Македониjа - тврдина на комунизмот во Европа? |
jingibi |
Реакција на македонските историчари за резолуцијата против комунизмот
Горан Момировски
19.01.2006
Да се осуди комунизмот, но јасно да се направи разлика меѓу комунистичката идеологија и оние кои во нејзино име правеле репресии.
Вака реагираат македонските историчари и пратеници на резолуцијата на Советот на Европа за формална осуда на комунистичките режими. Според нив, резолуцијата отвора и други прашања важни за македонската и светската историја.
Што да се прави со борците од НОБ, кои во име на таа идеологија се бореле за национално ослободување.
„Македонија, која ја доби државноста во време на комунизмот, да речеме на таа идеологија, каде што поголемиот број од раководниот кадар беа комунисти, ја извојуваа победата над фашизмот и сега во еден момент доаѓаме да ние овде ги осудиме“, изјави Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.
Нема оправдување за комунистичките репресии, но треба да се земе предвид дека во овој период се случиле важни настани за македонската државност, вели историчарот Виолета Ачкоска, која 20-тина години истражува на тема репресирани во комунизмот.
„Во таа комунистичка држава ние бевме слободни да патуваме во 186 земји. Значи, слободата на движење не ни беше ограничена, а сега јас се чувствувам како деградиран граѓанин со нарушени човекови права во една демократска Европа, бидејќи јас треба со денови да чекам редици, да молам за визи“, рече Виолета Ачкоска, универзитетски професор.
Нема вистинска почит кон жртвите на комунизмот кои се бореле за независност се додека во наставните програми по историја не се исправат сите историски факти, вели Ганка Самоилова Цветановска, член на македонската делегација во интерпарламентарното собрание на Советот на Европа.
„Во Македонија постојат жртви од комунистичкиот режим и до ден денеска, за жал, во Македонија не е признат тој факт како историски валиден“, смета Ганка Самоилова Цветановска, ВМРО-ДПМНЕ.
Во 1995-та Либералната партија предложила декларација за осуда на постапките на комунистичките раководства која била одбиена од СДСМ, вели членот на македонската делегација во Стразбур.
„Ние Македонците треба да ги раздвоиме работите, бидејќи КПМ има значајна улога во остварувањето на државноста на РМ“, изјави Зоран Крстевски, ЛП.
Нацрт-резолуцијата за осуда на комунистичките режими предложена од шведскиот парламентарец Гуран Линбладе на дневен ред на Советот на Европа ќе се најде наредната недела.
Телевизия А1
|
Pro Patria 2 |
quote: Originally posted by f9
Shto napravil komunizmot vo Makedonija...dovolno e da se vidat teshkotiite od tranzicijata i periodot koj trae predolgo pa da se zabelezhi goleminata na shtetite.
a si slusnal i deka Slovenija bese so nas vo ista drzava,pa ete 5 svetlosni godini se ponapred od nas.Decko ne jadi mnogu burek i ne zborvi za raboti so ne gi poznavas. |
f9 |
Pa vidi dali e ist politichko-ekonomskiot razvoj vo Slovenija i onoj vo Makedonija.Slovenija i Hrvatska se naogjaa vo popovolna situacija daleku pred osamostojuvanjet i toa pred se zaradi toa shto si go reshija energetskoto prashanje i nivnata industrija e so finalen karakter lesno prisposobliva na ekonomski promeni.Dali politichkiot sistem beshe ist,prividno da.Realno ne zatoa i kako shok im dojde na Makedoncite oddeluvanjeto na Slovenija.Vo Slovenija na pochetokot na osumdesettite imashe Nacistichka partija koja polujavno dejstvuvashe vo Ljubljana
organizirajki piknici na Brdoto bar dva pati godishno na koj prisustvuvaa poveke od 5000 luge i na koj jas bev ednash pokanet i ostanav vchudoneviden.Privatizaciite vo Slovenija i Hrvatska zapochnaa ushte od krajot na sedumdesettite godini.Toa bar sekoj serviser koj nabavuval delovi go znae. |
lav |
quote: Originally posted by jingibi
Реакција на македонските историчари за резолуцијата против комунизмот
Горан Момировски
19.01.2006
Да се осуди комунизмот, но јасно да се направи разлика меѓу комунистичката идеологија и оние кои во нејзино име правеле репресии. Вака реагираат македонските историчари и пратеници на резолуцијата на Советот на Европа за формална осуда на комунистичките режими. Според нив, резолуцијата отвора и други прашања важни за македонската и светската историја.
Што да се прави со борците од НОБ, кои во име на таа идеологија се бореле за национално ослободување. „Македонија, која ја доби државноста во време на комунизмот, да речеме на таа идеологија, каде што поголемиот број од раководниот кадар беа комунисти, ја извојуваа победата над фашизмот и сега во еден момент доаѓаме да ние овде ги осудиме“, изјави Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.
Нема оправдување за комунистичките репресии, но треба да се земе предвид дека во овој период се случиле важни настани за македонската државност, вели историчарот Виолета Ачкоска, која 20-тина години истражува на тема репресирани во комунизмот.
„Во таа комунистичка држава ние бевме слободни да патуваме во 186 земји. Значи, слободата на движење не ни беше ограничена, а сега јас се чувствувам како деградиран граѓанин со нарушени човекови права во една демократска Европа, бидејќи јас треба со денови да чекам редици, да молам за визи“, рече Виолета Ачкоска, универзитетски професор.
Нема вистинска почит кон жртвите на комунизмот кои се бореле за независност се додека во наставните програми по историја не се исправат сите историски факти, вели Ганка Самоилова Цветановска, член на македонската делегација во интерпарламентарното собрание на Советот на Европа.
„Во Македонија постојат жртви од комунистичкиот режим и до ден денеска, за жал, во Македонија не е признат тој факт како историски валиден“, смета Ганка Самоилова Цветановска, ВМРО-ДПМНЕ.
Во 1995-та Либералната партија предложила декларација за осуда на постапките на комунистичките раководства која била одбиена од СДСМ, вели членот на македонската делегација во Стразбур.
„Ние Македонците треба да ги раздвоиме работите, бидејќи КПМ има значајна улога во остварувањето на државноста на РМ“, изјави Зоран Крстевски, ЛП.
Нацрт-резолуцијата за осуда на комунистичките режими предложена од шведскиот парламентарец Гуран Линбладе на дневен ред на Советот на Европа ќе се најде наредната недела. Телевизия А1
Никој не сака да ја „отвара„ оваа рана на Македонскиот Народ и неговата дури и од Европејците забележана љубов кон комунизмот за кој и Јас давам придонес....
Овој како да ме читал некаде ...мислам на Европеецов кој предложил КОНЕЧНО да се открие и жигоса вистината заа тоталитарните цементирани идеологии во главите и на денс живата и витална популација....
DELENNDA COMUNISMUS |
трендафил |
Уште еден чуден начин на размислување. Ако Македонија ја вратила државноста на дел од територијата со комунизмот и комунистите, сме требале да мислиме дека комунизмот е добар. Што да прават тогаш најголемиот број земји кои форирале држава во феудализмот или постарите што станале држави уште во робовладетелското општество. Треба ли да патат по тие уредувања?
Иако морам да признаам дека во време на комунизмот живеевме подобро отколку земјите во околината, отколку ако со истите земји се споредиме сега во капитализмот. Но тоа не е заслуга на „црвените“ комунисти, туку на нивните во сино префарбани и прекрстени деца и внуци. Имотот на СКМ сега е имот на СДСМ (за поранешниот ЦК да стане влада СДСМ направи трампа со неконтаминирани имоти, од кои само еден е нивното сегашно седиште), а општествениот имот во најголем дел приватен имот на видни членови на „државотворната“ партија.
|
BorisVM |
Taka e. Dolu SDSM. :) Da zhivee Golema Bugarija, ovaj shto sakav da kazham, da zhivee VMRO dpmne. lol Kje me umrete vie dvajca od smeenje ej.
Vie koi doadjate ovde ostavete si gi site nadezhi, poshto koga se negira negativnoto se saka Golema Bugarija.
Ova treba na vicovi da odi. :) Ako bckate, bckajte malce podobro ne vaka apla. :) |
lav |
quote: Originally posted by BorisVM
Taka e. Dolu SDSM. :) Da zhivee Golema Bugarija, ovaj shto sakav da kazham, da zhivee VMRO dpmne. lol Kje me umrete vie dvajca od smeenje ej.
Vie koi doadjate ovde ostavete si gi site nadezhi, poshto koga se negira negativnoto se saka Golema Bugarija.
Ova treba na vicovi da odi. :) Ako bckate, bckajte malce podobro ne vaka apla. :)
З‘ш бе Боризе да те бцкамо тебе и останати со иста мисла апла туека , коа моемо ете директно да те бцнемо таму одкај не моеш да извадиш никаков одгоор на поставеното прашање и одгоор на Европа за комунизмот.
И од к‘ј излезе сеа Бугарија...мајкаму стара ...од кој џеб га извади...само да знаем?
Да не тије Србија помила од Бугарија...та не га спомињаш туека на Форумов?
Ех мој Тетоецу....свите са тија наши комшије ...а мије смо само Маќедонци и ништо појќе.
Со здаравје ...ако има време и могуќност да се видимо нек‘де у Тетоо ....мислим у некој кафиќ??? |
трендафил |
quote: Originally posted by BorisVM
Taka e. Dolu SDSM. :) Da zhivee Golema Bugarija, ovaj shto sakav da kazham, da zhivee VMRO dpmne. lol Kje me umrete vie dvajca od smeenje ej.
Vie koi doadjate ovde ostavete si gi site nadezhi, poshto koga se negira negativnoto se saka Golema Bugarija.
Ova treba na vicovi da odi. :) Ako bckate, bckajte malce podobro ne vaka apla. :)
Нема да напишам што мислам за вакви пишувања затоа што не сакам да Ви дадам шанса да бидам баниран, а да имате чиста совест. Иако најповеќе ме боли кога Македонец обвинува друг Македонец дека е бугарофил. Да напишеше вакво нешто некој Бугарин, ќе му напишев дека не можам да му помогнам затоа што не сум психијатар. Не е ли во прилог на Бугарија тврдењето дека само СДСМовци и ДУИџии не се бугарофили? Ако падот на СДСМ значеше Голема Бугарија, ќе ја имавме во 1998. Не е ли тврдењето дека треба да се поклонуваме на комунизмот потврда за непријателите на Македонија дека хрватот Тито (да не си хрватофил) е татко на македонската нација. Мене Тито сигурно не ми е татко, затоа што и татко ми и дедо ми и прадедо ми не биле хрвати по татко, а словенци по мајка и биле Македонци пред да знаат за Јосип Броз, за кого дознале откако Македонија била ослободена. И Бугарите и Германците и претходниците на Али Ахмети (балистите) кои татко ми ги прогонувал и по војната. Никогаш не сум ги сакал ( не сум ги ни мразел) Бугарите. Повеќе контакти сум имал со Бугарките, но мислам дека за тоа повеќе се заслужни Живков и Брежњев што ги уназадија, отколку Тито. За жал „државотворците“ изгледа ќе направат странци тоа истото да го прават со Македонките.
Во иднина ќе игнорирам вакви ниски провокации и им препорачувам на администраторите да го избришат ова мое јавување (но и поводот за него), за да не им приредуваме радост на непријателите на Македонија и Македонците.
|
lav |
quote: Originally posted by трендафил

А бе колега...веројатно сигурно не мислиш дека овие се дотаму....мислам на забегани-де !!!???? |

Trendafilche a voedno i Lavche poshto eden do drug sedite. Koga be zlatni jas sum ve baniral? :)
Jas baniram koga nekoj mi meshe semejstvo vo vakvi razgovori, a poshto do sega nitu eden od vas toa go nema napraveno zoshto da ve baniram? Nemoj te i vie taka, jas yes da sum clen na Komunistichkata Partija na Tunguzija, ama do tolku pa i nie ne sme ko Hitlerovata mladina da mu se nevidi. |
tomislav1978 |
quote: Originally posted by трендафил
Никогаш не сум ги сакал ( не сум ги ни мразел) Бугарите. Повеќе контакти сум имал со Бугарките,
bate si imame nie Makedonkite, so baras so Bugarkite..i odi na lekar testiraj se..mislam ova ozbilno..nikogas ne se znae |
vancom18 |
denes titulata "Stari" mu pripagja na brane
makedonija denes e pokomunisticka zemja otkolku vo jugoslavija |
jingibi |
РЕАКЦИИ НА РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА ОСУДА НА КОМУНИЗМОТ
Македонија ќе остане "комунистичко бастионче"
Христо Ивановски
Мислам дека Македонија ќе остане комунистичко бастионче, коментира Борис Поп-Ѓорчев, претседател на Одборот на семејствата на 53 затвореници стрелани без судење во Велес во 1945 година, на прашањето каде е нашата земја во нацрт-резолуцијата за осуда на комунизмот на Советот на Европа.
- Измина доволно време за да се дадат оценки и за македонскиот комунизам. Во Македонија тоа ќе е тешко бидејќи, на некој начин, таа остана комунистичко бастионче. За ова постојат историски причини и, секако, да не заборавиме на воениот, полицискиот, државниот апарат, за кои очекувам да пружат отпор - додава Поп-Ѓорчев.
Тој обрнува внимание на воениот комунизам во Македонија и неговите последици олицетворени во "црвениот терор", кој почна во 1944 година и траеше се до прогласувањето на независна Македонија.
Инаку, Европејците веќе ги вкрстија копјата за прашањето дали е потребно светот да ги осуди злосторствата извршени од името на комунизмот. Нацрт-резолуцијата ќе се разгледува на зимското заседание на парламентарното собрание на Советот на Европа, кое почна вчера во Стразбур, а својот глас веќе го кренаа комунистите во Шпанија, во Франција и во Русија. Тие сметаат дека комунистичката идеологија не смее да се осуди, меѓутоа поборниците на резолуцијата истакнуваат дека ќе им се суди на тоталитарниот комунизам и на злосторствата извршени од името на тој режим. Стоте милиони жртви во комунистичките земји не смеат да останат неказнети, велат поборниците на усвојувањето на документот.
Каде е Македонија во оваа резолуција, може ли да се пронајде себеси во тоталитарните режими?
- Сметам дека кај нас немаше тоталитаристички комунистички режим - вели Гавро Пановски, претседател на Сојузот на борците од НОБ на Македонија.
Тој не ја исклучува можноста некои проблеми да се решавале "пренагласено" по Титовото "не" и вели дека не постои држава што нема да се брани ако е нападната од некои сили. Но, тој истакнува дека е добро да се организираат тркалезни маси, трибини и јавни дебати за прашањето за резолуцијата.
- Блазе им на борците што умреа пред деведесеттите години на минатиот век, тие барем не ги гледаат овие работи што се случуваат - коментира Пановски.
Иако најголемите партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си оставија простор за анализа на предлог-резолуцијата, темата беше доволно провокативна за коментар од Здружението на прогонувани и политички затворани лица. Според нив, Европскиот парламент со предложената резолуција ги повикува бившите комунистички земји да ја преиспитаат историјата и јасно да се дистанцираат од сето тоа што го правеле тоталитарните комунистички режими и да ги осудат без каква била двосмисленост.
- Треба да им се оддаде почит на жртвите што загинале на каков било начин од тие режими - истакнуваат во ова здружение.
Со ова повторно се наметнува прашањето за национално помирување, прашање што континуирано се провлекува на различни нивоа од 1991 година досега. Секако, тој неопходен процес бара и отворање на архивите, кои сега се речиси недостапни. На пример, законски е предвидено документи што се чуваат во фиоки под печатот "строго доверливо" да бидат затворени 75 години.
- Одредени документи на УДБ, ОЗНА или на СВР се под многу строг режим. Не можеме да проникнеме во историјата и да судиме додека не ги отвориме тие досиеја - смета Борис Поп-Ѓорчев, новинар и публицист.
Вестник Дневник
|
трендафил |
quote: Originally posted by tomislav1978
quote: Originally posted by трендафил
Никогаш не сум ги сакал ( не сум ги ни мразел) Бугарите. Повеќе контакти сум имал со Бугарките,
bate si imame nie Makedonkite, so baras so Bugarkite..i odi na lekar testiraj se..mislam ova ozbilno..nikogas ne se znae
Јас сум повозрасен човек, па во времето кога сум контактирал со Бугарките немаше СИДА, ако мислиш на тоа. Иначе си имам Македонка.
Да се вратам на темава. Во Македонија иако некои луѓе се рехабилитирани, ниту власта (иако до скоро некои од наредбодавачите и егзекуторите беа живи) не повика на кривична одговорност за тортурата над нив или посегнувањето по нивните животи, ниту историчарите не ги запишаа во македонската историја со црни букви. Би ги спомнал Панко Брашнаров, Методи Андонов-Ченто, убиените велешани (не се сите стрелани, некои се убиени со удар на тврд предмет по главата), студентите во Струмица ...
|
Pro Patria 2 |
quote: Originally posted by трендафил
или постарите што станале држави уште во робовладетелското општество.
e aj kazi koi se tie drzavi[?] |
трендафил |
quote: Originally posted by Pro Patria 2
quote: Originally posted by трендафил
или постарите што станале држави уште во робовладетелското општество.
e aj kazi koi se tie drzavi[?]
На пример Македонија, иако ние изгледа сакаме да заборавиме што било пред појавата на социјалистичката идеја кај нас. Како остаток од претходниот режим. Затоа и не се прославуваат во ранг што го заслужуваат многу подолгите и на поголема територија од Илинденското, Карпушовото, Разловечкото и Кресненското востанија.
|
f9 |
Shto napravil komunizmot vo Makedonija...dovolno e da se vidat teshkotiite od tranzicijata i periodot koj trae predolgo pa da se zabelezhi goleminata na shtetite.Ovde moram da potenciram da ne se meshaat rabotite drzhava so sistem.Koj ja propushtil lekcijata za Asnom i Chento e negov problem.Tranzicijata vo Makedonija trae od 1963 godina a javno i vidlivo od 1981 godina koga zapochnaa prvite javni promeni.
Od prvata naftena kriza 1973 do 1981 Makedonija trosheshe krediti
i ne gi reshi osnovnite egzistencijalni i razvojno energetski prashanja-meshavina na Socijalizam i Kapitalizam.Od 1963 do 1973 masovna dislokacija na naselenieto so nebrojni shtetni posledici i denes-Skopjanizacija-Socijalistichki liberalizam.Od 1949 do 1963 beshe vistinskiot period na zlodelata na komunizmot od poshirok razmer,se razbira deka ova e periodot koj e vo kolektivna amnezija tochno zaradi opshtoto nasilstvo na partijata vrz gragjanite-kako reakcija na toa ke se pojavi liberalizmot.Znachi realno nie treba da go vidime bash ovoj period za da mozheme da go otcenime realno komunizmot kako sistem na vladeenje na edna partija.Site onie shto go branat "Komunizmot" stalno referiraat kon drugite razvojni periodi od postoenjeto na Makedonija,a site onie koj go napagjaat stalno go potenciraat ovoj period kako test matrica.
Zatoa i razgovorot se vodi kako megu gluvonemi i slepi. |
vancevtodor |
f9 veli:
quote: Za Hrvatska treba da go znaesh vlijanieto na nivnata dijaspora.Hrvatskata dijaspora e 5-6 pati pogolema od vkupniot broj na Hrvati vo Hrvatska.Taa dijaspora imash vovdeno specijalen danok so koj ja finansirashe Hrvatska.Postojat i mnogu drugi povolnosti kako shto e veroispovedta i nesebichnata pomosh od Germanija i Avstrija.
f9 i na Makedonija Germanija i Avstrija i ponudija pomos,uste vo februari 1991g vo Skopje stasa predsavnikot na Germanija G-din Miller......zosto Kiro Gligorov ne go primi nitu ednash....????,a prestojuvashe vo Makedonija celi shest meseci..... |
jingibi |
Соочување со сеништата од минатото
ИВИЦА БОЦЕВСКИ
На Македонија не и требаат споменици на Тито и на комунизмот, напротив овие споменици мора да паднат. На Македонија и треба споменик на сите жртви на комунизмот, потребна ни е комисија за вистината, истрага за злосторствата и судење на живите злосторн
Сў уште шумоли сенишниот црвен бајрак со златен срп и чекан над Колима и Воркута, над Норилск и Соловецки, над Кенгир и Катинската Шума. Единствено ова сенишно шумолење го нарушува молкот за црвениот терор, за гладот во Украина и насекаде низ Азија, за архипелагот Гулаг, за културната револуција, за полињата на смртта, за грандиозните канали и патишта, за Голи Оток, "Идризово" и колективизацијата. Оргијата на смртта во име на еднаквоста и демократијата, во име на хуманизмот и космополитизмот, започна во октомври 1917 година и сў уште трае во осамените островчиња на системот кој требаше да го изгради "најправедното општество на светот". Историјата памети дека милиони луѓе беа убиени и уште повеќе милиони животи беа уништени под будното око на Ленин, Сталин, Мао, Пол Пот, оној на кого сў уште му градиме споменици и нивните аѓутанти. Лидерите кои висеа насекаде по нашите канцеларии го направија најголемиот меморијален споменик на злото, на подлоста, нискоста на човековата природа и потсетник што се случува кога ќе ги дехуманизираме нашите соседи, роднини и пријатели до ниво на вошки и паразити кои треба да се сотрат и смелат, споменикот на баналноста на злото и апсолутот на човековиот живот и слобода.
Во Европа кошмарот и силувањето на историјата заврши во 1989 година, меѓутоа и ден-денес сў уште имаме ѕид од молк за едно од најголемите злосторства на дваесеттиот век, кое неговите орди го нарекуваа "комунизам". Насекаде молк и злокобна тишина - во јавноста, во медиумите, во унивезитетските амфитеатри, во историските читанки и учебници, дури и во коридорите на моќта. Најгласен, пак, е молкот токму над безимените гробници растурени насекаде низ светот и во албумите со фотографии на нашите најблиски кои ги изеде мракот во годините на теророт. Напливот на емоции и потребата да се зборува и публикува во годините на "гласноста" и "перестројката" исчезна некаде низ бедните и сиромашни години на транзицијата, но сў уште над Централна, Источна и Југоисточна Европа кружи темниот облак на лошата совест и премолчената историја.
Општо прифатената вистина во Македонија е дека нашиот комунизам некако волшебно не беше толку суров како советскиот и азискиот комунизам, како и дека мудроста и државничкиот талент на Јосип Броз - Тито ја поштеди Македонија од суровостите на тоталитаризмот. Кој ли систем тогаш и кој ли полиции и разузнавачки служби го направија Голи Оток и колективизацијата, државниот терор над Турците по Втората светска војна, државниот терор над Албанците по Втората светска војна, во 1968 година и во осумдесеттите години на векот, како и уништените животи на осудуваните "македонски националисти" и "граѓански десничари"? Во име на која држава и во име на кој народ лежел во затвор упорниот македонски борец за правда и рехабилитација Ефтим Гашев и кому ли само му текна да го осуди и да му го уништи спокојот и животот на тивкиот бард - чичко Јонче Котевски (овде морам да го изразам својот восхит за граѓанската храброст на Јасна Котевска да ја изнесе семејната интима во јавноста, со цел да не се заборави кои и како му го уништија животот на нејзиното семејство), а кои ли, пак, беа мршојадците зад пропагандната и интелектуалната хајка во осумдесеттите против мојот драг професор Ѓорѓи Марјановиќ? Да не зборуваме, пак, за Ченто и Панко Брашнаров, струмичката петорка и велешката гробница...
Зошто нема дебата за злосторствата на комунизмот во Македонија? Дали заради тоа што ги немало, или, пак, заради тоа што се "длабоко минато", па се ирелевантни и неинтересни за новите генерации, или, пак, заради болните спомени на жртвите и злосторниците, а можеби и затоа што времето ги излечило раните?
Се плашам дека проблемот е многу посуштински и удира во самите темели на модерната македонска држава. Ако се соочиме со злосторствата на комунизмот, ќе ја откриеме злосторничката природа на македонскиот комунистички режим и македонската држава што ја наследивме од него, многу личности и споменици ќе бидат изнесени пред судот на историјата и ќе биде нарушен угледот и интегритетот на многу институции. Посебно, пак, ќе настрада моралот на некои од гласните македонски "реформатори" и реформски институции, движења и партии кои потекнуваат токму од јадрото на тоталитарното зло, а притоа ниту се извиниле, ниту се оградиле, ниту, пак, се исчистиле од баластот на минатото. Овие институции и индивидуи се наоѓаат и на челото на македонските државни органи и во македонскиот бизнис и во македонските медиуми и на македонските универзитети и во македонските партии и невладини организации, во целиот спектар на бои на живописната македонска јавност.
Можеби некој ќе рече дека сега не е време за дебати за минатото, бидејќи треба да гледаме кон иднината и да се концентрираме на европските интеграции. Но, да не се залажуваме - патот кон европската иднина и кон западната цивилизација за Македонија, како, впрочем, и за сите поранешни комунистички држави започнува со соочувањето со тоталитарното минато. Држава која не сака да си ги признае грешките и да се извини јавно, макар и симболично, на сите оние што лажно ги осудила нема никогаш да биде дел од Европа. Во самото срце на западната цивилизација е суверенитетот на индивидуата и заштитата на физичкиот, моралниот и интелектуалниот интегритет на човекот кои комунистичките режими го газеа и негираа во сите години на нивното постоење. Модерна Сојузна Република Германија е најгласната антифашистичка држава во Европа, а 9 Мај е национален ден на Сојузна Република Германија, кој се слави како ден на ослободување од фашизмот.
На Македонија не Ј требаат споменици на Тито и на комунизмот, напротив овие споменици мора да паднат. На Македонија Ј треба споменик на сите жртви на комунизмот, потребна ни е комисија за вистината, истрага за злосторствата и судење на живите злосторници. Злосторството не смее да се заборави, бидејќи заборавеното злосторство се повторува. Соочувањето со минатото, наедно, и ќе создаде катарза во македонското општество, злосторствата ќе се документираат и процесираат, вината ќе се индивидуализира и ќе се тргне колективната вина од македонскиот народ и сите генерации што живееја во времето на македонскиот комунизам. Злосторствата на грстот моќници не смее вечно да ја држат во заробеништво совеста на граѓаните на Македонија.
Замислете, во Македонија сў уште во некои градови постојат улици именувани по Владимир Илич Ленин, а нема улица на Андреј Сахаров, Александар Солженицин или Вацлав Хавел.
Меѓу 23 и 27 јануари 2006 година Советот на Европа ќе се одлучува за Предлог-резолуцијата за меѓународна осуда на тоталитарните комунистички режими. Македонските парламентарци-членови на Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе треба да се изјаснат за резолуцијата. На совеста на нашите парламентарци кои ќе гласаат против резолуцијата или, пак, ќе се воздржат од гласањето, ќе им лежат сите жртви на комунизмот во Македонија. Нивното евентуално злосторство ќе биде злосторство на совеста на современа Македонија. Честа на македонските политичари засега ја одбранија Стојан Андов, со отвореното пишување за комунистичките злосторства во неговата најнова книга, и изјавите на Арбен Џафери и Ганка Самоиловска за потребата од критичко соочување со комунистичкиот терор кои интимно го искусија и нивните семејства.
Јавниот дијалог во Македонија мора да започне уште веднаш. Јавната дебата не е потребна само за да се простат гревовите и да се казнат злосторниците. Јавната дебата е неопходна за да се открие вистината за младите генерации, да ја научиме вистинската современа историја на нашите држави и никогаш веќе да не се повторат грешките на историјата. Ваквиот дијалог е темел и основа за градење здраво демократско општество. Соочувањето со вистината ќе им овозможи на генерациите што доаѓаат никогаш да не ги повторат грешките од минатото.
Колима, Аушвиц, Голи Оток и Сребреница се дел од една иста приказна - приказна за нечовечноста на човекот. Кои ли сеништа само ги крие македонското поглавје од оваа приказна?
Утрински весник
|
Pro Patria 2 |
Mozda...
a vojnata vo Hrvatska vo koja pola teritorija im bese sramneta so zemja???
na kraj se se sveduva na mentalitetot na narodot,taka? |
f9 |
Za Hrvatska treba da go znaesh vlijanieto na nivnata dijaspora.Hrvatskata dijaspora e 5-6 pati pogolema od vkupniot broj na Hrvati vo Hrvatska.Taa dijaspora imash vovdeno specijalen danok so koj ja finansirashe Hrvatska.Postojat i mnogu drugi povolnosti kako shto e veroispovedta i nesebichnata pomosh od Germanija i Avstrija. |
Pro Patria 2 |
quote: Originally posted by f9
Za Hrvatska treba da go znaesh vlijanieto na nivnata dijaspora.Hrvatskata dijaspora e 5-6 pati pogolema od vkupniot broj na Hrvati vo Hrvatska.Taa dijaspora imash vovdeno specijalen danok so koj ja finansirashe Hrvatska.Postojat i mnogu drugi povolnosti kako shto e veroispovedta i nesebichnata pomosh od Germanija i Avstrija.
Epa toa ti velam.Tie si ja sakaat drzavata,i nivnata dijaspora ja pomaga tatkovinata.
p.s.5-6 pati povekje hrvati nadvor[?][:0]od kaj ti e ovoj podatok[?] |
lav |
quote: Originally posted by Pro Patria 2
quote: Originally posted by f9
Shto napravil komunizmot vo Makedonija...dovolno e da se vidat teshkotiite od tranzicijata i periodot koj trae predolgo pa da se zabelezhi goleminata na shtetite.
a si slusnal i deka Slovenija bese so nas vo ista drzava,pa ete 5 svetlosni godini se ponapred od nas.Decko ne jadi mnogu burek i ne zborvi za raboti so ne gi poznavas.
Колега не прави никојпат споредба со Словенија контра Македонија...
Секојпат министер за Полиција БЕШЕ Словенец...ако си веќе заборавил.
Сигурно знаеш што тоа значи?
Кој му беше на Тито десна рака сето време на владеењето ???
Кардељ , Стане Доланц...и други доминантни комуњари од словенечка провиниенција...нашите беа воглавном коњушари и газолижачи..да бидам експлицитен и тоа отворено и вулгарно кажано...
А тоа е едно од врвните 3 министерства поред Надворешни и Економија односно каде се ПАРИТЕ како неодминлив атрибут на моќ. |
трендафил |
Словенците немаа куклар како што во Македонија беше Светозар Вукмановиќ - Темпо. Иначе резолуцијата на Советот на Европа не ја осудува борбата на комунистите против фашизмот, туку борбата против сопствените граѓани.
Македонија уште не им се извини на роднините на тие што се убиени, на тие што се злоставувани, на тие што беа затварани во деновите кога диктаторот Тито доаѓаше во посета, на тие што уште им е пореметен умот до степен што сакаат да се врати диктатурата.
Ограничувањата на слободата се поради неспособноста на лидерите што сме ги имале по осамостојувањето. Посебно на државотворците, кои нели ги поставуваа темелите на државата. Во Словенија каде што и власта и народот секогаш знаева што сакаат да направат, слободата на движење сега е многу поголема отколку што беше во СФРЈ. Но таму не беа државотворци луѓе што се бореа да ја оживат веќе покојната Југославија. Почнаа од барање на конфедерација, но кога видоа со кого си имаат работа си заминаа. Во референдумот немаа додавка за враќање во СФРЈ, како што кај нас имаше , веројатно по идеја на повратникот од Белград, Киро Глигоров. А нашите државотворци, исто како и Милошевиќ, мислеа дека без Југославија Словенија ќе страда и ќе моли да се врати. „Европа сега“ во Словенија беше парола во 1990 година, кога во Македонија СДСМ немаше ни додавка ПДП на тоа СКМ. Словенците веднаш го симнаа комунистичкиот симбол од грбот, кој кај нас по вина на СДСМ уште и не се размислува да се симне. Постои движење, кое од ден на ден наместо да слабее е се посилно, за враќање на социјализмот. И има луѓе кои веруваат дека доколку дојде на власт тоа здружение дека повторно никој нема да работи, а сите ќе одат на работа и ќе земаат плата и да не ги набројувам „придобивките“ од социјализмот. А што би добиле доколку такво нешто се отствари. Веројатно економско ембарго од меѓународната заедница.

Само поради негубење на контекстот на подцртаните со големи букви пасуси ќе напоменам дека :
Амбасадорот избран од Ќирота Глигоров ...мислам на Денко Малески кој ЈАВНО КАЖА:
Не можам да ја замислам Македонија без (љубимата-ми) Југославија , односно дека не верува во ОПСТАНУВАЊЕТО на Македонија како самостална и независна (денес не е) држава.
Нивниот придонес е ВИДЛИВ СЕКОМУ , освен за тие кои се со розови очила опремени да гледаат.
ИСТОРИЈАТА ги НЕГИРАШЕ СИТЕ ПРЕДВИДУВАЊА НА КОМУЊАРИТЕ...освен дека тие во самостојна едноставно ќе исчезнат...односно ИСПАРАТ. |
трендафил |
Во Македонија сега Албанците градат споменици на балисти, што би рекле фашисти, а Претседателот на државата пак предложи, а Премиерот прифати на централниот плоштад во главниот град на државата да се изгради споменик на нивниот идол, Јосип Броз - Тито. За жал и последниот подигнат споменик во Скопје е тој на Јосип Броз, и тоа пред образовна установа, т.е. гимназијата која уште го носи името на човекот одговорен за смртта, затворањето и злоставувањето на многумина не само во Македонија. (Од Вардар до Триглав како што се велеше во негово време. Посебно на Голи Оток кој е најпопуларен од концентрационите логори што постоеја во негово време). Имаме власт која дозволува Албанците да градат споменици на фашисти и терористи, а Македонците на комунистичкиот диктатор. А споменикот на бранителите од разулавените хорди на УЧК (сега ДУИ) уште нема дозвола за поставување. Во Скопје немаме ни споменик на жртвите на комунизмот. Не знам дали воопшто во Македонија постои таков споменик. А има споменици на нивните џелати.
|
трендафил |
Го слушам вчера Игор Ивановски и се крстам. Почитуваниот пратеник и советник на Претседателот Црвенковски (по изборната кражба пред 2 години) во емисијата „Светла точка“ посветена на рехабилитацијата на жртвите на комунизмот во Македонија рече дека тоа требало да се направи на почетокот од транзицијата во 1991 година, а сега било доцна. Тој изгледа не знае дека во 1991 неговата партија уште се викаше Сојуз на КОМУНИСТИ на Македонија - Партија за демократска преобразба и дека беше и е најголем кочничар на рехабилитацијата на жртвите на комунизмот и осуда на џелатите. Пред се затоа што уште сакаат да се продаваат на налудничавите гласачи (кои за жал изгледа не се малку) кои патат по времето на теророт. Ако 50.000 луѓе (според искажаното од историчарите Чепреганов и Ачевска) биле тероризирани и изолирани до степен што на погребите сем најблиските им доаѓале и агентите што ги кодошеле, веројатно е поголем бројот на кодошите. Дали кодошите гласаат за државотворците, па затоа овие не сакаат да ги стават на столбот на срамот или продолжуваат да работат за потребите на партијата. Доколку е точно дека постојат партијски полиции, Лавови и Алфи, од кои првите се бореа против УЧК во 2001 година, а вторите не, и партијски разузнувачки служби (на пример аферата прислушкување). Очекувам дека конечно некој ќе се јави да дискутира на оваа тема. Никој не бара одговорност од тие што биле комунисти, туку само од тие што вршеле злосторства против својот народ. За да ве ослободам, ќе повторам дека и јас сум бил член на СК мислејќи дека на тој начин нешто можам да сменам, но кога видов дека системот е толку разработен (јасно е дека делува и по 16 години од наводнбото рушење на диктатурата) ја напуштив партијата во веќе далечната 1980 година. Но не сум горд поради тоа членство како премиерот Бучковски, на пример. Нити помислувам да се поклонувам пред споменикот на човекот, Јосип Броз - Тито, кој има најголема командна одговорност за ликвидациите и тортурите во неговото време. Но и за пореметувањата во умот кои кај многумина не се избришани и до ден денешен и се пренесуваат и на следните генерации. Се разбира дека на столбот на срамот не можам да ги ставам комунистите кои со чисто срце влегле во партијата мислејќи дека се борат за независна Македонија во која ќе владее праведен систем. Всушност половината од нив се подоцна жртва на титоистите. Опстанале само лижачите, нема да напишам на што од пристојност, на Јосип Броз. Да направам и паралела со сегашното време. Не можам да ги обвинам тие што на 15 септември поверуваа дека од секое семејство ќе се вработи по еден или дека нема да се коалицира со терористи. Можам само да ги жалам поради лекоумноста. Но сигурно е дека осуда заслужуваат лажговците.
|
Pina |
Na tumbu bacio bumbu.
Od bumbu cigaretu zapalio.
Na mrtav Nemac nozh izvadio
pa mu rekne:
"Shta trazhish u moju zemlju" |
vancevtodor |
Pina veli:
quote: Na tumbu bacio bumbu.
Od bumbu cigaretu zapalio.
Na mrtav Nemac nozh izvadio
pa mu rekne:
"Shta trazhish u moju zemlju"
Pina pogovorkata i sluckata ne ti e tocna,zaradi vistinata ke ja napisam vo orginal
"Na Tumbu frljija bombu
Od bombu cigare zapalija
na mrtvoga Germanca noz izvadija"
toj "sta trazis u moju zemlju" ga dodaja na Liska(Igorceta Ivanovskoga) dedo kad trazija boracku penziju. |
Pina |
quote: Originally posted by vancevtodor
Pina veli:
quote: Na tumbu bacio bumbu.
Od bumbu cigaretu zapalio.
Na mrtav Nemac nozh izvadio
pa mu rekne:
"Shta trazhish u moju zemlju"
Pina pogovorkata i sluckata ne ti e tocna,zaradi vistinata ke ja napisam vo orginal
"Na Tumbu frljija bombu
Od bombu cigare zapalija
na mrtvoga Germanca noz izvadija"
toj "sta trazis u moju zemlju" ga dodaja na Liska(Igorceta Ivanovskoga) dedo kad trazija boracku penziju.
Original si e original, he he he
A na toj dedono mu dadoa li borechka... |
nukleus |
Apsurdno e shto "boreckite penzii" se zgolemija so godinite pominati vo tranzicija.Sega na prag se novi "borecki penzii" koj ke bidat osnova na site borci koj se borele protiv nekogo pa makar toa da bilo i protiv Makedonija. |
chuvashki |
Nema kade da odat komunistite, komuniznmot ke si ojde i od Makedonija, ama po-bavno..ima chekori kon pravilnata posoka
Predi nekolko dena prviot vipusk makedonski natovski oficeri polozhia kletva vo makedonskata ambasada vo Sofija. Makedonski oficeri, vozptitanici ne na Belgrad, a na natovskoto voenno uchilishte VVU "Vasil Levski" vo Trnovo.
Te te takvi chekori ke mu turat kraj na komunizmot vo Makedonija.
|
nukleus |
Nema be cuvash,koga se znae deka 100tina oficeri vospitani i obrazovani po NATO standardi ovde vo Makedonija maki macat da najdat rabota duri i kako zatvorski cuvari.Im bea badijala tapkanjata po ramo vo Turcija,Bugarija pa i Albanija kade pokazuvaa nadprosecni rezultati vo prakticnite vezbi i ocigledno gi nadminuvaa oficerite na NATO skoro vo site oblasti,koga Bucko im go "zapiperi" so svojata ideja da ne gi vraboti spored dogovorot. |
трендафил |
Во Македонија моментално многумина се однесуваат шизофреничарски. На пример го осудуваат примитивизмот на муслиманите кои ги запалија амбасадите на Данска и Норвешка затоа што во весници што не се под владина контрола е објавена карикатура со ликот на пророкот Мухамед како терорист, а го подржуваат крвникот крвникот Јосип Броз -Тито кој убил, им го одзел имотот, исратил по концентрациони логори и затвори илјадници луѓе што за него кажале некој виц или погрешен збор. Да потсетам на случајот на човек кој е осуден на 12 години затвот и одземање на целиот имот (со што е казнето и неговото семејство) само затоа што рекол дека во некое село е затворена задругата, што било точно. Настрана што така одземените имоти во голем дел се сега (со приватизацијата) во приватна сопственост на тие што го одзеле и на нивните наследници. Факт е дека во Македонија ниту СКМ ниту неговите наследници, па ни државата воопшто не се покаја за направените злодела и не им се извини на оштетените. Неокомунистите мислат дека немаат врска со комунизмот само затоа што не биле полнолетни во времето на неговото постоење. Но не е така. Би потсетил на случајот со Марија Магдалена која била проститутка, но се покајала за тоа што го направила и станала светица. А проститутки има и денес. Тие врвните и не се нарекуваат со тоа име туку се нудат како терапевтки, масерки. Исто како што врвните комунисти се нарекуваат социјалдемократи кои не се каат за направените злодела и не само што не ги исправаат последиците од порано направеното, туку прават нови.
|
lav |
Како тврдина на комунизмот....Македонија и до ден денешен има проблеми со остатоците од него...мислам на оживеаните борци и слични на нив „првоборци„.
Пример се ПЕНЗИОНЕРИТЕ борци ЈОГАНПАЛАНИНЦИ од своите колеги така и наречени.
Има пензионери кои дури и повеќе од 1.000 Евра во денарска противредност земаат пензија (сосе додатоците)секој месец , наспроти 3/4 од нив кои едвам земаат 5.000 денари (цирка 80 Евра).
И за што се бореле тие , кога денес СЕ за што се „бореле„ не постои...
Се плаќа нели само ИЗВРШЕНА „работа„??
Пример е непостоењето на НАЦИОНАЛНА ДРЖАВА НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД , а пак кој атрибут беше вметнат како поединечен придонес на секој таков борец нели?
А пак нивните „кољеги„ КАЧАЦИ со кои нели војуваа 1941-та , а сега ете и пензии бараат за разградување на Македонија ,а по се изгледа и ќе ги добијат...само ако сдсм остане уште еден мандат на власт ???
Денес по се изгледа само пензионери и ПЕНЗИИ ќе се продуцираат во нашата држава.
Сите останати белосветски фактори , а кои нешто произведуваат нешто барано на пазарот ...во широк круг не заобиколуваат и тоа на очиглед на сите .....да не речам и не одбегнуваат ....под изговор оти „уште„ не сме правна држава!!!.
А во србија ..или бугарија па дури и ете албанија биле „правни„ држави , каде што евидентно и во масовен број старнците инвестираат ....и тоа со милијарди УСА долари!?
Па што се праеше досега (од комунистиве) во минативе 60 години???
Одговорот е : (најверојатно) тоталитарна но во прикриена форма на држава со наводна демоНкратија.
И со неВЛАДИНИНИ „организации„ во ОХОХО значителен број и со истотаков буџет. |
vancevtodor |
Pina prashuva:
quote:
A na toj dedono mu dadoa li borechka...
Mu dadoa Pina ,pa zar Igorce ke doturkase dotuka ako ne bese vnuce na "borec". |
трендафил |
И тоа борец против самостојна Македонија, за југословенска федерација. А Игор изгледа се бори и ова парче Македонска земја да го направи федерално. Кога нема Срби, добри му се и Албанците. За федерирање, разбира се.
|
jingibi |
Се враќа ли
необолшевизмот
во СДСМ и во ЛДП
(Повод: скандалозното гласање на Ивановски и на Жерновски во Советот на Европа против Резолуцијата за злосторствата на комунизмот во Европа)
Александар Донски, Штип
Сведоци сме на еден невиден скандал и срамота за Република Македонија кога нашите претставници во Советот на Европа, Ивановски од СДСМ и Жерновски од ЛДП, одбија да гласаат за осуда на злосторствата извршени во име на комунизмот во Европа. Овој акт, пред сў, е нехуман затоа што овие двајца практично се солидаризираа со злосторниците што одведоа во смрт и во концентрациони логори милиони невини луѓе. Нивниот гест предизвика општа осуда во нашата демократска јавност, но и овде работите се свртеа во погрешна насока. Не ми е јасно зошто јавно искажаната индиферентност спрема злосторствата на комунизмот од страна на Ивановски и на Жерновски, кај нас потоа се преточи во јалова и бесмислена дискусија "за" или "против" социјализмот во Македонија!? Повеќето нивни критичари кај нас ја утнаа суштината на овој сериозен проблем. Имено, резолуцијата на Советот на Европа не беше посветена на "социјализмот во Македонија", туку на жртвите од комунизмот во Европа! Овој факт ја прави уште потешка одлуката на Жерновски и на Ивановски. Практично, тие одбија да ги осудат жртвите на сталинизмот (според некои процени над дваесет милиони невини жртви), иако дури и самите руски комунисти подоцна го осудија владеењето на Сталин. Тие одбија да го осудат и режимот на Чаушеску, посебно во последниот период, кога полицијата пукаше врз демонстрантите, при што загинаа многу невини жртви. Со својата срамна одлука Ивановски и Жерновски одбија да го осудат и режимот на Тодор Живков, кој им направи огромни зла не само на Бугарите туку, пред сў, и на Македонците, кои масовно беа убивани, затворани и интернирани во логори, а да не зборуваме за она што им се случи на Турците. Или треба ли да ги спомнеме жртвите од советската окупација на Чехословачка во 1968 и на Унгарија во 1953 година? Или жртвите од комунистичката воена диктатура во Полска? Или жртвите од режимот на Енвер Хоџа? Или убиствата без пресуда во тогашната ДДР? Овде ќе ги спомнам и жртвите на југословенскиот комунистички режим, посебно во мрачниот период непосредно по војната (масовните стрелања без пресуда, интернирањата, долги затворски казни, Голи Оток и сл.). Тоа што Македонија во тој период доживеа и своја национална преродба (иако во недемократски услови), не може да биде причина за неосудување на жртвите од комунзмот во Европа! И не може Ивановски да се правда дека за овие работи требало да "зборуваат историчарите". Па, во кое време живее тој? Само нашите двајца претставници одбија да ги осудат невините жртви на комунизмот. Со ова тие не само што Ј забија нож в грб на целата држава, туку им нанесоа огромна штета и на своите партии, и тоа токму во оваа предизборна година! Доколку СДСМ и ЛДП не се оградат од необолшевичките артикулации во своите редови треба да бидат свесни дека ќе ја загубат поддршката од демократска и цивилизирана Европа. Опозицијата, пак, итно треба да потпише заедничка декларација до Советот на Европа, со која ќе се огради од скандалозното гласање на Ивановски и на Жерновски.
Зошто пензионерите молчат, зошто не
бараат зголемување
на пензиите
|
tmoro |
quote: Originally posted by lav
Како тврдина на комунизмот....Македонија и до ден денешен има проблеми со остатоците од него...мислам на оживеаните борци и слични на нив „првоборци„.
Пример се ПЕНЗИОНЕРИТЕ борци ЈОГАНПАЛАНИНЦИ од своите колеги така и наречени.
Има пензионери кои дури и повеќе од 1.000 Евра во денарска противредност земаат пензија (сосе додатоците)секој месец , наспроти 3/4 од нив кои едвам земаат 5.000 денари (цирка 80 Евра).
Penziite ne gi dupliraj,najgolema imat Kiro Gligorov 32 000 denari a drugite najvisoka penzija imaa 28000 denari pa mu gi namalija na 26000 denari sigurni izvori od penziskoto.Ako imas nekoj sto raboti tamu istoto ke ti go kazit ova sto go napisav.
Da ne me sfatis pogresno Lav deka kontra ti odam ama stvarno e ova. |
f9 |
Navistina e stramota shto ne glasale prestavnicite od Makedonija.Kaj nas ima ponekogash takvi dibeci shto e prosto neverojatno.Komunizmot ne ja stvori Makedonskata nacija,nitu ja stvori drzhavata.Shto napravija komunistite se do aktivnostite na Kuzman Josifoski Pitu,i koj bea negovite aktivnosti?Kako se krena narodot za vreme na vtorata svetska vojna?Koj bea tie luge na Asnom,komunisti li bea?Takvi isti dibeci za
makite na familijata na Chento izrachunale denovive oshteta od dvesta i kusur denari. |
Pina |
Znachi kako beshe?
резолуција на Советот на Европа за формална осуда на комунистичките режими
I shto sega ova treba da znachi ich ne mi e jasno Formalna osuda. Nikoj ne kazhuva kakvi obvrski treba nashata drzhava da prevzeme so toj potpis. Ne objasnuvaat ama nishto. A drugo e prashanje dali i vo kolkava mera e navistina sproveduvan rezhim vo Makedonija. Koga veke se zboruva za zhrtvi na toj "rezhim" nikoj ne posochuva nekoi statistiki, brojki, najverojatno arhivite dobro se chuvaat. I zoshto da ne. Top secret si e top secret. Vo Amerika na primer arhivi se otvaraat posle 70 godini. A koga ke se otvorat ke vidish kolku zhrtvi odnese Studenata vojna vo Amerika. Mac Cartney li beshe ili kako li se vikashe. Iljadnici Amerikanci istrulija po zatvorite nabedeni deka se drzhavni neprijateli, komunisti, bez nikakvi sudenja, i koklku poedinci discreditirani i dovedeni do prosjachki stap, kolku politichki ubistva ....
I sega nie ke treba da ja prepishuvame istorijata, pa ke izleze deka komunistichki bandi prevzemaa vlast vo Makedonija 1945, istrebija se shto beshe demokratsko i napredno i vospostavija rezhim. Balistite sekako ke bidat borci protiv naezdata na komunizmot vo Makedonija, ama bea machenichki ubivani od komunistite.
Druga edna rabota. Shto mislite, ako se napravi edna anketa megju naselenieto postaro od 30 godini so prashanje dali vo Makedonija vladeel rezhim sproveden od komunistite? Shto mislite kakokv bi bil ishodot. Verbalniot delikt vo YU rezhimite ne postoi ushte od sedumdesetite. Politichkite vicovi vo Makedonija se sekojdnevie ushte od pamti vek i da ne povtoruvam neshto shto se ima diskutirano milion pati deka opshtoto zadovolstvoto na narodot vo toj "rezhim" beshe na mnogu povisoko nivo otkolku vo ovoj segashniot, globalistichki rezhim.
Na tie shto gi prekorachija svoite ovlastuvanja vo toa vreme, onie shto donesuvaa greshni odluki, onie shto sproveduvaa nasilstvo treba da im se sudi, i ke im se sudi samo vo Makedonija, shto ima tuka majka Evropa da odluchuva kade bilo rezhim a kade ne.
A da se potpishe rezoluciuja za otvaranje na arhivite za zhrtvite na Studenata Vojna (kaj site uchesnici na istata) e sosema druga rabota. |
f9 |
Da te pushtea Gulag ili na Goliot ostrov ke znaeshe za shto se raboti,da beshe strelanata bremena Makedonka samo zatoa shto si imala chedo na "Stalinist",mozhebi lokalno ke ti beshe se jasno iaku ne ke beshe megju zhivite.Vaka ti ostanuva barem teoriski da se informirash shto toa se sluchuvalo vo mrachnite periodi na diktaturata na odbraniot "proleterijat".Inaku ova e globalna osuda na eden sistem vrz baza na materjalni dokazi,i nema olesnitelni okolnosti vo vrska so toa.
Komunizmot beshe porazen od samiot sebe,bar kaj nas toa se vide od studiite koj se pripremaa ushte vo ranite osumdeseti godini...Chitaj ja Kritichkata analiza na politichkiot sistem knishkata koja ja razotkriva bedata na ednopartizmot kako osnovna prichina i kochnica za ekonomskiot razvoj.Komunizmot go dopre svojot plafon i postana stagnirachki impotenten sistem so poznatiot sistem na bonovi za vata,bez edna plata,so restrikcii za maslo shejker pa duri i pravo na samo eden leb za gladen svet.Shto e ushte povazhno vo YU komunizmot ne se predade,tuku kreira
nacional-socijalizam.Ne padnaa neprijatelite na YU od nebo,tuku bea kreirani vo komitetite i sekojdnevno gi gledavme vo kutijata kako ja treniraa drzhavata za balot na vojnata so direktni prenosi na obespravenite chlenovi na sojuzniot CK SKJ.

Секоја идеологија или систем на владеење ..кој се подпира...односно среќата на поединците се базира или предизвикува несреќа на останантите е осуден да згасне когаш тогаш...со последици кои сите ги видовме сите ние во последниве 17 години од паѓањето на Ѕидот Берлински...и кои се различни во секоја земја поединечно.
А тоа е правопропорционално со индоктринацијата (миењето на она што масите го имаат како мозочна маса) во секоја земја засебно гледано.
Не е тешко ...за да се погоди од прва рака ...каде е таа најдолго останата во (најверојатно) закржлавените „мозоци„ на граѓаните на тие земји. |
трендафил |
Ќе повторам дека ниту една диктатура не може да биде добра. Иако ние имавме помалку лоша диктатура отколку повеќето социјалистички земји. Имавме слобода да правиме се` што не ја загрозува власта и партијата во последните можеби две децении од тој режим. Иако во поедини случаи и ваквата слобода се ограничуваше. Веројатно на многумина ќе им биде смешно кога ќе напишам дека сме се бореле против власта за правото да се носи долга коса или фармерки, на пример. А ако ја ставиме настрана борбата на Кочо Моцан за хомосексуалците (но не против власта која го подржува, туку против менталитетот на другите), јас не можам да се сетам дека македонските студенти или средношколци се борат за некоја поголема слобода сега. Ги почнуваме работите од назад (страга што би рекле Хрватите) во права смисла на зборот. Друга работа е што гладен стомак не размислува за слобода, иако токму немањето на некои слободи и сега и доведува до сиромаштија. Не е демократија доколку во државна служба може да се влезе само преку партија дури и кога не се работи само за една партија, како што беше во минатиот век.
|