Strelec |
Нанси Морехон, добитник на златниот венец на поезијата
Во конкуренција од 8 светски поети, советот на фестивалот Струшки вечери на поезијата одлучил Златниот венец на 45-то издание да и го додели на Нанси Морехон, поетеса од Куба.
Родена 1944 година во Хавана. Досега има објавено 12 збирки поезија и ги има добиено најпрестижните кубански книжевни награди.
Нејзината поезија е преведена на англиски, француски, потругалски, италијански, руски, германски, полски и холандски јазик. Во моментов го раководи Институтот за карипски студии во Хавана.
„Нанси Морехон е водечки кубански автор и врвен современ карибски поет на шпански јазик. Во својата поезија таа ги идентификува оригиналните африкански карактеристики на кубанското општество и неговата традиција, инкорпорирајќи ги низ поетски ритми и експериментални јазични техники и иновации во својата поезија. Исто така таа го препознава и оживува гласот на кубанската, карибската и латиноамериканската жена во својата поезија“, изјави Зоран Анчевски, претседател на Управниот одбор на СВП.
Нанси Морехон го потврдила своето доаѓање во Струга. Таа, по Десанка Максимовиќ, е втора жена добитник на златниот венец.
[img]http://www.cervantesvirtual.com/bib_autor/Nancy/graf/fotoportadat.jpg[/img]
|
Strelec |
Impressions
Cold penetrates our feet
and the rose’s urgency
moves us, being born.
We are in a large dam
and the papers of the universe
whirl before those
flame tree leaves
that shade us in summer.
Lovers, struck by sun,
fling themselves
to the floor of a boat,
breathing with valves
moistened by sea wind
from the South.
A timid breeze appears
and our ear, it laughs for eternity.
|