Koja e Mara Buneva?? |
dejan |
http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=22467
|
Makelaino |
She is a real Macedonian unlike you and your Jew administrator.
In 1925 she killed your Serbian grandfather. |
Jakov |
Mara buneva, Dejane bila makedonski terorist od prvata polovina na 20ot vek. utepala eden nebiten srpski oficer vo Skopje, posle sto srpskata vlast vo Makedonija samo uste poveke go zasilila terorot vrz nedolznoto makedonsko naselenie,pod izgovor deka site Makedonci se na strana na teroristickata VMRO.
Mara Buneva denes e sinonim i simbol na zaostanati, recidivi od minatot. Na luge i strukturi koi seuste sonuvaat za nekakvi koreni na makedonskata nacija i za nekakvi panihidi na golemite blgari koi zivotot go dale za Makedonija.
Nisto bitno.
Inaku cisto kolku da se znae, moram da istaknam deka krsenjeto na spomen obelezja na bilo kogo pa i na Mara Buneva vo Skopje e najobicen vandalizam i dokaz na nasata netolerantnost nekultura i frustraciite na odredeni krugovi vo MK koi svojata omraza kon rabotie nemozat da ja drzat pod kontrola.
|
dejan |
Interesno! fala Jakov:) |
Makedon |
Imase statija za Mara Buneva od nejziniot vnuk Spase Suplinovski, mislam bese vo Dnevnik.
Toj javno kaza deka Mara bila bugarski spiun vo Makedonija, taa, zaedno so eden nejzin brat bile Vrhovisti, a drugiot nejzin brat Srboman i POLKOVNIK vo Srpskata vosjka- Bunevic, cii potomci sega se 'veliki srbi' vo Beograd, a pak nivnite bratucedi vo Kanada, od bratot bugarash na Mara, se najgoLJAmi blgari.
So eden zbor, Bunevi se prodavale za pari, koj ke im dade poveke, so nego se! Taka ednite stanale Srbi, drugite Bugari, ama onie fals Srbi i Bugari, kako mnogute srbomani od skopska crna gora i KU. |
dejan |
Nekoj mi kazha deka tie vo Skopska Crna Gora se Srbi?? |
tomislav1978 |
I sto ako bila bugarka??? |
Makedon |
Спасе Шуплиновски - Панихиди
Вистината за атентаторката
Во неделата се одржа панихида за Мара Бунева, атентаторка. Мермерна плоча со нејзиното име осамна на Кејот "13 Ноември" во Скопје и се одржа славје во Домот на АРМ. Министерот за внатрешни работи упати поздравна телеграма до учесниците, со што случувањето доби државно покритие.
Која беше Мара Бунева?
Пред 74 години, на 13 јануари 1928 година во Скопје, таа го уби српскиот полициски началник Велимир Прелиќ, кој ја откри бугарската разузнавачка мрежа Македонска младинска тајна револуционерна организација (ММТРО), организирана во 1926 година официјално од ВМРО (Врховистичка), т.е. од бугарскиот пунктов полициски началник Иван - Ванчо Михајлов. Разузнавачкиот карактер на ММТРО го признава и Коста Црнушанов, еден од четворицата нејзини челници ("Петар" за Скопскиот округ). Во неа беа опфатени 190 луѓе, главно студенти, од кои 20 беа осудени со казна затвор, а повеќето во 1941 година станаа бугарски окупаторски функционери. Тие што не се најдоа в затвор, по атентатот беа ликвидирани по кратка постапка, како и други 300 Македонци убиени за одмазда во таа 1928 година.
Можеби одмаздата за атентатот немаше да биде толку жестока, ако три месеци не му претходеше друг, од исти нарачатели. На 5 октомври 1927 година во Штип беше убиен српскиот генерал Михајло Ковачевиќ. По налог на Иван-Ванчо Михајлов, него го убија Илија Лилинков, Ипокрит Развигоров и Благој Кралев. Тогаш српската војска и жандармерија се одмаздуваа врз селаните од источна Македонија со оружени акции и тивки ликвидирања на осомничени. Во тие години, по кабинетска одлука во Софија, беше извршен и неуспешен атентат врз началникот во Министерството за внатрешни работи во Белград, Животин - Жика Лазиќ.
Мара Бунева беше тетка на мојата баба Паља, ќерка на Милја Топоркова, и изворно сум чул нешто повеќе за неа. Таа е ќерка на Никола Бунев и Ана Топоркова од Тетово и имаше двајца браќа и три сестри. Братот Борис Бунев беше бугарски офицер (потполковник), а Василије Буневиќ српски офицер (капетан). На нивната прва средба, во Белград во 1942 година по зборовите "Васо, брате", Василије му ја тресна вратата на својот брат Борис со одговор: "Јас немам брат!" Мара Бунева во 1927 година живееше во семејството на мојата баба на сегашната улица "Ѓуро Ѓоновиќ" (ул. 39) бр. 38 на местото на зградата на Народната банка токму на средината спрема Вардар. Оттаму и излегла да го изврши атентатот. Таа по роднинска препорака стигнала да работи во домот на Валимир Прелиќ, каде што шиела завеси, кошули, постелнина и друго и станала не само домашна, туку и интимна пријателка со српскиот полициски началник. Оттука е и леснотијата со која му пришла и го убила, спроти пречекот на Стара нова година.
Неа, без елементи за идентификација, во повеќе наврати ја барала српската полиција. Биле правени блокади и претреси куќа по куќа на Маџир Маало и Ново Маало. Командантот на српската жандармерија Арнаудовиќ, во времето на тие блокади, доаѓал во куќата број 38 и таму пиел кафе со Мара Бунева. "Тука е негде, точно знаеме, имаме известие од Софија" - велел. Тој, исто како Велимир Прелиќ, и бил повеќе од пријател на Мара. Таа била убава 27-годишна жена, без никаков белег на лицето, како што некои кажуваат, и секогаш со кратка коса. Живеела во посебна соба на кат и се занимавала со шиење, одејќи по куќи кај богати граѓани. Омилена песна и била "Јорданка ми се љуљаше среде море на два кајака". Со себе секогаш носела кибритено кутивче во кое имало отров. Во една пригода и паднало кутивчето од балконот и таа по колена пребарувала, велејќи "да не го најдат децата". Тоа укажува на класичен пример на подготвен шпион и терорист. Револверот го чувала под душекот и на него беше утврден отпечаток од втиснување. Притаена, таа чекала наредба, а кога ја добила, со плачење излегла, рекла "можеби повеќе нема да се видиме", се завртела неколкупати со насолзени очи и заминала по кејот.
Од семејните кажувања и од кажувањата на нејзиниот брат Борис Бунев, за атентатот врз Велимир Прелиќ било одлучувано со влечење ждрепка. Му паднало на Борис Бунев да го изврши убиството, но Мара направила сестринска жртва - крвнина. Самата се нафатила да го спаси брата си со женски мотив: таа иако мажена (за бугарски офицер), не можела да има рожба и не гледала смисла во животот како нероткиња... Тврдела дека полесно од брата си ќе стигне до целта и, со својата женска податливост, навистина го сторила тоа. Освен крвнина за брата си, нема семејни сознанија за друго. Ако мотивот за атентатот беше ѕверства врз Македонци, нив ги правеше и нејзиниот маж во Пиринска Македонија, можеби попрво требаше него да го убие... Таа почина од отровот во кибритеното кутивче, а не од друго и е тајно погребана од полицијата во Скопје.
Мара Бунева и нејзините браќа Борис и Василије ја споделуваат судбината на Македонецот: каде што се нашле да се ангажираат и - да бидат изманипулирани за туѓи цели, да се откажува брат од брата и да гине сестра за брат. Во случајов, нејзиниот наредбодавец Иван-Ванчо Михајлов.
Зошто во ова време-невреме се чепка по незарастени национални рани и по хорор-порнографијата на нашето минато? Зарем немаме вистински херои на националната кауза за инспирација и за херојски дела?
(АВТОРОТ Е НОВИНАР) |
mbepir |
sega ke banirame!!!!nema bugari....nema problem:) |
Jakov |
quote: Originally posted by mbepir
sega ke banirame!!!!nema bugari....nema problem:)
Ne ne banirame Bugari. Koga nekoj se stava na ban ne mu se gleda nacionalnosta nego se banira zasto gi prekrsuva pravilata na VM. |
toni_a |
quote: Originally posted by Makedon
Спасе Шуплиновски - Панихиди
Вистината за атентаторката
Мара Бунева во 1927 година живееше во семејството на мојата баба на сегашната улица "Ѓуро Ѓоновиќ" (ул. 39) бр. 38 на местото на зградата на Народната банка токму на средината спрема Вардар.
ova ne sum go znael!!!
komshivka na baba mi!!! |
jingibi |
Зошто во ова време-невреме се чепка по незарастени национални рани и по хорор-порнографијата на нашето минато? Зарем немаме вистински херои на националната кауза за инспирација и за херојски дела?
Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.
-Инаку, самиот чин на Мара Бунева не е спорен. Големо дело е да се изврши атентат врз чиновник на окупаторски систем. Тоа кај македонскиот народ предизвикало задоволство затоа што е убиен човек кој бил синоним на системот што го тероризирал нашиот народ.... |
fio |
quote: Originally posted by Jakov
Mara buneva, Dejane bila makedonski terorist od prvata polovina na 20ot vek. utepala eden nebiten srpski oficer vo Skopje, posle sto srpskata vlast vo Makedonija samo uste poveke go zasilila terorot vrz nedolznoto makedonsko naselenie,pod izgovor deka site Makedonci se na strana na teroristickata VMRO.
Mara Buneva denes e sinonim i simbol na zaostanati, recidivi od minatot. Na luge i strukturi koi seuste sonuvaat za nekakvi koreni na makedonskata nacija i za nekakvi panihidi na golemite blgari koi zivotot go dale za Makedonija.
Nisto bitno.
Inaku cisto kolku da se znae, moram da istaknam deka krsenjeto na spomen obelezja na bilo kogo pa i na Mara Buneva vo Skopje e najobicen vandalizam i dokaz na nasata netolerantnost nekultura i frustraciite na odredeni krugovi vo MK koi svojata omraza kon rabotie nemozat da ja drzat pod kontrola.
Според интервјуто што го даде Мара Бунева за Фокус минатата година, таа била Македонка која се борела за припојување на Македонија кон татковината Бугарија |
Jakov |
quote: Originally posted by fio
quote: Originally posted by Jakov
Mara buneva, Dejane bila makedonski terorist od prvata polovina na 20ot vek. utepala eden nebiten srpski oficer vo Skopje, posle sto srpskata vlast vo Makedonija samo uste poveke go zasilila terorot vrz nedolznoto makedonsko naselenie,pod izgovor deka site Makedonci se na strana na teroristickata VMRO.
Mara Buneva denes e sinonim i simbol na zaostanati, recidivi od minatot. Na luge i strukturi koi seuste sonuvaat za nekakvi koreni na makedonskata nacija i za nekakvi panihidi na golemite blgari koi zivotot go dale za Makedonija.
Nisto bitno.
Inaku cisto kolku da se znae, moram da istaknam deka krsenjeto na spomen obelezja na bilo kogo pa i na Mara Buneva vo Skopje e najobicen vandalizam i dokaz na nasata netolerantnost nekultura i frustraciite na odredeni krugovi vo MK koi svojata omraza kon rabotie nemozat da ja drzat pod kontrola.
Според интервјуто што го даде Мара Бунева за Фокус минатата година, таа била Македонка која се борела за припојување на Македонија кон татковината Бугарија
Lani dala intervju za Fokus???? |
toni_a |
Jakov,taka e! praev muabet so baba mi.redovno na kafe se gledale so baba Mara. |