Промоција на извозот
Промоција на извозот
OooOo Каде се 500.000 евра за промоција на извозот? Каде се половина милион евра, пари за промоција на македонскиот извоз? Им се губи трагата од Министерството за економија. Високи извори за А1 од ова министерство тврдат дека околу 300 компании лани побарале дел од давачката што за поттик на извозот сами си ја плаќаа, но ќар виделе само 20-тина фирми. Ним Министерството за економија парично им помогнало во странство да ги промовираат своите производи на меѓународни саеми, за изработка на брошури или веб сајтови. Не се знае дали остатокот е пренаменет. Во Министерството официјално тврдат дека до крајот на 2005-та, кога се укина оваа давачка, за промоција на извозот потрошени се милион и пол евра, а им останале уште 120.000 евра. Од друга страна, царински извори за А1 тврдат дека лани по основ на оваа давачка на сметката на Министерството префрлиле точно 2 милиони 146 илјади евра. Се добива разлика од 500.000 евра. Владата ја укина давачката за поттик на извозот по барање на Светската трговска организација, според која таквите царински давачки се само оптеретување, а не олеснување за трговците. Фирмите одвојуваа по 0,01% од царината што ја плаќаа за увоз. Од парите што се собираа се финансираа и трговските промотори во странство. Ochigledno nekoj si gi 'promoviral' djepovite.
Jakov Kaj koe vmro kaj narodno ili kaj drugoto.?
Makedon Abe kaj VMRO se parite, VMRO se krivi za site kradenja, vklucuvajki gi i onie 2 milijardi USD v periodot 1992-1998 g., a i ovie sega od 2002-2006 ! [:D]