Poimot MAKEDONEC, geografska oblast Makedonija
Poimot MAKEDONEC, geografska oblast Makedonija
Makedon Македонец не е географски поим, туку национален. Државите го добиваат името по народот кој ги населува, па така Македонија во етногеографските граници од 1913 г. зафаќа територија не само на античка Македонија, туку и на јужна Дарданија, источен Илирик, цела Пеонија, западна Тракија и дел од Епир т.е. сета онаа територија каде живее македонскиот народ. Значи, територијата Македонија го добила своето име по народот македонски, а не обратно. Македонскиот народ почнува многу рано да се оформува, уште во 7 век, кога настанува словенизирање на Македонија и мешање на античкото македонско население со новодојденците Словени во еден нов етнос. Македонските Словени уште при доаѓањето на Балканите се посебни племиња, различни од Србите и Антите (тнр. бугарски Словени), за што сведочат и многу историски извори. Некои шовинистички Срби велат дека македонските Словени биле Срби, што е една голема лага, бидејќи историските извори велат до каде се населиле Србите- територијата западно од Морава; Бугарите пак сите до еден денеска велат Македонските Словени и бугарските Словени Анти биле исти и затоа сме биле ние Македонците Бугари. Ама ете, забораваат денешниве Бугари дека тие се Анти и Северјани, источни Словени, дојдени од степите на Русија, а Македонците се Склавени. Словенските народи се делат во повеќе национални групи и тоа: Склавени, Анти и Венети. Сите тие имале сличен јазик, но биле различни етникуми. Во денешна Бугарија се имаат населенo Анти, а во Македонија Словени. Од кога Антите го прифатиле словенското т.е. македонското писмо, јазик и култура во доцното средновековие , после 11 век и тие почнале да ги нарекуваат Словени, но дури во 11 век. Jordanes (Getica 119) разликува три словенски рода ('gentes'): Венети, Анти и Словени. Англосаксонската историографија ја лоцира татковината на Словените меѓу Вистула и Дунав чиј делумен корен влечеме ние, современите Македонци, Антите потекнуваат од територијата меѓу Дон и Днестар, а од нив потекнуваат денешните Бугари, додека Венетите ги лоцира на Виста-Вистула (Oxford Dictionary of Byzantium (1991), vol.3, p.1916-1918). Славените се населиле на запад на Балканите, а источно од нив до Црноморито Антите тнр. бугарски „словени“ (ОБЩОНАРОДНОТО И РЕГИОНАЛНОТО В КУЛТУРНО-ИСТОРИЧЕСКО РАЗВИТИЕ НА ДУНАВСКАТА РАВНИНА * Димитрина Митова-Джонова, Издание на БАН, София, 1989). Византискиот хроничар, Прокопиј од Ќесара вели „овие две НАЦИИ, Словени и Анти живеат во демократија“ (Procopius of Caesarea : Wars VII 14.22). Значи, македонските Словени и бугарските Анти биле два различни народи. Воедно, Антите и Словените биле непријателски настроени едни кон други, дури меѓу нив избувнала и војна во која победиле Словените ("Христоматия по история на България", стр. 57). За да ја зајакне Византиската моќ, императорот Јустинијан ги вооружувал Словените против Антите (тнр. бугарски „словени“) кои во подолг временски период биле големи непријатели ( "История на българската държава през средните векове", том I, София, 1970 г. стр. 41). Од историска гледна точка, да се тврди дека Македонците и Бугарите се еден ист народ е чиста глупост и шпекулација. Споредбата меѓу Македонците и Бугарите е исто како да се споредуваат Полјаците со Русите, или пак Чесите со Русите или Украинците. Со еден збор, тврдењата на бугарските пропагандисти дека Македонците се Бугари, е исто како да се тврди дека Словаците се Украинци или пак дека Полјаците се Руси! Во средниот век, цела Македонија како што ја знаеме, била поделена на самостојни кнежевства- Склавинии, а сите жители на Склавиниите се наречени македонски Словени, без разлика дали се тоа Словени или пак античкото македонско население. Од тогаш се зачнати корените на македонскиот народ и античките Македонци станаа Словени, а македонските Словени- Македонци. Новиот народ е создаден, кој се простира не само на географската област Македонија, ами и на географската област западна Тракија, цела Пеонија, јужна Дарданија (долна Мизија), Илирик, поради тоа што истородни словенски племиња ги населуваат сиве овие области, а во западна Тракија (деншна пиринска Македонија) имало и голема античкомакедонска колонија. Така, смешно е тврдењето на денешните бугарски историчари дека пиринските Македонци го носат името Македонци, само поради тоа што тоа е географска област Македонија; притоа, „забораваат“ или пак „не знаат“ дека пиринска Македонија е западна Тракија, па дека Македонец во пиринско означува етнос, а не географски поим, оти географскиот поим би бил Тракиец. Имено, реката Струма (Стримион) е границата на Македонија со Тракија, а пиринска Македонија се простира од р. Струма до р. Места. Уште поступидно е пак некој да тврди, дека вардарските Македонци не се етнички Македонци, туку географски, кога се знае дека најголем дел на денешна вардарска Македонија е географската област Пеонија, дел од долна Мизија (Дарданија) и источен Илирик, но се нарекува Македониј по народот македонски кој живее и во Пеонија, и во делот на долна Мизија (Дарданија) и во источен Илирик. Велат, античките Македонци изумреле, демек испариле од лицето на земјата, но затоа пак Елините, ние кои така лаички си ги велиме Грци, не изумреле, туку ете опстанале и се уште живеат во Грција- Хелас. Еми, ако античките Македонци изумреле, тогаш треба да се изумрени и античките Елини, оти целта територија на Елада (Грција) била словенизирана во 7 век, онолку колку што била словенизирана и Македонија. Плуе тоа, во 7 век не постоеле Елини, туку Ромеи (Римјани, лат. Греци, мак. Грци или Византијци) кои говореле елински . Ромеите биле од мешано етничко потекло, најмногу робовско, чии претци биле главно робови на античките Елини, пред се Етиопјани, Еѓипјани и Траки, нешто од преостанато античко елинско население, ерменци, грузијци итн. Затоа, ако се гледаат слики со ликови на средновековните Грци- Ромеи, ќе се забележи дека тие се главно мулати. Со словенизирањето на денешна Елада (Грција), а подоцна и со колонизирањето на Албанци во Грција, по 1829 г. се формира новата елинска-грчка нација, сочинета од сиве погоре спомнати етникума, Ромеи (Етиопјани, Траки, Елини, Еѓипјани, Ерменци, Грузијци), Власи, Албанци и Словени. По 1918 г., современите Грци во егејска Македонија доселуваат Карамани- православни Турци, кои ја збогатуваат грчката нација, а тие Карамани ги заземаат имотите на протераните егејски Македонци. Денеска, тие ортодоксни Турци, Караманите, се најголемите „македонци“ кои по цел свет вреват дека Македонија е 4000 г. грчка земја, а Македонците се Грци, Грците се тие, Турците Карамани, придојденците. Парадоксот е уште поголем, што ваквата салата наречена елински народ го негира постоењето на македонскиот народ, кој пак е многу покомпактен. Понатаму, Бугарите пропагираат дека во 9 век, кога туркобугарите ја завладуваат северна и централна Македонија, и тие, турските Бугари се смешале со Македонците и ете сме станале Бугари, односно македонски Бугари. Секако, тоа е далеку од вистината. Македонците и вистинските туркоидни Бугари биле големи непријатели, за што сведочат и самите средновековни записи на Бугарите. Ама притоа, Бугарите пак „забораваат“ дека Македонија е центарот на словенската култура и писменост и дека многу средновековни дела се поврзани со Македонија и настанати тука. Така, нема апсолутно никаде спомнато Бугари по македонската средновековна книжнина. Црноризец Храбар, пишувачите на Житијата за Св. Климент, Св. Кирил, Св. Методиј, Св. Наум, итн. пишуваат исклучиво дека во Македонија живеат Славјани и никој друг. Уште повеќе, средновековните Македонци не само што не се сметале за Бугари и не споменуваат Бугари, туку се зборува дека имале автономна црковна организација, со свој словенски епископ и тоа за време на последниот бугарски цар Петар. Од последните години на бугарското владеење на Македонија во 10 век, зачувани се македонски записи, каде никаде не се спомнуваат Бугари во Македонија, или пак некаков си бугарски јазик. Потоа, доаѓа времето на Цар Самоил, а по него повторната византиска окупација на Македонија, па Македонците не можеле да станат никако Бугари!
Duhot na Vovata Shto e "chotek"? Ako e KJOTEK, od tebe sekako go priimam :), cveke ubavo :). No da se razbereme - ne sum mazohista, ha ha ha....
Duhot na Vovata Stanislav Lem e podobar...
SpaceLily
quote:
Originally posted by Duhot na Vovata
Stanislav Lem e podobar...
More Vladimirce za chotek placish.[:D]
SpaceLily
quote:
Originally posted by Duhot na Vovata
Shto e "chotek"? Ako e KJOTEK, od tebe sekako go priimam :), cveke ubavo :). No da se razbereme - ne sum mazohista, ha ha ha....
Jas sum[:D][:D][:D]
RaGeAnGeL
quote:
Originally posted by Duhot na Vovata
Shto e "chotek"? Ako e KJOTEK, od tebe sekako go priimam :), cveke ubavo :). No da se razbereme - ne sum mazohista, ha ha ha....
daj mi go sesro....sekako i na sekakov nacin...da vidime so kapacitet imat