dalila |
Проблеми со надградба од Дечко 5.0 на Маж 1.0
До техничката поддршка:
Почитувани !
Минатата година извршив надградба од Дечко 5.0 на Маж 1.0 и приметив дека новиот програм почна да врши неочекувани промени на софтверот за книговодство, жестоко лимитирајќи го пристапот на апликациите за гардероба, цвеќе и накит кои совршено функционираа под Дечко 5.0. Во упатството за тој производ немаше напомена за тој феномен. Исто така, Маж 1.0 врши деинсталација на многу други значајни програми како што е Вечера и танц 7.5, Крстарење 2.3 и Кино/театар 4.1 и инсталира нови, непосакувани програми како што се Покерска вечер 1.3, Фудбал 5.0, Алкохол 2.4 и Неред насекаде 4.5. Програмот Разговор 8.0 повеќе не работи, секој пат кога ќе го употребам, ми се руши системот. Ни под ниедни услови не сака да изврши наредби од програмите Менување на пелени 14.1 или Чистење на станот 2.6. Пробав преку употреба на Караница 5.3 да го поправам Маж 1.0, ама овој повеќенаменски програм (utility) на Маж 1.0 има ограничена ефикасност. Ве молам, дали можете да ми помогнете!!!
Искрено Ваша, Елена
>Одговор од техничката поддршка:
Драга Елена!
Ова е многу чест проблем на кој се жалат жените, но воглавно настанува како резултат на заблуда. Многу жени вршат надградба од Дечко 5.0 на Маж 1.0 незнаејќи дека Дечко 5.0 е само пакет за ЗАБАВА. Меѓутоа, Маж 1.0 е ОПЕРАТИВЕН СИСТЕМ и е проектиран на тој начин да извршува што е можно помалку апликации. Значи, не можете да го избришете Маж 1.0 и да се вратите на Дечко 5.0, затоа што Маж 1.0 не е проектиран со таа можност. Не е возможно да се изврши деинсталација, бришење или чистење на програмските фајлови од системот, кога тие се веќе еднаш инсталирани. Било кој нов програмски фајл може да се инсталира еднаш годишно, затоа што Маж 1.0 има ограничена меморија. Пораките за некои грешки се чести и претставуваат нормален дел од Маж 1.0 . Во очајничките обиди да стартуваат некои од своите омилени стари апликации, некои жени се решаваат да ги инсталираат Швалер 1.0 или Маж 2.0. Меѓутоа тие жени на крај имаат многу повеќе проблеми отколку што имаа со Маж 1.0. Погледнете во прирачникот кај предупредувањето: Разводи/Алиментација. Ќе приметите дека тие програми не се финансиски исплатливи, а плус тоа со нив заедно оди и програмот Скршено срце 1.3. Предлагаме да го задржите Маж 1.0, и да едноставно ги научите чудата на овој необичен и нелогичен систем. Бидејќи и ние самите ( жени ) имаме инсталирано Маж 1.0 Ви предлагаме да го прочитате цел оддел за Општи Грешки во Заедницата – ОГЗ. Тоа е прекрасна опција на Маж 1.0 , која е тајно инсталирана од програмерите така да е составен дел од целиот оперативен систем. Маж 1.0 ќе ја превземе ЦЕЛАТА одговорност за СИТЕ грешки и проблеми, без разлика на причината. За да би се активирала таа прекрасна опција, внесете ја командата C:\mislev deka me sakas. Понекогаш заедно со таа команда мора да се извршува и програмот Солзи 6.2. Маж 1.0 тогаш би требало да ги изврши скриените апликациите Извинување 12.3 и Цвеќе/бомбоњера 7.1.
Совет: Избегнувајте го пречестото користење на оваа опција. Тоа може да предизвика додатни и поозбилни ОЗГ, и на крајот ВИЕ ќе треба да ја извршите командата C:/se izvinuvam . Претераната употреба, исто така може да предизвика да Маж 1.0 ја изврши и апликацијата Мрзлива тишина 2.5, или пак уште полошо, Пиво 6.0 кој е многу лош програм кој предизвикува правење фајлови ‘Дебел стомак’ и ‘Гласно р’чење’ кои се бришат многу тешко.
Спасете се самите себеси од неволји и послушајте го овој технички совет! Само запаметете! Системот ќе функционира глатко, и ќе ги превземе сите кривици за ОГЗ, меѓутоа поради тие фини карактеристики само повремено може да ги извршува сите апликации кои ги извршуваше Дечко 5.0. Маж 1.0 е одличен програм, само што има ограничена меморија и нови апликации не може многу брзо да учи. Размислувајте за дополнително купување на додатен софтвер за подобрување на перформансите. Ние препорачуваме Топла храна 3.0 , Долен веш 5.3 и Трпение 10.1. Кога се користат заедно, тие програми и Маж 1.0 работат без грешка. После неколку години употреба, Маж 1.0 ќе стане близок и ќе пронајдете многу вградени карактеристики како што се Поправи ги скршените работи 2.1, Галење 4.2 и Најдобар пријател 7.6.
Финална опомена!!! НИКАКО, ни под било кој услов, не го инсталирајте програмот Свекрва 1.0. Таа апликација не е поддржана, и ќе предизвика селективен Shut Down на оперативниот систем. Маж 1.0 ќе ги извршува само Ловење риба 9.4 и Спорт 5.2 се додека Свекрва 1.0 не се деинсталира.
Се надеваме дека овие напомени ви помогнаа. Благодариме што избравте да го инсталирате Маж 1.0 и ние овде од Техничката поддршка ви посакуваме многу среќа во наредната работа со системот. Веруваме дека ќе научите да уживате во овој производ![B)]
Техничка поддршка
[:D][:D][:D] |