Uspesen VMROvski proekt: DOJRAN
Uspesen VMROvski proekt: DOJRAN
Makedon Рибарите се враќаат на Дојранското Езеро Сузана Тасева 15.01.2006 Се враќаат рибарите со своите кораби на езерото, а со нив и животот во Дојран. Оливер Николиќ е меѓу најмладите рибари, за кого работниот ден почнува уште в зори и повеќе е во вода отколку на копно. Со останатите 30-тина рибари постојано се покрај обновените рибарски колиби и мандри, бидејќи зголемените потреби од риба деновиве мора да бидат задоволени. „Црвеноперка, кострек, белвица, крап имаме, ама најмногу црвеноперката ја имаме и белвица“, изјави Оливер Николиќ, рибар. За разлика од старите добри времиња, кога дневно од Дојранското Езеро се вадел и до еден тон риба, сега уловот е значително намален. Во минатите години во овој период од годината црвеноперката во Дојранското Езеро ја имало повеќе. Годинава, како што велат дојранските рибари, уловот е намален поради променливото време. Но, дојранските рибари и со ваков улов се задоволни, особено што риболовот во ѓољот, како што го нарекуваат езерото, поради изборот на нов концесионер, се враќа по двегодишна пауза. „Откога ја земавме концесијата, веќе два месеци, се е организирано, сите рибари се вратени на работа, 35-36 рибари има, така да се лови интензивно. Риба има, не е тоа што се очекува, но ги задоволува нашите потреби“, рече Ѓорѓи Убчев, концесионер на Дојранското Езеро. Уловот на риба во овој период од годината е наменет за домашниот пазар. „Дојран, Гевгелија, Струмица, Штип, Прилеп, значи Македонија“, додаде Убчев. Со полнењето на езерото се враќаат и птиците помошници на рибарите, кои ја бркаат рибата во ловиштата, но знаат да бидат и нивни ортаци, кои дневно можат да изедат и до пет килограми риба. Големи штети на рибниот фонд во Дојранското Езеро, додека беше без стопан, му нанесоа рибокрадците. Тие се очекува да бидат ублажени со извршеното порибување од три тони крап.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Без политички призвук темава не би била за форумов политика. А ако ги споредиме водоснабдувањето на Дојранското Езеро и кандидатскиот статус без датум, можам само да кажам дека ако не добиеше вода Дојранското Езеро уште некоја година, еколошката катастрофа веројатно ќе беше непоправлива. А дали ќе станеме членка на ЕУ зависи и од тоа дали и СДСМ и ДУИ нема да крадат на следните избори.
Крадењето е апсолвирано и постојат соодветни методи з анивно спречување....АМА за ЛАЖЕЊЕТО е тоа е несопирливо...нели??? Што ако сега им ветат на своите гласачи ПО ДВАЈЦА ДЕКА ЌЕ ВРАБОТАТ ОД СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО???? Тоа е барем 1.300.000, нови работни места ???!!!! Ќе мора да увезуваме најверојатно (од аљбанија и косово) нова работна снага
NACIONALIST
quote:
Originally posted by lav Крадењето е апсолвирано и постојат соодветни методи з анивно спречување....АМА за ЛАЖЕЊЕТО е тоа е несопирливо...нели??? Што ако сега им ветат на своите гласачи ПО ДВАЈЦА ДЕКА ЌЕ ВРАБОТАТ ОД СЕКОЕ СЕМЕЈСТВО???? Тоа е барем 1.300.000, нови работни места ???!!!! Ќе мора да увезуваме најверојатно (од аљбанија и косово) нова работна снага
hi hi hi abe kolega, nemoj tolku mnogu, poleka za da ne gi boli
Strelec
quote:
Originally posted by трендафил
Без политички призвук темава не би била за форумов политика.
1. Насловот на овој подфорум е "Macedonia - News and Political talks", а не "Macedonia - Political talks"! 2. Ако навистина се отвореше дискусија за Дојран, а не за тоа која партија е заслужна, ќе можевме да започнеме еден убав муабет и немаше да се спомне невработеноста и кандидатскиот статус на Македонија... Сега ќе следуваат постови за бугарскиот карактер на ДПМНЕ и така до недоглед... А вака што се случува? Се отвара пост за Дојран и Дојран до крај веќе нема да се спомне ниту еднаш! 3. Бидејќи партиите ги поврзувате со се’ што се прави во државата, со секојдневието и со целокупниот процес на живеење, е затоа државата ќе биде на тоа дереџе а СДСМ и ДПМНЕ ќе се менуваат и ќе се натпреваруваат која од нив повеќе ќе му го збибери на народот... btw, се извинувам за изразот, ама на поадекватен не ми текнуваше!
lav edited by admin -> dokolku imash zabeleshki za rabotata na administratorite ili moderatorite, ima poseben podforum za toa! Немам ...и затоа текстот не требаше да биде (се надевам) однесен таму? Или е можеби избришан!!!! Ништо лошо не напишав , освен за ПРИНЦИПИТЕ на овој Форум....нели?
трендафил Бидејќи еден од луѓето што ја креира политиката на форумов напиша дека успешен СДСМовски проект е кандидатскиот статус (без датум), јас само споредив што би се случило со Дојранското Езеро доколку водоснабдувањето би се направило со иста таква успешност. Се надевам дека успешноста на враќањето на уставното име за два месеца (уште еден успешен проект на СДСМ) нема да се повтори и со кандидатскиот статус. Би посакал влезот во Европа да биде побрз од потполното полнење на Дојранското Езеро (до прелевање низ каналот). Но за жал мислам дека повголеми се шансите времето да го споредуваме со двата месеца по глигоровјански календар.
NACIONALIST
quote:
Originally posted by intel
uspesen sdsmovski proekt
abe brat! jas mislam deka ti se proklamiras kako ne partiski oboena licnost, a sto treba da znaci sega ova?
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Бидејќи еден од луѓето што ја креира политиката на форумов напиша дека успешен СДСМовски проект е кандидатскиот статус (без датум), јас само споредив што би се случило со Дојранското Езеро доколку водоснабдувањето би се направило со иста таква успешност. Се надевам дека успешноста на враќањето на уставното име за два месеца (уште еден успешен проект на СДСМ) нема да се повтори и со кандидатскиот статус. Би посакал влезот во Европа да биде побрз од потполното полнење на Дојранското Езеро (до прелевање низ каналот). Но за жал мислам дека повголеми се шансите времето да го споредуваме со двата месеца по глигоровјански календар.
Жити бога ДОСТА ...со тоа (ако случајно мислиш) на Димовска...нели??? ДОСТА (му е лек) со споменување на нивните „успеси„ ...се редум редум МАКЕДОНСКИ (како држава) НЕУСПЕСИ. ПИХ ПИХ и едно голем ПИХ РРРРРРРРРРРРК , разбира се...нели?
Strelec Tolku za Dojran!:)
intel uspesen sdsmovski proekt http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=12695&whichpage=1
Strelec Auuu!:))) Makedon... Shto ubavo kje beshe ako staveshe naslov na topikov: Рибарите се враќаат на Дојранското Езеро ...namesto da mu davash politichki prizvuk na sekoe neshto vo Makedonija!?
трендафил Без политички призвук темава не би била за форумов политика. А ако ги споредиме водоснабдувањето на Дојранското Езеро и кандидатскиот статус без датум, можам само да кажам дека ако не добиеше вода Дојранското Езеро уште некоја година, еколошката катастрофа веројатно ќе беше непоправлива. А дали ќе станеме членка на ЕУ зависи и од тоа дали и СДСМ и ДУИ нема да крадат на следните избори.
lav
quote:
Originally posted by Strelec
Tolku za Dojran!:)
Али не и за сдсм-офки разбира се Дојранчанки...нели? Пошто ете и самиот кажа дека можам да скокам од текма на тема...задржувајќи ја основната нишка на темата.
tomislav1978 Za kogo treba da glasame sea..za VMRO NP ili VMRO MNM???