И повторно .за ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК !
И повторно .за ИЗБИРАЧКИОТ СПИСОК !
lav За да конечно не се повторуваат вакви работи еднаш МОРА ДА СЕ НАПРАВИ СПИСОК КОЈ е СЕКОМУ и СЕКОЈПАТ НА WEB страна ДОСТАПЕН. НАДЛЕЖНИТЕ во демир капиЈа СЕ ПРАВДААТ Штитениците по грешка на избирачки список?! Уфрлувањето штитеници од Специјалниот завод во Демир Капија во изборните списоци, надлежните институции вчера го објаснија како "случајна грешка". Министерството за правда го правело списокот според податоците од личните документи, а МВР објаснува дека грешните информации им ги дал "некој од вработените во Заводот". Случајот со четворицата штитеници, кои се најдоа на избирачкиот список на фиктивни адреси, беше случајно откриен од локалниот разгранок на ВМРО-ДПМНЕ. Тие, проверувајќи ги избирачките списоци, забележале дека на иста адреса, покрај семејството што живее таму, се запишани и други лица. - Некој од вработените, кој ги давал податоците при подготвувањето на личните карти и пасошите за штитениците, најверојатно згрешил при соопштувањето на точната адреса на Заводот. Затоа адресите во некои документи се совпаѓаат со адреси на приватни куќи - вели началникот на неготинската полиција Новит Кузмановски. Одговорните во Заводот велат дека личните документи за штитениците ги извадиле за да учествуваат на Специјалната олимпијада и на други меѓународни манифестации. - Ни порано, ни сега, ни во иднина нема да се манипулира со нашите штитеници. Напротив, ќе се ангажираме за доброто на овие луѓе - вели Љуба Тегова, в.д. директорка на Заводот. Партиите и вчера меѓусебно се обвинуваа за случајот. ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека нема минимум етика и човечност. - Случајна грешка - е само лош изговор. Како можело МВР ноншалантно на сите штитеници да им издаде лични карти и пасоши со фиктивни живеалишта. Манипулацијата е очигледна - велат во општинскиот комитет на партијата. Во СДСМ два дена не сакаа да го коментираат случајот, а потоа излегоа со контраобвинување дека повеќето штитеници биле уфрлени во списокот уште во 2000 година, кога на власт беше ВМРО-ДПМНЕ. - Ние не ги обвинувавме за тоа. Не сакавме штитениците да ги вклучуваме во кампањи и да ги користиме во дневнополитички игри, како што правеше нашиот противник - вели претседателот на Општинската организација на СДСМ, Киро Глигоров. Според него, одговорен за штитениците во Заводот е активист на опозициската коалиција. Види и овде: [url]http://www.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2960&stID=71074&pdate=20060113[/url] [url]http://www.dnevnik.com.mk/default.aspx?pbroj=2914&stID=67404&pdate=20051117[/url]
vancom18 ocigledno sdsm sozdava teren za falsifikat
трендафил Тогашната власт можеби била одговорна за списоците заклучно со 15 септември 2002. Но после тоа на три пати (на претседателските избори, референдумот и локалните избори) списоците се чистени. Можеби ова е добар знак, доколку власта не сака повеќе да ги злоупотребува гласовите на „лудите“ како што народно се викаат штитениците на заводот во Демир Капија. Или можеби има доволно луди како замена што се надвор од ѕидовите на лудниците.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
Тогашната власт можеби била одговорна за списоците заклучно со 15 септември 2002. Но после тоа на три пати (на претседателските избори, референдумот и локалните избори) списоците се чистени. Можеби ова е добар знак, доколку власта не сака повеќе да ги злоупотребува гласовите на „лудите“ како што народно се викаат штитениците на заводот во Демир Капија. Или можеби има доволно луди како замена што се надвор од ѕидовите на лудниците.
Ова е ептен провокативно за мене тврдење но без ете додатни објаснувања е (барем за мене) неупотребливо) нели???
NACIONALIST bucko ne se otkazuva taka lesno od falsifikat,toj ke ja zrtvuva i evropa, samo da ostani na vlast, ali ovoj pat ne ke mu uspee MNOGU SME
lav
quote:
Originally posted by NACIONALIST
bucko ne se otkazuva taka lesno od falsifikat,toj ke ja zrtvuva i evropa, samo da ostani na vlast, ali ovoj pat ne ke mu uspee MNOGU SME
Од твоја уста во Божји уши...Амин.
lav Темава е „жешка„ и полека се поттурнува во невидливите....а кога ќе дојде време сите ќе викаат: КАДЕ СЕ тие околу 200.000. МРТВИ ДУШИ , а кои гласаат (секојпат) за сдсм?
intel Gr(u)evchinja!!!!
NACIONALIST MNOGU SME, ne ke ima samna za falsifikat, a ako se odluci da posegne po necesni raboti e togas ke mu se sluci NAROD, slicno na ROMANSKO SCENARIO.
intel Auuu, nacionalist pak li? :))))))
трендафил За волја на вистината дека и со вакви какви што се закон за избори и изборен список може да се организираат фер и демократски избори покажуваат изборите на 15 септември 2002 година. А ако некој сака да ги украде изборите и е на власт, многу тешко некој може да го спречи во тоа. Но затоа после изборите има различни сценарија. Не само падот на Чаушеску. Можеби поверојатно е сценариото со падот на Слободан Милошевиќ. Затоа што во Хаг може да замине и Владо Бучковски, затоа што таму се води случајот Љуботен со можност за проширување на обвиненијата, а окулу Љуботен имаше повеќе војска отколку полиција. Иако таму немаше воено злосторство. Најголемиот број убиени се припадници на УЧК, а колатералната штета е минимална. Што не е случај на пример со киднапираните и ликвидирани цивили Македонци. Што дава можност и најродениот коалиционен парнер Ахмети да заврши како Милошевиќ? Останува да видиме како ќе реагира меѓународната заедница на евентуална повторна изборна кражба, затоа што нас очигледно како народ не не бива да се избориме за чесна власт.
lav
quote:
Originally posted by трендафил
За волја на вистината дека и со вакви какви што се закон за избори и изборен список може да се организираат фер и демократски избори покажуваат изборите на 15 септември 2002 година. А ако некој сака да ги украде изборите и е на власт, многу тешко некој може да го спречи во тоа. Но затоа после изборите има различни сценарија. Не само падот на Чаушеску. Можеби поверојатно е сценариото со падот на Слободан Милошевиќ. Затоа што во Хаг може да замине и Владо Бучковски, затоа што таму се води случајот Љуботен со можност за проширување на обвиненијата, а окулу Љуботен имаше повеќе војска отколку полиција. Иако таму немаше воено злосторство. Најголемиот број убиени се припадници на УЧК, а колатералната штета е минимална. Што не е случај на пример со киднапираните и ликвидирани цивили Македонци. Што дава можност и најродениот коалиционен парнер Ахмети да заврши како Милошевиќ? Останува да видиме како ќе реагира меѓународната заедница на евентуална повторна изборна кражба, затоа што нас очигледно како народ не не бива да се избориме за чесна власт.
Според последнава анкета на ИРИ Институтот за рејтингот на партиите во Македонија покажува чудна (за мене) математика. Збирот на процентот на т.н. албански партии , значително го надминува нивниот % на застапеност како малцинство односно заедница (како милуваат да се нарекува..нели)во вкупниот број на население а „докажано„ и со „резултатите„ од ПОПИСОТ спроведен со пари и контролиран од ЕУ...според нивна методологија. Или некој не говори вистина или јас не се разбирам во (таква) математика...нели?.
tomislav1978
quote:
Originally posted by NACIONALIST
MNOGU SME, ne ke ima samna za falsifikat, a ako se odluci da posegne po necesni raboti e togas ke mu se sluci NAROD, slicno na ROMANSKO SCENARIO.
Abe naci ova tvoevo Romansko Scnenario stana legenda..Romania us malce u EU a ti use so tvoite scenaria..Uste 4 godini ke si cutite u opozicija
lav Кој ќе биде во опозиција...за тоа ќе кажат гласачите македонски ....и ако има сеуште слепи ....и „бројачите„ , разбира се на „гласови„...добиени од извиканиот и (најверојатно) преполн со мртви души Избирачки СПИСОК. пс Според метологијата во светот призната и позната...земја со 2 милиони народ НЕ МОЖЕ да има околу 1.800.000 гласачи со право на глас.
tomislav1978
quote:
Originally posted by lav
Кој ќе биде во опозиција...за тоа ќе кажат гласачите македонски ....и ако има сеуште слепи ....и „бројачите„ , разбира се на „гласови„...добиени од извиканиот и (најверојатно) преполн со мртви души Избирачки СПИСОК. пс Според метологијата во светот призната и позната...земја со 2 милиони народ НЕ МОЖЕ да има околу 1.800.000 гласачи со право на глас.
Taka e Lav, ke kazat glasacite, koi ne veruvam deka ke ja povtorat greskata od 1998. p.s. kolku glasaci so pravo na glas ima vo Makedonija spored "metologijata" tvoja Razbira Se?
lav
quote:
Originally posted by tomislav1978
quote:
Originally posted by lav
Кој ќе биде во опозиција...за тоа ќе кажат гласачите македонски ....и ако има сеуште слепи ....и „бројачите„ , разбира се на „гласови„...добиени од извиканиот и (најверојатно) преполн со мртви души Избирачки СПИСОК. пс Според метологијата во светот призната и позната...земја со 2 милиони народ НЕ МОЖЕ да има околу 1.800.000 гласачи со право на глас.
Taka e Lav, ke kazat glasacite, koi ne veruvam deka ke ja povtorat greskata od 1998. p.s. kolku glasaci so pravo na glas ima vo Makedonija spored "metologijata" tvoja Razbira Se?
Според некои вообичаени стандарди...тоа се 65-70% од со ПОПИС утврдениот број на граѓани на некоја држава. Секако има и исклучоци...но не ги земам во предвид само затоа што не сме како држави кои се со многудетни семејства...каде бројот на потесното семејство е поголемо од билокој едноцифрен број. Значи според мои пресметки ...кај нас би требало да се приближно околу 1,300.000 до 1.350.000 гласачи. Нелегитимни со престој качаци , мртви луѓе и деца , тука не сум ги вброил....нели? И јас се надевам оти грешката од 2002 година ..мислам на црниот 15-ти Септември , дека нема да се повтори...нели? пс Како што коментираше неодамна еден мој сосоед земјоделец-пензионер : ДА НЕ ПРАИМЕ ОД ГОТОВО ВЕРЕСИЈА повеќе. Се надевам оти и другите гласачи истото го мислат...инаку зашто има (и ннајверојатно ќе има) оволку бунтови во оваа од Бога дали благословена (некои велат и) проколната земја Македонска?.