Mакедонска нафта во Косово
Mакедонска нафта во Косово
ProMKD
quote:
Србија не дозволува извоз на македонска нафта во Косово Анета Додевска 22.01.2006 Силен нафтен удар од Србија. Блокада. Не дозволува македонска нафта преку нејзина територија да се извезува на Косово. Вчера 60-тина цистерни натоварени со стотици тони мазут, нафта, бензин се вратени од граничниот премини Табановце на српска страна. Македонската царина вџашена од овој потег на Србите. Поради реконструкција на Блаце беше договорено Србија преку границата Табановце без проблеми да дозволи транзит на македонска нафта за Косово. Договорот не е испочитуван, тоа што го прават е кршење на сите меѓународни договори, оти за транзит на стока не смеат да се воведат ниту давачки, ниту дозволи, велат од царината. Возачите на цистерните креваат раменици. Велат, им барале некакви дозволи од српското Министерство за економија. „Немаме дозволи, немаме“, изјавија возачи на камиони. На границата чекале со часови. Откако биле вратени од српската царина, цистерните повторно дошле во ОКТА, од каде ја танкирале нафтата. Како тргнале работите, на ОКТА и се заканува голем удар. Блаце ќе биде затворен повеќе од еден месец. Дотогаш без извоз ОКТА ќе се доведе во тешка ситуција, велат познавачите. Македонското Министерството за надворешни веќе испратило протестна нота до српската власт за блокада на македонската нафта. Невидено е некој спротивно на меѓународните правила на игра да не ти дозволува транзит, коментираат извори за А1. Во меѓувреме, велат, цистерните со нафта стојат паркирани во ОКТА. Инцидентот сигурно е на српска страна, вели портпаролката на УНМИК, Мехче Ханикер, во изјава за А1. Кај нас на нашата граница нема никакви опструкции за влез на македонска нафта, тврди администрацијата на Косово. Табановце останува единствен пат за македонската нафта да стаса на Косово. Преку Блаце не може, поради реконструкција, преку Јажинце, поради тоа што на косовска страна границата е без царина. По вчерашниот инцидент на Табановце, македонската Влада бара модел да го реши овој сериозен проблем.
toni_a grcite ne se javija do sega?
dejan Sega SDS ke pomine preku cel svet za da im pomogne na Kosovo.
OooOo Ja mislam deka Makedonija ne treba izvoz voopshto da pravi!!! Sve treba da si chuvame za nas! Dejan e vo pravo! [edit] Ne ni trebaat parite od naftata!!!
ProMKD Dejan nema vrska dali SDS saka da pomogne na kosovo ili ne, dobro e Makedonija da izvezuva nafta vo kosovo, posto od taa nafta nie dobivame pari. Rafinerijata plaka danoci, naftata se prodava....itn. Najdobro e sto pobrzo da tovarat naftata na vozot i ajde za pristina. Em Makedonija ke go spasi kosovo od energetska kriza (ne e toa celta), em ke inkasirame pari od samata nafta, em na srbite nema da im uspee ovaa najnova glupost.
dejan Ne rekov deka Makedonija treba da ja cuva naftata....samo vikam, SDS ke napravi sve za Srbija da ni dozvoli da prodavame nafta na Kosovo. (za da gi zadovoli DUI, ugh)
OooOo Македонија размислува за реципроцитет кон Србија Србија не попушта, Македонија размислува за реципроцитет, на Косово му се заканува енергетска криза. За да ја избегне српската царинска блокада на Табановце, ОКТА ќе ја товари нафтата на возот од Скопје за Приштина. „Тука се запечатуваат цистерните, се отпечатуваат на Косово. Проблемот е што немаше каде да се врши пасошка и друг вид гранична контрола. Значи, тој проблем не постои во случајот на товар“, изјави Сашо Чолаковски, портпарол на Владата на РМ. УНМИК е во паника. На Косоварите им се заканува енергетска криза ако останат без нафтата од ОКТА. Проблемот настана по затворањето на граничниот премин Блаце поради одрон на патот за Приштина. На Табановце српската царина завчера врати 50 цистерни нафта од ОКТА за Приштина. „Немаме дозволи“, велат камионџиите. Заменикот на Петерсен, Росин, денеска итно допатува во Скопје во обид со македонските власти да најдат решение за српската блокада. Возот засега е најизводлива варијанта, неофицијално македонската Влада размислува и за политички одговор. Од царински извори дознаваме дека е можно Македонија на Белград да му се спротистави со реципроцитет. Тоа би значело спуштање на рампата за српските стоки што транзитираат низ Македонија. Србија и Црна Гора е втора на листата македонски трговски партнери, но ваквите инциденти не се ретки. Последен пат Белград ги затегна трговско-економските односи со Македонија минатото лето, поради случајот Јован.
lav
quote:
Originally posted by ProMKD
Dejan nema vrska dali SDS saka da pomogne na kosovo ili ne, dobro e Makedonija da izvezuva nafta vo kosovo, posto od taa nafta nie dobivame pari. Rafinerijata plaka danoci, naftata se prodava....itn. Najdobro e sto pobrzo da tovarat naftata na vozot i ajde za pristina. Em Makedonija ke go spasi kosovo od energetska kriza (ne e toa celta), em ke inkasirame pari od samata nafta, em na srbite nema da im uspee ovaa najnova glupost.
Поред ВЕЧНИте ИНТЕРЕСИ на Македонската држава , ПРИОРИТЕТ треба да и бидат и тоа секојпат .....еднаквиот однос кон своите соседи и тоа во секоја пригода.
Christian
quote:
samo vikam, SDS ke napravi sve za Srbija da ni dozvoli da prodavame nafta na Kosovo. (za da gi zadovoli DUI, ugh)
bez narvozi dejan,i ne gledaj negativno na rabotite.