dalila |
Скопје е највозбудливиот град во Европа за возење. Ќе се сложите ли? Затоа за новодојдените и посетителите ќе им ги дадеме основните правила за возење во нашиот град:
- За да добие генерална слика за возењето во Скопје, пуштете ја играта Need For Speed IV и погледајте. Потоа седнете во вашата кола и вежбајте се.
- Кога се двоумите, додадете гас.
- Никогаш не употребувајте трепкачи (жмигавци) за да не ги збуните останатите учесници во сообраќајот.
- Кога чекате на семафор, не се мачите да гледате во него. Причекајте ги сирените од автомобилите позади вас и тогаш може да тргнете.
- Кога треба да завртите во лево, продолжете по лентата за право и престројте се пред сите за во лево.
- Кога ќе тргнувате запаметете дека треба да додадете нагло гас и да зашкрипите што посилно со гумите.
- Тинејџерите мислат дека се бесмртни. Не трошете време да ги научите обратно.
- Таксистите и голем број други возила секогаш ќе мора да ги претекнувате од десната страна .
- Никогаш,никогаш не застанувајте на пешак, доколку тој самиот не ви се втурне под тркалата.
- Првото паркинг-место што ќе го видите е и последно. Веднаш завземете го. Доколку ве мрзи да се паркирате, слободно оставете го возилото на сред улица.
- Запаметете дека Скопје е дом на слалом возењето.
- Коге се приближувате кон семафор, натемпирајте ја брзината така да поминете вие на жолто светло, не размислувајте за другите позади вас.
- Никогаш не се ни приближувајте до кола на која очигледно и треба поправка.
- Сеkогаш гледајте и на двете страни кога поминувате на црвено светло.[:D]
- Кога ќе се приклучувате кон Партизанска од било која страна, ако ви се случи да појдете во обратна насока слободно продолжете да возите.
[:D][:D][:D] |