Na red e unistuvanjeto na makedonskoto zdrastvo
Na red e unistuvanjeto na makedonskoto zdrastvo
Makedon Менче Атанасова Точи 07.02.2006 Марк Грифит 17 возила вредни 170.000 евра стојат паркирани зад Министерството за здравство. Ќе ги возат инспекторите од дирекцијата за храна, бирото за лекови и санитарно-здравствените инспектори. Платени се во готово со пари од буџетот на Министерството. Набавката доаѓа во време кога состојбата во здравството ММФ ја оцени како најлоша досега. „Сметаме дека сите таргети се исполнети. Исклучок е секторот Здравство. Се уште се сомневам дали овој таргет е исполнет“, изјави Марк Грифит, ММФ. Финансирањето во здравството неколку години е под лупа на странските ментори, но состојбата никако да се среди. Од почетокот на годината се намалија буџетите на клиниките, се скусија приоритетните лекови. Фондот го стега ременот, а Министерството се правда: сакале да ги зајакнат инспекциските служби. Возилата биле набавени со непотрошените пари од ланскиот буџет, изјави за А1 министерот Димов. Но, ова не е единствениот гаф на Министерството за здравство. И покрај забраната за нови вработувања, во болниците се примаат нови доктори и медицински сестри. Во скопските поликлиники 28 лекари, 24 медицински сестри, седум возачи. Во Каменица, 12 медицински сестри. Димов и за ова се правда, се пополнувале испразнети места. Но, овие вработувања се спорни, велат за А1 експертите од оваа област, бидејќи се во време на рационализација и реформи поради кои, најверојатно во наредните три години, без работа ќе останат околу 1.000 луѓе од здравството.
Strelec Makedon, не претерувај со топициве! За секоја вест, нов топик!? Веќе има топик за македонското здравство и токму од тебе отворен: http://forums.vmacedonia.com/topic.asp?TOPIC_ID=13416