Продаден најпопуларниот веб-сајт за сексот
Strelec
 
Веб-сајтот sex.com е продаден за 12 милиони долари, а новиот сопственик сега е американската компанија „Еском“, која се занимава со продажба на антиспам-програми. Новиот сопственик тврди дека од овој веб-сајт ќе направи социјален сервис, на кој ќе има огласи, еротски материјали, простор за муабети и информации поврзани за здравјето на луѓето.
Гласноговорникот на компанијата „Еском“ вели дека ова ќе биде ново место за корисни информации, а нема да има експлицитни порнографски материјали.
Досега овој сајт, чиј сопственик до неодамна беше Гери Кремен, кој е сопственик и на match.com, немаше порнографски содржини, но привлекуваше голем број посетители поради својот популарен домејн. Овој маркетиншки трик е речиси сигурна гаранција и за голем профит на новите сопственици, што ќе им овозможи голем приход.
Продажбата на sex.com е доказ дека добрите имиња секогаш можат добро да се продадат. Само за потсетување, пред некоја година истото се случи и со веб-сајтот mp3.com.

The_Crow epa taka se pravi biznis.
VeGaS
quote:
Originally posted by Strelec
Новиот сопственик тврди дека од овој веб-сајт ќе направи социјален сервис, на кој ќе има огласи, еротски материјали, простор за муабети и информации поврзани за здравјето на луѓето.



Ne ne, vaka se pravi biznis! Bravos, support! Barem na nashite od MKD so pomosh na oglasite kje im se ovozmozi da si ja najdat svojata ljubov i od drugata strana na svetot!