Izbori 2006-ta |
OooOo |
СДСМ го кешира кандидатскиот статус
Добивањето на кандидатскиот статус веќе се кешира на сметка на СДСМ. Во најновата анкета на „Брима Галуп“, спроведена по европското „да“, владеачката СДСМ го презема водство над ВМРО-ДПМНЕ.
Според резултатите од анкетата, доколку утре се одржат парламентарни избори 14,2% од граѓаните би гласале за СДСМ, 8,6% за ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ би добила 8,1%, за партијата на Тито Петковски - НСДП би гласале 6% од граѓаните, 3,1% за ДПА на Џафери, а Лилјана Поповска со ДОМ ќе добие доверба на 2,4% од населението.
25,6% проценти се изјасниле дека не знаат за кого ќе гласаат, 21,7% нема да гласаат и 7,3% одбиле да одговорат на поставеното прашање.
Ова се конечните резултати од телефонското истражување на „Брима Галуп“, спроведено помеѓу 20-ти и 22-ти декември 2005 година, на репрезентативен примерок од 660 испитаници.
Најголемиот дел од населението 43%, одговориле дека не знаат кој ќе победи на следните избори, 21,5% сметаат дека тоа ќе биде СДСМ, 15,5% ВМРО-ДПМНЕ, 6,4% ДУИ, за Тито Петковски се изјасниле 4,9%, 1,4% за ДПА и за ДОМ на Поповска 1%. |
трендафил |
Интересна беше изјавата на премиерот Бучковски за тоа дека секој треба да си очисти пред својот двор (мислејќи на каналите за одводнување во скопско). Ниту трошка грижа на совест за тоа што државата ги нема очистено и предадено во исправна состојба на локалната самоуправа. Во времето на Георгиевски имаше суша, па владата направи вештачка река за напојување на Дојранското Езеро. И колку се (о)зборува (без судска потврда и по три години) крадела. Овие сега наводно не крадат, го зголемија буџетот за 50%, а не трошат пари за ништо.
Никој не се прашува на пример зошто Јани Макрадули беше две недели во Дубаи за Нова Година. Барем не од тие што секогаш се прашуваат со кои пари таму отишол Љубчо Георгиевски. А Љубчо и Јани имаат иста плата како пратеници.
И дали логиката на Бучковски важи само за СДСМ или и за другите партии, па доколку Скопје на пример не е чисто виновни се граѓаните, а не градските служби?
П.С.: Голем хендикеп за СДСМ и ДУИ е и загинувањето на оџата од Слупчане во сообраќајка. Тој беше во врвот на УЧК за Липковскиот регион во 2001. Тоа што не им успеа на безбедносните сили тогаш, го направи Господ сега. Можеби со човечка пшомош, затоа што според изјавите на очевидците му испаднало тркало во возење.
|
lav |
quote: Originally posted by intel
Dpmne uste pogolema, kako na primer vojna, haos, itn.
Значи конечно но индиректно признаваш дека и „твоиве„ ногу фалени и самофалени не ги биѓаа за свинска...што се вели народски...нели?
А дали под поимот ХАОС подразбираш И НЕМАЊЕ на лекови со денови и месеци во Аптеките ширум Македонија за болните ...а кои „треба секој час да дојдат таму„ од некаде велат (а тоа е од магазинот во Козле кој е НОН-СТОП „празен„ како и зборовите на директорот на Заводот... за лекови со рецепт и од листата на позитивни лекови-како да другите кои се негативни односно за пари дека се за фрлање).
По сите досегашни сознанија за „војната„ се предпоставува дека е предизвикана како „контролирана„ војна за да дојде до промена на владеачката гарнитура по системо СЈАШИ МУРТО ДА УЗЈАШЕ КУРТО...нели ИТН. |
dada Sani |
Koj cheka politichka partija da mu donese srekja - kje docheka:) Ako ne ovaa godina, vo nekoja od slednite sigurno:)) |
трендафил |
Волку ниски рејтинзи на сите партии до една на помалку од 9 месеци до изборите нема ниту во една земја во светот. Исто така нема двојно зголемен рејтинг поради само една (очекувана) работа. Да размислуваме логички. Ако кандидатскиот статус е дело на СДСМ, тоа гласачите треба да го почувствуваа и пред формалниот чин. Или сметаат дека кандидатскиот статус не е одработен од нас туку е добиен поради тоа што СДСМ има среќа, па мислат да гласаат за поранешните комунисти за да донесат среќа. Дали е така (дали оваа власт носи среќа или несреќа) е релативно прашање. Во секој случај кај нас до сега ретко се поклопувале резултатите на анкетите со резултатите на изборите. Причина за тоа е веројатно крадењето на изборите. Ако им веруваме на набљудувачите од ОБСЕ, тогаш во власта имаме криминалци за кои директно беше кажано дека ги украдоа (употребувам вистински, а не дипломатски збор) локалните избори. Индиректно истото беше кажано и за претседателските избори, за кои беше кажано дека имале неправилности на ниво на претходните. А претходните беа тие во 1999 на кои победи „граѓанинот Трајковски“ како што го викаа тогаш сегашниот премиер и претседател на Македонија. Власта всушност го прифати обвинувањето и ветува дека на следните избори (парламентарните) ќе направи се` (ќе ги поправи законите) за да се оневозможи таа самата да краде. Дали и ова ќе биде исполнето како ветувањето дека од секое семејство ќе се вработи по еден, ќе покаже времето. Мое мислење е дека не е проблемот во законите, туку во криминалците. Не постои закон што ќе го оневозможи криминалот. Ако државните органи ги спроведеа законите, па сите виновници, не само по некој од извршителите на изборната кражба, туку и наредбодавачите до сега беа пронајдени и казнети, веројатно изборите ќе станеа почесни. И со овие закони. Само се плашам дека во тој случај владата од зградата на поранешниот ЦК на СКМ покрај Вардар, ќе требаше да се пресели во Идризово.
|
dejan |
SDS nosat ogromna nesrekja. |
profa |
quote: Originally posted by dada Sani
Koj cheka politichka partija da mu donese srekja - kje docheka:) Ako ne ovaa godina, vo nekoja od slednite sigurno:))
Taka e mor dade,ajde be zatvorete go topikov.Ete i dade go saka Brane ama ne veruva u vlada [:D][:D]
A ni jas nejkam da pobedat Ljubco i co. niti pak Brane i co.
No,enough is enough.A narodot neka si prai anketa,ubo e da e se znae negovoto razmisluvanje[xx(] |
dejan |
Ne SDS pak....toa e kako los son, SDS-DUI...:( |
SLaCk |
Posle ovaa anketa dodeka ne pominat izborite ne veruvam vo niedna anketa od bilo kogo! Ova ne e tocno samo tolku imam da kazam. a SDSM nema da pobedi toa sum 1000% siguren ne mi trebaat anketi gledam koj sto misli prasanjeto e dali ke izgubat ili ke izgubat katastrofalno se nadevma na vtoroto! |
vancom18 |
a kaj se VMRO-Np na anketata?
ili nikoj nema da glasa za niv?
uste eden dokaz deka pojma nemaat
inace, ke pobedi VMRO-NP ljubco ke bide premier
|
Strelec |
quote: Originally posted by OooOo
...владеачката СДСМ го презема водство над ВМРО-ДПМНЕ.
Ne e fer!!!
Do koga so lopovite?
Inaku, tochna e anketata, sakale nie ili ne!:)
|
VeGaS |
A koja partija beshe onaa na Makedon, taa kje pobedi breeej! |
vlado1979 |
Anketa ko anketa...Ne se znae sto ke se sluci podocna vo tekov na denot kamoli neko da predvidi sto ke se sluci na izbori..Vprocem koga narodot odlucuval koj ke pobedi,se znae kako funkcionira celata rabota neli?
:)
|
intel |
Dpmne uste pogolema, kako na primer vojna, haos, itn. |
Strelec |
Војна со бројки. Вака главните политички партии ја почнаа оваа година. Од сега најавуваат жестока изборна година.
Ги испровоцира „Брима Галуп“. Објави анкета според која популарноста на СДСМ е поголема од таа на ВМРО-ДПМНЕ.
Само пред месец дена имаше обратна ситуација. Тогаш водеше ВМРО-ДПМНЕ. За нив доволна причина да не ги признаат последните резултати на „Брима Галуп“.
[url="http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=56557"]/Повеќе/[/url]
|
concrete |
Ene gi kade se izborite Strelec, bomo videli, samo neznam sto poveke im se dopaga na ova domorodcive : zmija da gi kasne ili magare da im go bapne :):):)!!!!...kako e so snegot kaj tebe ????? |
Strelec |
quote: Originally posted by concrete
...kako e so snegot kaj tebe ?????
Dobro e... Im go prodadovme na indijancite ovaa godina... Imale sobrano mnogu drva, pa da ne im bile dzabe!:)
Garant biznis nekoj i tie kje teraat!:)
|
concrete |
He,he...za biznisot.....najinovativni do sega mi se Seminolite od Florida koi namesto kazino se odlucile da proizveduvaat :avion!!!
[img]http://www.pilotfriend.com/aircraft%20performance/aircraft%20manufacturers/images3/mic3.jpg[/img]
no nie ne sme Seminoli......samo virtuelni ljubiteli na Makedonija:):):)!!!
|
NACIONALIST |
dali zaboravivne sto napravi buco so aketata vo cumu, a za ovaa od brima galup, netreba ni malku da posumljame deka e namestena, ali ne go spasuva ni toa izborite uste otsga se dobieni vo korist na vmro dpmne, GRUEVSKI e veke PREMIER. |
lav |
quote: Originally posted by NACIONALIST
dali zaboravivne sto napravi buco so aketata vo cumu, a za ovaa od brima galup, netreba ni malku da posumljame deka e namestena, ali ne go spasuva ni toa izborite uste otsga se dobieni vo korist na vmro dpmne, GRUEVSKI e veke PREMIER.
Јас повеќе би сакал твоето прашање да биде вака пре-формулирано:
Дали видовте КАКО НЕЗАВИСНИТЕ СУДИИ И СУД ГО КАЗНИЈА Бучко што со народни пари своевремено учествуваше во „местење„ на анкета во Чуму |
трендафил |
Прво да напишам малку за анкетата. Таа е направена веднаш по добивањето на кандидатскиот статус, кога анкетиираните всушност биле во некој вид на афектна состојба. Ова посебно затоа што кај нас стално се очекува револуционерно спасување. Но кога спасителот ќе дојде (обично од странство) веднаш се разочаруваме во него. Така беше на пример кога Васил Топурковски или Трифун Костовски делуваа од странство, рајтинзите им беа високи. Кога почнаа да работат дома, ги нема на листите. Новиот месија од кого очекуваме спасение, сега е ЕУ. А никој не се запрашува од што се` треба да се откажеме и колку ќе не чини влезот во Европа. Дека не може да добие само Македонија, а Европа само да плаќа.
Кај нас веќе постои консензус за влегувањето во ЕУ. Интересно е што по анкетата (тоа никој не го спомнува) за прв пат исти проблеми се високо рангирани и кај Македонците и кај Албанците. Тоа се вработувањето и сиромаштијата. Сега големо прашање е дали владата до тој степен ги има подобрено неѓуетничките односи или ја има влошено економијата. Исто како што е тешко да се каже дали е поголема заслугата на владата што добивме статус на кандидат или пак е позаслужна затоа што немаме датум на преговори.
Кога правам споредби на Македонија, се споредувам со земјите во транзиција од А до Ч, односно од Албанија до Чешка. Во однос на сите заостануваме. Веројатно за тоа се најзаслужни државотворците. Иначе не би биле државотворци. Неспорна е и заслугата на УЧК (сега ДУИ) кои не вратија назад со војната во време кога бевме лидери помеѓу земјите во транзиција. Не знае просто човек кој е подржавотворен. Дали СДСМ или ДУИ? Пред се` за рамковното државотворство, бидејќи Рамковната всушност и ни го донесе статусот кандидат. А рамковната ја напиша Питер Фрејт, па од него ја препиша Али Ахмети и на крај препишана како планот на Претседатело` влезе во Уставот.
|
трендафил |
Во ситуација кога ДУИ (според ОБСЕ) има украдено една третина од гласовите, можеби е добар мнозинскиот систем. Тогаш е сеедно дали ќе добијат со 25% од вкупниот број гласачи или со 102%, затоа што имаат ист број пратеници. Исто така ист број пратеници добиваат иако имаат нерамковен (непропорционален) наталитет.
Интересен е и двојниот пропорционален систем, каде се гласа за партија (коалиција) но истовремено се прави и ранг листа на кандидатите од страна на гласачите. Па така не мора да биде избран ни носителот на листата иако добие неговата партија.
Нејасна е и судската постапка против активистите кои ги крадеа гласовите на локалните избори. Излегува дека сите дејствувале самостојно, без некој да им плати или нареди да го сторат тоа. Исто така повеќе на суд има од активистите што работеле за партија што ги изгубила изборите. Од СДСМ, колку знам на суд се активисти од Прилеп, на пример, кај што победи опозицијата. Значи ли тоа дека власта ги казнува по судски пат своите активисти што не успеале да УКРАДАТ доволно гласови.
|
intel |
quote: Originally posted by lav
сака...нели...заклучно со денешениве протести кои го блокираа(т) Скопје и околината ....против продажабата на националното богатство ЕСМ а кое овие (комуњарите-де) го продаваат...
Заклучно со денешните протести се виде колку има подршка опозицијата дури и за вакви прашања.Поминав на сите места и видов не повеќе од 20 луѓе со по две коли како затвараат улици и се изживуваат со цел град.
Дефинитивно многу демократија има во оваа држава што за жал се изедначува со анархија.
Пролупани сте Лав, не ве бива. |
intel |
Mnogu mi e tesko sto moram da vi kazam deka site analizi pokazuvaat golema prednost kaj vledackata sdsm vo odnos na ona sto kaj nas se narekuva opozicija.
Koj kje gi trpi uste 4 godini najmalku......mislam na ovie vo opozicija. |
трендафил |
Бидејќи не смее да има избори 6 месеци по продавањето на ЕСМ, јасно е дека афектната состојба по добивањто на кандидатски статус за ЕУ без датум дотогаш ќе престане. Можно е власта да „купи“ некој глас со дел од парите од ЕСМ. Но во секој случај останува фактот дека сите партии, и од власта и од опозицијата, имаат страшно низок рејтинг. Енормно голем е бројот на неопределени и определени да не гласаат за никого. По се` изгледа ќе имаме мониторинг во ранг на земјите од Африка или Азија кои се на првиот праг од демократијата им требаат западните пари, па заради тоа и го дозволуваат. Се покажа и дека навредливото прскање со спреј не е доволно да ја спречи кражбата на софистицираните фалсификатори од СДСМ и насилниците од ДУИ.
Дали ќе гласаме како во секоја нормална земја и ќе размислуваме колку е подобра владата на Бучковски од таа на Костов (кој нели не е член на СДСМ), а на овој од таа на Црвенковски. Резултантата од сите нив да ја споредиме со владата на Георгиевски во два степена. Пред појавата на Али Ахмети (кој е дел од оваа власт само заради тоа што го направи во 2001та) и по војната. Дали е подобро Пелинце од Плаошник, одводните канали сега кога има дожќд во скопско, струмичко и тетовско со водоснабдувањето на Допјранското езеро направено во време на суша. Договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ со утврдени критериуми со чие исполнување ќе станеме членка со кандидатурата без датум. Врз основа на тоа ќе избираме некој од познатите политички актери, или доколку не ни се допаѓа никој ќе бараме чаре на друга (популарно наречена трета) страна. Единствено е јасно дека партиите немаат сила самите да си го исчистат сопствениот двор, па мораме да ги отфрлиме доколку сме незадоволни од нивната работа. За да ја исчистиме Македонија од сметот насобран во последните 15 години, но и пред тоа со векови.
|
vancom18 |
pa normalno deka pokazuvaat toa
site pre bi glasale za UCK(sdsm), otkolku za partijata na brat ljube(NP)
inace jas potpuno ja podrzuvam Ilirida, i otcepuvanje na zapadna makedonija
em na lugjevo im nametnaa diskriminacija i nekojsi zakon za decentralizacija, em pak tamu pobeduvaat sdsm
... |
NACIONALIST |
quote: Originally posted by intel
Dpmne uste pogolema, kako na primer vojna, haos, itn.
PODOBRO VOJNA, ODOSTO DA SI GO PRODADES NACIONALNIOT IDENTITET, A TOA GO OSEKAME NA SVOJA KOZA, OD TVOITE SOPARTIJCI, gospodine admisistrator |
concrete |
Ideme NACIONALIST...kaj se sobirame za trganje, u koja birtija ?????
Samo nemoj nekoj ko Ljubco napred (......ke go osvoime li Prlamentot, ...ne me drzete,pustete me da go osvoime!!!!! ...NELI ke go osvoime??????!!!!) ili negoviot "STRATEG" sto przi jajca so prsut u toa kantinata na Seveningen....!!!!!! |
NACIONALIST |
quote: Originally posted by intel
Mnogu mi e tesko sto moram da vi kazam deka site analizi pokazuvaat golema prednost kaj vledackata sds
a sto pokazaa analizite na CUMU, gospodine adminisratore, sto gi montirase tvojot premier, |
lav |
quote: Originally posted by intel
Mnogu mi e tesko sto moram da vi kazam deka site analizi pokazuvaat golema prednost kaj vledackata sdsm vo odnos na ona sto kaj nas se narekuva opozicija.
Koj kje gi trpi uste 4 godini najmalku......mislam na ovie vo opozicija.
За разлика од тебе ...ете мене ми е многу лесно да кажам дека се што прави сдсм-овската братија се покажа обратно од кажаното или пак нарачаното од нив....примери колку што ти душа сака...нели...заклучно со денешениве протести кои го блокираа(т) Скопје и околината ....против продажабата на националното богатство ЕСМ а кое овие (комуњарите-де) го продаваат...за да имаат барем нешто да разделат (за душа изгледа) пред да Народот ги „попрати„ оттаму од каде и стасале ....зад Карпатите најверојатно!!!?. |
Goran-Skopje |
quote: Originally posted by intel
quote: Originally posted by lav
Заклучно со денешните протести се виде колку има подршка опозицијата дури и за вакви прашања.Поминав на сите места и видов не повеќе од 20 луѓе со по две коли како затвараат улици и се изживуваат со цел град.
Дефинитивно многу демократија има во оваа држава што за жал се изедначува со анархија.
Пролупани сте Лав, не ве бива.
Imalo protesti denes?
Goran-Skopje |
NACIONALIST |
a kolku ste vie popularni, pretsedatel na drzava, so 3;5 doverba kaj narodot, premir so 1,9 doverba, a opoziciskiot lider so 24% doverba, e vidi sega ti, so kogo vodis drzava |
OooOo |
quote: Originally posted by NACIONALIST
a kolku ste vie ..
A koj ste VIE, a koj sme NIE, a koj se ONIE?
|
Goran-Skopje |
quote: Originally posted by OooOo
quote: Originally posted by NACIONALIST
a kolku ste vie ..
A koj ste VIE, a koj sme NIE, a koj se ONIE?
Chovekov ne e ni svesen deka persira, nesvesno kulturen [:p]
Goran-Skopje |
Strelec |
quote: Originally posted by Goran-Skopje
nesvesno kulturen [:p]
Ама ако се освести (и ако дојде на свое), ќе видиш ти што е култура!:)))
|
achtung_panzer |
quote: Originally posted by OooOo
A koj ste VIE, a koj sme NIE, a koj se ONIE?
Odlichno prashanje, na vistinska adresa, samo ne sum siguren dali odgovorot kje stigne.
Anketata pokazhuvala vodstvo na koalicijata SDSM-VMRO, ne znam shto tolku se ljutat vo "opozicionerskiot" tabor, pa site dve partii taka se seushte vo igra. Losho e ako skoka procentot na neopredeleni i lugje shto se opredelile da ne glasaat, toa bi trebalo da gi zagrizhi obata tabori- znak deka stadoto se namaluva... |
Josip Broz |
Кој не гласа, нека не гласа. Без секого се може.
Пролетерската револуција си има свои верни следбеници. Надворешните и внатрешните непријатели ќе ги столчиме - ви тврдам со 103,2% гаранција. |
Strelec |
Ovie shto se sega na vlast, katastrofalno ja vodat drzhavata... I jas mislam da im se dade ushte nekolku shansi (barem 2-3 novi mandata) i ako i ponatamu prodolzhat kako i dosega, togash eve jas prv kje glasam protiv niv!:)
Od tie prichini, ve pokanuvam site da go dadete svojot glas za koalicijata shto ja predvodi SDSM, t.e. partijata koja shto Makedonija neodamna ja donese pred portite na Evropa i koja shto obezbedi siguren priem na nashata drzhava vo NATO!:)
Da zhivee SDSM!:)
|
Goran-Skopje |
quote: Originally posted by Strelec
Da zhivee SDSM!:)
"Svaka nasha petica kao ljubi-chica,poslana u ochima na-na- nana TIIITA"[:p]
Goran-Skopje |
lav |
quote: Originally posted by intel
quote: Originally posted by lav
сака...нели...заклучно со денешениве протести кои го блокираа(т) Скопје и околината ....против продажабата на националното богатство ЕСМ а кое овие (комуњарите-де) го продаваат...
Заклучно со денешните протести се виде колку има подршка опозицијата дури и за вакви прашања.Поминав на сите места и видов не повеќе од 20 луѓе со по две коли како затвараат улици и се изживуваат со цел град.
Дефинитивно многу демократија има во оваа држава што за жал се изедначува со анархија.
Пролупани сте Лав, не ве бива.
Ние не сме пролупани кољега...оти Јас немам врска со штрајкувачите...не затоа што не ги поддржувам ами затоа што не можам да бидам во исто време на две места.
И тие не се изживуваат со своите сограѓани на Скопје кољега Интељ ...ами само поради тоа што едвам и некако преживуваат со цркавицата која ја имаат (повеќето и тоа го немаат) ...ако воопшто тоа некојпат си го осетил на својата комуњарска (дебела) кожа.....
Се извинувам само доколку кожата не е:
1.Дебела
2.Комуњарска |
OooOo |
Pochnaa prikaznite za falsifikatite ... zashto li ne me iznenaduvaat?
Груевски: СДСМ подготвува изборен фалсификат
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска изјави дека СДСМ подготвува изборен фалсификат, бидејќи не отстапува од првичната идеја државната администрација да биде вклучена во изборните органи.
„Ако СДСМ толку многу инсистира државната администрација да биде вклучена во изборните органи, дефинитвно значи дека подготвува нов изборен фалсификат. Уште еднаш ги повикувам да се откажат од таа идеја, бидејќи со тоа ќе и нанесат огромна штета на државата“, рече Груевски по денешната средба со претседателот на ПДП Абдулади Вејсели.
ВМРО-ДПМНЕ, додаде Груевски, ќе направи се за СДСМ да отстапи од ваквата идеја.
„Ќе сториме се за да ги одвратиме од идејата повторно да се занимаваат со полнење кутии, фалсификати и нерегуларности. Најчесно е да излезат на избори, па ако ја добијат поддршката на граѓаните добро, а ако не да преминат во опозиција“, напомена Груевски.
Според Абдулади Вејсели, во Македонија треба што побрзо да има предвремени избори што ќе значи можност за граѓаните да изберат своја политичка опција.
„Првата верзија на Владата за изборниот законик е само во нејзин прилог. Не се земени предвид забелешките на опозицијата. Владата сака да каже дека ние можеме да предлагаме или сугерираме што сакаме, но таа сама ќе одлучи каков ќе биде законот“, истакна Вејсели.
Тој додаде дека како опозиција ПДП нема да се согласи со владините предлози кои придонесуваат за нефер и недомократски избори.
„Македонија веќе има статус кандидат за членство во ЕУ, а Владата нема капацитет да организира фер и демократски избори. Меѓународната заедница контактира со опозициските партии за да се организираат фер избори“, рече Вејсели.
ПДП, додаде Вејсели, се согласува со ВМРО-ДПМНЕ дека во изборните органи не треба да има луѓе од државната администрација, бидејќи врз нив ќе се врши притисок за правење нерегуларности.
ПДП допрва ќе ја разгледува можноста за евентуално коалицирање со ВМРО-ДПМНЕ.
Груевски и Вејсели на денешната средба, покрај изборното законодавство, ги разгледале политичката и економската ситуација во земјава, а разговарале и за проблемите на граѓаните.
„Заклучивме дека состојбата не е добра посебно од безбедносен апсект во северозападна Македонија каде што граѓаните се уште не се чувствуваат најбезбедно“, рече Груевски.
Вејсели смета дека Владата нема стратегија за излез од економската криза |
Strelec |
quote: Originally posted by lav
...ако воопшто тоа некојпат си го осетил на својата комуњарска (дебела) кожа.....
Се извинувам само доколку кожата не е:
1.Дебела
2.Комуњарска
Ова не е во ред на intel да му го рече некое (edited by admin)...
Се извинувам само доколку не е:
1. (edited by admin)
2. (edited by admin)
3. (edited by admin)
|
NACIONALIST |
quote: Originally posted by Strelec
Ова не е во ред на intel да му го рече некое исфустрирано бугарско копиле...
Се извинувам само доколку не е:
1. Исфустрирано
2. Бугарско
3. Копиле
ova ne e posteno od tebe da vregas ovde na forumov, zatoa sto ti ne si dorasten za toa, tebe nemozam da te narecam nitu:
bugaroman nitu srboman, ti si (edited by admin - ako ushte ednash editirash od administrator editiran tekst, kje bidesh baniran) |
RaGeAnGeL |
off topik izvinete vaka:
doticnava osoba nad mene za Strelec ona go kaza?? |
intel |
off topic;
Lav i nacionalist, ubavo se pozdravivme kako stari drugari od Ajvar, no takviot nacin na pisuvanje ovde nema da pomine.Bidete kulturni(znam deka toa za vas e osobeno tesko no barem obidete se)
quote: Originally posted by OooOo
Pochnaa prikaznite za falsifikatite ... zashto li ne me iznenaduvaat?
Груевски: СДСМ подготвува изборен фалсификат
Svesen e Gvujo deka pak kje go krka stapot.Pa tie duri pobedata samol vo Skopje na lokalnite izbori ja prokomentiraa kako pobeda i pokraj teskiot falsifikat.Em tezok falsifikat em pobeda, ha!
Posle SDSM i nanesuvale steta na Makedonija, bog da cuva.
|
toni_a |
da napravam malku reklama za Demokratski Sojuz? [:D]
Павле ТРАЈАНОВ
екс-министер за внатрешни работи и лидер на Демократски сојуз
КОЈ И ЗОШТО ЈА САБОТИРАШЕ ОДБРАНАТА НА ДРЖАВАТА?
Ако останев во Владата на Љубчо Георгиевски, конфликт немаше да има, ниту пак Рамковен договор... Огромна одговорност имаат и Бранко Црвенковски и Владо Бучковски...
http://www.tema1.net/INT-PavleTrajanov-09_2005.htm |
OooOo |
Em sNe nogu em sNe nepismeni!
|
NACIONALIST |
quote: Originally posted by OooOo
Em sNe nogu em sNe nepismeni!
he he he mnogu pismeno OgOjDO |
OooOo |
Кои се луѓето што прават нереди на изборите?
Бодигарди, обезбедувачи, партиски војници. Кои се луѓето што прават нереди на изборите? Тачи имаше Црнокошуљаши, ВМРО-ДПМНЕ Лавови, СДСМ рекетари. Вака функционираше партиското обезбедување во деведесеттите.
Сега се модифицираа во агенции за обезбедување, најчесто формирани од луѓе на партиите. Георгиевски ги има „Комета“ и „Лупус“, „ОСА“ се идентификува со СДСМ заради Бојчевски. ДПМНЕ има свои луѓе.
И обезбедувањето на Бучковски формирало агенција. „НИКОБ“ е блиска до министерот Михајловски.
Албанските партии се уште не функционираат со агенции. ДУИ ги има командантите на УЧК, ДПА луѓето на Тачи. Но никој не кажува кој предизвикува инциденти на изборите.
„Можам 100% да гарантирам дека официјално лого, име, униформа нема да се појави. Е сега, ако личност некоја се појави, не знаеме за тоа, ќе му престане во истиот момент работниот однос во фирмата“, вели Јовица Николовски, директор на „НИКОБ“.
„ОСА не се идентификува со г-дин Бојчевски. Ние ниту поддржуваме, ниту симпатизираме некоја партија“, рече Марко Бабиќ, директор на „ОСА“.
За разлика од овие две агенции, во „Комета“ не кријат. Велат, со Љубчо засекогаш.
„Ние на сите митинзи стоиме со партијата, но сосема професионално во рамките на законот за обезбедување имоти и лица“, изјави Звонко Костов, директор на „Комета“.
Сите признаваат дека за избори нивни луѓе учествувале во инциденти, но потоа ги отпуштиле. И партиите перат раце.
„СДСМ како политичка партија ниту некогаш користел на денот на избори агенции или насилни методи, ниту пак на овие избори планираме тоа да го работиме“, вели Тања Томиќ, заменик портпарол на СДСМ.
„Ниту во минатото, ниту пак во иднина планираме нашето партиско обезбедување да биде на денот на избори на гласачките места, ниту пак тоа било практика на ВМРО-ДПМНЕ“, рече Александар Бичиклиски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Но, ќе се памети охридскиот „Магнус“ од 2000-тата, кога едно момче беше тешко повредено. Се тепаа луѓе на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, подоцна настапи и „Комета“. На локалните лани припадник на „ОСА“ полнеше кутии.
И во овој предлог за изборен законик стои дека полицајците ќе ги обезбедуваат избирачките места. Директно или оддалечени, се уште се дискутира.
Но, изборното искуство покажало, токму полицијата ја нема кога е најпотребна, тогаш кога партиските војници се тепаат или ги кршат кутиите. |
vancom18 |
lugjeto koi pravat neredi na izborite se od sdsm
sdsm polnese kutii vo i.e. 6 , a ne dui |
NACIONALIST |
quote: Originally posted by vancom18
lugjeto koi pravat neredi na izborite se od sdsm
sdsm polnese kutii vo i.e. 6 , a ne dui
taka e bratu!!! site znaeme za toa, koj e koj e, ama ovoj pat ni polnenjeto na kutii nema da gi spasi MNOGU SNE!!! |
intel |
quote: Originally posted by NACIONALIST
quote: Originally posted by OooOo
Em sNe nogu em sNe nepismeni!
he he he mnogu pismeno OgOjDO
Nacionalist epten si fraer. 48 casa kje odmarash, sredi gi mislite obidi se da se setish kade gresis pred da ja dobiesh poslednata shansa za druzenje. |
Strelec |
Ednoumie!!!
Do koga so ovie stalinistichki metodi???
|
tomislav1978 |
quote: Originally posted by Strelec
Ednoumie!!!
Do koga so ovie stalinistichki metodi???
Komunjarski forum raboti so stalinisticki metodi.Ova e sosema normalno, ne znam sto se cudis.
A baska i Makedonija e tvrdina na Komunizmot vo Evropa! |
toni_a |
kakva ke bide satisfakcijata na nekoj od vmro koga bi pobedele? kakva ke bide na eden od sdsm?
ne mislam na eventualni materijalni podobruvanja na pripadnik od partija...tuku od aspekt na diskusiite sto se vodat na forumot. ke vikaat ednite "nananaananaaa" a drugite ke se krijat i ke plachat? ke se "dokazhat" znachi ednite na drugite ili?? |
profa |
Ja ke bidam mnogu srekjen(hi hi) ako moja partija pobedi,dve gajbi pivo od mene |
nukleus |
Site treba da bidat srekni dokolku na slednite izbori pobedi narodot a ne partiite. |
dada Sani |
quote: Originally posted by profa
Ja ke bidam mnogu srekjen(hi hi) ako moja partija pobedi,dve gajbi pivo od mene
I edna gajba gazoza za zenskite sto "pretrchuvaat" na politika:)
Iako ovde najcesto e samo prepucuvanje megu privrzanicite na SDSM i VMRO, sepak mislam deka ovoj e eden od "pokvalitetnite" delovi na forumov. Najcesto sum pasiven citac tuka, ama mnogu sakam da procitam ZOSTO ste privrzanici na ednata, a ne na drugata partija, bez da gi napagate protivnicite, ami da gi kazuvate pridonesite na "vasata" partija? :) Tebe profe kaj i da e kje te sednam na masa, za politika se' uste se nemame "driblano":) Aj napisi 3 reda da kazes zosto si VMRO, a pritoa nitu ednas da ne spomnes SDSM:) Mozes?
|
OooOo |
quote: Originally posted by dada Sani
I edna gajba gazoza za zenskite sto "pretrchuvaat" na politika:)
Iako ovde najcesto e samo prepucuvanje megu privrzanicite na SDSM i VMRO, sepak mislam deka ovoj e eden od "pokvalitetnite" delovi na forumov. Najcesto sum pasiven citac tuka, ama mnogu sakam da procitam ZOSTO ste privrzanici na ednata, a ne na drugata partija, bez da gi napagate protivnicite, ami da gi kazuvate pridonesite na "vasata" partija? :) Tebe profe kaj i da e kje te sednam na masa, za politika se' uste se nemame "driblano":) Aj napisi 3 reda da kazes zosto si VMRO, a pritoa nitu ednas da ne spomnes SDSM:) Mozes?
Devojko ... nauchna fantastika na 2-ri sprat. [:D]
[edit]
profa nishto lichno protiv tebe, ednostavno nemozham da gi smislam partiskite piuni [;)] |
profa |
quote: Originally posted by dada Sani
Tebe profe kaj i da e kje te sednam na masa, za politika se' uste se nemame "driblano":) Aj napisi 3 reda da kazes zosto si VMRO, a pritoa nitu ednas da ne spomnes SDSM:) Mozes?
A " komunjari" se vazi?
Ako se vazi togas ne 3 tuku 3000 reda ke ti napisam [:D][:D][:D][:D]
Dade ama jas gi sakam DPMNE a ne Narodna ako ova ti go odgovara prasanjeto[8D]
Ne znam be dade,Brane i Ljube ne gi sakam.Brane dovolno e da go vidam kako se smee samo za da odma ugasam tv,Ljube pa za inat na Brane gi namesti site ulicari bez skolo po kancelarii vo Radovis.
Grujo e nov,neka se isproba i on [:p]
Ili pak uste pojasno vaka:
Za mene DPMNE se mnogu poblizu do vistinskata istorija na Makedonija nego SDSM,skolska istorija od moe vreme NULA.
Ete toa to ti e,vo takvi krugovi sum rasnat i vospituvan i uste chemream vo takvi krugovi,so takov duh,vakvi razmisluvanja.Druga prikazna od mene nemozes da cues,pa i da ma opijanis na masa[:D]
No eeej si kjutam jas,ke go cekam denot,pa posle na site vas po edna cestitka(ili takva [:D] ili vakva [:(]) pocnuvajki od tebe pa zavrsuvajki so prijatelite od Kanada [8D][:p]
Znaci aj uste ednas go Grujo go go go boy :)
EDIT:
quote: Originally posted by OooOo
profa nishto lichno protiv tebe, ednostavno nemozham da gi smislam partiskite piuni [;)]
Nemaj gajle be
Vakvi diskusii i prepucavanja ne me palat,ama sepak forum si e forum i bez toa ne moze |
dada Sani |
Profe:)
Next please...
|
profa |
excuse me? |
dada Sani |
Sakav da kazam FALA PROFE sto mi odgovori iskreno. Site kazuvaat ne gi sakam SDSM/VMRO zatoa sto ova pravat, ona pravat, a nikoj ne kazuva gi sakam SDSM/VMRO oti ova pravat, ona pravat. Sto mislis zosto OooOo mi rece da baram naucna fantastika na 2-ri sprat?:)) Kapish ti ili jok?:)
|
Strelec |
profa... dada_Sani go napisha slednovo:quote: Originally posted by dada Sani
...sakam da procitam ZOSTO ste privrzanici na ednata, a ne na drugata partija, bez da gi napagate protivnicite, ami da gi kazuvate pridonesite na "vasata" partija? :)
I sega veli: Next please! ...poshto ti so tvojot post ne uspea da go napravish toa shto taa go pobara!:)
Ama ne e problemot vo tebe... Nikoj nema da uspee!:)
a sega pred slednite izbori kje pochnat lugjeto da se prashuvaat megju sebe: "Protiv kogo kje glasash?", namesto da si prashaat kako shto e normalno: "Za kogo kje glasash?"
That's the point!:)
|
profa |
of of devojko pa vie epten seriozna ste bile,duri i prasanje ste mi postaile na koe sto ja ete ne sum se fokusiral dovolno,hmmmm zbunet sum sea.
Abe odgovorot da ne se krie na 2-riot sprat,HAHA dade komunjarke edna :)))))))
well, i will be much too dishonest if i dont admit that i love you |
profa |
e nisto togas Strelec
Ke mora da me usedne na masa kaj nea,na piche edno,dve,tri pa moze jas ke go trefnam odgovorot.Vaka mnogu dolgo ke mi se vidi tuka na forumot,jok dade,i give up! |
трендафил |
Дека предизборната камања е веќе започната се виде и на вчерашната седница на Парламентот со пратенички прашања. Интересно беше што министрите ретко одговараа дирекнто на прашањата на опозицијата, но беа многу опширни на прашањата од пратеници од власта. Просто човек да се посомнева дека тој што одговара и го спремил прашањето. Би се осврнал на две прашања. Двата државни стана што Антоние Милошевски ги купил во време кога неговата партија била на власт. Во одговорот министерот Владо Поповски заборави две работи. Дека становите се платени по пазарна цена и дека вкупната површина на двата е 58 м2 (пеесет и осум метри квадратни). Очекувам во иднина да се објави список на сите (од сите партии што имаат стамбена површина поголена од 58 м2. Второто е откупната цена на тутунот. Бучковски рече дека овогодишната цена на тутунот е повисока од минатогодишната и од таа во 2000 година. Заборави само да каже дека овогодишниот тутун е од многу повисока класа и дека и цената на цигарите и буџетот на државата сега е многу повисок од тој во 2000та. И дека до сега не се случило на крај од јануари некаде (на пример во најголемиот тутунски регион - прилепско) да не почне откупот. И дека во 2000та година немаше закон за тутун со кој оваа култура е прогласена за стратешка.
|
Strelec |
Ostana dada_Sani bez odgovor!:)
|
f9 |
Na ovie izbori interesno e razdrobuvanjeto na partiite.Vo uslovi na
slaba politichka animiranost na glasachite kaj nas doagja i do podelba na glasachkoto telo i kaj golemite partii.
Vmro-dpmne se raspagjashe i po se izgleda toj proces e veke zavrshen
kaj ovaa partija.Najgolem oponent na glasovite na Vmro-dpmne od prethodniot mandat ke bide novata partija Vmro-np,no i partiite koj proizlegoa od raskolot kako Zemjodelskata na Gjorchev i partiite vo koj chlenuvaat poraneshni kadri na Vmro-dpmne.Toa ke znachi deka relativno desnicata ne odi na ofanziva vo pridobivanje na glasovite od simpatizeri na levicata,tuku ke vodi vnatreshna bitka za raspored na glasovite od desnicata.Zaradi megusebnite raspravii desnicata sigurno ke ima poedinachno slabi procentualni uspesi i vo vtoriot krug ke bide neminovna koalicija na ovie partii.No tuka ima eden prashalnik,poznato e deka Vmro-NP se nadeva na radikalno svrtuvanje na glasachite od levicata i najverojatno i ne bi pristapila vo nekoja labava koalicija po sekoja cena.Od druga strana levicata koja nastapuvashe na poslednite izbori kako shiroka koalicija ne se dokazha kako koalicija voopshto.Na smetka na takvata koalicija SDSM
keshira vlast koja ja iskoristi za svoi tesni partiski celi.Toa dovede do oddeluvanje i povlekuvanje oficijalno i neoficijalno na
koalicionerite vo taa koalicija.SDSM na smetka na izborniot uspeh
gi redefinira interesite i stapi vo postizborna koalicija so novoformiranata DUI.Od koalicijata ZA proizlegoa politichki protivnici na SDSM kako Petkovski i Kostoski.Vo LDP se sluchi povtorno sluchajot "Goshev" no i se iznedri novata partija DOM na
Ljiljana Popovska.Ako na levicata im se dodade sigurnoto gubenje na glasovite vo "predadenite" gradovi Struga i Kichevo i nezadovolstvoto na golem broj na mali "levicharski" partii proizleguva deka i levicata ke bide rascepkana so slabo procentualno uchestvo na najgolemata -SDSM.
Nasproti levicata i desnicata na politichkiot pazar se najavija i partiite na centarot so shiroka koalicija koj sigurno ke go dorascepkaat Makedonskoto glasachko telo.
Na drugata strana od chistite etnichki partii najverojatno DUI ke go
povtori uspehot od poslednite izbori,i mozhebi i ke go zgolemi.Celiot politichki kapital na SDSM bukvalno se preli na smetkata na DUI.DPA zaradi sopstvenoto povlekuvanje vo politichka apstinencija i pritisocite na megunarodnata zaednica mnogu teshko ke se zdobie so nekakov pozitiven politichki rejting kaj poshirokata Albanska populacija,i mozhno e da osvoi minorni glasovi samo vo tradicionalnite regioni.PDP mozhe otvoreno da se smeta deka se pretopi vo DUI.
Ako nad sevo ova se dodade i defetizmot,apatijata i opshtoto nezadovolstvo na Makedonskite glasachi od politichkite partii i politicharite generalno koe sigurno ke generira vo slab izboren odziv na Makedonskata polulacija,mi dava za pravo da gi izvedam slednive zakluchoci:
Najverojatno na slednite parlamentarni izbori najmnogu glasovi vo prviot krug ke osvoi DUI od site partii,a posle vtoriot krug najuspeshnata koalicija.Koja i da bide koalicija, ke bide kreator na najnestabilnata vlada vo Makedonskata pobliska istorija. |
lav |
quote: Originally posted by Strelec
a sega pred slednite izbori kje pochnat lugjeto da se prashuvaat megju sebe: "Protiv kogo kje glasash?", namesto da si prashaat kako shto e normalno: "Za kogo kje glasash?"
That's the point!:)
Нормално е ...да се очекува дека НОРМАЛНОТО ќе го има само во НОРМАЛНИ општества ...во кои ние секако дека (само) се обидуваме да се преправиме ..или пак очекуваме некој друг наместо нас тоа од нас да го стори...методите се неисцрпни...но и времето за таква преобразба на Македонската Нација и Држава. |