Bulgarians in Albania |
aaron |
Article in Macedonian language stated that Macedonian minority in Albania are invention of the Macedonian secret service.
Архивски Број 1402 Петок, 20 Февруари 2004
Опасни пораки на лидерот на ДПА за Македонците и за македонската држава испратени од Тирана
Џафери тврди дека Македонците во Голо Брдо се измислица
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ
Лидерот на ДПА препорачува отворање на дилемата во врска со формирањето на македонската држава ако таа не го признае Косово: Арбен Џафери
Лидерот на ДПА, Арбен Џафери, тврди дека Македонците од Голо Брдо се измислица на бившиот македонски претседател Киро Глигоров и на македонските тајни служби. Истовремено, тој препорачува дека најадекватен одговор на македонската определба за непризнавање на независноста на Косово е отворање на дилемата во врска со формирањето на македонската држава.
"Од каде извира таа енергија, таа подготвеност за формирање на една "македонска кауза" во Голо Брдо во Албанија?", прашува Џафери во текстот објавен во албанскиот весник "Шекули", за потоа да констатира дека одговорот не треба да се бара ниту во историјата ниту во традицијата, "туку во политичките проекти на мошне старите лидери или на проектите на македонските тајни служби кои се стремат да го релативизираат албанското прашање на просторите на поранешна Југославија". Според него, македонската кауза во Албанија се отворала како антиалбански предизвик во рамките на глигоровистичката стратегија која презела врз себе да реализира неколку сегменти на тајните служби и на кариеристичкото слепило на неколку поединци во Албанија, кои преку своите друштва се стремеле да отворат големи дилеми. "Меѓутоа, тие ќе успеат да сфатат дека импровизираат само бура во една чаша вода... делириумот за создавање етничка кауза во Албанија не е само политичка реторика, но и геостратегиска политика", ќе констатира Џафери.
Истовремено, тој објаснува дека постоел план од времето на поранешна Југославија за формирање една тампон-зона која би ги поврзувала пределите населени со "муслиманите-словенофони" во Гора, Косово, на селата на "торбешите" околу Дебар и оние во Голо Брдо, Албанија. Лидерот на ДПА посочува дека актуелната македонска Влада остварувала разговори за отворање пат кој би го поврзал Голо Брдо со селата на "торбешите" околу Дебар.
Џафери признава дека во еден дел од територијата на Албанија постоела една група што зборувала "еден пресушен дијалект" од словенскиот јазик, која припаѓала на муслиманската вероисповед, но, според него, на оваа група сў уште не и бил јасен нејзиниот национален идентитет, дури таа била многу поназад од другите што денес се признавале под името помаци, торбеши и босанци. Според него, тие едноставно се идентификувале со топонимот на Голо Брдо и дури често пати се декларирале како Бугари.
На лидерот на ДПА повод за вакви жолчни напади врз Македонците во Албанија и врз македонскиот национален идентитет му дал текстот на д-р Кимет Фетаху, Македонец од Голо Брдо, познат активист за правата на Македонците во Албанија, објавен во истиот весник. Џафери не кажува што, всушност, пишува Фетаху. Го претставува како претставник или претседател на едно од друштвата на, според него, "таканаречената Унија на Македонците во Албанија". Фетаху за него е човек "на едно друштво кое според сите веројатности собира граѓани од Албанија кои сметаат дека им се зголемува угледот ако се идентификува со таа политичка измислица - Македонци муслимани, што ниту во самата Македонија не фати место". Лидерот на ДПА вели дека текстот на Фетаху бил интересен само ако се гледал како илустративен дел од синдромот создаден од глигоривистичката доктрина што во суштина, според него, била вештачка и во самиот македонски народ внесувала збрка, како со себеси, така и со другите народи на Балканот. "Овој напис вреди да се анализира само за да се сфати апсурдот на македонизмот, барем перципиран со очилата на доктрината на Глигоров", заклучува тој.
Лидерот на ДПА се враќа и во минатото, тврдејќи дека примарната идеја на ВМРО била да се формира една државна формација на географскиот простор што би се признавала со името Македонија и во која Голо Брдо во Албанија било надвор од полето на нејзиното политичко перципирање. "Оваа Македонија, според политичката платформа на ВМРО, требаше да биде балканска Швајцарија каде што во целосна еднаквост би живееле Бугарите, Албанците, Грците, Турците, Власите и другите. Така, дел од бугарската елита се стремеше преку новиот концепт на држава како Швајцарија повторно да ја врати бугарската доминантна позиција врз една стратегиска територија што ја имаше загубено благодарение на меѓународната арбитража", пишува Џафери, застапувајќи ги познатите тези на Ванчо Михајлов за Македонија без Македонци.
На крајот лидерот на ДПА заклучува: "Претенциозните трансцедетални концепти на Глигоров за македонизмот создаваат само големи историски, политички религиозни збрки и друго, не само во Македонија, но и околу Македонија. Со случајот на промовирањето на македонизмот во Голо Брдо, диригиран од Скопје, се отвора силна политичка дилема која се однесува на формирањето на Македонија како независна држава и влијанието на тоа врз стабилноста на државата и констелациите околу неа". Џафери смета дека најадекватен одговор на, според глигоровистичката и воопшто македонската определба за непризнавање на независноста на Косово, е отворањето на дилемата во врска со формирањето на македонската држава, зашто "тоа и како концепт и како агентурска дејност" ги дестабилизирало албанските простори и регионот.
|
Stanislav_Georgiev |
edited by admin Macedonia or English or you will be banned! |
aaron |
You are probably a stupid redneck with no education and Serbian mother and father.I see that the only thing they've taught you is how to swear.Why don't you f'off to Belgrade and we will take what is ours!Have no fear your end is near. |
Great_Macedonian |
na skoro ke ima nov 'zapaden' popis vo albanija pa ke vidime kolku makedonci ima i dali i kolku bugari ima, strpetese. |
wolf_pack |
quote: Originally posted by aaron Article in Macedonian language stated that Macedonian minority in Albania are invention of the Macedonian secret service.
What a sweetheart this aaron dude is, he pastes an article that points out the view of Arben Xhaferi[:D][:D] |
Christian |
edna poraka: BAN! BAN! BAN! BAN! BAN! etc............ BAN! za site bugarofili! |
aaron |
It seems that you guys got little nervous and decided to delete my post about the 10 lies of Macedonism.I wonder why would that be? I respect all the rules of your forum. Is the reason because of something Mr. Dimitrov said in his book that you don't want people to see. Let me tell you that nobody would edit any of your posts in any Bulgarian website dedicated to history. I know the truth hurts but you have to get used to it cause you will hear more and more of it in the future. Yugoslavia doesn't exist anymore remember. You can't hide the real facts by censorship, the times have changed. I wish you could accept that fact.Do you know what the problem is with all of you " Macedonians ". You just can't have normal discussion about the history of Macedonia. We give you facts; you look the other way and then swear at us or delete the post. I know this is because you have lived with these Slav animals the Serbs and their primitive mindset had somehow influenced you but that's not the way of civilized people. I hate to break it to you but this way you are not going to convince anybody of your point of view. |
DJ_SHEMA |
Nice to know. Now fu_ck off to that forum. |
БТЦРК |
I think that what my fellow Bulgarian said in his previous post might of been a stereo tape, but i have aslo found that most of you can not have a normal discssion. I have been arguing with mecedonians in person and they did not swere as much (only when drunk), but you know the internet is full of 12-15 year old who's parents don't care and these things occur.
If you dont't beliefe us look at non-bulgarian sorces and awake! |
Makedonski_bulgarin |
Koga nai-nakraia vsichki makedonci shte se subudite i shte proumeente che ste bulgari!
Kak taka v albania ima bulgari, a v makedonia stavat makedonci!
Makedonec i bulgarin e edno i sashto! Prosto v Albania ne e imalo JUGOSLAVSKA PROPAGANDA i horata si kazvat che sa bulgari! |
Great_Macedonian |
abe idioti.. sto barate na ovoj web site?
Odete trebete takvi puvki niz balgarija... odi ti vo Bugaria i najdi EDEN bugarin.. odi ti mala prespa vo albanija i recimu na makedoncite tamu deka se bugari- neznam dali ziv ke izlezis od regionot. |
Great_Macedonian |
odi ti vo Bugaria i najdi EDEN bugarin<--mislev ODI TI VO ALBANIJA I NAJDI EDEN BUGARIN........odi ti mala prespa vo albanija i recimu na makedoncite tamu deka se bugari- neznam dali ziv ke izlezis od regionot. |
jingibi |
А ти сигурен ли си?
[url]http://www.standartnews.com/archive/2005/01/31/balkans/index.htm#top[/url] |
Great_Macedonian |
jingibi ubava propaganda na toj vas website...
aj sega ti klikni ovdeka: http://www.macedoniansinalbania.org/ |
Makedon |
Za Makedoncite vo Albanija zbori i poznatiot crnogorski vladika Vasilije Petrovic Njegos od 18 vek, koj veli deka vo Albanija ziveat : Albanezi, Makedonjani (Makedonci) i Bosnjaci Cernogorci - Srbi, Bugari ne spomnuva. Izvor:
ISTORIJA O CRNOJ GORI ot smjerni mitropolit cernogorski, skenderijski i primorski i trona serbskoga, egzarh VASILIJ PETROVIC
10. marta
1754. godine,
u Moskvi
|