Јордановски ќе создава лоби врски со дијаспората |
OooOo |
Јордановски во САД, Димитров ќе преговара за името
Новиот амбасадор во Америка Љупчо Јордановски не го доби пакетот. Чувствителната преговарачка позиција во ООН за името со Грција не му е воопшто понудена, дознава А1 од високи дипломатски извори.
Никола Димитров останува на преговарачката фотелја, додека не се донесе конечна одлука - дали ќе се бара нов преговарач.
Доколку се донесе таков став, тогаш ќе се размислува кој ќе биде наследникот на Димитров, кој е именуван со указ како преговарач и тоа токму од претседателот Црвенковски, тогаш Премиер и покрај желбата на Борис Трајковски да го види Фрчковски на тоа место.
Изненадувањето беше младиот дипломат, кој со метеорска брзина напредуваше - критикуван често заради семејните врски, за подоцна да направи сериозна дистанца - се случи признавањето на името од страна на Америка.
Јордановски за А1 денеска изјавува, неговиот фокус ќе биде на создавање лоби врски и меѓу дијаспората и со конгресот, каде Грција сериозно и систематски работи на задавање удар - да се поништи одлуката на признавање на името од страна на Америка.
Јордановски сепак ќе има прилично тешка мисија. Ја добива амбасадата на најмоќната земја во светот, екипирана со неколку луѓе и ја претставува земјата која никогаш немала традиција да создава лоби, немала визија за сопствената дијаспора и земја која 14 години сеуште е почетник во создавањето сериозна дипломатска мрежа.
Ideata mu e definitivno ubava, samo se prashuvam kako planira tie lobi vrski da gi sozdade i vo isto vreme da gi ojacha? |
toni_a |
naskoro mozhat Makedoncite od SAD da ochekuvaat pisma i chestitki [:D]
prvin ke se sozdava vrska:kafinja,blagichko,muabet,ruchek,po nekoe viski,shoping tura itn...pa otkako ke se oformi kontaktot,ke se ojachuva(redovno):kafinja,blagichko,muabet,ruchek,po nekoe viski,shoping tura itn...
ps-predlozhete mu eden forum za Makedonci od USA ,na nivo na MK-ambasada...barem mozhe nekakva komunikacija da se sozdade. |
DJ_SHEMA |
Taa lobi vrska ili pak povekje poznata kako prviot Macedonian caucus vo amerikanskiot senat se oformuva od strana na Obedinetata Makedonska Dijaspora. Vrska nema toa so Jordanovski, no sepak sorabotkata so nego kje bide dobredojdena. |
ProMKD |
Se nadevam deka ke uspee vakvo nesto. Do sega komunikacija megju Ambasadorot i Makedonskata diaspora vo USA slusam deka bila na mnogu nisko nivo. Site mora zaedno da sorabotuvaat zaedno za da se napravi nesto, a ambasadata da bide kako grb na teloto. |