Koj go koci istrazuvanjeto na nesrekata |
Ceki |
ВЕСТ ОТКРИВА: НЕСРЕЌАТА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ТРАЈКОВСКИ НА СУД ВО САД
Американците ги бараат остатоците од авионот
Американската адвокатска фирма "Лив Кабрасер, Хајман и Бернштајн" од Сан Франциско која ги застапува семејствата на загинатите во несреќата на претседателскиот авион, нема одговор од македонските власти дали ќе добие дозвола да ги испита остатоците од "кингерот".
"Вест"вчера ексклузивно доби изјава од Дејвид Л.Фиол, претставник на американската адвокатска фирма, кој потврди дека случајот со несреќата на "кингерот" веќе е пред американски суд.
"Потврдуваме дека нашите клиенти поднесоа тужба на суд во САД против Рејтион еркрафт компани, американскиот производител на 'бич кинг ер 200' на кој му се случи несреќата. Сега кога тужбата е поднесена, ние ќе бидеме во можност да ја истражуваме причината за несреќата низ задолжителна размена на фактички информации што се бара со правилата на судовите на САД", изјави Фиол.
Приватната тужба ја подигнале сите семејства на настраданите во несреќата близу Мостар, освен семејството на Анита Кришан - Лозановска. Американската адвокатска фирма е специјализирана за правни процеси поврзани со авијацијата, а била ангажирана уште пред една година, објави "Вест" пред еден месец.
"Се уште нема какви било одлуки од судот. Бидејќи судскиот процес е во рана фаза ние нема веќе да даваме изјави за медиумите", изјави Фиол.
Американските адвокати бараат увид во остатоците од "кингерот" и веќе се судриле со македонската бирократија.
"Во блиска иднина ќе бараме дозвола да ги видиме и евентуално да тестираме делови од остатоците од авионот. Нашите претходни контакти со владините службеници во Македонија останаа без одговор за тоа дали ќе ни биде дозволен пристап до остатоците", стои во изјавата на Фиол.
"Во САД, генерално на сите заинтересирани страни им е дозволен пристап до остатоци од авион за испитување и тестирање откако е завршена официјалната истрага, и тоа или на доброволна основа или со судска одлука. Се надеваме дека истите права се признаени и во Македонија и дека идеално, Владата доброволно ќе им дозволи на страните да ги испитаат и тестираат остатоците на нивно оправдано барање", објаснуваат на стартот на истрагата американските адвокати.
Семејствата пред да ја почнат постапката биле посоветувани дека вистината за несреќата може да се утврди единствено во судска постапка, а вообичаена адвокатска практика во авионски катастрофи е да се почне од производителот. Реномираниот американски производител на авиони "Рејтеон" нема лесно да дозволи да се разниша неговата позиција, и така ќе се откријат деталите за несреќата. Во Македонија не беше ни покрената истрага и нема интерес уште еднаш да се отвора прашањето.
Уште во текот на сараевската истрага за несреќата и додека траеја постапките на Босанското и Македонското обвинителство, јавно беа пласирани повеќе пропусти на службите задолжени за безбедноста на ВИП летовите со "кингерот". Кога пред суд ќе се расветлат дејствата кои и претходеле на несреќата, може да се очекуваат и нови тужби.
Остатоците од "кингерот" беа вратени во Македонија година и пол по несреќата, на 28 јули 2005. Сместени се во хангар на АРМ на Скопскиот аеродром.
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=112372&idg=6&idb=1696&rubrika=Makedonija |
ProMKD |
Site znaeme deka vistinata nema da izleze od drzavna istraga. Vo bilo koja drzava da se slucese vakvo nesto, isto ke bese posto javnosta nikogas nema da doznae zosto pretsedatelot poginal. Toa sekogas ke ostane drzavna tajna. Vaka semejstvoto moze samo da dobie pari od proizvoditelot na avionot |
NACIONALIST |
ova ne e nikakva tajna, znaeme site deka branko go ubi TRAJKOVAKI, za da dojde na tronon kakde sto e sega, i nemojte da se pravite kako nisto da ne se slucilo, i kako nisto da ne znaete |
vancom18 |
branko i ali go ubija boris |
Pina |
Branko a?
Branko e sitna riba za da stoi zad vakvo neshto. |
wolf_pack |
За разлика од Киро Компиро на Борис му немаше излаз од атентатот. Кој ли ќе е или не е, не се мачите да дознаете [:D] |
Christian |
za JFK ne sakaat da kazat,kamu li za nasiov so go svitkaa. |
f9 |
Shto ste li tolku paranoichni?,nikoj ne go svitka.Boris beshe na stranata na "Branko & Company",so mizeren rejting i beshe cel na javen potsmev pred da zagine.A zagina bash od poklonot od svoite prijateli vo novata vlada,da leta so vladino avionche koe po se izgleda beshe neispravno-ispravno no poradi xyz prichini na nekoja budala od Nato
pogreshno beshe identifikuvano kako avioncheto na dvoecot Karadzich- Mladich tolku chesto primetuvano vo okolinata na Tuzla.Realnite motivi za likvidacija od osveta se naogjaat kaj onie koj vo poslednive chetiri godini pominaa niz premrezhjata na apsenja i shikaniranja od bratot Ljube se do Amdi,no koj vo ovoj sluchaj imaat alibi. |
трендафил |
Истрагата ја кочат тие што ја предизвикаа несреќата. Иако не ми е јасно чуму атентат на Трајковски кога и така беше политички мртов. Кој тоа не можеше да почека 9 месеци до редовните претседателски избори. Ова го пишувам под услов да не бил Трајковски прв, а Црвенковски втор на листата на САД. Дека, да потсетам, за Трајковски лобирале во 1999 година САД и Германија. Дури и Киро Глигоров бил за неговиот избор.
По неуспешниот атентат на Глигоров и успешниот врз Трајковски во време кога премиер беше Црвенковски, дали за да си замине Бранко од политичката сцена треба да очекуваме тој самиот да си изврши атентат.
|