Кирил Симоновски - Џина
Кирил Симоновски - Џина
wolf_pack Кирил Симоновски-Џина, фудбалска легенда што не се заборава! Прв репрезентативец и капитен од Македонија [img]http://img332.imageshack.us/img332/2156/kirilsimonovskidzina1cd.jpg[/img] Повеќе фудбалери од Македонија настапувале за А репрезентацијата на поранешна Југославија, почнувајќи од Кирил Симоновски-Џина, Благоја Видиниќ, Кирил Дојчиновски, браќата Милко и Бошко Ѓуровски, Вујадин Станојковиќ, Дарко Панчев, Мето Спасовски, Сократ Мојсов... Сигурно ќе ги интересира читателите на "Утрински весник", особено оние од помладата генерација - кој беше првиот репрезентативец од Македонија, кој го облекол “синиот° дрес на поранешната репрезентација на Југославија. Тоа беше легендарниот фудбалер на Партизан и на Вардар, подоцна и нивни тренер, Кирил Симоновски-Џина, сигурно еден од најдобрите фудбалери што го имала Македонија. Кирил Симоновски одигра 10 натпревари за Југославија, сите како член на белградски Партизан. Тој настапи на првиот меч на репрезентацијата на Југославија, по Втората светска војна во Прага, на 9 мај 1946 година, против Чехословачка. Југославија победи со 2:0. Симоновски беше капитен, прв и единствен на поранешната југословенска репрезентација од Македонија. Во Прага играа: Монсидер, Станковиќ, Кокеза, Плеше, И. Хорват, Симоновски, К. Томашевиќ, Митиќ, Бобек, Ф. Матошиќ, Коцијан. Играше и во реваншот истата година во Белград кога Југославија победи со 4:2. Потоа настапи и на натпреварите со Албанија 3:2, Романија 1:2, Бугарија 2:1, Чехословачка 1:3, Романија 3:1, Унгарија 2:3, и повторно Бугарија 2:1. Неговиот последен репрезентативен меч беше против Франција во Белград на 9 октомври 1949 година, кој заврши нерешено 1:1. На оние девет натпревари Симоновски постигна еден гол, против Романија (2:1). Во дресот на Партизан, Симоновски одигра 177 натпревари, постигнувајќи 61 гол. Беше член на онаа прва генерација на Партизан од 1946 година: Глазер, Чолиќ, Попеску, З. Чајковски, Ѓурѓевиќ, Атанацковиќ, Сереш, Матекало, Бобек, Симоновски. Кирил Симоновски беше тренер на Партизан 1957, 1963, 1966 и 1969. Во дресот на Вардар Симоновски одигра 75 натпревари, постигнал 25 голови. Пред да замине во Партизан, во вителот на Втората светска војна Симоновски играше за Македонија од Скопје, кога со своите мајстории ги доведуваше до бес софиските лути противници Левски и Славија. Првиот меч за Вардар Кирил Симоновски го одигра во второлигашката конкуренција во сезоната 1950 година, и тоа против Напредак во Крушевац 2:2. Вардар тогаш играше во состав: Георгиевски, Петровски, Хаџиски, Дацевски, Киприновски, Николиќ, Цинциевски, Симоновски, Јаневски, Кокиновски, Андоновски. Во својата богата кариера Симоновски повеќе пати беше тренер на Вардар, доаѓаше кога му беше најтешко на клубот, секогаш во својот град Скопје, кој многу го сакаше. Симоновски беше и тренер во Грција, во Аполон од Атина. Симоновски почина во Белград. [url="http://217.16.70.245/?pBroj=1743&stID=33323&pR=11"]Утрински Весник Линк[/url]
darkjesus Волфи браво за часовите по историја:) стварно е страмота да не си ги знаеме нашите легенди.