трендафил |
1. Излегувањето на избори во Македонија е само право. Не и должност. Една партија со помош на своите „невладини“ организации ЛАЖЕШЕ дека е должност да се излезе на гласање за да не мора многу да дотура гласови на актуелниот претседател. Дури монополот Телеком (веројатно и за оваа заслуга е уште монопол) на денот на гласањето бесплатно испратија СМС пораки до сите корисници на Мобимак со следната содржина:
NVOParlament
Livcheto ne moxhe samo da stigne do kutijata-izlezi i glasaj. NVO Parlament
Кога истите тие што лажеа дека мора да се гласа за претседателските избори повикуваа да се седи дома и да се гледа телевизија, НВО Парламентот не испраќаше ништо, ниту Мобимак не донираше повеќе милиони денари (5 денари по една порака по бројот на мобилни телефони) за тоа. Само што тие милиони денари донација си ги наплати повеќекратно во евра.
2. Изборните закони сигурно е дека не треба да се менуваат пред секои избори.
3. Не да треба, туку секоја партија би требало да мора да ги презентира донациите на независен орган. Секој што ќе обелодени пак легална донација (доколку тоа не е со дозвола на донаторот) треба да биде казнет.
4. И судиите се граѓани. Само што тие судии што се во комисиите не би смееле да судат за изборни прекршувања на законот.
5. Доволно е што секоја (и голема и мала партија) може да има свој набљудувач. Не мора партиите да бидат застапени во комисиите. Постојат доволно техничќки средства за да се докажат неправилностите. Само да не се случи како во случајот во Липково тој што обезбеди филмуван доказ како еден од активистите на ДУИ ја полни кутијата да биде казнет со 500 евра (како член на комисијата иако не е докажано дека не бил под присилба), а тој што ја полнеше кутијата да помине неказнето.
6. Треба финансијски да се помогнат помалите партии. Но не со сума што пазарно ќе се исплатува.
|