Delennda est Chartago
Delennda est Chartago
lav Delennda est Chartago.... Повикот со кој одамна упокоениот сенатор Катон (постариот) со кој е влезен во Историјата на водење на Политика во светот од Антиката па до денес , а кој пак како шлаг бил сервиран на завршетокот на секој негов говор во Сенатот на Рим против непријателот (тогашен) на стариот и моќен Рим. Прочитај [url="http://www.britannica.com/eb/article-9021833?query=delenda%20est%20Carthago&ct="]ТУКА[/url] Историјата се ПОВТОРУВА...нели? „Новиот„ и современ Катон олицетворен во лицето на Македонскиот пратеник и т.н. ПРВ меѓу еднаквите пратеници (primus inter pares) господинот професор ЉуПчо Јордановски а кој пак како обичен пратеник своевремено ....секој свој говор или пак јавување на современата говорница во МК Парљаментот (секако имитирајќи го веќе одамна упокоениот Римски сенатор Катон постариот) го завршување со повикот до Председателот на Државата на Македонците (сега) покојниот Преседател а од него и кумпанијата сдсм-овска викан и „граѓанин„ Трајковски веднаш ДА СИ ПОДНЕСЕ(л) НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА. Сега какко што гледам наградата го „стасува„ дотичниот кој нели....иде како Амбасадор во САД , како што е и кажано [url="http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2959&stID=70972"]овде[/url]. пс Да сум Јас пратеник во Парљаментот , исто така секидневно би се јавувал за се и сешто само да на крајот на јавувањето и се обрнам до оваа „гарнитура„ на власт со зборовите delenda comunismus (уништетете го комунизмот) и секако неговите апологети (поддржувачи).
трендафил Една власт што го стави еден член од друга партија (Нано Ружин) за амбасадор или што покрена обвинение против министер од сопствените редови, беше обвинета за партизација на се` во државата. Една партија што зборуваше против поставувањето на амбасадорот што го одработи признавањето на уставното име од САД поставува амбасадори само од својата коалиција. И никој не зборува за партизација. Кое е дипломатското искуство на Јордановски? Или е важно само партијското? Иако, за волја на вистината, Јордановски е еден од поквалитетните амбасадори што ги поставуваат државотворците.