КНИЖОВНИЦИТЕ ОД MAKEДOHИJA
КНИЖОВНИЦИТЕ ОД MAKEДOHИJA
mopo-R КНИЖОВНИЦИТЕ ОД MAKEДOHИJA ОТВОРЕНО ГО ДЕМОНСТРИРААТ СВОЕТО БОЛГАРСКО САМОСОЗНАНИЕ Паисиј ја нарекува својата историја - "Историја Славјаноболгарска". Во неа тој јасно и определено ги сврзува појмите род-народ-татковина-учење-обичај со јазик, како составува цела национална програма. Кон тоа Рајко Жинзифов покасно ги додава верата и народноста. Во книжевниците од Македонија се создава традиција за етничко именување на јазикот, на кој тие пишуваат. Јоаким Крчовски издава „Повест ради страшнаго и втораго пришествие Христова, собрана од различних светих писаниња и преведена на простејши јазик Болгарски!" (во Будин град, 1814) и „Чудеса пресветија Богородици, преведени од книга „Амортолон Сотириа на болгарски јазик" (во Будин град, 1817). Тетовскиот (од с. Теарце) монах Кирил Пејчиновиќ го нарекува трудот си „Книга сија зовомија Огледало, описана ради потреби и ползованија препростеjшим и некнижним јазиком Болгарским Долнаја Миссии" (во Будин град, 1816). Тука треба да се однесат уште книгите на: граматистот од Банско - Неофит Рилски „Болгарска граматика" (Крагуевац, 1835), ..Новы завет, новопреведенны; от славенскаго на Болгарской Азыкъ"; на солунчанецот Павел Божигробски „Евангелие (типосано на Богарскої език со гръцки букви)", (Солун, 1852); на свештеникот од Скопско Натанаил Зографски „Буквар славеноболгарски" (Букурешт, 1865 г.). Охриѓанецот К. Шапкарев го напишува „Български буквар..."(1868 г.), „Голема Българска читанка" (1868 г.), „Сборник от Български народни умотворения" (1891 -1894 г.).
westgoti [img]http://www.geocities.com/mac_truth/snimki/miladinovi-title.jpg[/img] Vistynata za ova kniga!!!!
Jakov можеш да ни ја објасниш малку повеќе сликава. Од каде е зошто е кој ја направил? тнх
westgoti The Macedoniaian forgeries a countless and shameliess. The Miladinov Brothers The two Miladinov Brothers Dimitar and Konstantin were famous Bulgarian nationalists who lived during the 19th century. Their main contribution to the Bulgarian national revival was the book "Bulgarian Folk Songs", which they published in 1863 in Zagreb. The title of this book is a big thorn in the heel of the contemporary Macedoniaian ("macedonian") historians who resort to the most disgusting falsifications to conceal and deny the fact that the Miladinovs were passionate Bulgarian patriots
Vasilije Состојбата на првокласната пропаганда, која ни ја нуди Македон Српскиот пропагатор [обвиение!Деградирачко обвинение!], Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците*, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор [е сега му го вративме угледот со титулата,иако не се цитира титула, дури така и да ја ставил на книгата,што не случај!] Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). *Подолг коментар:Цвијић навистина афирмира српски ставови,бидејќи едно население од Сев.Вард. Македонија прогласува за српско,додека сите други словенофони ги означува со технички термин "Македонски Словени"-а практично сите други српски публицисти во однос на ова прашање,пропагираат Срби до Солун-Места и Искра.Значи,ако тој веќе бил пропагатор, тогаш тој бил најмал пропагатор и по вид и по опус, бидејќи само во неколку реченици ја преповтара теѕата многу подоцна во „Балканско Полуострово„.Таа идеја „за Македонски Словени„, како иѕраз итн. многу брзо се проби до вонбалканската публицистиката,како термин.Дури подоцна, во СФРЈ и ретко на некои други места идејата дека славофоните во Македонија имале не само свест дека не припаѓаат кон Србите и кон Бугарите,туку и дека тоа се должи на нивното Македонство кое било потиснато од страна. Со еден ѕбор, Цвијиќ бил индиректно афирматорна Македонците,а несоомнено според оддекот на неговата идеја и помогнал да се појави свест и изгради идеја за посебен македонски народ во делата на некои академски дејатели... Кога ќе се сумира се, еден фактор во создавањето на Македонството, кое те постави во перспектива да негираш се друго, е токму делото на Цвијиќ. Неси ти ни примирисал кон книгата во оригинал.Ова ти го кажувам бидејќи истата има неколку верзии кои можат да се разберат поинаку,па пред него што почнеш да ѕборуваш за идеите на Цвииќ,би требало и да го имаш тоа во ум.Да не зборуваме за другите документи кои ги цитираш (од типот,малку да преувеличам: Field Report of the British Navy Provisonal Unit: Observations by Coll.Willson,INM6532424a/d45 on affairs in Salonika and surrounding areas during a 1922 docking of HRM's Destroyer "Nelson",Archive of MW/LT(Dat.1922/09/11),121/Fasc.8/P.17).Мислам кого делкаш во (не)здрав мозок?Не е ни на Нет,значи си рекомплирал малку ОЦР материјал (во кој се осеќаат Апостолски/Ристевски/Катарджиев/Донски...) и си создал нешто "свое" на начин кој одава идеја дека се работи за оригинален труд.........куку....
Makedon По укинувањето на Охридската Архиепископија во 1767 г. настануваат големи денационализирачки процеси кои го зафаќаат македонскиот народ. Сите верски објекти, кои воедно имале и едукативен карактер, потпаѓаат под јуриздикција на Цариградската Патријаршија, раководена од Ромеи-хеленофони. Тогаш започнува елинската пропаганда, која ние по грешка ја нарекуваме грчка (византиска), учејки ги Македонците дела се Елини. За жал, единствена културно-просветна дејност во тоа време, па се до крајот на 19 век, постоела само по црквите и манастирите. Ромеите- Грците, секој кој зборел словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајки од 11 век, заменувајќи го терминот словен, со бугар (Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот" стр. 39). Најверојатно, терминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Босанци, Срби, Црногорци, итн. Византија ги сместува заедно, во тема Воулгариа, а како Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот бугар го заменил зборот словен. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975, str. 84). Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936). Во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја, селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“; се’ градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: str. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугар немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот „Грк“, а граѓанската носија за него беше „грчка носија...Нашиот селанец, кога ќе речеше „ние сме Бугари“, мислеше „ние сме христијани“, т.е. православни. Рускиот цар беше за него „бугарски цар“ не по народност, ами по православно христијанство.....“(А. Т. Балан, Една македонска теория, Периодическо списание LXV, 1904, стр.818). Според најновиот „Речник на современиот елински јазик“, зборот бугар - воулгар, на елински, означува простак („Речник на современиот елински јазик“, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.). Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). И во сама Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите на племињата Милинги и Езерци. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church). Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин: “Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко.. Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“ 1903 ). За жал, неколку пати во својот живот, Крсте П. Мисирков од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од самата бугарска држава. Во едни такви услови, кога Македонците учеле грчки училишта и кога се словенско’ било нарекувано бугарско, за нашите предци од 19 век словенското значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски. Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор Пърличев, Автобиография). За него и Србите се Бугари т.е. Словени; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска. Никола Попфилипов, македонски учител вели дека бугарскиот јазик е општ балкански јазик (вестник "Maкедонiя" Цариград, 6. Април, 1868 г.). Старословенскиот т.е. црковнословенскиот од целата светска историографија се нарекува словенски јазик, а воедно и сите средновековни македонски автори, македонските средновековни житија, целата средновековна книжнина тој јазик исклучиво го нарекуваат словенски и како таков се нарекува до ден денешен. Но, учејќи по грчки училишта, каде називот словенско е заменет со бугарско, Кузман Шапкарев во своите дела истакнува: „ги преведоа (Св. Кирил и Меродиј) на бугарски најнужните книги од светото Писмо...кога двајцата свети браќа отидоа во Рим да се залагаат во светото седиште за бугарскиот превод на светото Писмо...Св. Климент едни ги учел да читаат и пишуваат бугарски...Св. Климент ја измислил црковно-бугарската азбука тнр. кирилица...Св. Климент е прв бугарски епископ во Охрид (Извор: Кузман Шапкарев, „Голема бугарска читанка“, 1868 г., стр. 96, 97). За Шапкарев, Словените се античките Македонци, а Бугарите (мисли на словените) се дојденци од Волга, од Русија и дека Македонците се исто со силните “браќа”, Русите. За разлика од Бугарите, каде поимот Бугар почнал да означувало националност кон крајот на 19 век, кај македонците поимот Бугар означува Словен. Еден Бугарин, во весникот „Македонија“ од 15.06.1868 г. за велешките учители пишува дека за нив „српски или бугарски е едно исто“, но дека тоа е „погрешно мислење“. И навистина, многу од нашите учители биле неуки, не знаеле ни името да си го напишат, а самиот Прличев вели дека учел историја во дуќанот на некој си Ангел Групчев (Григор Пърличев, Автобиография). Бугарите, Јордан Хаџи-Константинов Џинот го прават чист блгарин, но тој во својата наставна програма, користел и српски наставни книги како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. Кунчов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.). За Никола Прванов, бугарски пишувач на книги, бугарскиот јазик е општословенски па вели „да ги спречиме македонските браќа да го користат налинот на кој Србите ги изговараат БУГАРСКИТЕ зборови...да не го акцентираат првиот слог“ („Читалиште“бр. 6, 1875 г.). Според цитатот на Прванов, тој смета дека и Србите говорат бугарски (мислејќи на словенски) и употребуваат „бугарски“ зборови. Овдека ќе презентирам и каква историја се изучувала во тоа време. За Паисиј Хилендерски, кого бугарите го сметаат за првиот бугарски историчар, Бугарите биле чисти Словени и сите јужни Словени се Бугари, па вели: „од Балтичкото море, кај Брандибур, најпрво емигрирале Бугарите, а оние кои останале таму, се нарекуваат Словени (Славянобългарска история- „За славянските учители“, Паисий Хилендарски, а762 г.). Читателот веднаш ќе свати дека за Паисиј, сите западни Словени се Словени, а сите оние кои емигрирале (најверојатно мисли на јужни и источни Словени) се Бугари! Во бугарските преписи од 20 век на историјата на Паисиј, се наоѓа и наслов за Србите, како посебен народ, но, имајќи искуство со бугарската историографија на „прилагодување“ на историјата за проповедање бугарштина, не е чудно ако овој наслов е додаден по 1898 г. за прв пат оваа историја е објавена во Бугарија; едноставо, не е можно да се пишува дека сите Словени кои емигрирале од прататковината се Бугари, а само Србите да не се. Денеска, бугарската пропаганда за да натури бугарски карактер на пиринските Македонци, тврди дека Паисиј е по потекло од Банско, иако по јазикот на пишувањето се докажува дека е од Софиско, поправо од Кралев Дол, каде што во почетокот на 20 век се уште жувее неговата фамилија ( "Отец Паисий Хилендарски е родом в с. Кралевдол (Софийско)" , Веле Кралевски, в. "Независимост" (броя от 15.Х.1923 г.) / "Нещо за езика на Паисиевата история", Иван П. Кепов в кратката си статия в сп. "Родна реч" (1931/32 г., кн. II)). Читателот, само може да си замисли до каде иде бугарската пропагандна машинерија. Современикот на Паисиј Хилендарски, отец Спиридон Габровски, во 1792 г. ја пишува „Историјата на бугарските народи“, за кого сите јужнословенски народи се Бугари, и Србите и Македонците- Словените. Во неговата кратка историја тој вели: „Болгарите ги завладеале Тракија, Македонија, Далмација, Белото Море и Рим...Илирите се нарекуваат Болгари...од Болгарите произлегоа Србите..., а од кога Александар ја зеде целата илирска војска да го бие светот...од тогаш Болгарите почнаа да се нарекуваат Словени и Македонци (Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском, превод М. Г. Минчев (c), ред. П. Тотев, худ. доц. Ив. Кънчев (c), предп. инж. Д. Кънев, печ. УИ "В. Априлов" - Габрово, ИК "Луна", 2000 г. ; - Спиридон Иеросхимонах, История во кратце о болгарском народе славенском 1792, пр.Б. Христова, проф. Б. Райков, БАК при НБ "Св. Кирил и Методи", И "ГАЛ-ИКО", София, 1992 г.). Пак имаме доказ дека “Бугар” во тоа време значело Словен, а тогашните „Бугари“, себеси се сметале за чисти Словени, ист народ и со Србите, и со Македонците и со Илирите (најверојанто Хрватите, Црногорците и Словенците). Денеска, бугарската историографија сака да ги прикаже македонските преродбеници како национално свесни Бугари, што е чиста глупост. Бугарската пропагандна машинерија, ни прикажува само по некoлку зборчиња од нашите преродбеници каде стои „Бугари„ или „бугарски јазик“, но не целата содржина, плашејќи се да не се открие вистината, дека бугарско значело словенско. Македонските преродбеници се сметале за директни потомци на античките Македонци, со македонска народна свест и тоа јавно го објавувале. За Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Македонците од 19 век потекнуваат од античките Македонци и нивната култура, од Пеонците, па дури и од античките митолошки народи како Мирмидонците, а сите тие биле чисти Бугари т.е. Словени („Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859, „Цариградски весник“. бр. 211 од 05.02.1855 г.). И за Ѓеорѓија Пулески античките Македонци се чисти Словени (Славјано-Македонска општа Историја, Софија 1893 г.). Познатиот македонски ушебникар за основните училишта во Македонија, Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува дека античките Македонци не ги голтнала земјата, туку дека се чисти Словени: „...Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари ... оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги голтне.“ (в. Македонiя од 16.02.1871). Во својата „Кратка свјаштена историја за училиштата по Македонија (на македонско наречје)“, печатена „Во печатницата на Македонија“, Цариград 1867 г., пишува: „П.[Прашање] Кои се оние Бугари (Словени), што се крстија во почетокот на први век после Рождество Христово? Од. [Одговор] Тие се Бугарите што живеат во Македонија П. Од кого се покрстени тие? О. Од Апостол Павле, кој најнапред проповедал во Филипи и Солун... Апостол Павле ги покрстил прво античките Македонци во Филипи, а сето тоа е многу убаво објаснето во Библијата. Димитар Македонски сосема е сигурен во своето потекло- дека е ист со првите Христијани, крстени од Апостол Павле, а тоа се античките Македонци, кои според него се чисти Бугари (Словени). Факт е, дека сите оние македонски преродбеници кои го користат бугарското име како словенско се школувани по грчките училишта. Сите тие прво биле гркофили, за дури при крајот на својот живот да сватат дека се Словени (они го користат терминот Бугари), што потврдува дека дома, од нивните родители, дедовци не биле воспитувани дека се бугари, туку напротив. Димитар Миладинов се школувал во Јанина, каде мнозинско население е влашкото, кое сите словенски народи ги нарекува со едно име- Бугари (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). По оформувањето на бугарската Егзархија и нејзината пропаганда во Македонија од 1871 г., која сакал да го наметне бугарското име како национално на Македонците, почнува реакција на Македонците и одбивање на бугарското име. Македонците почнуваат да го користат правото и старото име за Словени- Словени и се запознаваат со вистинското значење на зборот Бугари- Татари . Само по една година делување бугарската Егзархија во Македонија, представникот на бугарскиот Егзарх во Македонија, бугаринот Петко Славејков во весникот „Македонија“ од Истанбул пишува: „македонските браќа...од македонистите сме слушнале многупати дека тие не се Бугари, но Македонци, потомци на античките Македонци... се сметаат за посебни од Бугарите...дека се чисти Словени, а Бугарите се Татари и што уште не....(P.R. Slaveykov, "Makedonskij V'pros" (The Macedonian Question ), in "Makedonija" (Istambul), January 18, 1871). Славејков, во свој извештај за состојбите во Македонија од февруари 1874 г. до бугарскиот егзарх рапортира дека во разговор со македонските патриоти, забележал дека имаат прецизна мисла „Македонците не се Бугари“...и без оглед на цената сакаат да имаат своја сопствена црква. Тие имаат помош во нивниот сепаратизам од високи свештеници од Константинопол, пред се Натаниел Охридски, Панариот Пловдиски и Архимандритор Харитон Карпузов; во борците за возобнување на македонска независна црква, Славејков ги вбројува и Кузман Шапкарев, Димитар Македонски, отец Зверклиј Зогрљафски и отец Петар Димитров. Понатаму, Славејков зборува за за унијатењето на македонските црковни општини со Ватикан, само за да се ослободат од бугарската Егзархија или како што вели Славејков: „никој не бара вистинска унија со Римокатоличката Црква. Едноставно, тоа е средство за обновата на Охридската Архиепископија”; представникот на бугарската Егзархија во Македонија, известува дека македонското свештенство избрало и свои Митрополити на независната македонска црква, и тоа: отец Харитон за Митрополит Серски и Мегленски, отец Козма Пречистенски за Дебарски Митрополит, Отец Панариот за Пелагонски Митрополит, отец Нил Извороз за Солунски, Кукушки и Воденски Митрополит, отец Доротеј за Скопски Митрополит, отец Дионисиј за Архимандрит на струмичката епархија. Веќе претходно имало и унијатство со Ватикан на Македонците од Кукуш, Воден, Струмица и Малешево...(Dve pisma na P. R. Slaveykov za makedonizmot. - Razgledi XIV, 5(1972), p.561-566). Ѓорѓи Пулески (1838-1894), во 1875 г. во својот речник на македонски-турски-арнаутски, дава дефиниција за македонска нација, па вели: „Народ се велат луѓе кои имаат исто потекло и зборуваат ист јазик, кои живеат и се дружат меѓу себе и кои имаат исти обичаи и песни и прослави, тие луѓе се нарекуваат народ, а местото каде што живеат татковина на тој народ. Така, Македонците се народ (нација), а татковината им е Македонија (Пулески, „Резник од три језика, стр. 49, Белград 1875). Тој е исклучително интелегентен човек, самоук, не учел училиште, ни грчко, ни бугарско, ни српско; затоа, тој го пренесувал она што го слушал од своите домашни, од својот народ, дека се Македонци и секогаш се сметал за потомок на античките Македонци. Воедно, Пулески е и прв македонски историчар, со својата голема историја на македонскиот народ од 1660 стр., каде ја опфаќа историјата на Македонија од античко доба, па се до 19 век, а покрај секој историски податок го има дадено користениот извор. За Пулески, Мијак е кратка форма за Македонец и тие биле гардејците на Александар Македонски, додека Брсјаците биле неговата брза коњаница. Кога човек подобро ќе се продума, Мијаците најверојатно се дојдени од егејскиот дел на Македонија, од територијата меѓу Солун и Негуш, за што сведочат истите топоними во тој дел на Македонија и Мијачијата- с. Битуше, Маврово, Галичник (р. Галик во егејска Македонија) и како Мијаци го користеле своето национално име во Илирик. Во Македонци, Пулески ги вбројува и црните и белите шопи и сите останати македонски словенски племиња. За преселбата на словените од зад Дунав вели, дека тоа се избегани Македонци, после Римско-Македонские војни и тие луѓе се враќале само на своите огништа (Славјано-Македонска општа историја, Софија 1893 г.). Во 1880 г. Пулески ја објавува и првата граматика на македонскиот јазик „Слогница речоска“, а во ракопис му остана обемната граматика „Јазичница“. Бугарската историографија, на Пулески му наметнува дека потпаднал под српска пропаганда, па затоа станал „македонист“, што е еден голем абсурд. Пулески никогаш не се школувал во Србија, ниту живеел таму, ами се борел за слободата на Бугарија со своја чета и живее од 1878 г. во Софија се до својата смрт, 1894 г. Кон македонските преродбеници ќе го придадам и Димитар Поп Георгиев Беровски ( 1840-1907 ), истакнат македонски револуционер. Тој е образуван човек, посетувал духовно училиште во Одеса, Русија. Раководел со Разловечкото и Кресненското востание, за ослободување од Османлиското ропство и познат е неговиот “Устав на Македонскиот Револуционерен Комитет“ на Кресненското востание. По уставот, во востанието можел да учествува секој кој се чувствува за Македонец (член 2), за ослободување на Македонија (член 4). Ова востание избувнува во источна Македонија, Малешевијата, на границата со права Бугарија, токму во периодот на формирање на бугарската држава 1878 г.. Македонската национална идеја е присутна: ослободување на цела Македонија и формирање една држава; востанието требало да се прошири во сите делови на Македонија (Член 125), а биле формирани чети во Костур, Тетово, Скопје, Горна Џумаја, Велешките области (Член 130); што е ова, ако не веќе оформен народ, кој се сметал за едно исто, без разлика дали потекнува од источна, западна, јужна или северна Македонија? Во член 15 од уставот се спомнуваат и националностите во Македонија: христијани и муслимани Македонци, Турци, Албанци, Власи и сите останати...; за бугарите се вели дека се само словенски браќа, чл. 186, но биле непријателски настроени кон востанието, член 132 (1878, Private library of the Bulgarian patriarch Kiril. Archive division. Item 2341. Archive unit 50, folio 30-61). Македонска родољубива интелигенција во Русија, собрана е во петроградската македонска колонија, која го издава списанието "Македонски глас", раководен од Димитрија Чуповски (роден во с. Папрадиште, велешко). За уредниците на "Македонски глас", Македонците не се ниту Срби, ниту Бугари, ниту Грци,...туку посебна нација, Славо-Македонци (From the article " K makedonskomu narodu" (To the Macedonian Nation), whose author wrote under a pseudonym ,Upravda", published in the journal .,Makedonskij gobs" - Organ storonnikov nezavisimoj Makedonii" (a Russian title which translates as "The Macedonian Voice - Organ of the Defenders of a Free Macedonia"), I, No.2, St. Peterburg, June 27, 1913, p.26). Не можејќи како да оправда постоење на македонска национална свест во 19 и 20 век, бугарската пропагандна машинерија, секој национален свесен Македонец од спомнатиот период го нарекува „србоман“, вклучувајки го и Чуповски, Пулевски, Мисирков итн. Но, самите бугарски пропагатори си се вплеткуваат во мрежата од своите лаги, бидеќи колку се остри македонските национални дејци од 19/20 век против бугарската пропаганда, толку се остри и се борат против српската пропаганда. Доволно е да се отвори само некој број од "Македонски глас", да се видат десетиците статии против српскиот режим во Македонија, да се прочита „За Македонцките Работи„ каде Мисирков говори за српскиот национализам и шовинизам. Со ова, паѓаат во вода бугарските квазитеории дека македонскиот народ почнал да се чувствува како македонски од 1944 г., напротив корените на македонштината се многувековни.
jingibi Independent Point of View European ethnographs and linguists until the Congress of Berlin usually regarded the language of the Slavic population of Macedonia as Bulgarian. French scholars Ami Bou#233; in 1840 and Guillaume Lejean in 1861, Germans August Heinrich Rudolf Griesebach in 1841, J. Hahn in 1858 and 1863, August Heinrich Petermann in 1869 and Heinrich Kiepert in 1876, Slovak Pavel Jozef Safarik in 1842 and the Czechs J. Erben in 1868 and F. Brodaska in 1869, Englishmen James Wyld in 1877 and Georgina Muir Mackenzie and Adeline Paulina Irby in 1863, Serbians Davidovitch in 1848, Constant Desjardins in 1853 and Stefan I. Verkovi#263; in 1860, Russians Viktor I. Grigorovi#269; in 1848, Vinkenty Makushev and M.F. Mirkovitch in 1867, as well as Austrian Karl Sax in 1878 published ethnography or linguistic books, or travel notes, which defined the Slavic population of Macedonia as Bulgarian. Austrian doctor Josef M#252;ller published travel notes in 1844 where he regarded the Slavic population of Macedonia as Serbian. The region was further identified as predominantly Greek by French F. Bianconi in 1877 and by Englishman Edward Stanford in 1877. He maintained that the urban population of Macedonia was entirely Greek, whereas the peasantry was of mixed, Bulgarian-Greek origin and had Greek consciousness but had not yet mastered the Greek language. The predominant view of a Bulgarian character of the Slavs in Macedonia was reflected in the borders of future autonomous Bulgaria as drawn by the Constantinople Conference in 1876 and by the Treaty of San Stefano in 1878. Bulgaria according to the Constantinople Conference included present-day Vardar and Pirin Macedonia and excluded the predominantly “patriarchist” southern Macedonia. The Treaty of San Stefano, which reflected the maximum desired by Russian expansionist policy, gave Bulgaria the whole of Macedonia except Thessaloniki, the Chalcidice peninsula and the valley of the Aliakmon.
Christian
quote:
European ethnographs and linguists until the Congress of Berlin usually regarded the language of the Slavic population of Macedonia as Bulgarian.
stom toklu znaes za makedonija,iako ne e tvoja drzava,odgovori na slednovo prasanje pa poveke ke se diskutira so tebe vo idnina. 'Stom se veli deka slovenite se doselile na balkanov okolu 5-6 vek togas vo koj vek se preselile persijcite vo oblasta na denesna hrvatska i zosto tie zboruvaat "slovensi" jazik a upotrebuvaat latinicno pismo a ne kirilica?
jingibi Името хрвати, како и срби и бугари некои сметат дека са ирански. Името руси е викингско, а името френци - германско. Има и други несоответствиа, името романци на државата от 19 век означува антички римлjанци, а името македонци на државата от 20 век - антички македони. Името австриjци означува източни лjуде, а името украинци - лjуде от покраjнината. Това се ЕТНОНИМИ и не покажуват потекло. Словенски зборуват МЕДИТЕРАНИТЕ бугари и македонци и НОРДИЧЕСКИТЕ полjаци и белоруси, а арабски црните негроидни мавританци и jеменци и по светлите ЕВРОПЕИДНИ сириjци и ливанци. Това са ЕЗИЦИ и покажуват културна зависимос, а не происход. Христиени са словеноговорештите срби, а муслимани словеноговорештите босненци, христиени са половината арабоговорешти ливанци, а останалите ливанци са муслимани. Това е за РЕЛИГИАТА и религиозното влиjание. Генетичките и крвни разлики помегьу турци, грци, бугари, романци и срби са минимални и това е ВИСТИНСКОТО КРВНО ПОТЕКЛО, а маркерите велат општо за КЕЛТСКО потекло. Хрватите и словенците са словени кои користат латиница, а монголците и узбеките примерно користат кирилица. Романците до 18 век са користеле кирилица, а турците до 20 век - арабско писмо. Националната самосвест на немскоговорештите германци, австриjци и шваjцерци е различна и е продукт на комплексни фактори, а романоговорештите валонци и германоговорештите фламандци се имат за белгиjци. СИТЕ ТИА НЕШТА СА РАЗЛИЧНИ И НЕМАТ ПРЕКА ВРСКА ЕДНО СО ДРУГО.
mbepir ЈОАКИМ КРЧОВСКИ Од село Осломеј, Кичевско. Народен будител. Автор на четири книги, напишани на „прост јазик Болгарски" ... Роден околу 1750 година, а умира во 1820. Целиот си живот го посветува на просветата. Во историјата останува, како човек кој работел за еден книжовен јазик кoj да е разбирлив за обичното население. Книгите му се печатани меѓу 1814 и 1819 година 1814 година: „Повест ради страшнаго и Втораго пришествия Христова, собраная от раэличних светих писаниях и преведена на простейший язик Болгарски ползвания ради простейших человеков и некнижних". 1817 година: „МИТАРСТВА". Уште во заглавната страница големиот просветител ги посочува македонските градови кои го подпомогнале издавањето на книгата: „Кратово, Крива Паланка, Сечишта, Штип и прочих градов Болгарских". 1817 година: „Чудеса пресвятия Богородици преведена от Арматолон Сотирмя на Болгарски язик".
Makedon Abe Bugari, razbirate li Makedonski? I Grci, i Vlasi, i Anglichani site velat deka vo 19 vek poimot Bugar se upotrebuval namesto terminot Sloven. I site toa go velat, a Vie uporno davate sliki so knigi na nekolku makedonci koi upotrebile "bugarski jazik", kako da ste retardirani i pokraj toa sto 101 pat postirav sto znacelo poimot BUGAR! Ajde kako ke go demantirate Grcite deka site Sloveni gi narekuvale Bugari, kako ke go demantirate Misirkov, kako ke go demantirate Friedman??????? Koj ste vie dembeli edni samo koricite da ni gi pokazuvate, NO NE I VNATRE SODRZINATA? Zosto ne psotirate sto napisal Kuzman Sapkarev deka Sv. Kilil, Metodij, Kliment, Naum i neivite ucenici koi otisle po site bugarski (slovenski) zemji, da gi ucat na bugarski (slovenski) i bugarite Moravci i bugarite Rusi??? Sto ne pokazete AvtoBiografijata na Prlicev kade veli deka i Srbite se Bugari? Mnogu ste mizerni, ne za djabe BUGARIN znaci I PROSTAK! Ромеите- Грците, секој кој зборел словенски го нарекувале Воулгар, а јазикот вулгарски, почнувајки од 11 век, заменувајќи го терминот словен, со бугар (Стилпон Курјакидис кој во книгата „Северните етнолошки граници на хеленизмот" стр. 39). Најверојатно, терминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Босанци, Срби, Црногорци, итн. Византија ги сместува заедно, во тема Воулгариа, а како Византијците луѓето ги разликувале по територијалната, а не етничката припадност, зборот бугар го заменил зборот словен. Османлиите, ја имаат наследено византиската традиција на поимот бугар, па сите словени во Османлиското Царство ги нарекувале Бугари (Friedman 1975, str. 84). Најдобар пример ќе дадам со Босанците; во 16 век, ерменецот Симеон Лехаци патува низ Турција, азијска и европска; посетувајќи ја Босна, вели дека сите луѓе таму се Бугари и зборат „болгарски“, а нивните села ги нарекува „болгарски села“ (Симеон Лехаци, Путевые заметки, хроника и памятные записи; изучил и опубликовал Нерсес Акинян, Вена, 1936). Во 19 век, во Отоманската Империја, поимот Бугар означувал проста раја, селани, додека сите граѓани се декларирале како „Грци“, се градско били „грчко“, градската облека била „грчка“, а селската „бугарска“ (Wilkinson 1951: str. 149). Самите Бугари велат дека поимот Бугар немал национално значење: „Во турско време бугарскиот селанец ги означуваше Бугарите од градовите со зборот „Грк“, а граѓанската носија за него беше „грчка носија...Нашиот селанец, кога ќе речеше „ние сме Бугари“, мислеше „ние сме христијани“, т.е. православни. Рускиот цар беше за него „бугарски цар“ не по народност, ами по православно христијанство.....“(А. Т. Балан, Една македонска теория, Периодическо списание LXV, 1904, стр.818). Според најновиот „Речник на современиот елински јазик“, зборот бугар - воулгар, на елински, означува простак („Речник на современиот елински јазик“, Г. Бабиниотис, Атина, 1998 г.). Така, грците почнале да го користат терминот Бугар за секој кој зборел словенски. Српскиот академик, Петар Драгашевиќ, антимакедонски настроен, кон крајот на 19 век бил во Тесалија и Грција, при што вели: „грците ме нарекуваат Бугар, иако сум Србин од Србија...зборот бугар означува Словен“ (Petar Dragasevic “Makedonski Sloveni”, 1890 g., Beograd). Српскиот пропагатор, Цвијиќ, борецот за србизација на Македонците, бил меѓу егејските Македонци и во Грција, па за своите впечатоци, тој пишува: „гркиот селанец ги вика македонските Словени секогаш Бугари...кај Грците, името Бугарин означува исто што и Словен. Грците ги нарекуваат Бугари и Србите, ако не знаат дека се од Србија...Името Србин за грчкиот селанец е само политички поим...а Бугарин е етнографски поим...полухеленизираните македонски словени- Чифчии, пкмалку зборуваат грчки, себе се сметаат за Грци“ (Професор Јован Цвијић (1865-1927), рада "Македонски Словени, проматрања о етнографији македонских Словена", Књижара Геце Кона, Београду 1906. год.). И во сама Елада и Тесалија, имало голем број на словенско население, кое гркофоните го нарекувале Бугари. Во Грција никогаш не се населиле Бугари, нит пак Бугари ја владееле таа територија; во 7 век таму се забележани склавиниите на племињата Милингии и Езерци. За време на грчкото националослободително востание 1821-1829 г., се пеела една песна за премавнување на различностите на различните етноси кои ја населувале Елада во тоа време и создавање елинска нација : „Албанци, Власи, Бугари, луѓе кои говорите на други јазици, придружете се“ ( 1. Victoria Clark, Why Angels Fall. A journey through Orthodox Europe from Byzantium to Kosovo Macmillan: London, 2000 ISBN: 0 333 75185 X; 2. FATHER GREGORY TILLETT, The British Orthodox Church). Крсте Петков Мисирков го објаснува поимот Бугарин: “Грците исто така не разликуваа словенцките народности и сите словени...го велеа со презреното име „бугари". …Грците…употребуваа името бугарин за да воплотат во него своiето презреiн'е кон се словенцко.. Со името бугари не крстиiа грците и нас македонците. Но тоа прекрстуаiн'е не iет iединствено… ( “За Македонцките Работи”, Предгоор, София, Печатница на „Либералний Клубъ“ 1903 ). За жал, неколку пати во својот живот, Крсте П. Мисирков од страна на бугарската полиција, под закана за физичко ликвидирање, бил теран да потпишува статии со пробугарска позиција, претходно напишани од самата бугарска држава. Во едни такви услови, кога Македонците учеле грчки училиша и кога се словенско било нарекувано бугарско, за нашите предци од 19 век се словенско значело бугарско, секој кој говорел словенски говорел бугарски. Така и некои наши преродбеници, македонскиот народен јазик го нарекуваат бугарски, но не мислејќи на бугарски, каков што сега го знаеме, туку на словенски. Глигор Прличев во својата автобиографија пишува: „...бугарската азбука само на тројца им беше позната и се нарекуваше српска..“ (Григор Пърличев, Автобиография). За него бугарското значи словенско, а и Србите се Бугари т.е. Словени според Прличев; во тоа време, само Србите имаа реформирана и кодифицирана словенска азбука, па затоа и Прличев вели дека бугарската (словенската) азбука се нарекувала српска. Старословенскиот т.е. црковнословенскиот од целата светска историографија се нарекува словенски јазик, а воедно и сите средновековни македонски автори, македонските средновековни житија, целата средновековна книжнина тој јазик исклучиво го нарекуваат словенски и како таков се нарекува до ден денешен. Но, учејќи по грчки училишта, каде називот словенско е заменет со бугарско, Кузман Шапкарев во своите дела истакнува: „ги преведоа (Св. Кирил и Меродиј) на бугарски најнужните книги од светото Писмо...кога двајцата свети браќа отидоа во Рим да се залагаат во светото седиште за бугарскиот превод на светото Писмо...Св. Климент едни ги учел да читаат и пишуваат бугарски...Св. Климент ја измислил црковно-бугарската азбука тнр. кирилица...Св. Климент е прв бугарски епископ во Охрид (Извор: Кузман Шапкарев, „Голема бугарска читанка“, 1868 г., стр. 96, 97). За Шапкарев, Словените се античките Македонци, а Бугарите (мисли на словените) се дојденци од Волга, од Русија. За разлика од Бугарите, каде поимот Бугар поќнал да означувало националност кон крајот на 19 век, кај македонците поимот Бугар означува Словен. Еден Бугарин, во весникот „Македонија“ од 15.06.1868 г. за велешките учители пишува дека за нив „српски или бугарски е едно исто“, но дека тоа е „погрешно мислење“. И навистина, многу од нашите учители биле неуки, не знаеле ни името да си го напишат, а самиот Прличев вели дека учел историја во дуќанот на некој си Ангел Групчев (Григор Пърличев, Автобиография). Бугарите, Јордан Хаџи-Константинов Џинот го прават чист блгарин, но тој во својата наставна програма, покрај бугарски, користел и српски наставни книги како „Граматика Мразовиќа, Захариевиќа, Цветник Рајиќа“ (В. Кунов, „Град Скопие“, стр. 121, Софија 1898 г.). За Никола Прванов, бугарски пишувач на книги, бугарскиот јазик е општословенски па вели „да ги спречиме македонските браќа да го користат налинот на кој Србите ги изговараат БУГАРСКИТЕ зборови...да не го акцентираат првиот слог“ („Читалиште“бр. 6, 1875 г.). Според цитатот на Прванов, тој смета дека и Србите говорат бугарски (мислејќи на словенски) и употребуваат „бугарски“ зборови. Денеска, бугарската историографија сака да ги прикаже македонските преродбеници како национално свесни Бугари, што е листа глупост. Бугарската пропагандна машинерија, ни прикажува само по некoлку зборчиња од нашите преродбеници каде стои „Бугари„ или „бугарски јазик“, но не целата содржина, плашејќи се да се открие вистината, дека бугарско знашело словенско за дел од македонските преродбеници. Македонските преродбеници се сметале за директни потомци на античките Македонци, со македонска народна свест и тоа јавно го објавувале. За Јордан Хаџи-Константинов - Џинот, Македонците од 19 век потекнуваат од античките Македонци и нивната култура, од Пеонците, па дури и од античките митолошки народи како Мирмидонците, а сите тие биле чисти Бугари т.е. Словени („Цариградски весник“ бр. 458 од 21.11.1859, „Цариградски весник“. бр. 211 од 05.02.1855 г.). Познатиот македонски писател на учебници за основните училишта во Македонија, Димитар Македонски го гледа својот народ како антички Македонци, па во една своја статија пишува за античките Македонци: „И поднаучете си малку историја, или барем научете ги каракеристиките на историјата и ќе се уверите дека Македонците не се Цинцари, ниту друг некој народ, но чисти Бугари како вас; оттаму ќе научите дека Македонците не се изгубиле од лицето на земјата, како што си дозволуваат некои да кажуваат, затоа што, колку што ние знаеме, тие не згрешиле некогаш до толку, што, да зине земјата и да ги
Duhot na Vovata "Најверојатно, терминот бугар како синоним за словен се јавува поради тоа што од 1018 г., словенските народи Македонци, Босанци, Срби, Црногорци, итн." Cekaj sega, ne li Makedoncite bea anticki i ne bea slovenski narod?! Koe od dvete e? Ili e spored argumentot - ednas vaka drug pat onaka? Interesno skakane. Po objasnuvaneto na pimite i terminite se fakas ocaeno za mnogu slamki, ama toa ne menuva nisto - slamki se slamki. Ke ti kazan samo edno - Sto e bitno e kako samite Bugari se narekuvali sebe, a kako gi narekuvali tugite narodi e oblasta na slamata... :) Pozdrav!