Makedonskoto zdravstvo najkorumpirano
Makedonskoto zdravstvo najkorumpirano
Makedon Димов не ги признава резултатите за корупција на „Транспарентност“ Менче Атанасова Точи 05.02.2006 Владо Димов Министерот за здравство, Владо Димов, не ги признава и не сака да ги коментира резултатите од „Транспарентност интернационал“ дека македонското здравство е меѓу најкорумпираните. Не знам од каде им се податоците, ниту по кои параметри работеле, изјави за А1 Димов и додава дека од Министерство до сега никој не побарал никакви податоци. Но, не објасни дали со такви податоци располагаат. За разлика од него, директорот на Фондот, Пановски, не крие дека здавствениот систем е корумпиран со години. Признава дека притисокот од веледрогериските моќници е огромен, а платите се мали, така што многу лекари земаат мито. Спас гледа во законот за дополнителна дејност кој се уште чека на потпис во фиоките на Димов. Никола Пановски „Зошто не заживува не ми е јасно. До некаде можеше тоа да им даде на помладите специјалисти, со седум годишно искутво, а кои не влегле во овие води, да не влезат понатаму. Треба остро да се удри по типот на корупцијата кадешто се злоупотребува положбата. Непотпишан документ, значи, докторот не дал никаква услуга, а се наоѓа на некоја позиција каде не потпишува лекување во странство иако човекот заслужува“, изјави Д-р. Никола Пановски, директор на фондот за здравствено осигурување. Извештајот на „Транспарентност“ посочува дека најпогодени се сиромашните кои се соочени со дилемата: леб или лек. Затоа, експертите препорачуваат итни реформи. „Најлошата форма на корупција во секоја посткомунистичка држава е митото што пациентите им го плаќаат на лекарите. Но за тоа не треба да се обвинуваат лекарите, тоа е резултат на корумпиран здравствен систем кој мора да се реформира“, изјави Маршал. Здравствениот систем е поставен така што самиот создава корупција, велат домашните експерти. Македонското здравство странските експерти го оценуваат како едно од најкорумпираните. Подобри сме само од Албанија, Украина, Молдавија, Русија и Грузија.
NACIONALIST znaci id prv do posleden komunjar e korumpiran i kriminalec, SMRT ZA KOMUNIZMOT SLOBODA NA NARODOT
vancom18 abe so dimov i panovski, isto ko da ne postoi zdravstvo vo mk
f9 Temava mi izgleda mnogu poznata...ako se potsetime se nekoj najavuva naj,naj korumpiranost.Dali ova e recepta vo zbrishuvanjeto na bilo kakva opozicija na reformite koj se planiraat vo ovaa svera spored zamislata na dvajca-trojca. Jas javno i odgovorno tvrdam deka do sega nikoj ne pokushal da me korumpira nitu sum pokushal nekogo da go korumpiram.Toa ne go tvrdam za mnogumina od bratskiot narod koj uzhivaat da ostavat evra kaj shto ne im e mesto. Vladata vo avgust javno vo dokumentite kazha deka ima finansiska bolka vo budzhetot od davachkite vo zdravstvoto i iskazha namera da izvrshi reformi . I toa bolni reformi na grbot na posiromashnite. Vakvata izlitena fraza korumpiranost mnogu pochna da se upotrebuva vo politichki presmetki. Vo sluchajov e provladina organizacija koja obvinuva za korumpiranost.Znaete do sega korumpirano i toa naj beshe Shkolstvoto ,sudstvoto,administracijata,vladata,premierite,ministrite...Zabavata za vozrasni nikako da prekine.Vo istrazhuvanjata za korumpiranost kaj nas mora da se vostanovi nekakov standard.Ne mozhe da mu veruvam na bilo koj ako od rakav vagja izjavi za korumpiranost i bez javni i sudski dokazhani presudi. Zatoa i smetam deka naslovot na temava treba da glasi: "MAKEDONSKATA "TRANSPARENTNOST"NAJKORUMPIRANA!
nukleus Zdravstvoto vo SAD ne e korumpirano ama voopshto kako da go nema ako nemash pari.Edinstven problem kaj nas e toa shto so platite na zdravstvenite rabotnici ne mozat da si gi pokrijat nitu osnovnite troshoci.Zamislete hirurg shto zema 400$ plata,kolku edna socijalna pomosh vo SAD i sakame da nemame korupcija vo zdravstvoto.Pa toj hirurg denes ima internet i kontaktira so svoite kolegi shirum svetot pri shto mu e navistina nezgodno da spomene kolkav e negoviot prihod iako mozam da recam deka golem del od zdravstvenite rabotnici se duplo podobri od polovina svetski zdravstveni rabotnici.
lav Originally posted by nukleus
Zdravstvoto vo SAD ne e korumpirano ama voopshto kako da go nema ako nemash pari.Edinstven problem kaj nas e toa shto so platite na zdravstvenite rabotnici ne mozat da si gi pokrijat nitu osnovnite troshoci.Zamislete hirurg shto zema 400$ plata,kolku edna socijalna pomosh vo SAD i sakame da nemame korupcija vo zdravstvoto. Во Америка секој сам си го плаќа лично своето образование докрај , и затоа е за очекување дека со наплата на неговите услуги само ќе си ги повратува вложените во неговото образование средства. А кај нас образованието го финансираат сите граѓани заеднички , преку Буџетот...но со ова несакам да кажам дека овдешните хирурзи треба да бидат малку платени , ами само соодветно наградени според моќта економска , а која општеството ја поседува како потенцијал.. Pa toj hirurg denes ima internet i kontaktira so svoite kolegi shirum svetot pri shto mu e navistina nezgodno da spomene kolkav e negoviot prihod iako mozam da recam deka golem del od zdravstvenite rabotnici se duplo podobri od polovina svetski zdravstveni rabotnici.
nukleus Da sekoj sam si go plaka svoeto obrazovanie so stipendiite shto gi delat kako od rakav.Kaj nas nekoj pobrgu bi rodil "ez" otkolku da se zapishe na fakultet po medicina i sredstvata shto treba da gi dade za participacija ili za zapishuvanje na fakultet se sigurno nekolku pati pogolemi otkolku onie shto ke gi izdvoi bilo koj vo SAD ili EU(spored mokta ekonomska)za da pristapi kon medicinski fakultet,a da ne zboruvame kakva se blamaza mora da pominat studentite po medicina za da go zavrshat toj fakultet vo sporedba so onie vo SAD ili EU.
lav
quote:
Originally posted by nukleus
Da sekoj sam si go plaka svoeto obrazovanie so stipendiite shto gi delat kako od rakav.Kaj nas nekoj pobrgu bi rodil "ez" otkolku da se zapishe na fakultet po medicina i sredstvata shto treba da gi dade za participacija ili za zapishuvanje na fakultet se sigurno nekolku pati pogolemi otkolku onie shto ke gi izdvoi bilo koj vo SAD ili EU(spored mokta ekonomska)za da pristapi kon medicinski fakultet,a da ne zboruvame kakva se blamaza mora da pominat studentite po medicina za da go zavrshat toj fakultet vo sporedba so onie vo SAD ili EU.
Тоа што ти го потенцираш не е пресметано како трошок за студирање...во нормални размери гледано. Ти зборуваш за некој си вид на корупција...а таа нема ништо заедничко со таква илјади години стара и племенита наука викана и Медецина. пс 1.Ако мислиш на Скопскиот факултет...таму има загарантирана квота на студенти за школување во „државна квота„ ..деца на предавачи на истата установа и секако обични лекари. Што... ако се изземат неправилностите и не е така непознато во светот. 2.Вкупната цена за трошоци за еден студент по медецина во Америка е приближно 100.000. УСА Долари. Кај нас .....сепак не е толку скапо...но не знам зашто се грабаат овде да студираат ...ако не е многу ефтино?. Познато е дека дипломиран лекар од Скопскиот медецински факултет во Америка треба да дополага диференцијални испити....кои се во ранг на студирање одново на се што еднаш учел и тренирал...само со побогат асортиман на нагледни и посовремени апарати. А може да работи директно само како Виш(а) медецинска сестра.
Strelec Кумот на Министерот за здравство ја купи Бања Банско Како кумот на министерот за здравство, Владо Димов, преку ноќ ја купил Бања Банско? Поранешниот пратеник на СДСМ, Ристо Масев, тајно, доцна во ноќта, склучил нотарски договори со дел од вработените кои му ги продале акциите и за 760.000 евра станал сопственик на огромниот комплекс. Се е чисто во приватизацијата, се правда кумот на Министерот. Тврди: ниту му помогнал, ниту му одмогнал, кумашинот Димов, за да стане газда на лекувалиштето вредно 1 милион евра. „Јас јавно прашувам што можел тој да ми помогне во тоа, а што можел, пак, и да ми забрани. Не можеше ни едното, ни другото“, изјави Ристо Масев, сопственик на Бања Банско. Министерот се крие. На викенд е во Грција. Молчи за приватизацијата на Бања Банско и за тоа како ја купи токму неговиот кум. Но, затоа кога ќе се врати во Скопје ќе го чека интерпелација од ВМРО- ДПМНЕ. Полошо не било никогаш во здравството, смета опозицијата. „Го повикуваме премиерот Бучковски да престане со својата целосна и безрезервна поддршка на Министерот за здравство, затоа што таквата подршка на Бучковски е лоша и за пациентите и за вработените“, рече Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Матна беше и приватизацијата на Негорски бањи. Неофицијалните информации беа дека и овој комплекс сака да го присвои СДСМ, преку свои високи функционери од тој крај. И додека во здравството врие, а меѓународната „Транспарентност“ предупреди дека е меѓу најкорумпираните, Министерот изјави дека незнае со кој проблем попрво да се зафати. Па, по гафот со ѓерданите сваровски за своите колешки министерки, последниот чекор на Димов беше набавка на 17 нови возила. Тоа било приоритет во неговиот ресор, во кој владее хаос.
NACIONALIST ne ne ne mu pomognal nisto da ja kupi banja bansko, 750 000 evra mu gi dade tatkomu sto gi specalil od platata. kako ne mu e ram, mamiceto mamino da mu go e.bam, narodot trpi za leb, a toj kupuva banji so ukradeni pari, dali ke padne nekoja glava, za da se svestat drugite sto doagaat
nukleus Ke padne koga ke odat na skijanje vo Kozuv kompleksot shto vredi 100 miljoni evra,plateni od lozarite vo Kavadarci za da gledaat vo dalecinite kako se "slizgaat" nivnite pari.
beaver hunter sho pa vi ste krenale galama koj kupil, kako kupil , zosho kupil, od kade mu se pari za toa... si ima sudovi, komisii, inspektori za taa rabota, ostajte na niv da odgovorat na tija prashanja!
Strelec Поповска: Состојбата во здравството никогаш не била полоша Претседателот на ДОМ, Лилјана Поповска, со оценка дека состојбата во здравството никогаш не била полоша. Министерството прави лоша проценка на приоритетите, од една страна штеди, од друга се расфрла. И оваа партија побара оставка од министерот Димов. „Државата ги крати буџетите во здравството и во другите јавни сфери, а истовремено вкупниот државен буџет е два пати поголем од порано. Досега никој во Владата не сака да одговори каде се трошат тие огромни пари. Знаете дека ова го прашувам од минатата година, од летото, досега никој не ми одговори каде се трошат тие огромни пари“, изјави Лилјана Поповска, претседател на ДОМ. „Сакаме да го потенцираме лицемерието на Министерството здравство, каде од една страна тврди дека штеди, а од друга страна гледаме како се расфрла со државни пари и не ги насочува онаму каде што им е местото“, додаде Поповска.