burglar |
[url]http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2996&stID=73952[/url]
Дневник 24/02/2006(Петок):
ЖИВОТ ПОД БАЗНИ СТАНИЦИ НА МОБИЛНИ ОПЕРАТОРИ
Зрачењата ќе го нарушат здравјето на ќерка ни
Даница Тунтевска
Семејството Живалјевиќ од населбата Аеродром стравува дека здравјето на нивната тригодишна ќерка може да биде нарушено од нејонизирачкото зрачење на базните станици и на антените на мобилните оператори што се поставени на покривот од нивната кула на улицата Руди Чајавец број 8. Тие живеат на последниот кат, а базните станици се поставени над креветчето на девојчето. Живалјевиќи не се согласуваат со ставот на поголемиот дел од станарите на зградата, кои за паричен надомест им дозволиле на мобилните оператори "Мобимак" и "Космофон" и на интернет-провајдерот "Он.нет" да ја постават својата опрема на рамниот покрив на шеснаесеткатницата. Драган Живалјевиќ бара да се отстранат базните станици над неговиот стан, но вели дека нема начин како да се избори за тоа.
Мобилните оператори имаат базни станици на многу станбени и деловни објекти во Скопје. Тие тврдат дека базните станици за мобилна телефонија не го загрозуваат здравјето на луѓето. За разлика од мобилните оператори, еколошките друштва го тврдат спротивното. Членовите на "Екомисија" пред извесно време доставија иницијатива до Владата за заштита од нејонизирачкото зрачење од базните станици. Тие побараа Владата да прогласи привремен мораториум за поставување базни станици блиску до образовните, станбените и болничките објекти, додека не се прифати иницијативата. Државните власти досега не одговориле на иницијативата и на барањата на "Екомисија".
На покривот на кулата веќе се монтирани антени и базни станици на "Мобимак" и на "Он.нет", а сега се ставаат држачи за антените на "Космофон", кои ќе се постават наскоро.
- Антените и базните станици, за кои никогаш не дознавме колку зрачат, се монтирани точно над креветчето во кое спие мојата ќеркичка. Дел од соседите сметаа дека 200 евра месечна кирија, колку што плаќаат операторите, вредат повеќе отколку ризикот за нашето и за нивното здравје. На ниту една друга зграда во Скопје нема толку многу антени, но никој од станарите не се заинтересира за максималното зрачење. Еден сосед, кој работи во "Македонски телекомуникации", им објаснил на другите дека зградата на која се монтирани антените е најмалку изложена на зрачење и оти токму околните згради се најмногу на удар на штетното влијание. Намерно или случајно, тој го испушти фактот дека електромагнетните бранови може да се одбијат од соседните згради и да се засилат - вели Живалјевиќ, кој по професија електроинженер.
Од куќниот совет на зградата објаснуваат дека мнозинството станари се согласиле дека поставувањето на базните станици ќе биде во интерес на сите, бидејќи парите ќе се искористат за одржување на зградата.
- Ако испитувањата покажат дека зрачењето е штетно, нормално дека ќе побараме од операторите да ги тргнат. Имаат градежни дозволи да ги постават, што значи дека веќе се направени испитувања за штетноста - велат од куќниот совет.
Според Живалјевиќ, договорот со операторите бил потпишан на десет години, со можност за продолжување. Семејството побарало од Министерството за животна средина да го измерат штетното зрачење, но иако им било ветено дека тоа ќе го направат деновиве, инспекторите не се појавиле.
- Ќе мора во следните десет години да живеам во страв и надеж дека антените монтирани над главата на мојата ќерка нема штетно да се одразат врз нејзиното здравје. И да сакам да го продадам станот, речиси да немам шанса за тоа. За стан на последен кат, над кој има антени, нема да добијам цена ниту за гарсониера, бидејќи меѓу луѓето сепак постои убедување дека антените се штетни - вели Живалјевиќ.
Од "Мобимак" се категорични дека нивната опрема воопшто не е штетна по здравјето на луѓето. Тие објаснуваат дека при поставувањето на базните станици ги почитуваат сите законски прописи и стандарди.
- На локациите каде што имаме базни станици Институтот за превентивна медицина врши мерења на зрачењето. Сите досегашни мерења покажуваат дека нашите базни станици не се штетни за луѓето. И испитувањата на Светската здравствена организација го потврдуваат фактот дека базните станици не предизвикуваат заболувања - велат од "Мобимак".
Од "Космофон" не можеа да кажат како нивните базни станици влијаат врз здравјето на граѓаните, бидејќи директорите на фирмата не биле таму. Тие најавија дека наскоро ќе дадат "официјален одговор на суптилното прашање".
Професорот на Архитектонскиот факултет и активист на еколошкото друштво "Екомисија", Михаил Токарев, тврди дека постојат сериозни индикации за неповолни ефекти од базните станици врз човекот, како што се несоница, главоболка, краткотрајно губење на меморијата и пречки во развојот на децата.
- Резултатите од испитувањата во училиштата врз кои се поставени базните станици покажуваат дека нема гарантирана заштита од изложеноста на долготрајни зрачења - вели Токарев. |
LIDIJA - SKorpija |
Za zracenjeto na baznite stanici se zboruva ushte od postavuvanjeto na istite vo Makedonija vo 1996 god. od strana na MobiMak.
Dosega ne e dokazano deka zracenjeto e shtetno, nitu pak deka ne e shtetno.No sepak prasanjeto seushte e diskutabilno.
Problemot so postavuvanjeto na baznite stanici vo gradskite podracja ne e od sega!
Koku sluchai imal samo Mobimak so stanari na kukjni soveti koi prvo davaat dozvola,zemaat kirija za toa ,a posle toa mislat za eventualnite posledici.Da ne nabrojuvam sega ,ama imashe sluchaj vo Karposh 4 i Porta VLae prethodno....
Dali site nie pomisluvame kolkavo zracjenje dobivame dnevno od televizorite i kompjuterite, koi doma sami sme si gi postavile?
|