Борис Трајковски - две години потоа
Борис Трајковски - две години потоа
трендафил Вчера беше многу интересна емисијата „Во центар“ посветена на Борис Трајковски. Според изјавите на луѓе кои учествувале во сето тоа за да стане Борис Трајковски претседател лобирале САД и Германија тој да биде заеднички кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ. Љубчо Георгиевски бил против (за Васил Топурковски) но на централниот одбор на партијата е надгласан. Лобирањето за Трајковски пред гласањето го правеле помеѓу другите Доста Димовска, Душко Кадиевски и други што сега се во партијата на Доста, но и Борис Стојменов. Киро Глигоров исто така неуспешно лобирал СДСМ да нема свој кандидат. Веројатно и затоа не се појави на конвенцијата на Тито Петковски. За Трајковски во вториот круг гласале сите албански Македонци, не само од ДПА. Останува нејасно кој лобирал за тоа, дали директно САД и Германија на пример. Во текот на војната пак, покрај тоа што не сакал да потпише наредба за општа мобилизација, нема потпишано или одовлекувал со потпишувањето на наредби во повеќе случаи. Така наредбата за одбрана на Куманово ја има потпишано Стојан Андов. На почетокот на војната инсистирал на владата на широката коалиција. Претходно контактирал и со ВМРО и со СДСМ. Нејасно ми е како било можно на една од средбите кај врховниот командант на АРМ да присуствува и Борис Кондарко, во тоа време неамнестиран дезертер. Борис Трајковски исто така во почеток ја подржувал идејата за трајно решавање на меѓуетничкиот конфликт ( на албанските Македонци со Македонците и сите други малцинства) со размена на луѓе и територии. Таа идеја во почетокот ја подржувале и САД. Зошто е напуштена, не беше јасно кажано во емисијата. Дел од соговорниците на Васко Ефтов исто така мислеа дека смртта и пргребот на Трајковски беа последната негова злоупотреба од ислуѓени политичари кои преку него си ги продолжија политичкиот живот. Додека не дојдат и тие на ред. (мој коментар)
трендафил Сега во 12:30 часот ќе има реприза на Канал 5.
vancevtodor Trendafil veli:
quote:
Лобирањето за Трајковски пред гласањето го правеле помеѓу другите Доста Димовска, Душко Кадиевски и други што сега се во партијата на Доста, но и Борис Стојменов. Киро Глигоров исто така неуспешно лобирал СДСМ да нема свој кандидат.
Vo mometot koga ke bidat obelodeneti pricinite za atentatot vrz Gligorov 1995g, site raboti od 1990 do deneska ke bidnat jasni.
трендафил Очигледно е дека ние имаме малку автентични политичари и ценењето е зависно од тоа колкава пропаганда се прави за некој од нив. Тоа е најочигледно кај Борис Трајковски. Рејтингот му беше многу низок пред смртта. Некои злобници (да кажам) велат дека не ќе беше чудо на претседателските избори што требаше да се одржат на половина година по неговата смрт, тој да станеше кандидат на СДСМ (на што „газдите“ ќе ги натераа за казна поради однесувањето на изборите во 1999 година) и дека тоа што го пласираа по загинувањето на Претседателот им било спремно за изборите. Или знаеле дека ќе загине. Да потсетам дека филмуваната биографија на Јосип Броз и специјалните емисии што се даваа по смртта на претседателот на СФРЈ и СКЈ беа спремни половина година пред неговата смрт, а сепак СДСМ е правен наследник на комунистите. Како комунисти и влегоа во плурализмот. Оттука и изјавата на Јадранка Костова во емисијата дека Борис Трајковски влезе во политиката со фалсификат на изборите, а излезе со фалсификат на биографијата.