Malverzacii vo Ministerstvoto za zdravstvo?!
Malverzacii vo Ministerstvoto za zdravstvo?!
Makedon http://a1.com.mk/vesti/default.asp?vestid=56961 ВМРО-НП бара одговорност од Селмани и Димов МИА 15.01.2006 ВМРО-Народна партија е зачудена од пасивниот однос на јавното обвинителство во однос на последниот извештај на Државниот завод за ревизија, особено во делот на здравството, рече денеска на прес-конференција Спиро Ристовски, член на извршниот комитет на партијата. Во извештајот, во делот на здравството, ревизорите констатираат определени нерегуларности и злоупотреба на службена должност од страна на поранешниот и сегашниот министер за здравство, Реџеп Селмани и Владо Димов. „Констатирани се нерегуларности и злоупотреби на средства во висина од 13,5 милиони денари, или 220 илјади евра, а Јавното обвинителство нема никва реакција. Ова е несватливо“, истакна Ристовски. Според него, ВМРО-Народна партија изразува револт од ваквиот однос, бидејќи нерегуларностите се констатирани во официјален државен документ изработен од официјален државен орган, потсетувајќи дека во вакви слични услови голем дел од функционерите на минатата Влада беа јавно линчувани. „Го повикуваме Јавното обвинителство да покрене кривична истрага против прозваните лица во извештајот на Државниот завод за ревизија, кои треба да одговараат по членот 353 од Кривичниот закон, за злоупотреба на службена должност“, побара Ристовски на денешната прес-конференција.
lav Каде се СЕГА комунистичките новинарчиња со свирчиња в‘уста да ја „одбележат„ оваа ГНАСНА РАБОТА на министерот за здравство , и кој е сепак надлежен ЗА СЕ што се случува во неговиот ресор...нели?
трендафил Дека денеска, на 16ти уште нема голем број лекови од квотата за овој месец е доволен индикатор дека нешто се случува во министерството за здравство. Иако министерството има пари за репрезентација со кои беа купени златни ѓердани за трите жени министерки за Нова Година. Којзнае што подарува министерот за 8ми март? Како е можно министерство што нема пари за својата основна дејност (лекови и се во врска со лечењето), да има пари за златен накит, а да нема злоупотреба на службената должност и кршење на законите? Или државотворците толку се индетификуваат со државата, што мислат дека кога ќе направат нешто за себе дека го прават за државно добро.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Дека денеска, на 16ти уште нема голем број лекови од квотата за овој месец е доволен индикатор дека нешто се случува во министерството за здравство. Иако министерството има пари за репрезентација со кои беа купени златни ѓердани за трите жени министерки за Нова Година. Којзнае што подарува министерот за 8ми март? Како е можно министерство што нема пари за својата основна дејност (лекови и се во врска со лечењето), да има пари за златен накит, а да нема злоупотреба на службената должност и кршење на законите? Или државотворците толку се индетификуваат со државата, што мислат дека кога ќе направат нешто за себе дека го прават за државно добро.
Предпоставка (и само како таква треба да се третира) моја е дека немањето на лекови во ниту еден период од годината е еден од начините да се намали дефицитот во Фондот за здравство...за да на крајот во Изборниот Циклус барем со нешто имаат да се пофалат сегашниве државорастурачи ,и кои тоа си мислат дека не се...а се иииии тоа 102.3%. ПРОВЕРЕНО 100%
NACIONALIST
quote:
Originally posted by lav
Каде се СЕГА комунистичките новинарчиња со свирчиња в‘уста да ја „одбележат„ оваа ГНАСНА РАБОТА
a na colakovski ke mu go dademe najgolemoto svirce, kako najglasen novinar, ako se sekavate na nego
lav Видете бе Народе што се се случува во другото mинистерство и е далеку од очите на јавноста , a е директно поврзано со опстaнокот на Нацијата Македонска. Читај [url="http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=655&ArticleID=41038"]ОВДЕ[/url]
Makedon Менче Атанасова Точи 20.02.2006 Министерството за здравство крие кој се е вработен со договор на дело во последната година во оваа институција и во службите во внатрешноста. Наместо да ги достави на увид имињата и платните списоци на вработените, како што вчера вети Министерот, се обидува да ја оправда бројката од 60 нови вработени со соопштение. Во него сепак потврдува дека лани биле вработени нови 29 луѓе, главно во инспекциските служби, Дирекцијата за храна и Бирото за лекови. Десет од нив биле со договор на дело, што во моментот е најзабранета категорија вработувања. Плата примале преку авторска агенција, а пари се одвојувале од сопствени средства на дирекцијата и инспекциите во Министерството. Добро упатени извори за А1 потврдуваат дека овој број од 29 вработени е двапати поголем, нема нова систематизација и дека најголем дел од нововработените не знаат што всушност треба да работат. Од Министерството не одговорија дали меѓу нив има деца на пратеници, како и братот на висок службеник во СЗО и на шефицата на кабинетот на Димов. Упатените коментираат, наместо парите од регистрација на лекови, увозно извозни дозволи, отворањето на ординации и аптеки да се искористат таму каде што е неопходно, тие одат за нивните плати. Со овие пари може да се покријат месечните примања и материјалните трошоци во два здравствени домови. За нив немало оглас и ниту еден не полагал стручен испит за државни службеници. Оттука е нејасно зошто трудовата инспекција досега не реагирала. Фрапантен е податокот и за нови вработувања во болниците во внатрешноста во време кога со рационализацијата околу 1.000 вработени остануваат технолошки вишок. Наместо овој вишок медицинари да се префрлат од здравствените домови во болниците, каде има испразнети места со природен одлив, Министерството со дозвола од финансии таму вработува нови луѓе. Останува нејасно дали со вакво спроведување на реформи Македонија ги лаже ММФ и Светска банка.
lav
quote:
Originally posted by Makedon
Менче Атанасова Точи Фрапантен е податокот и за нови вработувања во болниците во внатрешноста во време кога со рационализацијата околу 1.000 вработени остануваат технолошки вишок. Наместо овој вишок медицинари да се префрлат од здравствените домови во болниците, каде има испразнети места со природен одлив, Министерството со дозвола од финансии таму вработува нови луѓе. Останува нејасно дали со вакво спроведување на реформи Македонија ги лаже ММФ и Светска банка.
Јасно им е и тоа многу одамна , со кого и какви се лујџе си имаат работа...мислам на странците. Затоа и толку удирање по раменици..на кого стасаат , разбира се.
intel Ја читам темава..како ирц канал на дпмне е.. Лав, и да знаеш дека им е јасно кој е кој;-)
lav
quote:
Originally posted by intel
Ја читам темава..како ирц канал на дпмне е.. Лав, и да знаеш дека им е јасно кој е кој;-)
А јас пак мислев дека е обратно...мислам на комуњарски форум со „антикомуњарски„ чиновници.... пс Немој после некој тука да каже нешто и против газдата..оти Јас се оградувам од тоа ...нели?
nukleus Министерот за здравство г. Владо Димов изјавува дека ќе се применуваат "упатства за лекување" на болните во државните клиники и ќе се скратува позитивната листа со лекови (можеби затоа веќе се намалени количествата на некои лекови од таа листа во аптеките), со цел трошоците за лекување да бидат во рамките на можностите на здравството!!! Онака надмено отприлика така рече министерот, оставајќи ги граѓаните на Република Македонија во страв да се прашуваат што ги снашло! Стравот е видлив особено кај постарите луѓе, како најголеми потрошувачи на лекови, а повеќето од нив се пензионери. Медиумите известуваат, дека тоа фамозно "упатство за лекување" е позајмено од Финска, каде се користело во примарното здравство. Но министерот тврди, кај нас може да се користи насекаде! Зачудува ваквото тврдење, бидејќи и специјалистите од Клиниката не се согласуваат со таков начин на лекување! И прашуваат како е можно "упатство за лекување" наменето за примарно здравство, да се користи и при специјалистички лекувања, ако се знае да секој пациент е засебен случај!
nukleus Tmurnoto nebo nad Helsinki(Finska) navestuvashe naporen den koga se upativme vo bliskata primarna zdravstvena organizacija kade trebashe lekar da ja pregleda malata Makedonka rodena tamu i so uredno plateno zdravstveno osiguruvanje za sprecuvanje na simptomite od gripot koj beshe laicki ocigleden. Visokata temeratura kaj deteto od okulu 40 stepeni ne ni dade prioritet pred 20tinata pacienti koj mirno si cekaa vo cekalnata nameneta za toa i so brojcinja vo racete.Golgotata traeshe priblizno 8 casovi neprekinato i makotrpno cekanje pri shto deteto zapadna skoro vo besoznanie.Na kraj koga dojde redot za vlez kaj doktorot koj beshe od Iran i mnogu malku razbirashe Finski a ushte pomalku Angliski edvaj se razbravme shto se slucuva.Takov e modelot na primarnoto zdravstvo vo Finska iskazano so ovoj mal licen primer shto go izbra nasheto ministerstvo za zdravstvo.Znaci poln pogodok kako so prst vo "izmet" od strana na Vlado Dimov.