Кометал Ѓ.П. |
јузер |
Со денешната победа нагости во Унгарија против Ѓер, кометалки го обезбедија пласманот во четврт-финалето на Лигата на шампионките.
Ако победат и во Русија, тогаш може и прво место да бидат во групата.
|
rina |
Напред нашииииииии!!!!!!!!!!! ;) |
јузер |
Точно :)
Прво полувреме Кометал губел и со 6 разлика, за во второ со плејбек да направи пресвртнички камбек :) |
profa |
aj moze Dancite ke izgubat u Ungarija
http://championsleague.eurohandball.com/index.asp?mode=overview&ctrl=2&saison=2006 |
DJ_SHEMA |
pa se izvadija, iako izgledashe deka kje si sedat doma vo ponatamoshnite natprevari od ligata na shampionite. |
The_Crow |
nasive sekogas pravat bre 1 vo 2 za toa majstori sme inace dankinite pobedija protiv dinamo od volgograd ne go znam tocniot rezultat. Inaku zavisno dali ke bideme prvi ili vtori ke gi dobieme ili hipo ili edna druga ekipa od spanija. |
јузер |
Кометал во првиот дуел од четврт-финалето со Валенсија што се одигра во недела во Шпанија изгуби со 2 разлика.
Доволни или не за пласман во полуфинале ќе покаже реваншот во Кале.
Значи во Кале на мегдан со Валенсија. На Калемегдан!:) |
Goran-Skopje |
Kometal Fans Forum
http://forum.kometalfans.com/ |
wolf_pack |
Два гола му требаат на Кометал за полуфинале
Два гола ќе треба да надомести Кометал Ѓорче Петров против шпанскиот тим Астрок Сагунто, за пласман во полуфиналето од лигата на ракометните шампионки.
Негативата е сосема пристојна, ако се имаат предвид претходните искуства гостувањата кај овој ривал. Ветувачка е, со оглед дека реваншот ќе биде одигран во Скопје, но и опоменувачка.
Во СРЦ Кале не смеат да се повторат осцилациите и хроничната непостојаност која во текот на оваа сезона се провлекува во играта на нашиот тим.
Резултатската предност од 11:8 во првиот дел не беше задржана, просечната екипа на Сагунто водеше и со 22:18 во вториот, но поволно за нас, не извлече поголем профит по воведната половина од двомечот.
Кометал се наоѓа пред одлична шанса за продолжување на серијалот пласмани во завршните рунди од елитното натпреварување. |
dada Sani |
Ракометарките на Кометал Ѓорче Петров оставија судиите и делегатот на вчерашниот натпревар да решаваат за пласманот во четвртфиналето, наместо на околу 3 минути до крајот, при резултат 28-23 за Кометал, да го дотолчат противникот. Несфатливо е што се случуваше вчера во „Кале“. Астрок Сагунто и после овој двобој останува непремостлива пречка за нашиот клуб.
Најголемата одговорност за неуспехот секако ја сносат ракометарките, но мора да се каже нешто за спортската лакрдија што ја направија судиите и делегатот на натпреварот и практично уништија и одведоа во нерегуларност еден одличен натпревар. Настрана од тоа што направија многу грешки поради своето неискуство, судиите дозволија последната минута од натпреварот да се претвори во „целовечерен театар“, со што докажаа дека не се воопшто дораснати за судење на натпревари од ова ниво. Но, и делегатот успешно се вклопи во таа „претстава“. Всушност, тој ја направи клучната грешка, по што настана целата забуна и целиот 15-20 минутен прекин на натпреварот, на само 22 секунди до крајот. Тој и записничката маса не го запишаа исклучувањето на Валентина Радуловиќ на семафорот, по што Кометал повторно играше со 7 играчи, а во меѓувреме Сагунто постигна погодок, што во тие околности, во најмала рака е нерегуларен. Така започна сето тоа, а заврши со постигнување на погодок од страна на Барбоса, за 29-27 и за полуфинале за шпанската екипа.
Пред судиите и делегатот да го уништат, натпреварот беше одличен, со многу борба, трчање и големи мотиви кај играчите од двете екипи. Сагунто почна добро и се водеше израмнета борба. Кометал постигна серија погодоци при крајот на полувремето, за да има водство по 30 минути од 15-13.
Во вториот дел, најпрвин беа постигнати по 2 погодоци на двете страни, а потоа Кометал направи серија од 3-0 за 5 погодоци разлика (20-15). Нашата екипа ја одржуваше таа предност се до последните 3 минути, кога беше 28-23. Потоа, дојде до непотребно опуштање, што гостите од Валенсија го искористија и на крајот победија, со помош на нес(о)весното водење на натпреварот од страната на младите летонски судии, како и „зачинот“ од страна на делегатот од Турција, кој освен грешката со семафорот, вмеша прсти и во смешното исклучување на тренерот Портној.
|
wolf_pack |
Баксузи ли сме шо ли сме[:(]
Во овој случај ни апел нема да ни помогне...28-23, па како си дозволија 4 гола за 3 минути да примат :( |
Goran-Skopje |
Sani, abe kako od tribini izveshtajov sho go napisha, ja gledashe utakmicava? |
dada Sani |
quote: Originally posted by Goran-Skopje
Sani, abe kako od tribini izveshtajov sho go napisha, ja gledashe utakmicava?
Juzer ja gledase pa mi diktirase po telefon. Da go izbrisam postot pogore ako ti preci i mislis deka ne e verodostoen? |
Goran-Skopje |
E kako da go izbrishesh, poverodostojno amin, zatoa te prashav dali ja gledashe na tv na nekoj satelit, ne beshe ova ironichen post ako pomisli na toa. |
dada Sani |
Sega kaj i da e i slika kje mi prati:) |
wolf_pack |
Уфф забравив да проверам дали барем на она интернет-радиото даваа пренос у живо :)
Друг пат ќе му речеме на јузер една конференција на MSN да направи и да пушти web-cam во телевизорот да си гледаме и ние :) |
darkjesus |
Ги гледав последните моменти од натпреварот во Скопје и да ви кажам право уште нешто онакво во живот не сум видел.. Цела ситуација беше траги-комедична. Во последните секунди од натпреварот судиите им го поклонија учеството во полу финалето на шпанците. Исклучија дури 3 играчи на Кометал и им подарија златен гол на шпанците. Незнам зошто (ама сигурно не е недостаток на искуство) секогаш ни се дешаваат вакви работи. И алал да им е на навивачите па јас да бев таму слегував на терен и тепав се живо од судија до делегат. |
profa |
Mene mi e zal za nasive.
Ednostavno poeke se macat so (ne)srekjata odkolku so kvalitetot vo redovite.
Pa neka gi tuzat sudiite togas,barem toa moze da naprat |
a-pin-dim |
Кошмар во "саботната треска"
[img]http://www.sport.com.mk/WBStorage/Articles/ECAF2FD3F1EB8B479A1BB5F980F4CD98.jpg[/img]
Требаа барем три, а на семафорот по истекот на 60 минути останаа само два позитива, 29:27 во корист на Кометал Ѓ. Петров во реванш дуелот од четвртфиналето против Сагунто. Александрина Кабрал Барбоса им донесе кошмар на "кометалки" и нивните фанови во саботната вечер во која сите очекуваа да го прослават четвртото полуфинале во Лигата на шампионите. Како што тоа се случува во филмовите со одличен заплет, но и расплет кој ве остава со скаменет поглед, и Кометал Ѓ. Петров и Сагунто ги одиграа последните моменти од средбата.
Делегатот Сиврикаја заедно со судиите поради пропуст направен во последната минута предизвика десетминутен прекин на мечот. Потоа се наддаваа кој бил во право, а кој погрешил. С$ почна со исклучувањето на Радуловиќ. Судиите покажаа две минути при резултат 28:25. Записничката маса тоа не го евидентираше на семафорот, па во игра место Радуловиќ влезе друга ракометарка. Сагунто постигна гол. Намали на 28:26, а потоа протестираа дека Кометал Ѓ. Петров е со ракометарка повеќе на теренот. Следуваше прекин... На крај се најде некое Соломонско решение. Резултатот остана 28:26. Радуловиќ ги доби двете минути, а Пуче заработи црвен картон.
И кога на семафорот остануваа уште 22 секунди, почна драмата...
Партенко го изведе центарот по примениот гол. Јелиз Озел ја прими топката и самата ја претрча противничката половина. Им избега на ракометарките на Сагунто, дојде до шесте метри и ја смести топката зад грбот на Лопез. Делириум на трибините. Публиката веќе ја слави победата и полуфиналето. На 12 секунди до крај, Кометал Ѓ. Петров води со 29:26. И тогаш Бујанова добива две минути поради спречување на противникот да изведе брз центар. Прва глупост од "кометалки". Сагунто ја почнува акцијата. Одбраната се обидува да го спречи нападот на противникот, а Портној жестоко реагира. Се случува втората глупост. Осум секунди до крај. Портној е исклучен на две минути. Во терен останаа три ракометарки. Премалку за да се спречи нападот на Шпанките. Брзо додавање и вишок, кој Барбоса на 2-3 секунди до крај го претвора во гол за пораз од 29:27, но за полуфинале.
А грешките ги имаше многу. Во моментите кога Кометал Ѓ. Петров водеше со пет гола разлика, противникот почна да игра пресинг. И место тогаш да се внесат во игра побрзите ракометарки, Портној ја остави Бујанова, која беше немоќна и ја забавуваше играта. Кога остануваа две минути до крај, а предноста беше четири гола, 28:24, Портној се мислеше со тајм-аутот и премногу чекаше, па го остави на записничката маса во моментите кога судиите ја одземаа топката. Откако примивме гол, место да се задржува времето веднаш беше побаран тајм-аут, па тактизирањето во финишот беше комплетна утка.
На крајот, откако с$ заврши останаа тажните лица на ракометарките кои испуштија голема шанса. Само еден гол повеќе во мрежата на Сагунто ќе ги однесеше во полуфиналето. Вака остана да се чека следната сезона.
|
dada Sani |
quote: Originally posted by profa
Mene mi e zal za nasive.
Ednostavno poeke se macat so (ne)srekjata odkolku so kvalitetot vo redovite.
Pa neka gi tuzat sudiite togas,barem toa moze da naprat
Kje se zalat do EHF |
јузер |
Jas ako i veruvate na Enigma sum ja fatil samo poslednata minutka od cel natprevar. I imav cuvstvo kako cel natprevar da projde vo taa minutka. Taman se izraduvav Ozel dade Sanke gol i ete ti mesto da se odbranat "dozvolija" (kako, uste ne mi e jasno) so tri minus da gi izigraat poslednite sekundi. Ne smeea da si dozvolad takva limuzina Bujanova i trenerot. Ne smeea da im dadat povod na sudiite da napravat cirkus na kraj. |
dada Sani |
EHF Official Statement
2005/06 Women’s Champions League Match
Kometal Djorce Petrov Skopje (MKD) v CBM Astroc Sagunto (ESP)
Saturday 19 March 2006
Vienna, 24.03.2006 – Following a number of incidents in the closing stages of the quarter-final Women’s Champions League match between Kometal Djorce Petrov Skopje (MKD) v CBM Astroc Sagunto (ESP) in Skopje, MKD on 19 March 2006, the EHF competitions Commission as the body of first instance dealt with the respective matters and came to the following conclusion:
The official protest submitted by Kometal Djorce Petrov Skopje against the validity of the match was rejected. The body of 1st instance did not find grounds to support this protest as the rules of the game were adhered to.
Christina Mayo, head coach of Astroc Sagunto is not allowed to enter any official areas or to participate in any official activities in EHF competitions for a period of two months. The suspension ends on May 23rd 2006. Additionally, Christina Mayo has to pay a monetary fine of € 2.000.
There will be no further sanctions against player No° 11 – Montserrat Diaz Puche of Astroc Sagunto – who received a red card during this game.
|
Goran-Skopje |
...abe koj ne "shisha nas".[:(] |
јузер |
51% беше наша вина. Значи управувачкиот пакет беше во рацете на Кометал, а само 49% кај судиите. :) |