dada Sani |
Гоце Смилевски доби награда за најдобра македонска драма
Гоце Смилевски е добитник на наградата за најдобар македонски драмски текст на конкурсот кој го иницираше младиот австриски режисер Кристијан Папке, а кој е поддржан од Министерството за надворешни работи на Австрија, нашето Министерство за култура, Австрискиот и македонскиот П.Е.Н. центар и Комитетот за превод и јазични права на меѓународниот П.Е.Н. центар.
Смилевски ја освои наградата во конкуренција со уште 13 други автори. Според Кристојан Папке, најголем противкандидат на Смилевски му бил Венко Андоновски, но жирито на крајот сепак се одлучило за "Три кратки танцови чекори преку границата" на Гоце Смилевски.
Она што го разликува Смилевски од останатите автори кои конурираа за наградата, е фокусот на неговата драма. Темата за границите и животното искуство на човекот во време на политички промени, кај Смилевски поседува димензија на универзалност на приказната. "Тој не се одлучил за приказна во која директно ќе бидат прикажани општествените проблеми и хаосот, туку гради паралела помеѓу европската историја и сегашната ситуација во Македонија. Денешната македонска ситуација е ставена на ниво на европска важност. Смилевски размислува за европското злосторство и казна од македонска гледна точка", вели Кристојан Папке.
"Три кратки танцови чекори преку границата", како што вели авторот Гоце Смилевски говори за една македонска балерина која границата може да ја премине како уметник, а не како човек. "Ова е нашата стварност", вели Смилевски. Тој ја испреплетува оваа стварност со стварноста на поетите Рилке и Цветаева, како и онаа на Сигмунд Фројд и неговата сестра Адолфина. Помеѓу овие ликови, македонската балерина замислува фиктивни средби и разговори, обидувајќи се да ги ослободи нивните души. Поточно, приказната ги одразува последиците кои политичките околности ги оставаат врз психата на поединецот.
"Смилевски создава модерна, високо интелектуална драма со силен структурен интегритет, убедливи дијалози и фасцинантен поетски јазик", велат во своето образложение членовите на жири комисијата во која членува: Вида Огњеновиќ, Горан Стефановски, Александар Поповски, Клаус Олоф и Кристојан Папке.
Гоце Смилевски идниот викенд ќе отпатува во Виена каде што ќе му биде врачена официјалната награда од 2500 евра, но исто така драмата ќе биде преведена на германски јазик, таа ќе биде објавена во Австрија, по што ќе следи и нејзино поставување на театарската сцена. "Три крати танцови чекори преку границата" ќе ја режира Кристојан Папке, а нејзината премиерна изведба најверојатно ќе се случи на лето, на фестивал на отворено, кој се одржува во Кантен, западен регион во Австрија.
Ова не е прв драмски текст на Смилевски. "'Разговор со Спиноза' беше напишан во форма на драмски текст но не помина во театрите", вели Смилевски. Токму за овој роман, Гоце Смилевски, во 2002 година ја доби наградата за најдобар роман на "Утрински весник" етаблирајќи се во сферата на македонската книжевност. "Ќе бидам првиот македонски автор кој живее во Македонија, но своето драмско деби, наместо во земјата, ќе го има во странство", вели Смилевски.
Претствата "Три кратки танцови чекори преку границата", македонската публика најверојатно ќе има можност да ја види на наредното издание на МОТ, а можноста за нејзино поставување на некоја од македонските сцени останува отворена. На регионално ниво, засега е договорено нејзино читање на сцената на познатото "Ателје 212" од Белград, во Србија и Црна Гора, зермјата во која наредната година ќе биде организиран истиот конкурс за најдобар драмски текст.
|
dada Sani |
Dramata "Tri kusi tancovi cekori preku granicata" e del od negoviot nedovrsen roman so raboten naslov "Sestrata na Sigmund Frojd". Goce najavuva deka do zavrsuvanjeto na romanot naslovot bi mozel da se promeni vo "Rekviem za Adolfina Frojd". Delovite od romanot sto se koristeni vo pisuvanjeto na dramskiot tekst se od imaginarnata sredba na Adolfina Frojd so nejziniot pokoen brat Sigmund. Osven navrakjanje na minatoto, sredbata pretstavuva i moznost za obvinuvanje - imeno napustajki ja Viena i begajki od nacistite, Sigmund go spasuva svoeto potesno semejstvo i sestrata na negovata sopruga, no ne i negovite sopstveni sestri. Tie ostanuvaat na milost i nemilost vo Viena i zavrsuvaat vo koncentracionen logor.
"Romanot na koj rabotam se obiduva da dade slika na zivotot na Adolfina Frojd, nejzinoto postoenje videno niz prizmata na teoriite na Sigmund Frojd, no voedno, i nejzinoto pobivanje na tie isti teorii preku nacinot na koj go prezivuva svojot zivot".
Bi bilo interesno da se procita kako nekoj gi dozivuva teoriite na Frojd i voedno i gi pobiva. |