Makedon |
Sto doceka makedonskiot narod...
Единствените луѓе кои Новата Година ја дочекаа штрајкувајќи со глад се стечајците инвалиди, кои веќе еден месец се во Министерството за труд.
Заборавени од надлежните, секојдневно ги посетуваат само лекарите, нивното здравје постојано се влошува. Раскажуваат и дека уште првиот час од оваа година им започнал со екипата на брзата помош.
„Влезе доктор, и се слоши на колешката, ја однесовме дома и не дојде досега“, изјави стечајка.
Ги прашавме што им донесе Новата Година.
„Нова Година со солзи на очи, да чекаме, да немаме што на децата да им дадеме да јадат. И ние сакаме да се веселиме како сите други“, рекоа стечајците.
Судбината на овие луѓе е иста. Две години оставени сами на себе, без денар од државата.
„Ние кои работевме со 24 години родителите да ни помагаат со една мизерна пензија, тоа ли е живот? Маж ми 3.000 зема. Тие пари за лекови“, велат стечајците.
Судот веќе писмено ги известил дека мора да заминат оттука. Но тие велат, ќе останеме се додека не ги исполнат нашите барања.
Министерството за труд се правда дека осум години им ги давало парите што им следувале, но веќе немало законска основа за тоа, а луѓето немале докази дека се трудови инвалиди.
Тие пак, негираат. Велат, документи имаме и го бараат лично премиерот Бучковски за да се увери.
„Заземаат став да не викнат на преговори и да го решат случајот со овие болни луѓе“, изјави стечајка.
Годината што измина беше во знакот на протести и штрајкови. Запреа возовите. 700 луѓе добија откази.
На улица излегоа и просветарите, земјоделците, таксистите. Протести имаше и во одбраната. Штрајкува и лекарите. Бараа повеќе пари, но од Владата речиси сите добија само ветување.
|