Makedon |
Конечно, откриени се оригиналните спомени на Кирил Прличев, син на Глигор Прличев. Оригиналните спомени на Кирил Прличев ги криела 50 години неговата ќерка, игуменијата Меланија на манастирот “Дрвеница” Софијско и ги открива на македонскиот неделен весник “Фокус”. Прличев не спомнува никакви македонски бугари, како што објавуваше МНИ, ами само Македонци и своето дело на крај го завршува со следнава реченица: “Македонско движење ќе има, а македонското прашање ќе остане ќе остане отворено додека постојат причините за национално-политичко и социјал-економско незадоволство на Македонците” (Фокус, бр, 555, 17.02.2006, стр. 39)
|