Четирите предмети од Хаг |
Strelec |
Дали мислите дека Бучковски ја зборува вистината кога вели дека по секој цена македонското судство ќе ги преземе хашките случаи?
Читам утрово дека Али Ахмети смета дека четирите хашки предмети треба да останат во Трибуналот во Хаг и таму да се решава по нив:
На прашањето дали ќе се појави во македонските судови доколу се отвори процес против него, Ахмети одговори дека ќе одговара пред меѓународните судови. „Јас ги признавам македонските судови, но случаите од 2001 година им припаѓаат на меѓународните судови“, истакна Али Ахмети.
|
јузер |
Во право е Ахмети. Нашиве треба да бараат Хаг да почне истрага за случаите, а не да ги враќа!
Во врска со случаите, затворањето на вентилите на Липковското Езеро е се само не злосторство против човештвото!
А дигањето во воздух на мотелот во Бриони со експлозив закачен на чуварите е најголемо ѕверство што може да постои, а го нема во 4-те случаи!
Значи според мене, Хаг треба да суди, а не да враќа.. со рокада на овие два случаи! |
ProMKD |
Problemot e vo toa sto hag ne saka da gi sudi ovie predmeti. Znaci ako hag ne gi sudi, edinstvenata opcija e da se vratat kaj nas inace sto ke stane? Nisto! E tokmu toa ke bide zlostorstvo! A ne razbiram zosto juzer mislis deka zatvaranje na ventilite vo lipkovo ne e zlostorstvo? Ili pogresno sum te razbral. |
f9 |
Problemot e shto ne se saka da mu se sudi na nikoj drug osven na Ljube.Toa e problemot.Nas ne trgaat za nos.Ako Hag odbiva da pokrene
optuzhbi po site 4 predmeti...shto znachi ne saka da pokrene od bilo koja prichina,obvinitelstvoto vo Hag ne naogja krivica za gonenje.I predmetite ja nemaat taa tezhina na voeno zlostorstvo spored megjunarodni kriteriumi.Shto ako nekoj pokrene optuzhba i gi osudi kaj nas...nishto
nema validnost takvata odluka.Imalo dve sprotivstaveni strani i se odbral nadlezhen sud- toa e sudot vo Hag.koga toj sud odluchi da ne pokrene optuzhba za voenite zlostorstva..nas ni go servira kako vnatreshna rabota.
I nie zinati....ko nishto da ne se desilo.I shto sega,nekoj ke pravi teatar od Makedonskite sudovi...ushte legitimitet da im udrime so pechat od Makedonskoto sudstvo deka ne se krivi-KRIVCITE!.
Makedonija ima interes da predmetite bidat razgleduvani na megunaroden sud.Toa dava legitimitet i pravichna osnova.Koga Hag odbi da pokrene
postapka Makedonija trebashe na noze da stane i da bara ostavka vo Hag od
Obvinitelot Karla.I toa ultimativna ostavka.Mozhebi nejze ne i se vazhni no nas i toa kako.Narednata vlast mora da izvrshi ne samo politichki tuku i na delo pritisok za da postapkite bidat vo Hag.Ne mozhe taka subjektivno eden obvinitel da si odbira predmeti vo Megjunaroden sud.
Zatoa ako nekoj e kriv za ova e kriva vladata na SDSM koja bukvalno od
partiski interesi zaradi koalicijata ja obstruira cela postapka pa duri i aktivno uchestvuvashe so toa shto fizichki gi razdeli kandidatite shto toptan trebashe da odea vo Hag,go kreira za taa cel celiot proces za odzemanje na imunitet na Boshkovski i duri go protera od Makedonskava
drzhava. |
Makedon |
Министерката Мери Младеновска без објаснување зашто договорила враќањето на четирите хашки случаи да почне дури кон крајот на годинава.
Нејасно е повторувањето на нејзиниот став од пред патувањето за Хаг дека судството може да постапува по четирите досиеја. Младеновска не појаснува зошто барала тогаш трансферот да почне на крајот од оваа година.
„Навистина, судството во РМ е спремно и може да се соочи со вакви предмети, значи може да суди тешки кривични дела, што е дел и од сегашното постапување врз основа на надлежностите што ги имаат согласно законите, може да постапуваат по вакви предмети“, рече Мери Ѓорѓиевска Младеновска, министер за правда.
По исходот со четирите хашки случи кои го засегаат Водството на ОНА, се јави и Агим Красниќи. Тој за албанските медиуми вели дека не може судството за некого да е реформирано, а за некого не.
Красниќи најавува дека ќе се јави во Скопскиот суд на 26 февруари, но после тоа ќе размислел дали и тој да почека на реформите.
Со критика од Хаг Младеновска ја дочекаа и правните експерти. Не гледаа многу логика во причините четирите случи да почнат да доаѓаат кон крајот на годинава.
Тие за А1 тврдеа дека судството може веднаш да постапува, со оглед дека веќе има и пресуди за тероризам и за други тешки дела. Апелираа да се реформира свеста, зашто на овој начин се изразува само политичкиот притисок врз независното судство.
Од власта нема одговор ниту за предлогот со четирите случаи да го побара во Македонија и петтиот - Бошковски и Тарчуловски.
======================================================
Posle Ljubco i Dxaferi ja napraile vojnata, koga sojuznicite se stitat [:D] |
трендафил |
Агим Красниќи се појави на судењето на 26 февруари, но кога виде дека се појави еден од сведоците (киднапиран), наводно му се слоши и судењето беше одложено. Судот смета дека тој нема да врши притисок врз сведоците, па затоа не му е одредена мерка притвор.
Што се однесува до враќањето на предметите, работата е јасна. По законот за амнестија по нив одлучува Хаг, а неговата одлука е по нив да постапуваат македонските судови. Нејасно е само зошто тоа не се направи побрзо. Пред се` затоа што во некои од предметите доколку се докаќе вината на обвинетите можен е доживотен затвор, па со одовлекувањето на евентуалните воени злосторници им се подарува слобода веќе 5 години, од кои 2 години им подарува оштетената страна, Македонија. Доколку оваа власт не мисли дека добила, а не изгубила со војната во 2001 година и сите човечки и материјални жртви во неа. Ова е и кривично дело. Затоа изненадува што министерката Мери Младеновска наместо да ги бара предметите веднаш и веднаш да се постапува по нив тоа го одложува за по изборите. Уште можеби се надева дека нејзината партија ќе ги загуби изборите, само за да не биде таа што ќе ги превземе.
П.С.: Изгледа дека постои сведок за киднапирањето, тринаесеттиот киднапиран.
|
lav |
quote: Originally posted by трендафил
Агим Красниќи се појави на судењето на 26 февруари, но кога виде дека се појави еден од сведоците (киднапиран), наводно му се слоши и судењето беше одложено. Судот смета дека тој нема да врши притисок врз сведоците, па затоа не му е одредена мерка притвор.
Што се однесува до враќањето на предметите, работата е јасна. По законот за амнестија по нив одлучува Хаг, а неговата одлука е по нив да постапуваат македонските судови. Нејасно е само зошто тоа не се направи побрзо. Пред се` затоа што во некои од предметите доколку се докаќе вината на обвинетите можен е доживотен затвор, па со одовлекувањето на евентуалните воени злосторници им се подарува слобода веќе 5 години, од кои 2 години им подарува оштетената страна, Македонија. Доколку оваа власт не мисли дека добила, а не изгубила со војната во 2001 година и сите човечки и материјални жртви во неа. Ова е и кривично дело. Затоа изненадува што министерката Мери Младеновска наместо да ги бара предметите веднаш и веднаш да се постапува по нив тоа го одложува за по изборите. Уште можеби се надева дека нејзината партија ќе ги загуби изборите, само за да не биде таа што ќе ги превземе.
П.С.: Изгледа дека постои сведок за киднапирањето, тринаесеттиот киднапиран.
Се е тоа можно и веројатно...најверојатно се знаци на судбината која не следи будно....и не случајно можеби ранетиот орел падна(л) мртов пред резиденцијалниот кварт и тоа баш на сред Водно?. |
трендафил |
quote: Дознаваме дека 13-тиот Македонец преживеал цели 12 дена во подземен импровизиран затвор на ОНА во планинските делови на Шар Планина. За разлика од останатите 12 киднапирани и убиени Македонци, тринаесеттиот и единствен преживеан од истата група, не бил по потекло од Тетовско.
Во МВР изјавија дека немаат информации за случајот.
Според документи и информации до кои дојде „Време“, тој бил киднапиран на 15 август 2001 во реонот на селото Боговиње откако неговото возило било запрено од поголема вооружена и униформирана група чии припадници носеле ознаки на воена полиција.
Оттука бил одведен во селото Шипковица каде за време на воениот конфликт беше сместен Главниот штаб на паравоената ОНА . Потоа, со вреќа на глава, бил однесен во непознат правец и префрлен во затворски простории каде имало и други киднапирани Македонци.
Пишува денешно [url="http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=10&tabid=1&EditionID=669&ArticleID=42123"]„Време“[/url]
Ова го потврдува тоа што повеќе пати го напишав на форумов дека Лека киднапираните живи и здрави му ги предал на Али Ахмети во Шипковица. Се надевам дека во тоа време во одлуката тие да се ликвидираат не учествувала и нашата „државотворна“ партија, односно дека уште не постоела коалицијата помеѓу СДСМ и ДУИ, односно дека Македонците во актуелната власт ги заштитуваат само своите албаномакедонски коалициони пријатели, а не и самите себе си.
П.С.: Што се однесува до прашањето поставено при отварањето на темата, мислам дека Македонија ќе мора да ги осуди сите воени злосторници доколку сака да влезе во НАТО и ЕУ. Со воени злосторници на слобода, уште во власта, тешко е да се очекува влез, посебно не во ЕУ.
|