката битка, во свој запис од 1371 г. зборува за грчка војска, која пошла во Македонија, на Марица да ги изгони Турците (Iskaz Isaije Serskog, Solovecki prepis, 1492, Saltikov-Schedrin). Од тука добиваме многу битни информации, дека Македонија е до Марица, а под грчка војска, составувачот мисли на војска од Романија=Грција=Византија, односно Македонија, иако реката Марица се наоѓа во Тракија. Едноставно, се заклучува дека државата на деспот Углеша која се простираше до Марица се нарекувала Македонија. Во прилог на ова, иде и еден летопис од средината на 15 век каде стои „Тоа лето царот Оман го уби кралот Волкашин и деспотот Углеша во Македонија, на Марица...“ (Spomenik Srpske K.Akad. 51,1913, str. 4).
Сочувани се неколку Повелби на кралот Волкашин и Деспотот Углеша, каде Македонците, по ист обичај, пак се наречени Грци. Во Повелбата на кралот Волкашин до Млеците (Дубровчаните) од 5. април 1370 г., напишана во Пореч (М. Брод) вели: „..и ме постави бог за крал на српската земја, Грците и западните страни...“ („Monumenta Serbica”,Wien, 1851, str 180/181). Под српската земја се подразбира земјата освоена од Србите (Владимир Ћоровић: ИСТОРИЈА СРПСКОГ НАРОДА, наслов „Стварање српског царства“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука, "Ars Libri", Београд, 2001 г.), но народот во земјата Волкашинова не е српски, туку посебен, наречен политички грчки; историски е потврдено дека, во земјата што ја владеел кралот Волкашин, денешна вардарска Македонија никогаш не била населена со елинско население. И Деспот Углеша во неговата феудална држава (Пиринска Македонија) вели дека живеат само Грци, никаде не спомнуваат Бугари и Срби, па во запис од 1366 г. себе се титулира како „господар на сите Грци и Поморјето“ (S Novakovic, Zakonski spomenici srpskih dr#382;ava srednjeg veka, 1912, str 509)
|
Makedon |
Франц Миклошич за титулацијата на Цар Душан во софијскиот, загрепскиот, раваничкиот записи на Душановиот Закон пренесува: „Стефан во Христа Бога верен цар грчки“ (F Miklosic, Monumenta, str 154). Но, во спомантите преписи на Душановиот Законик (оригиналниот не е сочуван) јасно стои „Стефан во Христа Бога верен цар македонски“ (Lj. Stojanovic, Stari srpski zapisi i natpisi. Knjiga III, Beograd 1905, str. 41 (nbr.4949) / Edith Durham, „High Albania“ First published in 1909 page 294., by LONDON EDWARD ARNOLD Publishers to the India Office 1909.
Франц Миклошич е најдобар пријател на Вук Караџиќ, кој му ги доставува сите историски извори за Србија. За Србија, Вук Караџиќ вели: „да су се Маћедонија српски звале све земље народа нашега“, потврдувајки дека Македонија се викала порано Србија, што најверојатно се однесува на Душановото Царство (Владимир Ћоровић: Историја српског народа, налов „Обнова пећке патријаршије“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука и "Ars Libri", Београд, 1997 г.). Кон ова тврдење одат во прилог и старите српски песни, каде се пее дека Пеќ и Смедерево се македонски градови (Владимир Ћоровић: Историја српског народа, налов „Обнова пећке патријаршије“, Прва књига, Издавачи "Глас српски", Бања Лука и "Ars Libri", Београд, 1997 г.).
Вук Караџиќ никогаш не признал македонска народност, дали е toj извитоперувач на историската вистина и на документите од средновековното српско царство? Во сите сочувани историски документи од тоа време, а кои се јавни и можат да се видат, македонското име е секогаш присутно!
Првиот српско-црногорски печатар од почетокот на 16 век, Божидар Вуковиќ во сите свои книги се титулира дека е од Подгорица, во пределите македонски „грешни Божидар Вуковић, отачаством от Диоклитије јеже јест ва пределех мађедонских“ (Beograd, Arhiv Sanu, inv. br. 163, (Oktoih petoglasnik, Venecija, 1536, zavr#353;eno 27. jula 1537. g. - Pogovor na l. 158`. ZIN I 486, Beograd. Narodna biblioteka Srbije, I 7, (Prazni#269;ni minej, Venecija, 11. juna 1536 - 19. januara 1538. g.- Pogovor na l. 432 - 433`. ZIN I 494.). Но, не само Божидар Вуковиќ туку и многу останати писатели од Босна, Херцеговина, Србија, Далмација своите земји ги сметаат за делови на Македонија.
Од кавадаречкиот првенец, г-н Васил Несторов, во 1916 г. бугарската окупациона армија одзела старопечатен "Тримесник", печатан во Шкодра-Скадар од некој г. Стефан, со следнава содржина: „ја свршив оваа Божја книга во лето Христово 1563, месец декември, на К.Д., во деловите на Македонија, во родниот град Скадар...“ (ЦВА, ф. 40. оп. II, а.е. 935, л. 57-58).
Во 1502 г. излегува најстарата историја на словенските народи под турска окупација, „Historia Turcica“ од дубровчанецот Феликс Петанчиќ, минијатурист и управник на Будимскиот Скрипториум, а пред се’ дипломат на унгарскиот двор на Матија Корвин и Владислав Втори. Тој во втората половина на 15 век ја пропатувал европска Турција; поминал и низ Македонија, каде што наоѓа Мaкедонци и ги определува границите до каде живеат Македонците; за нас е интересно, што во Душановото Царство, Петанчиќ поданиците ги дели на Рашани (Срби) и Македонци, а Цар Душан го титулира како Цар на Рашаните и Македонците „Macedonum Rasianorum Caesar“ (Historia Turcica, Municipal Library in Nuremberg (pressmark Ms Solger 31.2В°). Греци не наоѓа во Македонија, а во српските истории од 19 век се вели дека Цар Душан бил Цар на Србите и Грците. Чудно, нели?
Ромејската (Византиската) Историја на Никифор Грегора (1295–1360) е еден од највалидните историски извори за историјата на Балканот од 14 век. Баш во времето на српската окупација на Македонија, Грегора престојува во Македонија и жителите македонски ги нарекува на повеќе места со национално име Македонци, а според него во тоа време македонски градови биле Пеилеп, Велес, Костур и Преспа (Idem. I, 48.Според и ВИИНЈ, VI, 157). За Охрид и Девол вели дека се утврдени македонски градови (Gregorae. I, 72-73; ГИБИ, XI, 132 ), а македонски град бил е Белград (денешен Берат) во источна Албанија (Gregorae 1,247; ГИБИ, XI, 143). Грегора вели дека Ромеи (Византијци) во Македонија живееле само источно од Солун (Gregorae 1,247; ГИБИ, XI, 143). За струмичаните, македонците вели дека се служат со варварски јазик (Соrrеѕроndаnсе de Nic#233;phore Gr#233;goras 33; ГИБИ, ХI, 150). За српските освојувања, Грегора пишува: „Македонија со своите градови е потчинета на владарот на Трибалите (Србите), и самиот Бер (Верија) набрзо стана негов...а самиот Солун не сакаше никому да се потчини, ни на Кантакузин (Византија), ни на владетелот на Трибалите“ (Gregorae II, стр. 795). Како што гледаме, средновековните Македонци не биле наклонети ни кон Византија, ни кон Србите.
MARTIN DE SEGONIS бил Улцински епископ и високо образуван човек. Во своето дело „Traktat o pripremanju Otranta i o turskom vojnom ure#273;enju i njegovom porijeklu“ дава географски податоци за Македонија и за Македонците. За него Македонци живеат на исток до бањата Велбужд (Ќустендил), а мостот на Струма ги дели Македонците од Мизите (Бугарите), иако Ќустендил и цела северна Македонија припаѓаат на историска територија долна Мизија. За Охрид вели дека е „гратче на Македонците“, а Дебар е град на Дарданци, кои ги разделуваат Македонците (Kotoranin MARTIN SEGON - Malo Djelo, Lit.: A. Petrusi, Martino Segono di Novo Brdo, vescovo di Dulcigno, un umanista serbo-dalmata di tardo Quatrocento, Roma 1981.).
|
dejan |
Bravo pak Makedon![;)] |
Makedon |
quote: Originally posted by dejan
Bravo pak Makedon![;)]
Dankeschen [;)]
Koj kako mene, aj neka pisnat sega bugarite i srbite, pa da ne pravat srbi ili bugari.
Opasen sum ti jas[:D] |
dejan |
hehe da!:p
opasen da, malku premnogu, posebno za forumot na Jakov[:D] :p |
jingibi |
Името на јазикот, говорен од населението во Македонија, преку целиот историски развој, недвосмислено е посочено во документите: Теофилакт Охридски (крај на XI - почетокот на ХII в.) во Пространото житие" го нарекува Климент "прв епископ на Болгарскиот јазик"; Димитар Хоматиан, охридски архиепископ (крај на XII - почетокот на XIII в.) се оплакува на србскиот крал Стефан Радослав, дека "на бугарски јазик не може да се толкува или говори"; Византискиот историчар Никифор Грегора през 1326 година одбележува, дека Бугарите по Струма, Струмица и Скопје го поздравили "на свој јазик добродушно и засмеано".
Андроник II го испратил историчор Н.Григора кај српскиот крал Стефан Дечански. Во својата патеписна белешка Н.Григора, меѓу другото пишува:
„Сите знаат дека Стримон [Струма] е непреодна река, и за пешаци, и за коњаници,затоа што таа е најголемата река од оние кои ја пресечуваат Тракија и Македонија... Таа извира од многу високи плани кои... граничаат на југ со Тракија и Македонија, а на север со земјите на Мизите и река Истар [Дунав]. Таа е најголемата од сите реки кои ја напојуваат скитската земја... Ние ја поминавме со мало кајче... Повеќето тамошни жители се стари преселници од Мизија... Целиот следен ден ние патувавме и стигнавме до едно градче, така да се каже, расположено над облаците, на месен јазик наречено Струмица“. (БАН, Македония Сборник от документи и материали. София 1978. 97-98)
Според овој запис на Никифор Грегора: „гратчето Скопје, кое се наоѓа во Трибалските планини“ е српско гратче, затоа што: „Под Трибалите тука се подразбираат Србите.“ (ИНИ, Документи за борбта на македонскиот народ за самостојност и за национална држава. Скопје 1981. I. 135)
Српскиот крал Стефан Душан 1345 г. во своето писмо до венецискиот дожд Андреј Дандуло се титулирал: „По божја милост Стефан, крал на Србија, Диоклеја, Зах’лмија, Зета, Албанија и Приморието и владетел на не мал дел од царството Бугарија и господар на речиси цела Романија.“ Споемантиот „ дел од царството Бугарија“ се однесува на Македонија. (БАН, Македония Сборник от документи и материали. София 1978. 99) Истата година, после завземањето на Сер (Г.Острогорски), Душан се објавил и за „император и самодржец на Србија и Романија“ (Византија), т.е. за „цар на Србите и Грците“, а малку потоа српскиот архиепископ го издигнал во ранг на патријарх („патријарх на Србите и на Грците“) под чија јурсидикција ја ставил и Охридската архиепископијна и од новоназначениот патријарх во Пеќ, на Велигден, 16. апр. 1346 г. во Скопје бил крунисан за император. Грците му ја признале само титулата „цар на Србите“ (Д.Оболенски). Во уводот кон својот Законик Стефан Душан изјавува дека е: „благоверни цар вьсем Срьблем и Грьком и странам Бльгарским“. (Стојан Новаковић, Законик Стефана Душана цара србског. У Београду 1898. 3) Во една грамота издадена во Мелник 1350 г. Душан се титулирал: „цар Стефан на Срби, Грци и Бугари [Бльгаромь]“. (Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912. 708) Во друга грамота дадена 1347 г. на Хилендарскиот Манастир, Душан се потпишува: „Стефан во Христа Бога благоверни цар и самосдржец на Србите, Грците и Бугарите“. (Ст. Новаковић, Законски споменици, Београд 1912. 417). Во српската хроника на Пеќката патријаршија се трди дека Душан владеел и „землю болгарску“, т.е. дека: „беше и себе царем: сербскои, греческои и болгарскои области назвав“. (Обшти лист из патријаршије Пећке. Гласник XXXIV. Белград 1872 г.) Цитирано кај Йордан Иванов, Българите въ Македония Издирвания и документи за техното потекло, език и наодностъ съ етнографска карта и статитсика. Издва БАН. Второ допълнено издание. София 1917. 155.
|